[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Ајде бе, гарант некои што се овде членови ги поставувааат истите теми и таму, барем воведот на темите да го сменеле :lol: На пример: Сара, овој-оној :wasntme: BTW јасно ми е кој наш член би можел да биде, односно членови :wasntme:

    СДК Убаво временцево навака, малку по малку се топли, нема веќе пингвини :D
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    [​IMG]
    Во поглед на темите, фемина е јуник, мислам настрана тоа што има полно теми кои се копирани од други форуми, со ист наслов и воведен текст.[​IMG]

    A,jaс што сакав да кажам..
    Енергетскава криза е супер. Рај за чичковци што си ја тријат раката од курот за да го затоплат на ладново.
    Све друго решивме, сега уште и од уличните светла.
    Германија, поделена на мали области..а, во секоја област, некогаш и поголема од Македонија имаат свои енергетски системи.
    И уште не ми е јасно, дали до толку сме ретардирани,малоумни и идиоти за да не можеме да организираме 2 милионски народ,бидејќи рака на срце се удавени сме од учење и работа,а сепак толку разочарани и депресивно неамбициозни.
    Скептична сум толку многу што мислам дека и по 100 години ќе сме истите,ако не не фати албанското овој пат,наместо турското.

    Денес е топ денот.
    Ме одбегнаја и дечињата од црвен крст кои делеа срциња наоколу, највероватно зошто бев сама на патот.И на крај денот го завршувам патетично со половината јаболко и надежта дека ќе ми биде жал толку секунди колку што имам години,а останатото ќе биде само едно "хух".
     
    На bittersweet и mims-89 им се допаѓа ова.
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СД и К на црвената тетка добредојде-малку ме замисли што те нема, ме стави во мисла
    јас за тетката а таа мене на гости :D ме израдува, и баш на св. Валентајн-ти благодарам што дојде ми ја разубаве вечерта :wasntme:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    СДК колку знам јас да се внесам во книга тоа е чудо, ама добра книга, си гледам цел филм пред мене, чувствувам со ликовите, се смеам со нив и плачам со нив. И сега додека собирав впечатоци од последната книга и ги забележував во тетратката за утре, повторно ги испитав истите чувства како кога ја читав книгата.
    Ги обожавам тие чувства, тие мириси и вртењето на страните. Па нека ми каже некој дека онлајн да читаш книги било поубаво. Поубаво е мало морген. :)

    И уште нешто :!: не знам дали е добро или не, ама во последно време никаде не ми се оди. Единствено што ми се врти низ главата се планови за иднина, и да успеам во нив е се што ме интересира. Понекогаш се плашам од тие планови затоа што се големи, а одма потоа си мислам дека нема потреба од страв и дека е крајно време да се ослободам од секакви стравови.
    Е тоа, знам дека е добро. :)
     
    На tanja6, crazylady и Cynthia им се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Ким те разбирам шо збориш, го немам видено тој форум, ама ептен те разбирам, шо да правам, ко ЦИА сум, некогаш некои работи и онака ги дознавам, без да сакам :D :wasntme:

    И незнам како кај тебе топло, ама ладно е тука, по цели денови ко пингвин се движам,полека, кроце, без брзање :D ах златно лето :angel:
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Сакате да ви раскажам како јас ја поминувам вечерта? Сигурна сум дека сакате.
    Па во имаето на љубовта решив и јас да си направам нешто корисно за себе, затоа што никој нема да ме сака колку што си се сакам самата, на виии ]:)
    Се навежбав убаво, но не доволно за да идам и да скршам нечија кичма него онака лабаво.
    А потоа пенлива купка со етерично масло од јасмин, ехх какви мисли се не ми пролетаа низ глава, за момент осетив како е заедно со мене во када. Што ми е бе ??? :o
    Сега еве ги киснам нозеве во купка од портокал со цимет си мцкам салата од рандом состојки и пијам домашно винце, да го испоштувам денов. Одамна не сум била вака сосема сама. Убаво било.
    Само сакам да го овековечам моментов, јас со маска на лице, по бањарка, косата во пешкир, лаптоп во скут, до мене салата и винце, а нозете во леген :rock:
    Планирам уште долго да уживам вака, пуштам midnight sax и пак ќе го силувам во моите фантазии.
    :hai:
     
    На Miss-Independent, Strumfeta93, caroline.costa и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Таман помислив да го исклучам компјутеров,си реков ај уште ова да го дочитам.И не згрешив,се уклучив пак за да го споделам со вас.Верувајте како и јас што се расплачив така и вие ќе се расплачите.Но пуштете ги солзите....нека течат....
    Пред дваесетина години возев такси за да заработам за живот. Еднаш, добив повик да земам патник сред ноќ. Пристигнав пред една зграда која беше потоната во мракот, освен еден мал прозорец на приземјето, низ кој се пробиваше слаба светлина.

    Во вакви околности, повеќето возачи само ќе ѕирнеа, ќе почекаа не повеќе од минута или две, а потоа ќе заминеа. Но, сум видел многу сиромашни и беспомошни луѓе кои немаа избор освен да земат понекогаш такси. Па, иако ситуацијата мирисаше на опасност, јас сепак отидов до вратата. Можеби на патникот му е потребна мојата помош – си помислив и тропнав.

    “Само една минута” – ми одговори старечки, изнемоштен глас.

    Можев да слушнам како нешто се влече по подот. По долга пауза, вратата се отвори. Пред мене стоеше една ситна старица во нејзините 80 – ти години. Беше облечена во фустан со шари, а во раката држеше најлонска кеса.

    Станот изгледаше како да не живеел никој со години. Мебелот беше прекриен со чаршафи. Немаше часовници на ѕидовите, ниту предмети на полиците. Во аголот имаше кутија, исполнета со стари фотографии и стаклени предмети.

    “Ќе ми помогнете ли да ја однесам мојата торба до автомобилот?” – рече таа. Ја однесов торбата до автомобилот, а потоа се вратив да и помогнам на старицата. Ја зедов под рака и полека се движевме по работ на тротоарот. Таа почна да ми се заблагодарува што и помагам.

    “Тоа не е ништо – велам јас. Јас едноставно се обидувам да ги третирам сите жени, онака како што би сакал и мајка ми да биде третирана”

    “Ох, па ти си навистина добро момче” – рече таа. Кога ја сместив на задното седиште, старицата ми подаде лист со адреса и ме праша дали може да возам низ центарот на градот.

    “Но, тоа е подолгиот пат” – и одговорив брзо.

    “Не ми пречи, јас и онака никаде не брзам” – ми одговори, a јас видов во ретровизорот дека очите и се полни со солзи.

    “Јас немам семејство. Многу сум болна и лекарот рече дека нема да живеам долго” – почна да зборува.

    Јас го исклучив таксиметарот и прашав: “Покажете ми каде сакате да ве возам?”

    Следните два часа возевме низ градот. Таа ми ја покажа зградата во која некогаш работела. Возевме низ соседството каде таа и нејзиниот сопруг живееле кога биле млади. Ме однесе до еден стар магацин за мебел, кој некогаш бил сала за танцување и каде таа била најпопуларна девојка, која преубаво танцувала. Ми раскажуваше за минатите денови, за нејзината младост, а очите и искреа како повторно да ги преживува најубавите моменти од нејзиниот живот. Понекогаш ќе ми речеше да застанам покрај некоја зграда или агол, а таа седеше во тишина, не изустувајќи ништо.

    Кога се појави првиот зрак на утрото, над хоризонтот тивко ми рече: “Уморна сум, ајде да одиме сега”.

    Возевме во тишина до адресата што ми ја даде.

    Пристигнавме пред една ниска градба, со патека која водеше до голем трем. Две болничарки излегоа од куќарката, веднаш штом застанавме. И помогнаа да излезе и внимателно ја седнаа во инвалидска количка. Јас и ја подадов најлонската торба, а таа ме праша:

    “Колку ти должам?” – завирувајќи со збрчканата дланка во торбата.

    “Ништо” – реков.

    “Но треба да заработиш за живот” – ме прекори.

    “Постојат и други патници” – се намевнав.

    Речиси без размислување, се наведнав и ја прегрнав. Таа ме држеше цврсто.

    “Ти и даде на една старица момент на радост. Ти благодарам.” – прошепоти.

    Ја стиснав нејзината изнемоштена рака уште еднаш, а потоа таа влезе во куќарката. Зад нејзе се затвори вртата. Тоа беше звукот на затварање на еден живот.

    Повеќе не качив ниеден патник, тој ден. Возев бесцелно, изгубен во мислите. Остатокот од денот го поминав во молчење и тишина. Што ако таа старица налеташе на некој нервозен возач или некој нестрплив да ја заврши својата смена? Што ако не тропнев на вратата и си заминев, без да ја почекам? Чувствував како никогаш да не сум сторил ништо поважно во мојот живот. Ние мислиме дека сме среќни кога животот се врти околу нашите убави моменти. Но најубавите случувања се секогаш поврзани со другите. Можеби не дочекуваат неспремни, можеби за нас се само ситница, но некому му значат се.

    Затоа свртете се околу себе. Таму секогаш има некој на кој му треба вашата помош. Тоа не мора да е нешто големо… може да е убав збор, прегратка, насмевка или стисок на старечка рака. Така ќе знае дека не е сам, а тоа живот значи!
     
    На sweet-cherry, Serafima и ines.h им се допаѓа ова.
  8. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Сакам да кажам, дека сум во активна потрага по аватар кој ќе се задржи долго време на своето место, по кој ќе станам препознатлива.. Досега сменив два, и иако не сакам да ги менувам, барам некој кој стварно ќе ми “лежи’’ :) :)
     
  9. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Се чувствувам како воз да ме прегазил. :sweat:
     
  10. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
  11. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Иако мислам дека се пофалив дека не го славам Валентино,сепак поклончиња не одбивам.
    Не за друго,не е фер бе,па ме сакаат луѓето.
    Тук,оргинален подарок од уште пооргинална личност--другарка ми.А што си мислевте вие ? Божее...
    Со оглед дека е многу креативна,и сликар лесно ми ја запечати насмевката.
    Пликце ептен валентиново, исцртано од неа,и внатре розевка машна за коса,hand made.
    Ах да и една убава порака-'Не дозволувај на мене да се сеќаваш како на спомен,затоа што спомените се минато.Сеќавај се на мене како на љубов,затоа што само таа е вечна'.
    Не беше плишана мечка со амблемчињата на Барса,ама знам дека беше од срце и со многу љубов. :f:
    Ќе го сликнав,да се испофалив уште малку,ама апаратчето не ми е тука.
    [​IMG]
    Си испив една чашка црно винце до си го обележам Св.Трифун,најмалку што можев да направам. :d:
     
    На Serafima, bittersweet, Cacy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Сакам да кажам... Дека многу се натажив заради тоа што нема да одам на апсолвентска екскурзија...
    Не е од финансиски причини, туку заради тоа што.. со другарките од факултет, не сме веќе толку блиски.. се разделивме.. ако одам со нив, ќе се чувствувам како странец.. Тешко ми е :( :(
     
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Луѓе без осет, крајно нечовечни луѓе.
     
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Преживување во Скопје на температура од минус ненормални 17 степени.
    Замислете ја Адел од аватарот како се радува, е јас таква фаца имам. ХЕЛ ЈЕА, утре се ќе биде стакло. Донесена е одлука да не се напушти станот во наредните 24 часа, под ниедни околности. :D Рестрикција на улично осветление - рестрикција на моето движење во надворешноста и околината.

    Сега ќе отворам да излуфтирам малку, саклет ме фана. Малко пред спиење.
    Презентирав на германски денеска. Напредок. :talk:

    А каков сеир мавнав од тарасава на Валентиновци и Трифунци. :rofl:
    Со сиот памет, на студов?
    Со патики?
    РИЛИ? :rofl:
    Ајс Ајс бејбе, ајс ајс скејтинг, овај фолинг.

    Ми викаат денеска колешките, абе ти мака немаш, твоите чевли не се лизгаат. А, бе, чевлите не се лизгаат - јас се лизгам.

    Ах, д џој.
     
    На AnaKarenina и bittersweet им се допаѓа ова.
  15. LadyEj

    LadyEj Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    128
    Убаво е кога имаш овакво прекрасно суштество до тебе, те гледа со милни очиња полни со љубов и ти се смешка, ух! Фала ти Боже..
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.844
    Допаѓања:
    163.356
    Па не дека нешто ми ја смалија перспективата на гледање со уличново осветлување. И онака си живееме ние во разноразен мрак веќе едно 20 години,дење,ноќе. Шо ни е гајле па сега?! Барем навечер не мораме да гледаме грдости.
    Туку си велам,ова има врска со проектот трето дете. Од наредната недела сто посто ќе ни сугерираат на газиени ламби да се осветлуваме,ради штедња во домашен буџет,легнуваш во 9 и се знае шо правиш. Спиеш...ил се е*еш. Ти секако си наебал...уствари. На есен ќе ги видиме резултатите од овој проект.
    И оп,Македонија енергетски најефикасна во Европа. Нема врска како и кои се средствата,важна е конечната цел. Ма ово нема ни у Немачкој!
    Туку поминаа тоа глупите празници?!
    Ај можеме сега да дишеме. Љубов до гуша,ами не!
    Јас си се бубнував едно пет минути по раце и рамења,потоа се побубкав во огледало и сега супер сум! Сакаа вечеричка да ми прават и да гледаме фудбал,ама одбив...празников се скока од принцип! Утре што сака нека прави,може и јамболии да переме!
    О-о-о-вулација,округло,оркестар,па и камерен,односи (трето дете),осмица,огорченост,освета, остварување, огниште, о-о-о-о ша ла ла ла о-о-о-о-о!
    И така деца,тоа беше ни вино,ни бутур. Татко ми ми ги крева очекувањата, два букети мимози, две чоколади за двете дами. Извинете дечки,ама оваа ќерка лесно не се ќарува,мислете му ја! Ла-жам, за мене само жал му падна! :D Ама многу сакам мирис на мимози,не знам зошто!
     
    На LivingGlam, Annath, bittersweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Секоја зима светот се крие од нас, ние од него.

    Не го одбележав празникот ни, не излегов. Околностите налагаа така, утре имам испит.
    Преку глава ми е од оваа стручна литература, напор невиден е. Во петок завршувам со испитите, викендот славам, а од понеделник правец библиотека!

    Опуштање и релаксирање со лесна книга, давење во пријателски разговори, генералка во цела соба, чистење на фиоки, средување шкафови. Тоа е мојата постиспитна и антистресна терапија :)


    Ах, чекањата одамна заминаа. Затоа што секоја вечност е кратка. ;)
     
  18. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.647
    Допаѓања:
    2.475
    интересно, интересно...

    [​IMG]
     
  19. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
  20. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571

    ^ Ахх.. и јас ова го коментирам цел ден со сите... :worried:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.