[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.692
    Морам да признаам дека ми годи што времето навестува пролет,но овие промени ме убија :envy: Притисокот ми е катастрофа,цела недела сум со вртоглавици!!! На памет ми доаѓа и нешто друго,ама се молам да не е :worried: Храброст за тест немам,само нека не е,знам дека не треба така,ама не можам :(
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Многу пати размислував да заминам.
    Многу пати си велев дека не сум за овде, со моево малку чудно и несфатливо мислење кое верувам дека го мислеа (и сеуште мислат) за мене многумина.
    Но, во секој момент кога и да го помислам тоа, секогаш нешто чудо се случува. Се појавува нешто што ме запира и ми вели да не одам.
    Личностите кои сега ми се како сестри, искрениот разговор, топлите и од срце поздрави ...
    И си разговарам во себе: Ако не сакал Господ, немало да бидам тука! Немаше да ги стекнам овие искрени пријателства! Немаше да добијам и пронајдам многу одговори на многу нејасни прашања!

    И така размилсувајќи се пронајдов во едно житие на еден отец.
    Како неговата помисла му велела да замине од местото каде живее, а тој секогаш во себе си викал: Ајде душо моја, издржи уште денес, утре ќе си одиме! И така живеел и поминал многу години, може и повеќе од 20-30 години. Секојдневно прекорувајќи се и прелажувајќи се себе си, поточно својата помисла.

    Сакам да знаете дека за Вас, нема да заминам. Вие сте ми еден зрак светлина во животот, која ме огрева секојдневно. Ќе издржам да се спротиставувам на својата помисла, како отецот и ќе го победам тој што не го сака доброто и го шепоти тоа.
    :f: Да знаете, само за Вас :f: .
     
    На angelce1, bittersweet, Miss.Ricci и 22 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.872
    Допаѓања:
    163.520
    Серафима,со почит,тоа е само површно оправдување за немање храброст и моќ на својот живот. Прашањето е како ти сакаш,а не другите или како што велиш, Господ. Ако ти сакаш така,тогаш така е,а не е нечија воља. Ако на отецот желбата му била да замине,требало да замине,а не да се залажува, зарем не ја чувствуваш агонијата во тие лажења кои си ги кажувал себе си?! Тоа е чистокрвно лицемерие, негирајќи се себе си зад блажена насмевка,а душа која тивко умира зад изговорот за другите,заради својата немоќ. Хипокризија пар екселанс. Денес многу луѓе својата немоќ ја камуфлираат зад религијата што е практично сквернавење на истата,која со минат секој ден,го губи својот драж да биде нечија лична водилка,ако избрал така и тоа на правилниот начи. Да,има правилен и неправилен начин. Тие отци кои ги цитирате толку често на форумов, често не се во право и не знам како ве убедува спротивното. Чисто да кажам,ќе дискутираме на другите теми ако соберам храброст да не ви го нарушам балансот во рајот. И да напоменам,премногу почитувам секаква религија и начин на кој луѓето и се предаваат,се додека е во рамките на здравиот разум,а не фанатизам. На форумов,се изначитав еден куп молитви, еден куп цитати од некои отци (кои веројатно немале контакт со остатокот од светот и знаењето им било сувопарно,а да не зборувам дека се застарени,а ни малку мудри),кои многу веројатно дека не ги разбирате на правиот начин. Ниту еден бог (според философијата,теоретски) не би те натерал да живееш против себе си. По аналогија,ти си лицемер кој ако неговиот бог му каже,ок е да убиваш луѓе зошто се грешни,би го направил истото. Побитна е сопствената среќа фундаментирана на морал кој не мора да е проповедан од религијата (што е посилен,поиздржан и поздрав од оној кој го поповедале еден куп луѓе кои често немале допирна точка со реалноста и се многу субјективни), која ќе те направи подобар човек, отколку воздржување од икс работи заради вољата Господова. Многу лесен таргет за манипулација. Луѓе кои се оддаваат на религијата толку безкомпромисно,длабоко загазиле во безизлезие и губење на тло под нозете. Познавам попрекрасни луѓе меѓу атеистите,отколку помеѓу заколнатите верници. Барем будисти да бевте,страшно добра философија е,која не проповеда,прај она,прај ова,за да бидеш у мир и слога, сакај ги ближните,дозволи да имате лав-хејт однос и некоја чудна садо-мазохистичка борба. На крајот...животот е борба,поголем човек си ако умееш да најдеш баланс по свои критериуми и при тоа да успееш да не убиваш луѓе.
    Џаст сеинг,без намера да навредам некого,ама ме повредува што сум имала контакт со вакви луѓе чиј однос ме повредил само затоа што одлучиле да се однесуваат по вољта господова и се однесуваат негаторски и игнорантно,при тоа засегајќи ме мене,цела сфера на еден живот...епа не е малку.А друго е што е нонсенс да се негира науката. И ко за ова за вас (патем не персираш,множина е,така што со мала буква) некој ќе ти каже,леле фала ти што мизеруваш тука за мене,а сакаш да си некаде на друго место...а башка што више имаме друг елемент во структурата кој е небог,односно другите луѓе,што е уште полошо и чудно.
    На крајот...whatever floats your boat...

    Туку...денес сфатив дека се смеам како будала на брашно на буквата ж. Многу смешна буква.
     
    На sweet-star, JuLleE, Rock-a-Fella и 19 други им се допаѓа ова.
  4. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Човек сум!...И јас грешам како сите други, и тоа многу... правам многу грешки но и ги исправувам. И да ви кажам право, не ми е тешко да признаам... Ама немојте да ми судите, само по она што ќе го прочитате, затоа што буквите не се мерило за се... Делата се најбитни...
    И еве ме, тука сум. Некогаш во облаци, а некогаш на дното, ама најчесто тука, на земјата, цврсто!
     
    На awee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    СДК дека многу ми е непријатно кога ми се прди пред дечко ми :tmi: Ама и Сдк дека сакам да престане да ми се јаде :?: . СДК дека ме убива мојата нервозна состојба и ја молам таквата состојба да е поретка ако неќе да ги изгуби сите околу нејзе 8) . Сакам да кулирам бре.
     
  6. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    ^ ^ ^ Да душо, потполно те разбирам и воопшто не сум навредена, без гајле ;) .
    Можеби твоето досегашно животно искуство ти го прикажало се тоа во многу подруго светло, но без разлика, тоа е твоето сопствено мислење. Си го имаш потполното право на мислење и критика, па и во случајов за мене :) .
    Го почитувам секој твој збор, иако многу зборови влегоа и им дозволив да ислезат од мене, како воопшто и да не сум ги видела и прочитала. Го зачував само доброто.

    Јасно ми е се, дека на некои личности, многу нешта не им се допаѓаат. Зашто сепак се работи за различните гледишта во животот.
    Секој со своето.
    Ти со твоето, а јас со моето :hai: .
    __________
    Морав малку да се редактирам:
    За оние што ги сакаш, вреди да тргнеш и против себе. Да се жртвуваш за нив!
    Тоа е е моето СДК за денес што сакав да го кажам :) .
     
    На Srekicka, Fearless и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  7. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Се решив ова овде да ви го напишам бидејки оваа е една од најчитаните категории на фемина. :)
    Моќта на волјата

    Најпрво се насмеав кога ја видов првата фотографија. Веројатно ќе се насмеете и вие. Скролајте надолу за да ја дознаете приказната за моќта на волјата… Почнува вака…
    [​IMG]
    Помисливте дека кучето го имитира човекот.
    [​IMG]
    Ги забавува децата во училиште, така?
    [​IMG]
    А сега погледнете подобро…
    [​IMG]
    Па?
    [​IMG]
    Ја добивте пораката?
    Покрај тоа што е животно, тоа ја добива почитта…
    [​IMG]
    И секаде добива топло добредојде…
    [​IMG]
    И има пат пред себе.
    [​IMG]
    Тоа стои самостајно.
    [​IMG]
    Вратите се отворени за оние кои веруваат во себе, а волјата е толку моќна што може да направи кучето да оди на две нозе!
    Ова куче се вика Феит и е родено без предни нозе. Научило да ги користи само задните и да оди исправено како човек. Со неговиот сопственик, сега патува низ Оклахома за да биде инспирација за луѓето и да им помогне да ги надминуваат сопствените проблеми.
    Секогаш запомнете! Ништо не е невозможно ако се трудиш со цело срце и позитивна мисла. На крајот, не се бројат годините во животот, туку животот во нив. :up:

    Копирано од КафеПауза.мк
     
    На sweet-cherry, kate21, INSIDIOUS и 10 други им се допаѓа ова.
  8. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Поздрав за прекрасниов ден !
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.255
    Допаѓања:
    4.314
    Сдк дека и не е така тешко мајсторите во автобусите на ЈСП да го притиснат копчето за отворање на задна врата кога некој патник сака да се симне а без тоа да им го сигнализира со тропање над вратата, па било тоа и 2-3 станици после почетната.
     
  10. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Леле луѓе, толку често сум во темава што можеби и придонесува за превртување на очи на моите мислења, или здогледувањето на мојот аватар, ама толку сум огорчена од некои нешта околу мене, кои ми наликуваат на некој барабан, на некој вртлог кој можеби врти околу тебе, но несвесно те влече и тебе, и така сосе сите прљави и работи кои ти сметаат се вртиш и ти во него, не можејќи да се оттргнеш од работите кои искрено ти сметаат. :?:

    Секој човек е синоним за нешто. Нешто кое го окарактеризира како појава.
    Конкретно, мене ме карактеризираат како шоумен. Говорејќи го моето име име, или еве да се постави прашањето која сум јас, следува одговорот: Ееее, Лил не ја знаеш? Чекај ќе ја запознаеш, ќе се газиш од смеење, колку е луда.
    Мислам супер е сето тоа, и стварно е. Несвесно, но и свесно правиш работи, говориш работи со кои некому му го разубавуваш денот, те посакуваат во друштво кога се нерасположени, те гледаат како спас од монотонијата на денот, очекуваат да им изнудиш насмевка на лицето. Така, стануваш еден вид на дворски шут. Кловн. Лошото следува откако целиот свет те знае како таква личност. Тогаш автоматски очекуваат секој момент поминат со нив да им го направиш урнебесно забавен, доколку не си расположен те забележуваат од километар пошто очекуваат уште во момент на нивното појавување да направам некој штос, демек еве ја Лил во право светло.

    Луѓето не знаат дека не секој момент се смеам, и некој секој момент сум подготвена за шали, штосови и слични моменти. Искрено, многу малку знаат дека сум ужасно сериозна од една страна, но онаа страна која сите ја знаат е таа забавната. Конезрвативна сум, но светот ме знае како човек што може да се нашали на своја сметка макар и да се навредам самата себе со некој коментар. Веќе ми е преку глава луѓето да ме гледаат како подвижен апарат за изнудување на смеа, преку глава ми е постојано да го искористуваат тоа што го носам во себе, ете бев убедувана да одам на Драмски, но и тоа не можев да си го остварам како желба.
    Толку се луѓето желни и себични за повеќе и повеќе, во состојба се да го исцицаат човека, да го измолзат како крава, да извадат се од него и на крајот од денот да си заминат во кревет исполнети и среќни, но од другата страна некој друг се осеќа како исцеден лимон, со исцицани чувства, емоции, и мозок. До толку човек може да ти ја одземе енергијата, да колку и да сакаш да ја пренасочиш кон работи кои ти се дел од секојдневието и кон кои треба да си насочен - не можеш, затоа што некој друг ти ја одземал целата позитивност.
    За жал, не сум човек со непресушен бунар на позитивност. Не можам да ја ослободам душата од некои маки пред други, затоа што очекуваат да ме видат насмеана и нив да ги насмеам. Дојде време кога не можам да си ги искажам проблемите на некој друг, а да на тоа не се насмеат, и да ја свртат на шала работата. Не сфаќаат дека мојот живот не се состои само од шега? :(
     
    На maca99, Serafima и marama им се допаѓа ова.
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Ах Серафимке и мене исто ми се случува :worried: повеќе ми е како чувство, отколку како мислење, а и двете, штознам, мешано и потоа одма ми се укажува на спротивното.Којзнае зошто е така :?: :^)
     
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Зад 7 мориња, 7 езера, 7 реки, 7 планини, 7 ридови, 7 долини, 7 извори живеел еден змеј. Едно сабајле змејот се разбудил и си рекол: Па кај живеам јас у пи*ку материна!!!
    Е така и јас. Се будам од сабајле, и гледам пак нема струја. Па кај живеам бе јас? :^)
    Па уште и оќорев... по втор пат. И пак малиот прст си го акнав од масичката.
    [​IMG]
    Ова не е фер! И пак ќе речам.. Диктатурата на дело!
    И како баш нема струја, јас кога не сум бањата, и кога ми е празен мобилниот?
    Дури и се бричев под свеќи. Пардон, ги „избричив“, моите. Нормално во карти.
    Среќа дома, имам свеќи, еден куп, да ти е мерак да умреш.
     
    На Rock-a-Fella, drugarka, Chocolate.me и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.872
    Допаѓања:
    163.520
    Сдк се чудам. Си принтам дома и гледам,принтеров знае да повлече и два листови,си викам као не ми се случи ова кога вадам пари од автомат... Двојни аршини...живот.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    сдк у м сееееееееееееееее |( |( |(
     
  15. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Мака ми е што сум опклоена со стручна литература, што не можам да дигнам глава, што се утепувам од учење, трудење, ама за кој го правам ако не за себе и неа.. Цело време сум опколена со dead line, ме притиска секоја минута за да завршам се на време. Мака ми е од потрага на тези и одбивања, дискриминација оти сум од НОН ЕУ..се реметам ама ќе ми мине.

    Денес денов меланхлолија. Реткост е да видиш осмех, полудепресивни фаци, се движат роботски по улица. Ми доаѓа да направам едно вештачко сонце, да ги огрее, да покажат малку среќа народов.. Дрворедот го погледнувам секое утро и се прашувам колку време ќе треба за да пораснат нови гранки. Многу ми е пуст и језив.. Јас уморна ама си рипкам на моменти. Викендов не дигнав глава од книга и куцање.

    Малото почна да работи, ме радува што една таква изгубена личност за 7 месеци стана сосема друга личност, се другото е зад него минато кое се надевам дека нема да му се повтори.

    Сега пак на учење, со огормни дози на чај.. Демек понеделнички ќе почнам со диети да видиме дали ќе ми успее.
     
  16. LuDaChA22

    LuDaChA22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    29
    Ајдеееееееее :^) пак испрашувањааааа! О лелеееееее :@ :@ :@
     
  17. Wild.Woman

    Wild.Woman Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Сакам да излезам у моментов каде што нема никој, значи да сум сама, и да рокам песни од Bon Jovi, да рулам цела вечер до утре сабајле и од тоа место кадешто ќе бидам отидена директно дома на спиење. Јас мислам дека ќе ја смирам нервозата. :^)
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    ... не е убаво да си листаш рандом низ темата Денес сакам да имам секс со...? и да налеташ на ваква фотка!
    [​IMG]
    Дадо у џакузи... и како дома да објасниш на овие што зујат над тебе што е толку смешно?
    Гаќите, гаќите му се смешни.
    :D
     
    На Go-Girl, Neytiri, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Сакам да ве пофалам што сте херои! Женски херои. :bow:
     
  20. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    :D :D Не дај Господ да земи па да ти пеее
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.