1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.258
    Допаѓања:
    125.357
    На glow, Srekicka и Serafima им се допаѓа ова.
  2. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...жениве се кучки невидени!И јас сум жена, мислам девојка, ама...морав да го признаам тоа во името на целиот женски пол :devil: Абе, женската одлучила дека ќе има еден главен и 500 илјади резерви, па во една од тие резерви си го вброила и тој за кој што и трубам две недели. :D И покрај тоа што гледа дека летаат искрички меѓу нас, се прави дека не го приметува тоа.А јас, мртва-ладна кога ми кажа-не бе срце, уживај, не е проблем...Стварно не е проблем за мене, тој не е мој, немам право над него.Ама се прашувам, каде исчезнаа вистинските вредности?Каде исчезна некогаш светиот збор пријателство? :^)
     
    На angel92 и maca99 им се допаѓа ова.
  3. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    денеска сакам да кажам колку е убаво да го пиеш утринското кафе на мир :) со форумџички ,и ако сум на работа прекрасно е чувството,влегвам мажето мое новитети ставило во дуќанчево, :o гледам изненадување , :!: замислете се радвам и на едно парче мебел, :?: не знам оти од секогаш сум се радувала баш на ситните работи толку многу,кефови бев одма зедов чистам ставам во него работи што треба да стојат во него ,и со насмевка од уши до уши :rofl: ,ви посакувам на сите убава недела вака понеделнички да ни тргни на убаво :*
     
    На eli25 и ines.h им се допаѓа ова.
  4. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    :devil: не ми го дирајте либето :D
     

    Прикачени фајлови:

    • femina.jpg
      femina.jpg
      Големина на фајлот:
      20,5 KB
      Прегледи:
      241
    На Go-Girl, cigarce, baguf4e и 9 други им се допаѓа ова.
  5. lolita97

    lolita97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    37
    Денес денов ќе ми биде премногу тапа... осеќам |(
    Ништо не научив - е сега милси му ја Лолитоо :sweat:
     
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Фала Богу понеделник, започна новата недела. На повидок ми се чини мрзелива, со самиот факт што не ми се станува од креветов се уште. |-)
     
  7. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Сакам да кажам дека поголема кучка од животот не постои :( .Ако,ако ќе дојдат и моите пет минути и ќе траат десет.
     
    На marama, TeddyGrey, IvanaMkd и 2 други им се допаѓа ова.
  8. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Крај е. Раскинавме. Мислев дека ќе ми биде полесно, ама не е. Тешко ми е. Ненормално многу ми е тешко. И ми вели да не се караме сега, да раскинеме на најфин начин, да останеме другари, не знаеме утре што може да се случи. Можеби ако се скарав со него, полесно ќе беше, ама не сакам да го гледам како непријател, па колку сака нека боле.
     
  9. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    7 дена, 3 држави, 5 града.. Различна клима, непроспиение ноќи се тоа резултира со настинка кога-тогаш.
    И секако мора нешто да се случи да не биде толку монотоно, топломерот го скршив, да :^) И седев, како кретен седев и броев колку денови не сме се слушнале. 10, проклети 10 дена без да му го слушнам гласот а знам дека се распрашувал каде сум... И баш во тој момент ми се јави од некој непознат број, само да ме праша како сум си поминала :wasntme: Епа ајде нека ми се јавува секогаш кога ќе помислам на него :)
    Феминки добар ден после долго време..
     
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Улалаааааааааа :D Ми се оди бе на свадба па.Тој ми вика дека следна свадба на која што ке присуствувам ке била нашата...Ајде бе не с*ри :D Не ме плаши..Морам да завршам факултет па да ги учам на крај нашите дечиња :wasntme: после тоа.
    Туку шо ми беше зборот.Вујко ми си дојде во Мкд после 6 години.Ихааааааааааа,ке има сега скари во Недела и одење на скијање :P Го обожавам човекот.Ке гозаразам и него со фудбал како што го заразив и дедо ми да навива за Манчестер Ј. :D

    http://www.youtube.com/watch?v=UEy8kD7RKv8

    http://www.youtube.com/watch?v=rq8o-R2fvjA

    Aјде сите да заиграме :D
     
  11. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    It's me... again |(

    Се стокмив се тоа и тргнав накај школо. И на првиот снег што наидов, паднав.
    Ама убаво паднав. Цела на земја се испружив. Мислам дека краткотраен земјотрес предизвикав.
    И да станам пошто со ранец бев а тој потежок од мене, до мене имаше едно вирче со вода, така поголемко, и пљаааас у него паднав. Браво за мене. Бреј, талент. |(

    Накисната, со мокри алишта, во кал и снег по фармерките, се вратив дома.

    What a day.
     
  12. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Сакам да кажам дека ми се смачи од лицемерие. Со мене си или не си! Ако си, оке, ако не си- магла!
    Прв ден во неделата - добра би требало да биде. :) Знаемарувајќи го фактот што не можам да функционирам вака, без да го гледам, се надевам неделава супер ке биде.
    Феминки, најискрено ве сакам. :angel: :*

    [​IMG]

    *Dont forget to share some love today! :)
     
    На angel92, IvanaMkd, maca99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    The moment of the truth.
    Телефонот ќе заѕвони и ќе знам дали ќе биде или не.Незнам ни што е подобро,и двете решенија носат некои позитивности со себе,ама сепак едното малку повеќе.
    Изгледа тоа ќе е подобро.Најверојатно.

    Работите во животот често не излегуваат онака како што си замислувал.Можеби онака како што не си,па тогаш сфаќаш дека не е се така розево по патот до успехот.Или по патот до твојот животен сон.

    Јас мислам дека никогаш не е предоцна за ништо.Ако многу време сте оделе по пат кој сега ви изгледа погрешен,сменете го.Никогаш не знаеш што ќе ти донесе некој друг пат.Можеби повеќе среќа,можеби и се ќе биде исто,можеби само ризикуваш...
    Важно е да си го живееш сонот.Во сите бои.Не е само розов.
     
    На bittersweet, glow, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.359
    I'd do Enrique Iglesias.

    Уауауауауааа. :d: :smoke:
     
    На Annie.mk1, CharmedGirl и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  15. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Бидејќи мрчењето, тролањето е распространето овие денови, прочитајте како да станете примерен интернет граѓанин :!: :D
    Прирачник за примерни интернет граѓани

    "Не е доволно само да не се трола", вели Алан Хенри од Lifehacker, кој составил неколку правила за примерно онлајн граѓанство.
    Интернетот на сите ни дава можност да го кажеме тоа што го мислиме и тоа е неверојатно моќно, но со моќта доаѓа и одговорноста, пишува Хенри во својата колумна. Според него, примерен жител на интернетот е нешто многу повеќе од човек кој не ги вознемирува другите.

    Што значи да се биде интернет граѓанин?

    Државјанинот на интернет, како и припадникот на која било држава или нација (па дури и помала група), има свои права, привилегии и одговорности. Како корисници на интернет, повеќето од нас користат ги правата за самоизразувње и слободен проток на информации.

    Сепак, со тие права доаѓаат и некакви одговорности. Не ја заслужувате дневната доза на смешни видеа на Јутјуб, само затоа што не тролате на Фејсбук и не пишувате запалливи коментари на нечиј блог. Морате да дадете нешто и за возврат.

    Ваша должност е интернетот да го направите подобро место, нагласува Хенри. Тој медиум на сите ни дава моќ да зборуваме отворено и најчесто анонимно, но тоа ја повлекува вашата одговорност. Гледајте на тоа на следниов начин: луѓето често пати велат дека не треба да се жалите на власта, ако не го користите своето гласачко право и можноста да ја промените власта кога ќе добиете можност за тоа.

    Истото важи и на интернет.

    Ангажирајте се
    Сложувањето со нечиј став секако е убаво и добродојдено. Но, уште подобар е конструктивниот став на несогласување полн со почитување. Никој не може да напредува, ако сите се согласуваат со него. Активното учество со свое мислење, со понудени алтернативи и гледишта (дури и кога не се согласувате), се клучна карактеристика на добриот интернет граѓанин.

    Не фаќајте се за негативното
    Од кога постои интернетот, постои и дебатата дали тонот кој преовладува е премногу негативен. Ако не сте задоволни со начинот на кој се објавуваат коментари на вашиот омилен блог или тонот на политичката дискусија на омилените веб страни, не се нервирајте. Бидете умерени и држете ја главата ладна. Напишете што мислите, можеби вашиот коментар ќе го промени текот на дискусијата. Кога ќе се соочите со негативен коментар упатен лично кон вас, не се фаќајте на замката.

    Запомнете: зад секоја тастатура седи личност слична на вас
    Сетете се дека имате работа со вистински луѓе, а не само со букви на мониторот. Затоа однесувајте се онака како што би се однесувале во вистинскиот живот. Обидете се да ја почитувате приватноста на другите и да им ги простите грешките. Го нема секој вашето искуство, вашите квалификации и вашиот поглед на свет.

    Не плашете се да кажете што мислите
    Можеби дури и гласно, доколку е неопходно. Но, бидете промислени. Имајте го на ум златното правило, "Не правете им го на другите тоа, што не сакате да ви го прават вам".

    Пред да влезете во дискусија, запознајте се со заедницата
    Во некои случаи од ваша корист е некое време прво само да „демнете”, бар додека да ги научите финтите, начинот на изразување и неформалните правила на однесување.

    Запомнете, ѝ се обраќате на приватна заедница, пред да почнете да се жалите на цензура или на гушење на „слободата на говор”, сетете се кое од вашите граѓански права важи на одредени места.

    Вратете на лесен начин
    Заштитете ја својата содржина преку Creative Commons, со отворена можност за линкање или цитирање, дури разгледајте ја можноста да употребите и open source. И кога нудите некој проект од кој се надевате дека ќе заработите пари, охрабрете ги луѓето да го користат, да го наведат изворот и да ја шират вашата идеја.

    Синтетизирајте и делете ги сопствените идеи
    Застанете на другата страна од масата и станете креатор на содржината, наместо корисник. Со тоа ќе ги охрабрите другите автори да продолжат да ги нудат нивните видеа, статии и други медиуми. Не мора да отворите блог за да го направите тоа, иако тоа е еден од начините. Приклучете се на некоја социјална мрежа, покренете Фејсбук страна, направете го вашиот профил на Пинтерест јавен.

    Бидете активни во прашањата кои се однесуваат на интернетот

    Ова е обрвска која треба сериозно да ја сфатите. Било да учествувате во кампања против законите како SOPA и PIPA, да го проучувате договорот ACTA, важно е да отворите 4 очи и да останете вклучени.

    Интернетот е ентитет кој постојано се менува и брзо се развива. Прво прашање е дали, од ваша перспектива, тие промени се позитивни или негативни. Многу групи лобираат кај владите ширум светот интернетот да го преобликуваат во платформа која ќе одговара на нивните интереси. Ваше е да одлучите како ќе реагирате.

    Секоја заедница има различни правила, секоја платформа различни услови, а секој државјанин свои права. Ако сакате да бидете примерен граѓанин на интернет, најдобро е да се информирате какви права имате на сервисите кои ги користите, да возвратите со онаа мера која ви одговара, да бидете позитивни и креативни, да имате на ум дека интернетот е низа меѓусебно поврзани компјутерски системи и да се вклучувате во заштита на мрежата која ја сакате и на која секојдневно се потпирате.

    извор:он.нет.мк
    И уште нешто поучно: Never eat yellow snow :!:
     
    На mims-89 и drugarka им се допаѓа ова.
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.969
    Допаѓања:
    11.189
    Од сите задоволства кои сум во (не)можност да си ги дозволам, бегањето од реалноста и градската џунгла и купот непромислени одлуки донесени викендов ми се омилени.
    Сите сме ние обични смртници, во суштина толку едноставни. Така решив да им пристапувам на луѓето.
    Не се трудам да си го подесувам однесувањето спрема нивниот карактер.
    Доволно се менував и еволвирав, време е да стагнирам.
    И да, луѓето се смешни кога се сфаќаат себе си пресериозно.

    Шаблоните се клише исто толку како и упорноста да бидеш уникатен.
     
    На bittersweet, kate21, AnaKarenina и 6 други им се допаѓа ова.
  17. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК аман бре луѓе доста со чаламење и празни муабети .... ах овие машки изгледа со фантазирањето си го полнат и уште повеќе го зголемуваат нивното машко его. :x Па еве една песна за нив
    http://www.youtube.com/watch?v=R18aOvv-le8
    мислам дека текстов кажува се :lol:
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    11.763
    Пол:
    Женски
    сеа само шо дознав дека најдобрата другарка се породила...прво па машко :) мн сум срекна :D па да ве почастам
    [​IMG]
     
    На kate21, cigarce, drugarka и 3 други им се допаѓа ова.
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.258
    Допаѓања:
    125.357
    Знаете како тазе домаќинка,во фаза сум кога сакам да бидам вистинска домаќинка :wasntme: И така денес купив списание,за да нели имам некоја идеја за готвење и сеуште не ми се верува дека дадов 100 ден за да прочитам рецепт за похован кашкавал :@ Е не се нормални! А и јас.Убаво си барав на нет,ама не -да имам списанија бе :lol:

    Туку,викендот бевме на свадба.После смртта на татко ми,ова ни беше прва фамилијарна свадба.Ми текнува на времето кога одевме сите,кога татко ми се спремаше прв,па не чекаше-три жени,и кога го зафркававме дека вредело да се чека зошто жена му е преубава,а на него лицето му светнуваше со насмевка кога ќе ја видеше мама :) Мајка ми е претежно спортски тип,па дури и на работа гледа да биде во некоја полежерна варијанта,па затоа кога ќе се спрема за некаде,кога ќе се дотера,нашминка нејзините убави црти уште повеќе доаѓаат до израз,и нема да погрешам ако кажам дека е една од најубавите жени кои ги имам видено.Во неделата,мајка ми пак беше убава.Но,немаше кој да не чека и да мрчи по нас.Кога и го дадовме со сестра ми комплиментот дека е преубава,не погледна со поглед полн солзи.ах,неможам веќе да ја гледам тажна,не и не,не заслужи со ништо,го сакаше повеќе од самата себе,и по 25 години заедно,го сакаше уште повеќе ;( Секогаш велеше дека како старее, бил поубав :) И да, беше..........
    Нема да бидам клише и да речам -ценете додека имате.
    Зошто теоретски е така,ама не и во пракса.Многу убаво знаеме дека се се цени кога ќе се изгуби.Само,немојте да барате од животот многу,кога за него ви треба малку.Да сте живи и з драви вие и тие околу вас.Друго-се си доаѓа на свое место.Така ми велеше и тој-за се има решение,само за едно не!
    ;(
    Простете ми за тажниот пост,не ми е полесно иако го напишав.Друг,не сакам и не мора а знае.Тоа е моја болка која за навек ќе си ја носам.Не поминува и нема да помине.Бледее,но пак се враќа......
     
    На Trendafilka, bittersweet, LivingGlam и 30 други им се допаѓа ова.
  20. ilovecupcake

    ilovecupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    77
    Сакам да имам едно копче и да се исклучам од се. Да одморам, барем на кратко ..
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.