[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Ми се плачит од толку многу што имаме снег и уште врнит и врнит и врнит, не знам што му стана на времево, ама ова не е на арно...Олку снег не паметам од кога не сме имале :( :( :(

    Сакам сонце во моментов и тоа многу....
    Oвде је мрачно и мрак обвива
    и темна м`гла земја покрива,
    мразој и снегој, и пеплници,
    силни вeтришча и вијулици,
    околу м`гли и мразој земни,
    а в гр`ди студој, и мисли темни..
     
    На teddygirl, femina11 и WhiteAngel им се допаѓа ова.
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Денес немам многу инспирација и немам нешто паметно да ви кажам и да споделам со вас.
    Таков е денов, досаден по малку а и времево не допринесува за тоа да се промени.
    Дополнителна вест беше што професориве си одлучиле да не се појавуваат заради времево, па да си дадат дополнителен распуст уште една недела.
    И смешно звучи за некого можеби но мене ми дојде тешко и ми дојде во глава онаа реченица САКАМЕ ДА УЧИМЕ :D
    Овие па морониве од група се радуваат, бог да чува како да ги тера со сила некој да одат на факултет. Им се чудам на паметот 21 начукале некои и повеќе а не размислуваат подалеку од некој со мозок на 14!
    Не разбираат дека ова не ни оди во никаков прилог, пак ќе ни ги збрцаат колоквиумите и испитите на крај, без разлика стигнале да предадат или не, научиле ние или не!
    Нема време за губење семестаров а они наместо како апсолвенти се однесуваат како првачиња, изгубени дезиорентитани, неинформирани.
    Јас зборувам ама кој ме слуша, канти тропаат.
    Жално е до каде стигна човештвово, и човековата глупост и шупливост.
    Но јас сеуште имам надеж, за подобро утре, ПОПАМЕТНО време каде не се цени само убавината и парите, туку ЗНАЕЊЕТО, ТРУДОТ и ИМАГИНАЦИЈАТА!
    [​IMG]
     
    На IvanaMkd, Mrs.Cuper, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  3. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.647
    Допаѓања:
    2.475
    Ако некој е заљубен у мене и за дено на вљубените планира да ми купе поклон
    го замолувам тоа да биде црвено вино оти ја и оваа година ќе си го
    славам св.трифун ;) ;) :rofl: :rofl:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  4. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.287
    Допаѓања:
    6.794
    Прееска братучедка ми титна и си реков ајде да завршам со јадење ќе и се јавам . После тоа се замуабетив со сестра ми , па слегов долу да се видам со баба . Пиевме чај од нанесо цимет.
    Се јави другата баба од Охрид , сакаше да ме слушни . Ми рече дека братучедка ми ме барала уште пред саат време и ме потсети да и се јавам. Ми кажа дека си тргнала за Скопје со попладневниот автобус.

    Кога спомна дека братучеда ми е на пат мене прво нешто што ми текна е дека патиштата се никакви, цели со мраз , и дека времево воопшто не е за патување. Го допив чајот и седнав да учам.

    По некое време истава баба од Охрид се јави да ми кажи дека имало сообраќајна несреќа близу Кичево ! Мене срцево ми застана, незнаев што побрзо да кажам . Братучеда ми заврши со повреда на колкот и раката. Веднаш и се јавив и дури ѕвонев 100 пати опцув во себе што не и се јавив порано !! Ми рече дека ,,со лесно,, поминале, немало мртви . Се сместиле во хотел додека да најдат друг автобус и да продолжат по патот.


    Фала ти Господе што ми ја спаси !!!!!!
     
    На bal0n43, kate21, Serafima и 5 други им се допаѓа ова.
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Како знаете дека сте го достигнале дното? Така што влегувате во када целосно облечени сосема несвесни, седнувате, ги потпирате рацете на коленици а главата на рацете, ја пуштате водата да тече, и рикнувате да плачете. Соблекувате парче по парче алишта полумокри полусуви, пуштате некоја убитачна песна од телефонот и се туширате, плачејќи од почеток до крај. Што е потрагично и немате кој знае колкава причина да плачете, ама ете во срцето ви прекипува од се и морате, морате да се олесните за да не пукнете.
    Родителите тврдат дека кренале раце од вас, заради не знам која причина го рекоа тоа, ниту сум сторила нешто, ниту сум ги навредила, ја истураат нервозата на мене, ајде неа ќе и помине ќе и кажеме се што си имаме ... е не може! Не можам да трпам повеќе ...
    Брат ми, оној за кој правам се, оној што и кога е кирв и кога е прав го бранам од се и секој, не дозволувам некој да каже лош збор, некој да го допре, некој да го чепне, се што имам одвишок му давам, секогаш кога имам пари му ги давам, го слушам, за се го разбирам, секогаш знае кај да се обрати прво .... за да дојде време од чиста мира да ми рече подобро е да умреш, а моите покрај него да ќутат само! Да, пред три дена на брат ми му ја залепив најсилната шлаканица што некогаш на некој сум му ја залепила, и беше толку полна со болка и тежина не знаете... (а јас не мавам често шлаканици)
    Зарем тоа навистина го мислат? Зарем животот без мене ќе им биде подобар? Или само си ги истураат нервозите на мене ... ајде бее таа за два дена ќе ни прости, знаеме кај да се истуриме...
    Седам во собава на минус степени, се туткам и три ена се обидувам да разберам што по ѓаволите се случи со мене и животот, што по ѓаволите е со оваа скапана година? Секој пат кога се обидувам да направам чекор напред нешто ме турка назад со сета сила ...
    Во најголемата болка тој гости имал, не можел да излезе до улица ... девојка му е на работ да доживее нервен слом, а тој не може да одвои време ...
    Можеби јас грешам, можеби премногу очекувам, можеби и јас треба да хистеришам, да урлам, да бидам лајно ...
    Додуша сум, и онака сите ме газат ...
    еве два дена татко ми и мајка ми се врткаат околу мене, а сега зошто? Им помина нервозата ... и така треба јас се да избришам како и секогаш.
    Секогаш го правам тоа, заради нив, заради него, заборавам што се рекле, сториле, во чест на добрината и надежта дека нема да се повтори.
    јас немам ли нервози? Мене ме рпашува ли некој? Дали ме прашува некој, дали по цела ноќ сум плачела, или сум се гушела легната на под, или сум одела по улица леејќи солзи ... не не ме прашува, да имам нервози, и не не ги истурам каде што ќе стигнам, и и да ги истурам не ги навредувам луѓето без потреба!!! Уште помалку па на некој сум му рекла умри ... Зошто тие не го можат истото? да се кнотролираат? Зошто сум опкружена со вакви луѓе?
    И вчера потечена во очите дојде малоно да ме викне, чекај вика да ти ги бацам по два пати очите те болат ...
    Има 5 години, а секогаш е способен да ме насмее. И му викам секогаш ли вака искрено ќе ме сакаш? Ми вика секогааааш, и уште малку да пораснам јас тебе на санка ќе те влечам и ќе се бориме со фер плеј.
    Зошто, зошто, зошто, зошто ...
    Милион зошто, ни едно затоа ... деновиве буквално ни едно. Баба ми и дедо ми во овие денови се единствени што ми подадоа рака ...
    Ти си тука под кирија, не исправај криви дрини со нив не можеш, ги гледаш нервозни се а твоите нервози напред ти се ... така вика баба ми.
    И јас ли ќе се претворам во нервозен родител што ќе креска и вреска, и ќе си ги навредува децата заради проблеми од страна?
    Зарем ќе бидат толку тешки сите преостанати лоши периоди во животот што следат? Се осеќам немоќна, немоќна да се соочам со се ...
    А животот е целиот срање, со тук таму по некоја радост ради реда ...
    Многу мразам промени значи, ама можеби е потребна некоја драстична промена ... и не велам да се офарбам или нешто слично, ама сакам јас да се променам. Секогаш викав дека не сакам да бидам од оние луѓе камења, т.е без чувства, а сега .. т.е не баш сега, од пред некое време не сакам да чувствувам, сакам ништо да не ме засега, ништо ...
    И се ќе пројде повторно, жално е но вистинито, пак се ќе избришам, дома се ќе се среди и ќе бидеме среќното семејство како и секогаш, со него се ќе се среди пак како и секогаш ... до наредниот ваков период.
    Тоа е ваљда кругот на животот ... викаа т дека оди горе доле горе доле ... последниов пат некако решил повеќе доле кај мене да остане, ама ајде ... јао минг, и во најтешкото има светла точка ... па еве се трудам да ја пронајдам.
    Цела среќа што не сум човек што лесно се откажува ...
     
    На LilBaby, Rock-a-Fella, Hiii и 22 други им се допаѓа ова.
  6. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Не знам што ми е зошто се растревожив олку за глупости... :worried: Денес ич не сум арна, дозволувам да ме повреди се и сешто. Несакам така... Дури ни големото чоколадо не ми помогна :(
     
  7. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    СДК дека е проклето тешко да се контролираат мислите и емоциите. И кога свесно ќе помислам дека се е во ред и ќе продолжам со она што го правам, неконтролирано надоаѓаат нови..
    Ух, се надевам дека нема да ме доведат до лудило..
    Самата на себе сум неподнослива.
    Само сакам душевен мир ништо повеќе.
     
    На Magnolija и anneyy им се допаѓа ова.
  8. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Денов си пројде,а некако не сетив дека е недела.Обично неделите ми биле загушливи,тмурни,безживотни,ама после толку време,не почувствував дека денес е тој ден.
    Хмм,нешто или со мене се случува или до времево ќе да е. :?:
    Седмицава и таа си помина,која и не беше баш за пофалба.
    Мене некоја монотонија ме удрило,па сум се сторила неверојатен легач.Од досада го натерав брат ми,да им удри со топка снег в прозор на комшиите карши,и слатко си се смеев додека тие се чудеа што им се случило. 8) Што да правам,јас наместо како постара да го учам на посериозни работи,јас подете од него се правам.Ама ни јас не сум виновна,снегот е! :!: Ма не бре,ќе си мрчам јас вака додека не видам асфалт,а не лизгави улици,па како прат се тресам,да не се најдам за две секунди на под.
    Што да правам страв ми е од снегот,а тој секогаш победува.

    Удрив еден топол туш,си ги средив веѓите,си се намачкав со мојата крема и спремна сум за спиење.
    Спремна сум за една нова седмица и за сите искушенија кои што следуваат во истата.

    Аddio miei amici.. |-)
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.820
    Пол:
    Женски
    Порано се што ми лежеше на душа ќе напишев, ќе си истурев тука, ама сега два пати се размислувам... Па често ми стана пиши-бриши. Тоа е.

    Него сакав да си кажам дека најверојатно ќе се подновам со нов kindle. Е па еднаш е свадба мајку му. :rofl: Кога ќе намислам нешто има да се оствари па што сака нека биде. :)
     
    На kate21, GarpovaV, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.799
    Пол:
    Женски
    Времево ми мава на психа. Толку.
     
    На martinuska и Look им се допаѓа ова.
  11. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Убаво е кога денот ќе ти започне со утринско кафе со својот сакан. :)
    Денес се фарбав,се лакирав...го искористив денот максимално,и уживав во сето тоа. ;)
     
  12. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    СДК од утре почнувам! Готово. Морам да си ги средам мислите , умот и да земам да се средувам .
    Ќе си станам порано , ќе си зачистам , јадење и почнувам со читање .
    Морам да се навикнам порано да се прибирам за мечето да спие а и јас шта је ту је нема бегање . Дај боже вторник да земам да се шишам и да се подновам со гардероба ќе пукнам вака :envy:
    Добра ноќ :hai:
     
  13. Somnitelno-Lice

    Somnitelno-Lice Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    248
    Морам да издржам и да бидам силен. Морам! Нема откажување, никогаш!
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    dshgvbiwgrnbvujirburub wngubnurgbnrbihrubnwgbiwrigtbunwibunwgrbiugbnuiryg


    да да тоа е тоа што сакав да го кажам, благодарам за вниманието :) :*
     
  15. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    227
    СДК дека по долго време денес денот ми помина веднаш.Не поради нешто друго туку поради тоа што цел ден,ама буквално цел ден чистев дома.Генералка. Сама. :!: Не сакав да ја мачам мама,а и онака немав денес што да работам.
    Знам дека досадев до снегов и Богу и народу,ама ова е невозможно. :o .Навистина ме фаќа страв. Добро што имаме струја во вакви услови. Еве два дена не сум мрдната од дома и вече почнува да ме фаќа некоја нервоза. Башка имам многу важни работи неделава што дополнитело ме става во размислување. Ваков снег не памтам од 2005 година кога се фативме со дечко ми. Надвор се е мирно, кола не поминува како само ние да живееме во населбава.
    Туку ај доста мрчам со негативната енергија.Одам јас да гледам некој добар филм и да си заспијам.
     
  16. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Проклееееееееееет ПМС !!!!!!! :devil: :devil: :devil: :devil: :devil: :devil:

    Знаете како ми е,затоа ке ве поштедам од пишување се и сешто во моментов.

    Сакам само да си легнам и да се исплачааам.Да пискам и врискам.На се дерам на цел глас и да ми помине.
    Да си олеснам на душичката и да си заспијам мирно.

    ------> ПРОКЛЕЕЕТ ПМС :devil: :devil: :devil:
     
  17. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.326
    Не ја сакам оваа неделна вечер. Слушам како ветрот и мава шамари на ролетната и по претпоставка толкувам дека паѓа снег или најверојатно дожд. Но не се противам, нека ме испере дожд, нека ме измие од грев или нека ми биде сопатник во походот низ градските улици.

    Јас периодов нема да се гордеам, со крената глава и цврсти чекори да целам кон дофати кои не можам да ги достигнам. Зошто впрочем тоа да го сторам, кога ќе западнам во самица на разочараност.

    Ќе одржувам бавен чекор, но ќе чекорам, ќе гледам пред себе и со доза на предпазливост. И пак можеби ќе ја отпечатам истата грешка, но таа е дел од мене, влакното ке го сменам, но карактеристиката и да ја потиснам одредено време, кад тад ќе излезе на виделина. Можеби некогаш ќе ја искоренам оваа гордост, женско его и неупотреба да силни зборови.

    Знам дека сум тоа Јас, но некогаш заради тоа Јас, трпам болни последици од погрешни потези. Можеби некогаш старото Јас, ќе го заборавам во некој куфер зад себе и ќе си купам на пазар некое по половна цена.

    http://www.youtube.com/watch?v=YrLk4vdY28Q
     
    На L-enna и Noemi им се допаѓа ова.
  18. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    23.256
    Пол:
    Женски
    Би сакала да ги затворам очите и да залутам во еден непознат свет во сонот на возможното ,преполн со непознати луѓе,да го осетам мирисот на пустиот остров каде и самата ќе бидам отсутна од себеси,
    Денес крцкаше секоја стапалка шо ќе поминеше крај мене ,паѓаше снегот од гранките предмене ,ветерот си поигрува со моите сетила ,телото ми го носи низ ветерот ,ехо се слуша од крикот кој душата го дава.Немирна ноќ немирна е и душата моја .Се тресе све што предмене гледам а ни малку не приметувам дека телото мое на делови се расфрла низ ветерот.Ветрот ме разнесува де на една ,де на друга страна ме носи и удира онаму каде што најмногу ме боли .,лицето мие покриено со долгите прамени коса,негледам ништо и онака животот ми ја сменил насоката на движење,ме откорнал од сопствените корени и заковал во сонот кој плови со мене заедно во едно друго време.
    Денес стоев така отсутна, замислена :?: , гледав во една точка која само јас ја гледам а не ја препознавам . По некогаш се осеќам празна одвнатре ,по некогаш се осеќам исполнета со среќа , радост и љубов . Некогаш сакам да заплачам, а по некогаш сакам да се насмеам,не се препознавам самата себе. :x
    Се фрлам во прегратките на сонот и тишината...
    Ги сакам, во нив цел свет ми е розев.

    Добра ноќ :hug:
     
    На Rock-a-Fella, Magnolija, Annie.mk1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    ...13ти ден без него.


    Силата на човек се гледа кога е најслаб.
     
    На Rock-a-Fella, anneyy, Hiii и 6 други им се допаѓа ова.
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.841
    Допаѓања:
    101.420
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дали знаете колку може една свадба кај близок роднина да ви го истенчи ќесето???
    После вчерашната авантура по Скопје и лазењето на колата за да си се вратиме дома следуваше ладниот туш кога денес го отворив фрижидерот и станав свесна дека во него има само тегла со мармалад :tmi:
    Маж ми денес прашува како што за ручек а јас само стискам рамења.Напладне кога седнавме и израчунавме колку сме потрошиле...ми дојде да се акнам со глава во ѕид.Ми се чини во огледалото можев да си ги видам прашалнициве над главава како ќе го претераме месецов, а и половина од сметките ни се се уште неплатени :?: А сметката покажа дека сум потрошила повеќе од дозволеното .И на крајот ми текна за заштедените 2000 ден кои ги лупнав не размислувајки за малку козметика (која патем навистина беше дотраена),ново плико,бижутерија,ракавици,хулахопки.... а можев тие да ги зачувам за вакви денови...ама не јас мора да потрошам за нешто кое не да не е потребно ама и не е неопходно :!: Ах јас..непромислена |(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.