1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Утрото, уште пред да изгрее сонцето, ми цвркотеа врапчиња под прозорец. Надвор се‘ беше тивко, само тие две се слушаа. Изгреа сонце и на северната страна од мојот прозорец. Едвај чекам да никнат првите кокичиња!
    Се буди природата, се будам и јас, доаѓа моето време :)
    Е и јас сакам :)
     
    На eli25, Serafima, Peppermint и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    И јас исто. ;(
    Надвор е толку убаво,времето почнува да заживува,луѓето се шетаат по улиците,го живеат животот,нашле некаква смисла во него....
    Јас не можам да најдам,толку ми е тешко,да ме убие некој нема да почувствувам.
    Бев среќна колку што бев,ама сега не сум ни најмалку.
    Се чувствувам осамено и безнадежно.Повеќе немам никаква самодоверба.
    Не гледам никаква смисла во себе,воопшто не знам како ќе продолжам,како повторно ќе бидам среќна и ќе се смеам.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам не знам да речам,збунета сум...Ебате утрото :D само што ги отворив очите и до мене беа парите,фатени од спортска по не знам кој пат а вчера ме излагаа дека сум промашила еден натпревар..Штета што е Недела инаку би се фрлила во јак шоопинг.Нешто ме тера да отидам кај него и да го измалтретирам убаво по снегот ама мочлето мое спие до 4 часот попладне а потоа Цацко му е крив.Знам дека едното нема врска со другото напишано али еве тоа сум јас. :wasntme:
     
  4. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Лесно било да се изолираш од се.Ти требаат само слушалки и добра музика :) .
     
    На eli25, crazylady, Marcey и 4 други им се допаѓа ова.
  5. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    Смртта на сите ни се смее в лице. Се што можеме да направиме е да ја возвратиме насмевката. :) Не го следете животот, натерајте го тој вас да ве следи. Подарете му го на светот најдоброто од себе но и тоа може да не е доволно...како и да е добрината која ќе ја направите денес луѓето често пати ќе ја заборават...но не е важно сакајте за да бидете сакани.
    На сите ви посакувам убав и успешен остаток од денот. :)

    4 фантастични девојки кои растарураат на виолини
    http://www.youtube.com/watch?v=Aa7hzb-AlW0
     
    На bittersweet, Serafima, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Тепачка помеѓу брат и сестра
    [​IMG]

    Слатки моменти кои ни ги нуди животот.Живејте во нив,правете го тоа најдобро што можете.Дозволете си да уживате во луѓето што ве љубат! :f:

    Good morning.
     
    На eli25, zhap4e и awee им се допаѓа ова.
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Единствено што сакам во моментов е да немам чувства. Да го извадам срцево од градиве и да го фрлам, ете само тоа посакувам.
    Затоа што и после толку време јас не ја научив лекцијата-во денешно време искрени луѓе нема. Или јас досега не сум сретнала. :?:

    Секој ќе те повреди, кога-тогаш. Мојата грешка беше тоа што им дозволив на некои личности премногу да ми се приближат... до срцето. Знам дека треба да се одвикнам, на некој начин да научам да си гледам прво за себе. Не е невозможно, само ми треба време. Се променив многу. Ова не сум јас. Не сум истата од пред некоја година, тогаш бев посилна.

    Ако продолжам вака ќе се уништам свесно.
    Затоа сакам да ставам точка, на некои места каде што веќе не смее да се стави запирка.

    :)
     
    На thelittle17, IvanaMkd, Look и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Мммммм си јадам врела, тазе пица со доматен сос. Стопати повкусна од оние по рестораните... мњам, мњам! :inlove:

    Уште кока кола да имав и не знам...лудница! АУУУУУУУУУУУУУУУУУ!

    Ама немам :worried:
     
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.076
    Да си знаеш во искушение бев да ти го притиснам извичников тука и да те бришат :rofl: :rofl: :rofl:

    Туку наздравје нека ти е пицата, верувам дека е превкусна :$

    А јас сега ќе му ја мислам што да правам што да јадам :?:
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^ Богами греота е да пишувам такви постови, повели и ти :)
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  12. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.145
    Допаѓања:
    5.377
    Женска интуиција... Ја послушав сабајле, ми рече да не станувам од кревет. Ми кажа дека ако се приближам до компјутерот, ќе ми се отвори рана. Јасно ми беше дека ќе ми се смени животот...И не ја послушав... Уште пред да отворам муабет со него, си ставив срцепарачка песна. Не должев многу, го прашав што е работата. А тој.... Тој во две реченици само ми кажа дека друга го чувала во прегратките вечерта. Болеше многу, и сеуште боли. Ама солза не пуштив а и не планирам - за неверен маж(кој маж Ангел, ДЕТЕ!!!) не вредат солзи пролеани. Тешко ќе ми е знам, а можда и не дотолку ама се надевам ќе сте со мене низ ова. Се надевам нема да ви се случи ова.
     
    На eli25, cigarce, Noemi и 12 други им се допаѓа ова.
  13. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.775
    Пол:
    Женски
    Какво олеснување е кога сончево утро како ова ти ја враќа надежта и ти дава до знаење дека допрва ќе има сонце, допрва ќе дојде пролет, дека само уште малце и депресивнава зима ќе биде стане минато.
    Се што останува е да се собере сила на крајов, да се издржи уште малку, ма да тешко овој снег овде ќе се стопи дури до март,април.
    Ама и не е важно, се додека небово е кристално чисто и сино - i'm good.

    :sun:
     
    На eli25, Serafima, CoverGirl10 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Колку убав и прекрасен ден :) Навистина убаво ми дојде оваа гледка после неколку неделните одвратни и студени викенди.Имајте убав ден Феминки и уживајте во убавото време :)
     
    На thelittle17 и MandyLane им се допаѓа ова.
  15. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Убава вечер беше вчера.На топло чоколадо со едните другарки,па шеткање низ чаршија со другите :)
    Едната ми вика сум била многу ексцентрична,другата сум била либерална :D.Еми сум де,ќе си кажам што мислам и гајле ми е ;)
    Па тој па лепотанот шти ми пиша,уф уф,шубав е,само да не пушеше цигари :wasntme: .

    Ги обожавам оние што се Лав во хороскоп,едноставно со нив најдобро се сложувам и секогаш кога сум во друштво на некој Лав,се смеам и убаво си поминувам...Оваа мојава другарка си е малце откачена,и само кажува некои смешки,ја обожавам бре,со неа за се можам да си направам муабет иако сме 8-9 години разлика :D.Па ми вика праќај ми ма линкови нешто совети за секс,кај да прочитам :lol: Викам јас целата е откачена,а и јас не изостанувам,секогаш муабетот ни е комедии-трагедии :rofl:
    Туку,морам да се согласам со неа,оскудација е,се нема пари за договорот,одамна што го спомнуваме,за пиците и виното...ај ќе се собереме за 8 март,иако не ни е нас празник ;)
    И такое.
    Имајте убав ден :sun:
     
    На mims-89 и Neytiri им се допаѓа ова.
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Немам потреба да менувам туѓи светови, ќе го менувам својот. Задоволна сум од тоа која сум, каква сум, и што се' сторив, не се оградувам на туѓа несреќа, се радувам на среќа. Тоа што сум таква не треба да ме направи да бидам поинаква поради други.

    И да станувам sapiosexual, не почитувам луѓе што не читаат книги, ме привлекуваат интелигенти личности.
     

    Прикачени фајлови:

    На Serafima, green.eyes, Magnolija и 9 други им се допаѓа ова.
  17. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Луѓето често го прават она што најмногу го избегнувале и го изговориле она што најмногу сакале да го премолчат. И затоа не ги осудувајте луѓето за грешките, простувајте ги нивните навредите и не памтете ги нивните зборовите. Од стотина работи кој човекот ги прави, најголем број од нив ги направил во лудило или во беснило, или пак случајно, а секако најмал број од нив ги направил со размислување.
    Затоа размислете пред да кажете нешто или кажете го на начин кој е потребно или воопшто не го кажувајте. Лошиот начин на кажување на нештата, ја намалува вашата вредност во очите на другите.

    [​IMG]
     
    На eli25, Serafima, ljubam и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    ^ Уффф читачов... :inlove:

    Доста беа спомени! Спомни си минато, одма по глава те трескаат грешките. Wake up!!! За сегашноста, за иднината....
     
    На Serafima, thelittle17 и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  19. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Немам воља да живеам понатака.

    Можеби ова изгледа смешно за моите 18,можеби превртувате очи,можеби претерав,ама немам збор да опишам како се чувствувам. ;( ;(
     
    На thelittle17 и Dgirlll им се допаѓа ова.
  20. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.672
    Пол:
    Женски
    Вистинска љубов денес тешко се наоѓа, а замена за љубов ако имаш пари лесно се купува, но сите добро знаеме дека плишано мече не е исто што и вистинско живо мече. Денес е реткост да најдеш сродна душа, некој кој неизмерно ќе те сака и ќе го сакаш, некој кој ќе навлезе длабоко во твоето битие, а ќе ја заслужува твојата љубов со секој негов потег. Им пружам рака на ретките парови кои ги знам, а се искрено (и „верно до гроба“) заљубени, затоа што кај повеќето реално се е само добра глума, кога би ги виделе академиците кои номинираат за Оскар и Златен Глобус, веднаш би им ги доделиле овие престижни награди, за престижното глумење заљубеност.
    Додека го пишував ова, се сетив на една стара приказна.
    Во 1141 година во Германија,поточно во кралството Швабија,војводата Волф во својот замок Вајсберг бил опколен од војската на царот Конрад. Опсадата траела долго, а Волф бил немоќен да се справи со противниците. На крај било јасно дека мора да се предаде и да го препушти имотот на непријателот. Но, жените од замокот не се предавале толку лесно. Тие му напишале писмо на царот Конрад, во кое барале да им вети дека секоја жена ќе биде безбедна и ќе може да го напушти замокот со онолку скапоцености и богатство колку што ќе може да понесе со себе.
    Царот се сложил, а кога се отвориле капиите од замокот, на изненадувањето му немало крај.Жените не носеле ни злато,ни скапоцени камења…
    Секоја жена излегувала грбавејќи се и подвиткувајќи се од тежината на својот маж кој го носела на грб.
    Царот Конрад бил трогнат од она што го видел и заплакал, па решил во името на љубовта да склучи помирување поради овој гест на љубовта на кој бил сведок.
    Епа за денешни времиња, приказнава е поголема научна фантастика и од филмовите на Спилберг.
    Поголема е можноста да го сретнеш Дарт Вејдер отколку да видиш искрена љубов.
    Оние мажи кои се во брак (со ретки благородни исклучоци), се однесуваат како да допрва треба да се женат, па секое излегување во Џубокс и останати вонвременски места го користат да „ќарат“ некое младо пиле, а потоа со мирна совест си легнуваат покрај „саканата„ сопруга. И така со години. Некој ќе рече, гледаат многу турски серии… Не, не е до сериите, тоа го прават веќе неколку години наназад.
    А не дека ги оправдувам и жените. Некои од кога ќе се омажат (или ќе бидат во долга сериозна врска), забораваат на средување, обновување на жарот во бракот, се запустуваат и мислат дека и на такви никакви, какви што станале ,мажот треба да се пали на нив, само затоа што им е маж (или долгогодишен дечко).
    А најлоши се оние примери на девојки кои се втора виолина во нечиј брак, па со години се залажуваат дека нивниот љубен ќе ја остави жена му, само заради нив.Сестро ако веќе ја одбрал неа, наместо тебе, јасно е.
    Каде исчезнаа романтиката, верноста, искреноста, пријателството меѓу партнерите и останатите работи што ја прават љубовта, љубов?
    Каде исчезнаа подеднаквата посветеност, жарот и пеперутките во врските?
    Се чудам кога ја слушам баба ми како и после толку многу години поминати со дедо ми (Бог да го прости) сеуште зборува за него со искрена љубов и сјај во очите. Додека тој бавно умираше таа ни за момент не го остави и постојано со месеци беше со него држејќи го за рака.
    Сега бре, најчесто употребувани фрази меѓу две вљубени гулапчиња се- „Цркни ….. ти мајчина“ или “Носи се у три лепе“.
    Додека сме сингл, секогаш кога правиме испади,излети и глупости при излегувања, ја користиме фразата „Еднаш се живее“ или „Животот е краток“, а вторпат овие фрази ги користиме кога силно ќе се затрескаме во некој, па ќе се затвориме со него и никој нема очи да ни види долг период, па кога ќе те прашаат, зошто те нема никаде,си помислуваш, животот е краток и сакаш секоја секунда да ја пројдеш покрај саканата личност, не губејќи време на глупави излегувања по дискотеки и кафани.
    Затоа драги мои, ако наидете на вистинската личност или веќе сте ја пронашле (под вистинска личност мислам на некој кој направил од вас подобра личност, некој за кој длабоко во себе знаете дека е вашата сродна душа ), борете се и не дозволувајте ништо да ви се попречи на патот. Затоа што ваквите луѓе денес се ретки. Дојдоа времиња во кои и кога ќе се поздравиш со некој, треба после поздравот да провериш дали сите прсти ти се на број.
    И не заборавајте, сакајте се пред се, себеси.
    http://www.bezpardon.mk/shto-beshe-toa-lubov/
     
    На Serafima, IvanaMkd, kate21 и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.