[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.846
    Допаѓања:
    101.504
    Пол:
    Женски
    СДК...
    Денес јазикот ми е побрз од телово...благо кажано ме фатила мрза ама мозокот ми работи,а богами и јазикот..телово ми е како желка со три нозе и тоа во гипс,а јазиков како пантер кога ќе здогледа несреќна газела...хммм...се скарав со сите..не ги поштедив ни мајка ми ни свекрва ми...децава ги искастрив...а маж ми е тој допрва ќе види :| Не знам зошто сите денес се сетија на мене да ми се изјадаат...како јас да сум биро за желби поплаки и не знам веќе што...а ти драга моја слободно искористи ја најновава технологија па во својот фенси телефон запиши некаде во мај месец да се видиме,зашто и онака немаш време веќе за мене :emo:
    И ова мора да го кажам..пред некоја вечер бевме на роденден кај едни пријатели ..и така едно пристојно друштво и веќе доста нагазени и подгазени ,кога една дотогаш невидена пријателка на пријателиве де..станува ја мести кошулата ,поправа шминка...си викам сигурно ќе си оди кога таа вади фотоапарат...и започнува страотна фотосесија..таа на маса околу столица,покрај садопер,со кифлици и маслини..со овој со оваа а и мора да признаам и со мене :$ ,која покасно видов дека не ја ставила на фб,очигледно очајно сум излегла :tmi: ...и на моето прашално зошто...одговор па за ФБ...Наравоучение...значи ако те нема на фб со слики не си ни бил на роденден :puke:
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Вереникот со татковците ја закажал свадбата за 5 мај, лелеее рано бе многу, само таа сабота била слободна изгледа :lol: а мене сега почна страв да ме фаќа ќе имам ли доволно време за се, за фустан и тие работи, трема почнав да имам, не сум спремна :lol: и тоа, сега сум малку :worried: Јас си мислев крај на мај или почеток на јуни ама....
     
    На x.Daisy.x, FortuneTeller.xD, angel92 и 20 други им се допаѓа ова.
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Ако зимскиот дух, освен целулит, дава инспирација на неуморното апсобирачко перо на писателот, еден скришен сончев зрак е доволен да ти го зажубори млитавото утро и да му даде мотив на денот. Сабајле ради светлината се осеќав баш како весело прваче во ладно, пролетно утро. Ми фали уште комшиката која си ветив дека еден ден убаво ќе ја средам. Само јас речиси никогаш не ги остварувам таквите закани зашто премногу ги жалам некои луѓе, доволни си се самите на себе пошо се извор на глупост и неволји.

    Луѓе низ градот врват и си ги носат насекаде проклетствата со нив. И нека и смрдат, нека почне да се расцепува тлото од нивното ништо. Просјаците пак на своите позиции со глава доле, рака горе чекаат на некој добар човек. И ќе и текне на некоја баба враќајки се од црквичка да фрли денар-два, а овие со лакомост ќе ги сокријат и кутијата пак празна. Дали и е тоа финта, дали недоверба отсекогаш ме интересирало. Мало дете навредува друго мало дете, почнува да се осеќа ко човек.

    Пијам капучино и ја чекам Каша.
     
    На Monroe, mims-89, Hipster и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Сонував како сум објаснувала дека винтот на обетката не е доловно цврст и кога тогаш ќе ги изгубам.
    Утрово после први час забележав дека имам само една обетка :( Срцето ме стегна, ќе пукнев од мака.
    Од мала ќи носам и за ништо не би ги сменила.Ја пребаравме училницата но залудно, денот ми се уништи.
    Каква, таква станав одговарав и ја добив првата оценка (петка) за оваа полугодие.Што да се прави, животот продолжува.
    Единствена надеж ми беше да не сум заборавила да ја ставам едната обетка.Но на местото каде ги чувам немаше нешто.Влегов депресивна во дневната и првото нешто што го приметив е дека ми ласка нешто на килимот, а тоа да ти било винчето.Татко ми ја нашол обетката.
    Оффф леле ќе пукнам од среќа, што се вели душата ми се врати.Сепак на училиште сум отишла со една обетка :rofl: другата дома ми паднала ^_^

    Ма страв ќе ми биде сега да ги ставам, во "сефот" ќе ги заклучам :rofl:
     
  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Хепи тајмс во хепи денот, со хепи расположение и хепи чекори долетав до дома. Денес све е хепи! :)

    Уживам во совршеноста на денов. Нешто извонредно. Можеби најубав ден од оваа година, досега. Прекрасно чувство. Искрено, да ме фатеше таква мрза денес и да останев дома, ќе се самоказнував ко на Жаде (тренти шипатадас - 30 удари со камшик :rofl: ). На факс забавно, потоа тргнувам со насмевка, го испив сонцето од што ме израдува, од паркингот на Веро свиреше Angels од Роби, а јас потпевнував и ми беше гајле ако некој ме види. :D
    Мислев дека ќе направам некој зафат од областа на уметничкото лизгање, арно ама ни тоа не се случи. Знаете зошто? Поради сонцето. Така чекорев до него, со насмевка на лицето.
    Имавме совршено претпладне, пладне и мал дел од попладнето.
    Зошто? Можеби има и сонцето удел, но факт е дека од ден во ден сме се повеќе слатки, откачени, блесави, бесни, борбени, заљубени, оооооотидени.

    И не, не се плашам до кога ќе уживам во ваквата среќа. Се додека сум со него, знам, уствари не знам..сигурна сум дека тоа ќе трае за навек. И уживам искрено, радосна сум до небо, и ми е гајле ако оваа моја изјава придонесе за да се урочам, но што да правам, таква сум. Сакам целиот свет да дознае колку сум среќна и колку уживам во животот. Пред се во денот.




    ЉУБОВ. :l:
     
    На Serafima, Rock-a-Fella и Hipster им се допаѓа ова.
  6. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Јас стварно ја згрешив насоката ми на факултетот, ма и факулетот го згрешив, и на грешка место сум родена и во грешка држава. Не можам ја овие мразој да гледам, дома да седам, што да правам со моите дипломи, да предам???? :?: Ми бара искуство со фискален апарат? Хелоу жено, луѓео на месечината се качија, значи штом ти кажувам какво образование имам, што мислиш ке знам ли да куцам на комјутер??? :swear: А да и од сите CV што ги пратив, не ме удостоија ниту со еден само еден макар и не знам јас колку банален одговор. Што се случува, ни сама не знам, се е како во сон...А да. И денеска ама ич не му се радувам на прекрасното сонце, што го топи прекрасниот снег, на прекрасните ни улички, во красната ни држава :rock:
     
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Осаменост.
    Мојот најголем страв и најголема болка. Незнам што точно претставува таа, но нејзиното присуство се чувствува кога сите ќе заминат.
    Не ја сакам. Самата помисла на неа ме ужаснува и сакам да побегнам.
    Но што кога нема каде? Нејзиниот вкус е присутен и во моите солзи, нејзиниот здив е присутен и во ветерот. А толку многу сакам да ја снема... Не ми е потребна.
    Сакам да и кажам да си оди. Но осаменоста отсекогаш ме следела. Нема намера да ме напушти толку лесно. За жал.

    :doh:
     
    На A-j-a и Look им се допаѓа ова.
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Со секој нов мој контакт со државнава администрација јас добивам нагон на повраќање. Неможам да ги сварам тие безработници и тие некултурни суштества.
    Сите што работат грешат, само тие што не мрднуваат од кревет се безгрешни, ама луѓево од администрација се со блага ретардација.
    Само таму може залудно да чекаш со саати без притоа некој да те прими.
    Само тие можат да пушат цигара во канцеларија без око да им трепне и ти дува во лице.
    Само кај нив стои флаша вино на работна маса.
    Ти им поставуваш прашање а тие ноктите си ги турпираат и чекаат да се налакираат.
    Само кај нив може да постои дата 30 фебруари и уште ме прашува што сум нашла грешка во документот, зар стварно немало 30 фебруари |(
    Само они прават од 8 работни часа 6 часа пауза.
    А речникот и пцовките им се на високо ниво.
    Не ги можам едноставно. Да имам сила и моќ у државава сите би ги летнала и би ги ставила на приватно.
    Да фатат за прв у живот да поработат како нормални луѓе. Како луѓето што работат во светов!
    Барем кога ќе дојде 1ви во месецот да знаат зашто ја земале таа плата.
    А уште повеќе ме боли кога знам дека нивната плата е од буџетот, буџетот кој ние луѓето го полниме. Мадафака :swear:
     
    На Blanca, Artemission, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  9. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.326
    Јас како јас, петок како и секој, порано му се радував, сега ми е сеедно, а особено од денешниов ми е смачено. Го утнав денов, подобро ќе беше да го преспиев, да го прескокнев или нешо слично.
    Ајт уште малку ке помине.

    EVERYDAY I AM SHUFFLING.
    Papapapapa.
     
  10. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека едноставно некои луѓе толку добро се кријат под маската..... што....
    :@
    Испод мира триста вира.... :@
     
  11. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Некои родители сметаат дека единствена грижа за нивните деца е ,да ги родат и ништо друго.

    БОЖЕ фала ти што моите не се такви што се ќе сторат за да ми овозможат љубов и се што е потребно.
     
    На IvanaMkd, A-j-a, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    СДК дека почнувам да губам желба да одам во театар заради нашата некултурна публика.
    Ми се нарушува уживањето и самoто перцепирање на настаните додека целата се претворам во уво за да ги чујам актерите, обидувајќи се да ги игнорирам дофрлувањата од страна.
    Свадбата на Фигаро, многу поинаку ќе ја оценев, ако не беа дечиштата седнати во првите два реда кои беа толку невоспитани, што постојано дофрлаа невкусни коментари, викаа и аплаудираа на сред чин и лежеа во фотолјите како да си се дома. Од последниот чин не можев ништо да чујам, иако седев во третиот ред. Толку многу претераа, што дури и актерите видно растревожени, ним директно им се обратија на сред претстава. Реагираше и останатиот дел од публиката, во кој имаше и постари гледачи, ама се чинеше како нив око да не им трепнува. Единствено ме интересира, каде за целото тоа време беа нивните наставнички кои ги фатиле за уво и ги испратиле на претстава. Не е секој за во театар...
    Па еве упатувам еден апел до родителите, почесто да ги носат децата во театар, опера или балет и да ги научат на некои основни манири. Како треба да се однесуваат, кога треба да дадат аплауз, да ги научат да бидат пристојни, да не пречат на останатите гледачи, и што е најважно - да уживаат во претставата.
     
    На Cynthia, Divinebutterfly, Hopeful и 5 други им се допаѓа ова.
  13. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    СДК дека преку глава ми е од дволични и цинични луѓе па и одозгора љубоморни црви.

    Ќе си умреш душо гневот ќе те изеде малку по малку...готова си....
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.926
    Допаѓања:
    203.182
    Пол:
    Женски
    И златен да е кафезот, пак е кафез... само се прашувам дали вреди толкава жртва, покрај бројните придобивки?
     
    На bittersweet, blond, IvanaMkd и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    СДК дека ми е многу тешко.Многу! ;(
    Што и да направам,каде и да се свртам,се ме потсеќа на него.
    Сватив дека цело време сум живеела во една огромна заблуда.Многу ми е убаво кога гледам како луѓето си се сакаат меѓу себе,како си кажуваат дека не можат еден без друг.
    Се присетувам на сите убави моменти кои сме ги поминале заедно,го земам телефонот да го побарам,а потоа како шлаканица се потсетувам на се' што ми направи.
    Се чувствувам немоќна и осамена.Ми треба рамо за плачење,ми треба силно да се исплачам.
    А јас и солзите морам да ги скривам...

    http://www.youtube.com/watch?v=t43Eu3oPc5E
     
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Ќе биде се во ред.
    За сите. Евентуално.
    Мора да биде.

    И ќе биде!!!
     
    На eli25, Chocoholic, Heleny и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Рипам од расположение на емоција како жаба сред бара. Ми се готви и средува, сигурен знак за Румена.

    Е да се пофалам најдов соврешн путер. Мек, вкусен, златно жолт се мачка на секој леб, ми го бакнува јазикот и зголемува салцето.

    Реченица две се доволни. Зборови неискажани меѓу блиски пријатели бодат срце. Ете така иде тоа.

    Ох како се топам на песнава....
    http://www.youtube.com/watch?v=fczPlmz-Vug&ob=av2e
     
    На IvanaMkd, Heleny и Trendafilka им се допаѓа ова.
  18. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Ахх, каков спокој ме обвива секогаш кога разговарам со него. Го почитувам до бескрај.
    Што ли се' нема поминато во животот...
    Знам дека ние сме му најмилите, не' чува како капка вода на дланка, нашата насмевка се' му значи!
    Дедо...

    Сакајте ги и вие вашите :)
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  19. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    СДК кога ќе ми текне како ги дожвејував петоците пред 10 години ми е смешно. Најомиленото нешто ми беше кога ќе си дојдам од школо и ќе ја фрлам ташната леле какво олеснување ми беше најсреќна на цел свет, јадев и одма се кроеа планови во што да се излегува, каква флизура, шминка да имам , друштвото на куп и подготовките почнуваа за петочно искачање ;) . Најубавиот период дефинитивно.
    Средношколци еден совет од мене уживајте максимално, тој памет и тие времиња не се враќаат :) уживајте
     
  20. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Парите го расипуваат човекот до коска...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.