[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    ... Оо, колку е вистинито ова. :)

    [​IMG]
     
    На Doozy, julie77, ljubam и 3 други им се допаѓа ова.
  2. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Премногу лицемерие има околу нас,за жал.

    Има премногу луѓе кои носат маски и тоа не една,туку повеќе.Мразам дволични луѓе,мразам умилкувања додека истата таа личност што ти дели мили зборови во исто време ти боде нож во грб.Никогаш не би можела да бидам таква,никогаш не би сакала да бидам таква.Иако знам дека со ова мое претерано неглумење и природно однесување тешко ќе поминам во животот.Во овој свет треба да си лицемер за да успееш,само таквите опстојуваат.Оние кои се прават праведни,правилни и принципиелни а уствари се сосема спротивното.Се прават искрени а секој збор што ќе излезе од нивната уста е добро исфилувана лага.Зошто побогу имате потреба да глумете нешто што не сте? Холивудските актерки на некои не им се рамни.

    Не знам,очигледно на мои скоро 19 години не знам како функционира овој свет,не знам како одат некои работи.Како изгубена сум,ете така се чувствувам.Како да не припаѓам овде,како да не можам да издржам одредени притисоци и неправди кои ги носи животот.А знам дека во иднина ќе има повеќе.
     
    На anabel-a, zhap4e и eli25 им се допаѓа ова.
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.194
    Допаѓања:
    124.749
    Koлку повеќе луѓе имам околу мене,со колку повеќе комуницирам се по нејасно ми е како можат да постојат одреден тип на луѓе?Како се создале уствари?Мислев дека сум ги видела сите видови на луѓе,за да на крај откријам и нови подтипови :puke: Мислам страшно :|

    Сабајле додека одев на работа,поминав од бутикот за венчаници Жана.Го одминав,за да се повратам и да влезам.Па и редно беше, а и баш сакав по сивиот викенд малку да ми се разубави оваа недела :) И така,си се договорив за венчаница :wasntme: која ќе биде најубава на свет а и јас нормално :wasntme:
    Цел ден си с е смешкам и ме држи расположение,иако другарка ми ми се налути зошто се договорив со нејзе да одам,ама за пробите ветувам дека нема да ја заборавам ...Што да правам,беше посилно од мене,и не ми е криво зошто навистина ме расположи,цел ден си се замислувам во фустанот :lol:
     
    На blond, Izaabella, Go-Girl и 19 други им се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Распад на сојузи и консолидирање на остатоците од некогашните „сили“, истите против кои наводно решението беше- рововска војна. Интересни се рекомпонирањата, како год да ги гледаш, од кој и да е аспект. Интересот. Колкумина ќе ги усиса во вртлакот и колку долго ќе ги одржи во заедништво?!
    Све је исто, само њега нема...
    Ќе урнеш едно лицемерие и ќе се востанови друго, мада старо-ново.
    Не повторувањето... историјата е мајка на знаењето.
    И да, ангелите не се ангели, демоните се ангели или бар секој што милува да биде, така ќе си се именува. Рогови, крилја, крај краева и сликите на слатките мали деришта со крилца се само романтичарски приказ на едни стравотии од створови.
    ..Промените?!
    Кога не се во терк со твоето кредо, едноставно не ги прифаќаш.
    Борбата со различните меѓудругото е и да се одржиш онаков каков си- да не се претопиш во толпата, макар успехот полесно доаѓа со неа.
    Пак... секој со своја филозофија. Само, се додека не мислиш дека знаеш се’. Пошто, така никогаш нема да разбереш колку само не знаеш. Бла-бла, веќе кажано некаде. Боринг.
    И вицот на денов... ми недостига хефе.
    Уствари, работата со хефе. Мада ни солна киселина не го пере, ама жално е да видиш како нешто во што си го вложил сиот труд, се лелее во рацете на зомби, кое прво на личната изгода ќе помисли, а потоа на она што ако го мисли прво, ќе му го наполни џебот, само потоа. Е вака прашини. Ами прашини хефе, прашинки ќе збираш.
    Сега ќе сум во искушение да ја дувнам прашината. Јеби га!
    Од себе не се бега. Само, пошто го сакам вицот со кокошката ќе свртам неколку дополнителни круга. Ако се враќаш, бар врати се посилен де.
    Маме си тракал, него ај. :emo:
     
    На HardSex, bittersweet, Go-Girl и 4 други им се допаѓа ова.
  5. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    [​IMG]
    Искрено те замолувам,не се мешај секаде. ;(
     
    На IvanaMkd, Butterfly15, Loritaa и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Леле зошто место да се мотивираме овде и да си помогниме една на друга,треба да има расправии? |( Ако не ви одговара некое мислење игнорирајте го. А и навистина нема потреба веќе од кавги на форумот.Читаме и убави и неубави работи,со некои работи се согласуваме со некои не.Некогаш ќе се сложиш со една личност,друг пат со друга...Кој во што сака нека верува и кој што сака нека мисли,нели сите имаме право на свое мислење.Да,општеството за жал стана лошо,ама треба ли и ние да се правиме такви? Некогаш добрината се исплаќа.Не мора секогаш да сме цинични и да се напаѓаме само затоа што општеството било такво.Форумот е место кај што секој има право да пиши.Си има модератори,ако нешто не е во ред,сами ќе го избришат.
    Како и да е,ви посакувам убав ден и заминувам да си ги вршам обврските.А додека форумот станува бојно поле,јас нема да присуствувам тука.
     
    На angel92, Libera, IvanaMkd и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Денеска направив една малечка и не тешка работа за мене,од која душата ми се исполни.
    Додека сама седев дома и размислував во која насока отиде мојот живот,и каде ќе оди наредниве месеци,звончето на влезната врата ми заѕвони.Отворив и видов едно тажно девојченце кое немаше повеќе од 14-15 години.
    Најпрво тажно и милно ме погледна,а потоа ми рече-„Види колку сум водена и гладна.Ќе можел ли да ми дадеш да каснам нешто,и да облечам некои стари кондури или панталони кои ти веќе не ги носиш‘‘.
    Во тој момент ми затрепери срцето.Си реков треба да бидам среќна што мене олку Господ ми дал,затоа што некои го немаат покривот кој јас го имам,не го јадат лебот кој јас го јадам.
    Отворив во фрижидерот зедов колку што можев да дадам,зедов еден леб и и' ги дадов.Потоа отворив во шкафчето каде што имам некои работи кои не ги носам,и извадив панталони кои што порано многу ги сакав.И ги дадов.Кога ги виде очињата и' заблескаа и се насмевна.Ми рече-„Ти благодарам многу,имај убав ден‘‘,и силно со детски тропот потрча по скалите.

    Ти благодарам Господе што ми овозможи да направам да заблескаат едни детски очи...
     
    На Adi888, BurstBerry, Annath и 20 други им се допаѓа ова.
  8. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    230
    Ми се спие.Сега се вратив од работа,напорен ден,неможам да кажам не,но инетересен.
    Сестра ми ме влече да сме оделе во Рамстор да видиме шо има ново,а и покрај тоа што ме мрзи и ми се спие страшно многу ќе одам.За да и направам кејф.Сега ако продолжам да пишувам на лаптопов уште минимум 2 реченици ќе ме најдете на некое мислење со "jashn jhndhho;i;l;llgledg " . :D :D :yawn: :yawn: :yawn: :yawn: :yawn: :yawn: :yawn: :yawn:
     
  9. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Животот не е едноставен. Признавам.
    Но, денес сум среќна.
    На крај, го добивме тоа што го сакавме. Среќни сте сега?
    Јас сум, иако од една страна си наштетивме самите. Но, тоа не ни е важно сега.
    Не е важно се додека животот не те тресне од небо до земја. За да боли.
    Ама, не сакаме да мислиме на тоа. Добро е и вака.

    И знаев дека ова ќе се случи на крај.
    Ха, женската интуиција се докажува пак..

    И конечно дознав дека не сум само јас таа која го има истото мислење за една личност.

    И не ми е важно дека една другарка е можеби лигавешче, дека стално се нервира и понекогаш тропа глупости.. важно ми е тоа што е искрена, притоа занемарувајќи ги своите маани и други доблести.

    Живот.. кога-тогаш се’ ќе дојде на свое место.
     
    На Divinebutterfly, IvanaMkd, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  10. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.775
    Пол:
    Женски
    Да видите на дело колку се стварно хумани луѓево. Треба да се дава крв - штама,освен два-тројца.
    Ама затоа после кажаното дека ќе има одредени бенифиции од страна на факултетот за тие што ќе дадат, ОП!, за 90% расте хуманоста. Ееееех..
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.263
    Допаѓања:
    67.828
    Пол:
    Женски
    Сакам да и кажам на Серафима дека е прекрасна, да и заблагодарам за позитивната енергија која ја шири на форумов и да продолжи да го прави тоа. Убаво е кога ќе се добие порака со позитивни зборови кои ја враќаат надежта. :)

    Друго сакам да кажам дека едвај чекам да пукне надвор сонцето, да почне земјата да се кува. Сонцето ми е лек, ми го враќа расположението, ми ја грее душата. Сонце, сонце, мене ли ме бараш? :rofl:
     
    На CoverGirl10, LilBaby, IvanaMkd и 15 други им се допаѓа ова.
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека стварно не знам од каде да црпам концентрација за да учам кога цел ден имам 39 температура. :x Се двоумам дали да одам само на тест или да седам дома. Ако не отидам - ќе ме дерат скроз, а за да отидам не знам како ќе успеам да научам. Плус и втор ден ми е теткава на гости, ќе полудам. :tmi:
    Најстрашно е што мислам дека се` ми е од нервози и плачење...
     
  13. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    и самиот не е свесен колку многу го сакам :( :$
     

    Прикачени фајлови:

    • femina.jpg
      femina.jpg
      Големина на фајлот:
      29,1 KB
      Прегледи:
      332
    На Lepaaa, Go-Girl, IvanaMkd и 5 други им се допаѓа ова.
  14. LuDaChA22

    LuDaChA22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    29
    Снег + сонце = кал за извоз :^)
    Што го мразам овој период од годината. Дај нека пукне сонце веќе, неќам капути, капи, јакни, шалови.. :swear:
    Диар :sun: дојди што побрзоооооооооооооооооооооооо :inlove:
     
  15. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Нема поисполнета од мене во моментов.Седам, пијам чајче, ве читам вас и одвреме на време фрлам поглед на ханито кое така невино спие :)
     
    На anabel-a и Spell им се допаѓа ова.
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Требаше да одам накај другарка ми со автобус, па потоа да одиме заедно во школо. Ама тој ден, имаше премногу снег. И си се качувам јас, кај мене. Стигам до станицата кај другарка ми, и овој шоферов, не ми отвара нит средна, нит последна врата. :^) Автобусот зјае полупразен, а јас стојам кај вратата, и чекам да отвори. И само внатре го здогледувам наставникот што ми предаваше во основно. И ај викам Елена чути си подобро, ама на наредна станица, ако не ти отвори, пискај, врискај.
    Па ајде семафоори.. |( И се симнав една станица покасно. Не беше којзнае колку далеку, ами тоа снегот-не разгазен, напумпан, огромен. Па патеки.. Се намокрив цела. И во еден момент, една жена почна да вика по мене.. Леле, викам сега што сум направила. :| Девојче, ај најди ми такси-шофер, со дете сум, неможам да барам по снегов.
    И ај, најдов некако, се вратив назад.. Стигнав кај другарка ми, жива вода. Косата од снегот, мокра ми станала ко да сум ја бањала. У нозете се осеќав, ко мачорот у чизми. Само што немав чизми, него патики, а у патиките набутани фармерки, полуизлезени, незаврзани врвки. Остај тоа, него мислев дека ќе ми пукне мочниот мерур. Влегов кај другарка ми, па право во веце. Моите ме барале, зашто ме нема толку време, мене празен и ислучен мобилниот.. Абе филмчиња. :D
    И така викам, денеска убаво времево. :wasntme: Камо вака да е цело време, и секако, да има струја.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Зошто ? Зошто? Зошто ?
    Се се сведува на прашања морам ли да бидам среќна кога другите се, морам ли да бидам тажна и кога другите се мора ли да ми се допаѓа тоа што го сакаат и другите ? ? НЕ !
    Мене ми е супер да знаете еј :fubar: убаво се чувствувам и немам никаква мака и си се допаѓам каква што сум си сега а дали тоа вас ви е ок или не ама ќе си ја прашам костадинка дали ме заболе :D Ама ќе видите сите вие гнидички мали кога Спел ќе се појави со брзината на светлината пред сите вас хо хо хо и ќе биде who' s laughing , laughing now ? ? :rofl:
    Како и да е кооооонечно се чувствувам полна со позитива ееј времево денес топличко , сонценце а јас на факултет и за џабе станав кога немавме предавање си се довлечкав абе мераци ама акооо си се прошетав од дома до факултет и назад :lol:

    Ми се пишува денес бе ПА ШО :) Имајте убава вечер СВИТЕ ! :hai:
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    ... најубаво се чувствувам кога ќе ми се всади некоја идеја во ова тиквето што го носам на раменици.
    Веднаш добивам некаков елан и енергија за реализација. ^_^
    Се чувствувам живо и корисно.

    Мислам дека ќе ме огреат убави вести, некаде околу прославата на мојата годишнина на невработеност.

    Очекував сличен развој на настаните, реално Марфи не би бил Марфи ако не ми го стореше тоа.

    И да ви кажам искрено, многу се радувам на родендени! На мојот, на блиските... дури однапред ги известувам - еј, за две недели ти е роденден! ^_^
    А тој се скиселил.
    Абе не туку ми се кисели, срам те било, роденден ти иде! ]:)

    И тој кутриот, од мака и притисок ќе мора да се насмее.
    А најлошо ми е кога ќе слушнам - И што да славам, една година што сум постар/а? :^)

    Ако не, па ај цркни, не мора да славиш!
    |(

    И овај, да.
    Имам генијална идеја за подарок.
    :)
     
    На caroline.costa, LilBaby, Divinebutterfly и 16 други им се допаѓа ова.
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Дали знаете денес што ден сме?
    Pancake day :party:
    Затоа мавнете ги тие диети, дај ко луѓе да прославиме, дајте ги палачинките.
    Јас со двајца луди палачинковци договоривме средба вечер, тој прави, јас кафе варам, другиот нутелата ја носи и сите ко прасиња јадеме палачинкииии :mm:
    [​IMG]
    [​IMG]

    А утре на мекици, не не кај Севе, не не и кај Емина Јахович, него имам ново комшиче и воедно внученце, па значи ќе има ново детуле кое ќе ме буди oд под прозор низ детските игри ама тоа е.
    Па и си купив на групериве и колектививе ваучери за јадење, абре си се мезам си уживам, а сало ќе скока летоска од бикини. Ако одам на одмор мислам со платава што ја имам.

    Ова ми е супер ПМС. Секој ден веселби и убави гозби. Дај боже секој месец да ми е вака :D
    А и ме пука некоја среќа, убава ми е неделава, убава.
    Остајте ме вака, доста ми беше од грдосии минатите две недели.
    Ајт.
     
    На Annath, bittersweet, IvanaMkd и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    5кг помалце за не цел месец :party: :dance: :dance: . Се исплати нејадењево дефинитивно. Веќе и се навикнав па не ми е проблем воопшто да не јадм! Од денес повторно се фрлам на вежбање на орбитрекот. Полека но сигурно ке стигнам до посакуваните 53 кг :) и до совршена линија за апсолвентската вечер па и за понатака! Добив убави вести поврзани за факултетот, почнувам да се прашувам дали тоа јас имам за прв пат од студирањето среќа??? Носот повторно ми објави војна, го мразам. Батериите празни, но духот полн, време е да се превземат некои поконкретни чекори! Ми се јаде сладолед! 5 топки овошен ве молам :lol: !
    Некои луѓе почнаа сериозно да ме иритираат, или јас имам изгубено нерви ... не знам!
     
    На anabel-a, crazylady, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.