[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    СДК дека ми пукна фитиљот со ова снегов!!!!!!!!! :devil:

    Не ми пукна сабајле кога (хронолошки наредено):

    *Видов дека наврнале 20цм снег, кој поради некоја смотана клима во родниот крај, се стопиле и замрзнале во текот на ноќта.
    *Кога таксито не ми дојде пред врата, па со торба, торба и торба со лаптоп, се влечев како проклета кокошка низ снегот, читај мразот. Додека одев, го колнев, о Боже, се колнев.
    *Колнејќи така, не се изнервирав многу кога видов дека само на главната улица фрлиле сол, ние од другите далечни и недалечни краишта не постоиме и немаме потреба да се движиме. Да не споменувам дека ги мразам, МРАЗАМ коцките со кои порано некој паметен градел улици.
    *Каснењето на автобусот нема да го коментирам од проста причина што е излишно да се коментира.
    *Се исконтролирав кога видов дека најглавниот автопат во државава, значи нема друг, тој е, од главен, поглавен, најглавен, НЕ Е ПИПНАТ. Си возиш, оноа, панорамски, и гледаш под мразот бела лента, стрелка, па коли шизат... Милина бе. :mm:
    *Стасуваш по саат и пол во метрополата, и гледаш дека се е бело, стануваш малку дизи и ти се врти. Некој, не знам кој, ама се сомневам :!: , исчистил одвај некои патчиња од пола метар за да ти го собере газот и да се движиш низ снегот. Арно ама, тој некој, заборавил дека кога се чисти снег, поентата е и мразот да се исчисти, а не само да се растрга снегот од мразот. Па така, пируети, епрувети и слични етести работи морав да изведувам.
    *Потешко почнав да дишам додека одев накај факултет, клик клак со автобус добри 15 минути за 2 станици. Мермер, као и увјек.

    И КОГА на крај завршив со сите обврски, и купивме се што треба за јадење и пиење, и таман помислив ее, добра е, денеска нема да го мразам снегот, ќе се помириме... АМА НЕЕЕЕЕЕЕЕЕ. Зацапав така убаво до коленици, ама салам, што ми идеше да седнам и да си плачам со водени чарапи, хулахопки и панталони. Па да си замрзнам од плачење. :(

    ГАЈЛЕ ми е ако се досадни постовите за снегот, гајле ми е што не можам од дома да мрднам... Уствари гајле ми е за тоа, ама снегу, ОДИ СИ!!!!!!!! АЈ ХАД ЕНАФФФФФФФФФФФФ! :devil: ГРР! :envy:

    п.с. ФитиЉ со Љ, е така!
     
    На LilBaby, mims-89, caroline.costa и 14 други им се допаѓа ова.
  2. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Ако дадево не ме насмее, не знам кој ќе ме насмее онака од срце бре. Почна да се смее :clap:
    А и големи сме веќе. Време ни е и за смеење. Утре ќе правиме еден месец :wasntme:

    Бааги има утре за славење. Именден на мајка ми, дадево полни еден месец, св. Трифун, Ден за вљубените...
    Винцево домашно има да го исцедиме :lol: .
     
    На Annath, Doozy, aaaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  3. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.612
    Допаѓања:
    11.257
    Пол:
    Женски
    СДК во цел свет големата насмевка го продолжува животот,а само кај нас не е многу на арно. :D
    Денов ми помина екстра,се расположив многу.Ко некоја биполарна личност сум станата,цело време го менувам расположението што е и нормално,ПМС ме нападна и никако да помине.
    Оваа година ќе си славам Св. Трифун,Валентајн може да оди по ѓаволите,сите што сакаат да ми купат нешто нека ми го остават пред врата ако не сум дома. :D
    Се чудам како ме радуваат мали нешта,како нов џемпер или нов капут или наједноставно...Вкусен пудинг декориран со овошје made by татичко.
    Преубав ден,добар муабет,ова е тоа што ми требаше!
     
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Одата на монотијата си ја свири мелодијата, јас си подрипувам на рефренот. Детсвото и младоста проаѓаат. Борбата со себе станува најтешка. Бараш смисла за секој чекор понатаму, некогаш свесен си дека мора да истрчаш од редот за да се развикаш пред другите и да кажеш доста ти е!

    Многу луѓе стана кловнови, на кој никој не им аплаудира, некако тажно е. Малку сум чувствителна ама не и параноична. Мислев да анализирам ама се запрашав зошто?? Испраќав мејлови на професори, кретеноидни форми кои не ти одговараат, ниту со културно не. Ама сепак ти пробуваш, оти не си на 5 км далечина туку 5000 км.

    Луѓето станаа себични, оној со кој го делеше ти својот оброк за да не биде гладен, сега скришно оди купува храна за да не ја подели храната со тебе, не дека некој е толку гладен, туку е гестот и благодарноста. Пререкуваат ако некој си ја искаже маката, ама велам да испие некој од туѓата тага можеби ќе му ги смират мозочните клетки на осуда.

    Како и да е животот врви. Утре денот на Љубовта а јас немам со кога да го славам освен со самата себе. Си купив кебе со шари на природа, му се радувам и ја крадам мекоста негова, не ме осудува. Миризливи свеќи од боровинка и две парфемчиња, еден за нејзе еден за мене со мирис на детство и јагода и мала торта, вино немам ама имам ракија, една да си ја згрејам душичката ко што велеше дедо ми..ќе си го славам постоењето на уште еден нов ден..
     
    На teddybear, Cynthia, NoellePage и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Кај нас снег, во Грција оган ... отсекогаш контра ни оделе. :rofl: :rofl:
     
    На booba, starbucks и anneyy им се допаѓа ова.
  6. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Како ќе си постелиш, така ќе ти растурат! |(
     
  7. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Снегов ако не престане да врне,испратете ме во лудница. |(
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    СДК дека сум за никаде,а за тоа е криво времето.
    Лом ме напраи овие денови. :@
    И хејт ју зимооо... :swear:
     
  9. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.908
    Допаѓања:
    11.075
    Пол:
    Женски
    утре е денот на вљубените? really? абе ајде каков свети валентин нема да го славам ни едниот ни другиот...а и не дека некој ке ми подаре нешто па така да утре ке ми биде скроз обичен ден...
     
  10. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    СДК дека неделава ми почна катастрофа ,на работа во буквална смисла лудница ,надвор со снегов катастрофа ,единствено позитивно нешто ми беше што си го напраив компјутерот после 1 недела ... а и уште неможам да се изначудам какви се луге постојат :/ Запрепастена сум од човековата лакомост ,алчност и нечовечност ...
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.800
    Пол:
    Женски
    И ја идам :lol:
     
    На Doozy и Look им се допаѓа ова.
  12. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Сакам Jason Statham да ме храни со чоколадички ,
    Сolin farrell да ми прави масажа.............
    (ако види мачоров во постовиве мои напад на љубомора одма ќе го фати ),
    и сакам некоја оваква куќичка кај што ќе можам да готвам за фамилијата која се надевам наскоро ќе си ја основам, па ќе месам ,печам за тоа дечињата па за тоа внуците потоа се со ред се разбира. Гласно ќе ги довикувам од ,прекрасната ми тераса која ќе биде преполна со цвејќиња со нежно бела и виолетова боја,нежно ќе се лулам на убаво дрвен стол,ќе пијам лимонада....... повремено -винце ,море многу повремено ќе читам книги ,цела библиотека планирам да направам со мачоров мој , а тогашен сопруг ,задолжително ќе си го задржам стилот и вкусот и желбата за музика , за книги ,за модернистички рабојќе и секако нема да слушам турбо фолк ИАКО сум во години ....и ќе му благодарам на Бога тивко со себе си по потреба и на глас.
     

    Прикачени фајлови:

    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    [​IMG]

    Затоа што животното никогаш нема да те повреди! :l:
     
    На Neytiri, sweet-cherry, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  14. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    Без мене да не сте тргнале |( побудалев веќе не се издржува ова,кога ќе излезам надвор и кога ке видам колку снег има главата почнува да ме стега.Депресија ме фаќа луѓе :worried: САКАМ ЛЕТО!!!
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  15. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    СДК дека сакам да е едно 40 степени... да бе да!
    не ми фали ништо мене,јас сум си супер.
    скраја да е студенилово! ветер,снег... пу пу пу :doh:
     
    На Annath, La.Reina.Del.Sur и Hiii им се допаѓа ова.
  16. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    179
    времево е само за ЗИНИ ЗЕЈМО И ПЛУКНИ МЕ НА ХАВАИТЕ :D :sun:
     
    На Annath и Gordana10 им се допаѓа ова.
  17. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.775
    Пол:
    Женски
    Преживеав некако по пат сабајлево, успеав да си ги контролирам црните мисли и сите сценарија што си ги направив во глава.
    Но,моментот кога излегов од влез и пред мене на паркингот на некои места снегот беше,верувале или не, 2 метри во висина, огромни снежни топки - т.е. затрупани коли, на кои не им се гледа ниту еден дел,останав без зборови. Страшен е градов, ваква ситуација немам видено до сега.
    Затоа утре нема да одам на факултет, ќе си печам мафини и ќе се гушкам со мачорот од сабајле.
    За инает на снегов луд.
     
  18. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам интернетов и компјутерите ги расипаа луѓево. Одам прееска до продавница и пред мене гледам две деца околу 10тина години имаа. И сега едното дете го убедува другово да се санкаат. Абе моли,коли ова другово запнало не не и не. И сега ова како да потпраша и му вели: Мајка ти не те пушта дека е ладно? А ова што не сака да се санка му вели-Не. Ќе си играм на компјутер. Играм игра на Фејсбук. Брат ми ми ја кажа.
    Јас ваква :o До кај отиде светов :fubar: Мене на нивни години не можеа дома да ме приберат и дури и сега ме фаќа мерак како мало дете да се санкам а тие дома на Фејсбук ќе играле игри :@
    Сакам да кажам2- Сакам да се врати времето кога знаевме дека компјутерот служи само за играње Супер Марио. Толку :x
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Секоја домаќинка си има своја сукалка :!:
    Една која и лежи на рака, со која прави чуда во кујната :D
    Ќе треба наскоро да си пронајдам и јас една идеална сукалка, оти мераклика сум си на сукано и месено :wasntme:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Ако ја уплатат заостанатата рата од стипендијата ќе бидам најсреќна, леле како убаво ќе ми дојдат тие 4,000 ден.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.