[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.805
    Пол:
    Женски
    Баш ми е супер што станав денес порано. Понаспана се чувствувам, а имам и повеќе време...уште да ми прераснеше во навика... :coffee: :)

    Едит

    Значи да не беше eli25 којзнае кога ќе ми текнеше дека е Св. Трифун/Валентин. :lol: :headbang:
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Ставам наочари денес и се преправам дека е лето... 8)
    Ме здиве веќе ладново.
     
    На ines.h, AIT, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  3. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.627
    Допаѓања:
    175.995
    СДК...неможам работите со сила да ги правам.

    И што ако денес е Св.Трифун и Св.Валентин?

    Па тоа е еден ден во годината?Што со останатите 364 дена?

    Треба да чекаме јас и мм да дојде 14 февруари за да си подариме нешто или да се опиеме,од вино или љубов?

    Кај што има љубов,она вистинска ,секој ден треба да биде 14 фрвруари.
    Исто е и со 8 март-„јас на мама ќе и подарам цвеќе“.Па подари и и некој друг ден,не чекај да дојде 8 март.

    Животот е како оние брзите тжв возови во Француска -оди напред со 300 км. на час,нема назад.Една грешка и толку,ќе пешачиме после.

    Како и да е ,не се силувајте самите себе,не замерувајте ако не го поминете празникот со саканиот онака како вие што си замислувате целата година.
    Можеби и тој ваш партнер токму како и јас ,повеќе сака да ги слави оние 364 дена во годината отколку само 14 февруари.
    Ве сакам сите.
     
    На Annath и roberta-rubi им се допаѓа ова.
  4. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.027
    Пол:
    Женски
    Парното на работа не работи, па се туткам со топло чајче. А нема ни што да се работи, па ќе си ја читам книгата. :wasntme:

    Картите за концертот на Жаклина Стефковска се пред мене, ќе биде ова убава вечер, со убава музика, а остатокот не го планирам, ќе се водиме според чувствата.
    Се додека се будам покрај него, убаво ми е.
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Happy Valentine's Day! :inlove:

    [​IMG]

    И Трифун, богами :lol: 8)

    [​IMG]
     
    На sonce777 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. roberta-rubi

    roberta-rubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    65
    Љубовта не е секогаш блиску до нас - на дофат на рака. Треба повеќе обиди за да се пронајде некој кој нè разбира, воодушевува, ни краде насмевки и некој со кој би можеле да бидеме апсолутно свои!
    [​IMG]
     
  7. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    25.874
    Пол:
    Женски
    Преубав е денов, а уште поубав е кога не размислувам што ќе славам дали св. Трифун или св. Валентин, да размислувам дали е наш празник или не, едноставно - ќе уживам во слободата што ми ја нуди денов,кој сама си го направив неработен.
    Преубаво е утрово за да го уништам со празно размислување.

    Имам винце,а за саат време ќе имам и мачор и мафини и што повеќе ми треба?
    Уствари знам што ми треба, никој да не ми ѕвони на врата наредните 4-5 саати. :lol:

    Имајте убав ден женски!
     
    На teddybear, Cynthia, mamita и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Деновиве, ќе се разбудам од сон, ноќе. И си викам, ај баш да видам на новиот соновник што значи тоа.. Ќе станам од спиење, сум го заборавила сонот. |(
    Прееска сум седнала до отворен прозор, и и викам на сестра ми.. Леле, многу почнале да дуваат прозориве.
    Пиши, бриши, и јас. Тоа е.. немам ништо паметно да кажам.
     
  9. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Фин, празничен ден. Станав порано. Ме разбуди мирисот на свежо испечени колачиња и топол чај од јаготки. Чајот е црвен, да ме потсетува на вино на овој вљубен, пијан ден; баба така ми кажа. Прво нејзе и ги честитав празниците. Колку добро ми дојде нејзината топла, како мајчинска прегратка. Моите не се дома. Сите по работа.. А баш сакав со некој да поделам насмевка денов.. Ништо, ќе се препуштам на задоволството наречено храна додека го гледам Ѕвон, после во незадоволството наречено домашна.

    И ај, среќни ви празници! Опијте се од вино, а некој може и од љубов. :*
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Многу сакам вакви денови кога се чувствувам моќна.
    Вечер ќе му пркосам на мразот, ќе носам високи штикли и црни чорапи,ќе се смеам и ќе уживам.Решено.
    А,Вие ценети мои феминки без разлика што празнувате,бидете среќни овој ден...
     
  11. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Ипотресеа се децата со Валентин.
    Отвори календар, секој ден е црковен празник. :nod:
     
    На Doozy, Lov3, booba и 5 други им се допаѓа ова.
  12. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Tonight will shed a lots of blood!

    Валентајн нели. Од утре, па натаму очекуваме зголемен број на постови во темата Дали сум бремена? И Првиот пат... Со среќа малолетнички вечер, ќе се молам за вас да поминете со помала болка.


    :D :D :D :D :D :D

    Честит св. Трифун :d:
     
    На Meggy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Му се качив на главата за да ми ја врати книгата, која со толку љубов, ја напишав за него. И си ветив дека откако ќе ја искинам на ситни делчиња, ќе ја запалам. Сега кога ми ја врати(поклон со Валентајн :inlove: ) и кога стои пред мене немам смелост ни да ја допрам, а не пак да ја уништам. И не можам повеќе да негувам спомени и да ги гланцам како некои трофеи, а уште помалку па да ги убијам.
    Ништо повеќе ми нема смисла, а најмалку моите постапки. И се чудам што станало со луѓето, кои немаат ниту резон ниту пак чувства. Пауза, ве молам!
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Станав рано, иако немаше потреба.
    Сонцево ми проби во соба, така ме намами, морав да ги протријам очите и да станам.
    Најубаво ми е кафето, со првите зраци и радиото пуштено до даска.
    По сабајлечки се смеам со мачорот. Мене ми е жалче за гулабите и врабчињата па секој ден им ставам по малку пченица и лебче, за да преживеат кутрите. И штом отворам прозор, мачоров оди на прозор и го јаде лебот :D Многу сака леб, пустиот. А кога ќе дојдат гулабите, бега! Немоќен е пред 10-тина гулаби.
    Мутле е.

    Волку сонце не сум видела од лани.
    Денов ми мириса на убавина, а ноќта на добар провод. ^_^
     
    На TeddyGrey, mims-89 и Mrs.Cuper им се допаѓа ова.
  15. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    2.601
    Пол:
    Женски
    Конечно да се разбудам како што треба. За среќа се разбудив пред да ми ѕвони алармот, бидејќи многу ме вади од такт. После ми се јави дечко ми демек да ме разбудел али џабе му е го зафркнав јас :D Инаку уште нерасонета јас си се фатив за работа да спремам за вечер гостите што ќе ми дојдат и така.
    Надвор што убаво сонце конечно има, колку толку.
    А да денеска ќе славам од се по малку :)
     
  16. Elina

    Elina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    65
    Какво клише-оние што се single нели нормално го слават Трифун,плукаат по другите како можат да слават празник кој не е наш,како ќе си слават со виното и уште пред да го пробаат нив ги фатило, а оние па double се бееескрајно заљубени,ставаат слики,срценца,редовно известуваат како течат подготовките за изненадувањето :!: на партнерот.Среќа што постои ваков ЕДЕН ден иначе ќе немаа кога да ја покажат љубовта |(
    Штета што темата не е активна и неможам да ве прашам што ќе славите бе девојчици? а за 1 Мај каде? некакви планови за одмор имате? :D
    Што ке им биде на луѓево ако се потрудат да не се замараат толку со денов?убав е како и сите останати,а исто толку и лош.

    А јас да,ќе славам,роденден на тато :)
     
    На Nymeria и MandyLane им се допаѓа ова.
  17. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Среќен Валентин и на тебе

    [​IMG]


    (*украдено од рандом фацебук група)
     
    На LivingGlam и Elina им се допаѓа ова.
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.520
    Допаѓања:
    145.027
    Што убави вести слушнав за работава моја, мераци!
    Ако испадне како што слушнав, животот ќе биде лесен!
     
    На Neytiri, bittersweet, Strumfeta93 и 14 други им се допаѓа ова.
  19. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.843
    Пол:
    Женски
    Чувството кога подарокот за роденден го добиваш по еден месец и 6 дена вечерта пред Св. Трифун... ама сепак подарок на место.. си знаел што сакам :lol:, а како и да не знаеш синоооко мое хахахаха супер сум од кога те видов ла ла ла ла :rofl: :rofl:
     
  20. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    606
    Сакам да кажам дека ми се кака од глупине слики со срциња и мрциња по ФБ, јас сум православна и си го славам Св.Трифун, празникот на рожбата, на плодноста на виното..
    Не ми требаат тралалајки од типот на Св.Валентин кој за мене е комерцијален празник, т.е сорри, ден.
    Мода , мода е овој ден според мене. Глупости на тркала. :^) :x
     
    На Divinebutterfly, stetoskop и Cynthia им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.