[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    ^ Јас тоа го сфаќам како повратна информација дека го имаат прочитано постот. :)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Имам претенции да апелирам до Владата на РМ да субвенционира за засадување во секое домаќинство парцела со култура. И ако не се снабдени со полиња, ниви и бавчи, тоа нека биде макар и во едно минијатурно саксииче покрај прозор.
    Со надеж дека култура ќе никне во сечиј дом и еден ден ќе дочекаме да живееме во културно општество, за нашите деца да наследат плодна почва, :hai: .
     
    На bittersweet, Go-Girl, Strumfeta93 и 30 други им се допаѓа ова.
  3. roberta-rubi

    roberta-rubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    65
    Животот е игра – биди играч, а не играчка!
    Проживеав и надживеав многу нешта…Се променив поради многу луѓе и ситуации…Доволно! Од денес започнувам да живеам само за себе! Биди природен! Биди себе си! Животот ни е само еден и не смееме да дозволиме некој да ни го обезвредни. Горе главата и не играј по правила…Барај за да добиеш, гради за да имаш и греши за да учиш! За да воведеш ред во својот живот, најпрво треба да го исфрлиш ѓубрето од него!

    Да мислиш дека животот ќе се однесува добро со тебе, само затоа што си добар човек, е исто како да веруваш дека бикот нема да те нападне само затоа што си вегетеријанец. Затоа…биди спремен да се сретнеш со бикот и продолжи да бидеш добар човек! Се во животот е многу едноставно и се сведува на ова – сакаш ли нешто, се бориш, немаш ли доволно храброст, губиш. И притоа да знаеш дека интригата е силата на слабите! Не дозволувај никогаш некој да биде приоритет во твојот живот, кога ти си само опција во неговиот.

    Вистината пријатели, е сосема различна…Се криеме зошто сакаме да бидеме најдени…Одиме далеку за да видиме кој ќе ни се придружи…Плачеме за да видиме кој ќе ни ги избрише солзите…и дозволуваме срцата да ни бидат парчосани, за да видиме кој ќе дојде да ги залепи…

    Плачев дека немам модерни чевли, додека не видов човек без нозе. Се жалев дека немам доволно пари, додека не видов семејство што спие на улица. Ние сме луѓе кои не ценат ништо, дури и да имаш малку, има луѓе кои мечтаат да го имаат тоа малкуто што ти не го цениш…

    Многу луѓе ми го посочуваат правиот пат, но никогаш не ги гледам по него!

    Една нова нова животна филозофија создадена само од две реплики:

    Тој: „Оди во Пеколот кучко!!!“

    Таа: „Јас од таму доаѓам копиле!!!“

    преубав текст кој го прочитав на popara.mk
    и кој сакав да го споделам тука :)
     
    На ljubam, zhap4e, Smilly и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.506
    СДК кога е досадно, досадно е и после кога ке почне да се случува се во исто време, на која страна попрво да се свртиш!!!
     
    На Hopeful, zhap4e, Chocoholic и 5 други им се допаѓа ова.
  5. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.569
    Допаѓања:
    174.953

    Оф леле волфче ,ме насмеа.
    Па тоа е добро бе душо,ќе си го качиш дечко ти(он ваљда има положено)и ќе се возите,возите..... ;)

    Ех ,да сум сега јас на твои години..Хихихих :lol:
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    СДК дека моите дома почнуваат да ме напнуваат за престојната слава на 15 ти, но бидејќи тие сакаат многу гости да им дојдат мора славата да ја правиме 5 дена и со тоа да правиме новo продолжение на филмон Ивкова слава. Направи ова, направи она. Па добро бе луѓе ако сакате да ви правам се одеднаш што не сте ме направиле со 10 раце!? :@
    А кутрата јас што имам за учење што треба да полагам во среда и четврток мене никој не ме прашува како ми е :( А моментално другарка ми е и крвавата Мери, па неможам се да постигнам, ќе пукнам.... ;(
    Али ок ќе помине и ова чудо, после дома нема да ме гледате, само да дојде пролет и има да шетам колку што сакам :D
     
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    http://www.kafepauza.mk/tehnologija/kak ... 20-godina/

    Го читам ова и си мислам, Боже господе зарем сериозно во ваков свет ќе живееме? :x
    Не, не не би сакала. Ценам технологија и свесна сум колку ни помогнала (ова во наводници) и ни го олеснала животот ама не ја разбирам поентата на некои работи. Ај да клонираме мамут. А што ќе ни? Па онака да бидеме шизици.

    На моменти дури и помислувам дека може подобро е да си дојде еден крај на светов. Затоа што овој станува се поисполнет и поисполнет со глупости.

    Се гледаме на Марс за некоја година!


    Морам да прокометирам, сите минијатурни поклони кои се делат за Валентиново се за да ги утешат оние се сингл или....?
     
    На Divinebutterfly и Serafima им се допаѓа ова.
  8. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Имам десетка по математика, црвени уши од студот, чај од хибискус со мед и цимет и подочњак до земјата. Врвовите на косата ми се како млади пупки на кои им треба итно кратење.

    Имам уште два испита и плус други обврски кои се напор невиден. Ама се додека имам оврски и додека мојот ум е насочен кон истите е во ред, се додека можам да се убивам од работа е исто во ред. Инаку се плашам дека нешто друго може мене да ме убие.

    Но, добро. Минутиве се развлекуваат како растопен кашкавал, просто не ми се менува позицијава во која сум сега, ама креветот ме вика да си се гушнеме. Ова е оној исполнувачки умор кој знаеш дека вреди. Ќе поуживам уште малку во него па ќе се дружам со креветот.

    Купувавме поклон преска со другарка ми за дечко и‘, мило ми е за неа, ја гледам, среќна е :)

    Како и да е, ова требаше да биде замрзнат пост од студот. Замрзнат од сите страни. :x
     
    На MandyLane и anneyy им се допаѓа ова.
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.817
    The Importance of Being Earnest, A Trivial Comedy for Serious People. Play by Oscar Wilde, прв пат изведена на 14ти февруари, хиљаду и некоја. Шо ти знам шо па баш сега ми текна на неа. Али чисто ко асоцијација на реални ситуации, секогаш ми надоаѓа во главата или песна, или текст на песна или литературно дело.
    Тривијалноста со која понекогаш се третираат сериозните проблеми е вистински комична. А колку е битно да се биде некој и нешто, негде и некогаш. Многу!
    Париз може да е магичен, но колку што е симбол на љубовта и романтиката, на францускиот шарм и тазе кроасанот за некои, толку може да е истовремено симбол на бедата, валканоста, разноликоста и бескомпромисноста на 100%-иот француски жителски состав на хексагонот.
    Metro, boulot, dodo. Баш така. Од метро, на работа, од работа, во метро, од метро на спиење. И баш толку.
    Мижев под сонцето и се тресев од трема. Си велев, кои зборови сега да ги употребам?! Сега му е мајката. Токму сега. И бидна. После вториот збор, се опуштив, тремата исчезна, се отворив и си кажав се што имав. Апелирав на резон, на човечко размислување, на хуманост, на социјални одлуки. Покрај се, сите сме луѓе. Што вика еден чоек битен за мојата моментална ситуација – сите сме родени со аналното шупче одпозади и не се разликуваме према тоа ама баш никако. Само она, он, кој и да е, тоа анално шупче го седнуе у својот нов мерцедес, а јас го наседнуем на нешо друго. За среќа или за жал, ќе видиме на крајот.
    А првиот чекор кон крајот е направен.
    И сфатив, дека најубаво е чуството кога ќе ги направиш безрезервно среќни другите, и кога ќе направиш нешто за другите. Кога ќе ги видиш оние среќни и насмеани лица покрај тебе со толкава надеж во очите додека чекаат да им донесеш добри вести, си велиш – е ова вредеше. Мајке ми.
    Викаат, водолиите се традиционално претставени со амфора полна со вода која ја истураат. Не пијат од неа – ја даваат на другите.
    Хм, можеби сега јас имам таква амфора и сакам од неа да се напијат останатите.

    Фабричка грешка или не (копирајт на другар ми) наивно ќе верувам и понатаму во добрината на луѓето, макар се изгорам по не знам кој пат. Ќе ме боли знам, ама јбг. Ко дижонски сенф. Ќе пецне и заљути на почетокот, ќе ги отвори ноздрвите и потоа не ни знаеш дека си го јадел. Ама затоа подобро перцепираш.

    Можеби на крај сепак ќе седнам и хедонистички ќе го вкусувам животот со предјадење, и главно јадење, и десерт, и сирење, залеано со добро винце, и ќе трае, и трае, и трае.

    Дај Боже. Си велам, си ја празнам душава и тивко се повлекувам во своето скромно дувло.

    A toute a l’heure! A la prochaine! Peut – etre... :?:
     
    На crazyinlove19, JoxyTheFreak, tanja6 и 17 други им се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... една специјална личност која има најпосебно место во мојов живот денес го има својот еден посебен ден во годината како секоја личност ан светов ...
    Посакувам да е жив и здрав пред се! И да ја добива најголемата среќа на овој свет ... на секое поле само позитивности и радости и да ме прави уште по горда секој ден, месец, година .... како до сега! Не дека е мој ама ваков брат е реткост да имаш ... не му кажувам лично ама тука ќе си кажам дека го сакам до бескрај и многу ми недостига тука! :(
     

    Прикачени фајлови:

    • cake.gif
      cake.gif
      Големина на фајлот:
      49,6 KB
      Прегледи:
      267
    На DonMarko, bittersweet, kate21 и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.920
    Допаѓања:
    203.171
    Пол:
    Женски
    На денешен ден пред две години „Да“ беше мојот одговор на едно неочекувано прашање. Притоа, изразено неромантичен тип (барем мислев дека е таков) ми приреди крајно романтична ситуација. И така Annath се врза за век и навек :wasntme:

    Не ми се верува колку брзо лета времето. Навистина лета иако поради пејсажот надвор ми се чини дека се' застанало во место. Сакам да дојде пролет, да се почувствувам младо, полетно, полна со енергија... секогаш ми доаѓа да ја преспијам зимата, едноставно не функционираме заедно.

    Додека малиот си игра и си раскажува само нему познати прикаски, во позадината тивко ечи летна музика. Да, Боб Марли и неговото реге се на репертоар... надоаѓа и мирисот на сладок компот од сливи и јаболка со цимет кој си крчка во кујната.

    Вчера дознав дека хуманоста не познава граници. Дознав дека се' уште има луѓе на кои не им е сеедно што едно мало детенце е лишено од убавините на детството и се потрудија да го променат тоа. И мило ми е што и јас и моето ѕверче бевме заедно со тие луѓе, убаво е чувството кога знаеш дека си помогнал некому кому му е потребна твојата помош. Секогаш давајте колку што можете... ќе ви се врати со убаво, а најубавото е една детска насмевка и едно срамежливо „благодарам“...
     
    На Serafima, sweet-cherry, ljubam и 50 други им се допаѓа ова.
  12. feferona

    feferona Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    94
    Сдк ова е навистина смешно...

    Се забранува секс после 19 часот
    08.02.2012 10:24
    http://okno.mk/node/16898
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК понекогаш стварно не ги разбирам луѓето, па барем кога лажат, нека лажат поавтентично, а не на начин за кој и веќе врапчињата знаат :fubar: не дека мене нешто ми смета, ама некои работи се видливи ептен, дури и од авион се гледаат :geek: :D
    Светот е убаво место за живеење, само човек треба да се потруди барем малку повеќе за истиот да биде поубав :!: некогаш некои нешта зависат од нас самите :)
     
    На A-j-a, Serafima, IvanaMkd и 2 други им се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.192
    Допаѓања:
    124.694
    Денес беше вистинската борба со снегот ,ама не му се предадов ]:) .Ќе види тој! Иако закаснав на работа,се надевав на малку поубав понеделник,ама понеделник никој не сака,па на сите фацките им беа ко времето.А јас насмеана,решена да ми биде денот убав :lol:

    Зелен чај-го мразам,ама пак купив ново кутивче :worried: Си купив и нова маска за коса и нов омекнувач за алишта.Е ќе го правам понеделникот убав :wasntme: Косата со новата маска,масата со новиот чаршаф и свеќа и мојот лазања специјалитет на неа :) Го чекам него од пат,за да го заокружам најубаво што може овој ден :inlove:
     
    На Doozy, Noemi, teddybear и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Ова фејсбуков треба да се забрани со закон бре! Со смртна казна.. Животот на пола нација е на стенд бај, додека статусите на фб се претворени во личен дневник, сликите голотија невидена, четуваат. Па јас веќе стварно незнам што е ова.
    Па сега и тајмлајн произлезе и какво задоволство само им пружа. Имаат опција да се промовираат на поголема површина и плус профајл пикч со дак фејс и испрчени цициња.. Па следат коментари- леле маче еј убијаш са погледом, сексич мој, лЕлЕ окценценце најубаФко, пичло една, муци-цуци-буци-куци-маци. А наредниот ден со другарките – леле дали и ја виде сликата жити се?!
    [​IMG]
    Па следно е отварање демотивација затоашто римелот не и бил убаво нанесен две трпчиња се залепиле од црнилата- петто одделение била, па што кога јас сум осмо! И народов се пали тука, бунт крева, востание, застануваат на страна на помалава оти нели таа става слики од цицињата а не од неа и пола од нив веројатно фапаат па од тука војна, виртуелна секако.. Таман работа да земат да се колат, што и не би била лоша идеа.
    И после се лутат кога ги нарекуваат со сите можни погрдни надимаци. И ај молим ти се, што правиме сега? Чорба.

    Ма, јас ви давам слобода да ја плукате мојата генерација а и помалите.
    Братучед ми вчера, кој патем има осум години, уште не влегол кај мене дома седна на фејсбук, си пушти Аца Лукас и отиде на профил кај неговите соученички и што да видам.. Исти к*рац друго паковање. ::смајли што си пука во глава::

    Ај за арно за убо нека е, јас ојдов да си го оправам мозочево мое мило.
    Имајте убава не/работна недела.
     
    На Hipster, anneyy, interesna и 2 други им се допаѓа ова.
  16. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Темата за Витни Хјустон е отворена од 20 Авг 2010 и до вчера имаше испишано само една страна (едвај), а вчера наеднаш се испишаа дури пет страни. :)
    Се прашувам зошто? :D
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... Ова дефинитивно луѓе мои треба да се доживее на лице место :o Еден ден, можеби таму ...

    http://www.youtube.com/watch?v=xBquqHc_WHo


    А само да кажам дека со Витни се избриша и еден преубав период од животот :doh: ...
    Нејзините песни одбележаа многу моменти во нашиот живот
     
    На Serafima, bittersweet, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.844
    Допаѓања:
    163.325
    Аеродромот капе,собрание исто така,у пичку матер,колку снег има. Хаику?!
    Шотеебам,ичнетеебам.
    А она горе со сексот после 7,затоа се нарекуваат пара вести. И е смешно зошто овој народ е подложен на ниски страсти. Акта енуан или тешко?
    И да,се чувствувам ко хипстер. Читам критики и анализи за Орвел,месец дена уназад и оп,деновиве актуелен. Нели сум awesome?!
    Шити деј,ја и моето срце.
    Утре е вторник,и него го вијат ниски страсти... Јас нејќум да сум везилка на лоши соништа,па си кажав шо имам,иако е фино кога џентлменски ќе те кренат у раце за да не цапаш у вир! Ѓергев немам,ама друго имам. Да ми дише у врат над твојата кревкост,да ти го свие рачето во неговата шепа. Зошто,о зошто бегам кога сакаат да ме штитат?! Ма каков воин на коњ,Лилит на коњ,гола,џоа Јованка Орлеанка!
    Тешко одговарам на надворешни дразби и силно се извинувам за својата млакост во последно време,та дури и тука.Искрено.
    Ми ја исцрпија инспирацијата и пред она пред кое си бев незапирлива и беше лично мое,ами не за пофалби и критики.
    Караванот врви,јас имам тахикардија,тој ме сака само за себе. Ќе го свртиш грбот и знам дека ќе те видам во наредното годишно време. Прав си е... туку,може крилава ми предизвикуваат тахикадии,а?! Ќе земам предвид,у реду је!
    Вчера вечерта имаше потенцијал,денес сум мамурна од луди пориви и ендорфински шокови за да на крајот ме бапне кортизол и да ми ја е*е мамата скроз!
    Што кога друг има други поими за убост и слаткост...некој друг сака физичка кревкост.
    Шизофреничарки,менопаузичарки,фрустрирани будали и сето тоа...и ете така...се држев вака на око,а у себе пукнав денес,а имам и кај да се обратам и ќе се обратам.
     
  19. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    СДК.. дека е доста веќе од ладново времеееее! :@
     
  20. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Незнам дали само ми се причинува или ова навистина се случува ..?! |(
    Откако фатив дечко,мојата другарка со која сум секој ден полека се оддалечува од мене ?? :clap:
    Ако е така и ако не ми се причинува,навистина сум изненадена и тоа непријатно ...

    СДК2 дека да одиш по снег е навистина голем кошмар и една голема мака.
    Шлајфував по улиците и се движев ко на успорена снимка ...

    Трагично е многу.

    Толку од мене,се читкаме во друга прилика.
    Всушност јас и ништо паметно не кажав.
    Благодарам
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.