[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.520
    Допаѓања:
    145.027
    Денес ќерка ми ја запишав во библиотека. Многу ми е мило што многу сака да чита. Почна да чита по две книгички дневно, па не се постигнува веќе со купување :D , а кога нема што да чита се жали дека и е досадно.
    Денов е посебен за мене, затоа што сакам да ја сака книгата, и да има навика да оди во библитека.
    Иако малку ми е стегната душата, поради купиштата стари книги кои ги видов во детското катче. Мислам дека треба малку почесто да ги менуваат.
     
    На baguf4e, bittersweet, sweet-cherry и 23 други им се допаѓа ова.
  2. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Ми рече дека не сака ништо повеќе со мене.
    Никогаш да не го барам,да го оставам на мир.

    Не можам да поверувам колку се понижив,а тој што ми рече на мојата добрина.

    ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;(
     
  3. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
  4. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.426
    Допаѓања:
    6.267
    Девојки, оставете ги нервозите и замарањата денес. ВЕ МОЛАМ заборавете ги за неколку часа. Излезете на прошетка и искористете го сонцето немилосрдно! Најубаво да си помините, и тука да ни пишете како си поминавте! Никој не е вреден за вашите солзи и никој не е вреден за вашите нерви! Запомнете го тоа ;)
     
    На Rock-a-Fella, Divinebutterfly, Heleny и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.195
    Допаѓања:
    23.272
    Пол:
    Женски
    Приказната за девојчето кое беше заљубено заврши. Сега девојчето живее за сонот којшто го сонуваше, прекрасна ливада со дијаманти, дијаманти кои светат во најубавата и насветла боја, а ги имаше во изобилие. Некои помали и поубави, некои поголеми и прекрасни. А јас се замислив, прашувајќи се, покрај сите тие прекрасни дијаманти кои ми ја осветлија душата, зашто јас се уште во мојата дланка го носам единствениот ТОЈ дијамант? Отворајќи ја дланката, погледнувајќи во неговата сиромашна убавина, решив да го фрлам назад и да не се вртам по него, туку да тргнам во потрага по некој што го заслужува моето срце, посмирено и погордо... сонот заврши, а ЈАС се чувствувам прекрасно. 8)
     
    На Rock-a-Fella, marama и Libera им се допаѓа ова.
  6. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    181
    Денес веке се чуствувам подобро,нема температури нема грозници :)
    Станав некако весела полна со живот мм прекрасно е чуството :)
    си ја средив собата,го потсредив станов малце и земав телефонот да им вртам на другарките да ги поканам на едно саботно трачарење :lol:
    Така сеа додека си ги чекам гостите у мегувреме ке си поседам малце со вас да прочачкам што има ново :)
    Девојки имајте убаво саботно попладне исполнето со срека љубов и многу дружење заборавете на све лошо и уживајте со саканите :*
     
  7. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Се чека САБОТНА ФИЛМСКА ТРЕСКА на сител!! :rofl:
     
    На Spell му/ѝ се допаѓа ова.
  8. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    1.319
    Пол:
    Женски
    СДК имам нов аватар 8)
     
  9. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Си го сменив аватарот!! ;)
     
  10. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    СДК дека се смирив со дечкото...па да видиме овај пат колку ќе издржиме заедно....како и да е овие денови сум премногу среќна :D :D :D :inlove:
     
    На Adi888, angel92 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.294
    Допаѓања:
    57.304
    Пол:
    Женски
    Денес сакам да напишам нешто во чест на еден од најсаканите луѓе во мојот живот, што најмногу влијаел на градењето на мојот карактер, љубовта кон приказните, книгите и слатките работи.
    Деденце...
    Човек со толку тешка младост што ние не можеме ни да си ја замислиме...
    Сами со баба ми во бегалски камп, во мизерни услови, им се родило првото детенце. Во кампот болестите се ширеле брзо а вујко ми имал толку нежно здравје што морал да ја фати секоја од нив... Еднаш се разболел толку што морал да лежи во болница со месеци. Огромен милионски град, а болницата на другиот крај... Дедо ми тргнал пеш да го види вујко ми, и кога детенцето го видело татка си се израдувало, со светнати очиња го прашало „тато тато, ми донесе чоколадо?“. Дедо ми немал никакви пари, не му носел ништо. Цел живот си спомнуваше за ова и му беше најголемата болка што некогаш ја преживеал. На враќање од болницата одел и плачел, и некој добар човек откако го прашал што му е, му дал малку пари за да купи чоколадо.
    Дедо ми даваше цела душа за своите блиски и успеа да направи од нив добри луѓе. СО баба ми успеаја да се издигнат, да дојдат во својата земја и конечно да си го средат животот. Тие се без сомнение најширокоградите луѓе што некогаш сум ги познавала (да, вицевите за таа категорија се погрешни).

    Дедо ми купуваше приказни, понекогаш низ цел град ги бараше моите сакани калинки, секое утро кога ќе се разбудев на перницата наоѓав чоколатце, а баба ми правеше палачинки и се’ друго што ќе побаравме. Повеќе сакав да спијам кај нив отколку дома.

    Деденце... до последен момент со најголема љубов ме гледаше, и знај дека си личност која оставила веројатно најмногу траги во она што сум јас. И покрај то што беше стар и ти дојде времето, празнината што ја остави зад себе е голема.

    Ќе ми недостигаш, но знам дека сега се соединивте повторно со баба и вашата љубов и меѓусебен однос секогаш ќе остане пример на тоа што сакам да го постигнам во животот.
     
    На Bright, x.Daisy.x, sesilija и 61 други им се допаѓа ова.
  12. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    :!: [​IMG]
     
    На Rock-a-Fella, Cynthia и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  13. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Само сакам да ме напушти инаетот... Знам колку е лош, знам дека ќе ја трескам главата и ќе се каам, ама ќе биде доцна, и пак ме држи :|
     
  14. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Старфиш со видеото во „СП до“ ме наврати на детството.
    Па тоа беа убавини! Израснав на улица со џамлии, скокање на ластик и јаже, жмурка, точаци, кршење раце, дупната глава... Секоја сабота дедо ми ме носеше во парк, ќе седневме на некоја клупа, ми земаше пуканки и ми раскажуваше секакви приказни за татко ми кога бил мал, тетка ми, како ја освоил баба ми а јас се смешкав. Па додека мајка ми го спремаше саботниот ручек јас во дневна ги пеев сите песни од Дајте музика, Сител Бамбини.. Само десетина касети ми се од овие емисии што сум ги снимала. Секое лето баба ми и дедо ми го поминуваа во село, а јас со моите одев на 1 август, Илинден. На ридот палевме оган вечерта пред први, постарите со ракиички во рака пеат ли пеат, по младите вијат ора додека ние дечурланата се бркавме и уживавме во природата. А наредниот ден се искачувавме на највисокото место, цело село, имаше споменик и најстариот жител од година на година ни кажуваше повеќе од историјата на моето селце и предците.

    Додека, сега, децата растат со Аца Лукас, Долина на волците, пцовки и тепање, излегуваат по дискотеки, на штикли, си разменуваат лиги. А родителите абер немаат, седат со комшиите или по обложувалници, важно имаат дете на кое му купуваат лап-топ, ајфон и му фрлаат дневно илјадарчиња и го сакаат! :emo:
     
    На sweet-cherry, Hiii и cigarce им се допаѓа ова.
  15. lolita97

    lolita97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    37
    СДК дека МНОГУ ме дрма ПМС |( :D :^)
     
  16. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    [​IMG]

    Колку е мал светов :sun:
     
  17. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    СДК ми се јаде благо .. а јадев наполитанки а пак ми се јаде ама нешто торта чоколадна целата ах
     
  18. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
  19. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    One, twenty one guns.
    throw up your arms into the sky.
    you and I..
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    СДК... колку далеку може да отиде злобата не некои луѓе? И ништо да не кажат, се им се чита од погледот.
    Ама ако, самите се трујат, умираат од завист наместо да си гледаат за себе, да се унапредат во било кој сегмент од животот.

    ;)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.