[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Убаво е кога ќе почувствуваш колку некој се грижи за тебе.. :) Утрово беше толку тивко и убаво..сакав да потрае.
    СДК денес денов ми е некако поразличен од изминативе денови.
    Решив и јас да шлапнам во огромниве вирови вода...да се прошетам и да се вратам дома цела изводенета и испрскана :x
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  2. roberta-rubi

    roberta-rubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    65
    Кој страда повеќе? Дали тој што чека вечно…или тој што веќе не чека никого?
    Веројатно си слушнал дека животот е она што ти се случува, додека ти кроиш планови за него. Често ли ти се случува да гледаш низ прозорецот, да ги следиш со поглед капките вода по стаклото и да мислиш дека светот е безкрајно досадно место за живеење?

    Се будиш наутро и тајно погледнуваш низ завесата, со надеж дека овој ден сонцето ќе свети посино од обично…Жално, си велиш сам на себе. Очигледно и овој ден нема да е со ништо поразличен од другите…

    Затоа продолжуваш да чекаш. Чекаш да заврши денот, седмица, месец, година…А после извесно време согледуваш дека животот неповратно си оди, додека ти сеуште стоиш и чекаш вистински момент, за да му се насладиш и да го изживееш квалитетно…И повторно, по навика пак почнуваш да чекаш се да заврши. А тоа ти носи безкрајно разочарување и умор…

    Се прашуваш кога најпосле ќе почне вистинскиот живот, оние прекрасни незаборавни моменти, заради кои вреди да ги преголтнеш сите солзи и сета болка и да гледаш со вера напред…

    Како сите веќе да сме заборавиле која е нашата прва цел, и само така по навика си чекаме. Сме заборавиле што сакаме и што всушност е важно за нас.

    Не сваќаме дека додека чекаме да се случи нешто големо, всушност ја пропуштаме реалната убавина околу нас, го пропуштаме најважното…

    Ги пропуштаме малите нешта кои се случуваат додека ние стоиме и чекаме, за да се случи нешто големо и грандиозно и да бидеме среќни…

    Ја пропуштаме сегашноста во стремежот да ја дочекаме иднината! Го пропуштаме денес, зошто сакаме да живееме утре…

    Додека ти гледаш низ прозорецот и ги следиш со поглед капките по стаклото, додека ти стоиш таму апатично чекајќи да блеснат сончевите зраци, часовникот на животот продолжува тивко и монотоно да ти ги брои изгубените минути…

    Бавно, систематски и неповратно летаат миг за миг од твојот Живот и се претвораат во минути, часови, денови, седмици…Стануваат минато!

    Затоа, не чекај да дојде тој ден! Престани да чекаш! Сам создај ја својата среќа, не чекај таа да те најде! Стани пријател на часовникот! Земи го уверено во своите раце и сам биди господар на твојот живот! Тука, денес и сега, овој миг! Не утре и не вчера!

    преземено од popara.com ;)
     
    На Divinebutterfly и Libera им се допаѓа ова.
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... http://zazabava.com/nema-invalidi-za-ljubovta

    И кога невозможното станува возможно, ве замислува. И бајките со лош почеток и тека на настани може да се претвори во убава со уште поубав крај. И кога онаа моќна сила одзема многу, покасно дава многу ... И кога некој мисли дека е вечен изрод, промашена инвестиција подоцна може да сфати дека е всушност вреден и уникатен, среќен што воопшто постои. Мене ме изненади и воедно ме исполни оваа приказна на овој навидум несреќен човек, кој навистина е еден од многуте примери за тоа како човек треба да се прифати себеси каков и да е, да се цени и еден ден да ја доживее својата најубава бајка ...
    Ме замисли ... Животов е тотално непредвидлив. Ви сервира невозможни порции. Вие треба само да дегустирате и да бидете задоволни со нив. Никогаш не знаеш точно која ќе биде онаа по ваш вкус, порано или подоцна.
    Затоа не се давајте, не се разочарувајте ... се е можно.
     
    На TeddyGrey, Serafima и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  4. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    3.420
    Пол:
    Женски
    сдк дека и денес сум среќна, насмеана, луда, распеана и тако даље, па да споделам и овде :)
     

    Прикачени фајлови:

    На IvanaMkd и Mameha им се допаѓа ова.
  5. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Времето ме прави да се чуствувам исцрпена. :|
    [​IMG]
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Си дојдов...

    Мајка ми ми вика - Ми мирисаш на нов свет. И така и е.

    Што се’ не поминав, Љубов изедов и пресоздадов. Париз е град во кој сигурно сум пушела луле седната во некој осамен локал, пишувајќи. Проза, поезија, сеедно. Сум сонувала со очи ширум отворени кон небото и светкачките трепкалки на Ајфелова.
    Баретка и чарлстон чевли.
    Сандалово дрво позади увце и минијатурни кулички на уши. Се нишаат и пеат нешто во секоја коцка на Шанзелизе. Треперливо.

    Инспирацијата ме води кон којзнае какви патишта, јас сепак си царувам овде. Стапалките по Монмартр се уште едно ниво на височина и глетка која ќе ми го освојува срцето одново и одново. Миризливата купка од роза и заедничкото будење со смешкање и мадлените на Сент Жермен, се уште една нова заспивалка во купот лисја испишани заедништво.
    6 месеци.
    Пречекани во најљубовниот град на светот, на светлината и романсата.
    Со канделабра, со музика од тајни ќошиња, извалкани терасички од туѓи погледи, насмевки од странци, кичасти црнкињи во метро и бебиња што стојат заробени во сопствените возрасни години.

    Париз, ах Париз.
    Те носам како миризба на себе и не те пуштам.
    Одморив како да сум се качила на некој врв полн со крем од ванила.
    Танцував на дожд, со чадор и насмевка директ од срцето. Нема посладок сон од оној со уморни стапала. Вино, Ладуре макарон и твоите шеги.
    Си дојдов.
    За да се инспирирам, од она што ти, Љубов, ми го приреди.
    :*
     
    На caroline.costa, Lepaaa, LilBaby и 51 други им се допаѓа ова.
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Се стуткав денес во последно седиште, се спремав за презентација, и пренизитирав најлошо досега, ми дадоа аплауз ама што ако кога не знаеја ни што е суштината, ама сепак јас прескокнав многу работи. Си се посрамив пред сама себе зошто знаев дека можам и повеќе. Некоја глупа трема ми го изремети мозкот.. иако проектот беше напишан одлично.

    Си ја капам душава во копнежи и желби, си затворам очи пред себе а потоа се будам одеднаш. Учам не велам не.. учам.

    Очекувам да ми се случи незнам ни самата што, ама очекувам. Не сакам срцево да ми се претвори во санта лед. Понекоаш се чувствувам како се да се врти ви круг, ги затворам очите и се враќам во спокојот..го силувам мозокот да мисли на убави нешта, да сонува.. барам правда во многу работи, а опколена сум со неправада.. ништо не ми останува денес освен да сонувам.

    Dream big and move on!!
     
    На Divinebutterfly, blond и Serafima им се допаѓа ова.
  8. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.155
    Допаѓања:
    5.396
    Nothing ruins a perfectly good day faster than a broken nail.

    СДК, Никогаш не се смеј кога женските плачат за скршен нокт затоа што СТРАШНО боли. За да ја затворам вратата од таксито ми се скрши нокт а и коската од прстот со него.. Каква болка, колку крв ми истече. :(

    Оуууу болкаааа...
    А најтрагично е што се изнаплакав од болка од скршениот нокт, а ни една солза за бившиот. Дефинитивно нешто ми фали :lol:
     
  9. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    606
    Си имам една голема и за мене далечна желба. Сите си имаат местенце, катче или град од соништата. Имам и јас, ја сонувам ја мирисам ја чувствувам... Русија, Москва.
    Со целата своја големина и моќ е распостелена на мојата душа. Сонувам за еден сончев ден во кој јас стојам на црвениот плоштад а наоколу го слушам тој нивен јазик како песна.
    Мелодичен, а сепак ладен, познат а сепак и многу нов. Сонувам за русин до мене, не дека сум единствена :lol: ....Ја тебја љубљу ... аххх
    Пребогатата историја, прекрасните градби и ладниот руски ветер. Православен и прекрасен народ, цркви кои мирисаат на оние од мојот крај, љубов и мирис на дом.
     
  10. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Лежам со конци во вратот на кои не им го знам ни точниот број но знам дека убиствено болат. Левата страна ми е блокд, не можам раката да ја мрдам, ниту главата, збеснувам, па ако денес видовте една персона како ако ја довика некој се движи целосно вртејќи кругчиња со ужасно кисела фаца, да-јас бев. Не смеам да правам нагли потези или мрдања што ти јас знам, ама тешко е, па јас сум малку знаете, хиперактивна, многу подвижна, трапава, несмасна ... дури и мајка ми тоа ми го рече. Каква жена, јас и цимолам од болки таа ми вика полека со тоа главата знаеш дека си несмасна ]:) А денес, баш денес, сите добиле желба да ме стиснат или гушнат или пак марфи им фрлил некој невидлив прашок за да ми ги тестира способностите и испратил безброј луѓе во автобусите во кои јас се возев за да ми ја допираат раката и да ми ја мрдаат и да посакам да убијам се што се движи околу мене или да рикнам да плачам во сред скапан автобус. Или и двете да ги направам.
    Барем докторот што ме оперираше беше навистина фин и добар. А и сестрата беше премногу фина ама мислам дека ако уште еднаш ми го изговореше името што толку и се допадна а не е ништо посебно, ама таа беше од друга држава, плус пропратено со душо, ќе се замразев себеси уште повеќе од што се мразам во најомразените денови. Така јас си лежев полугола на масата со инструментите врз мене несмеејќи да мрднам(а можев да почнам да претам со нозете или рацете без проблем) слушав како ми ја сече кожата со тоа скалперот, чувствував крвишта по мојот грб и железни инструменти во мене додека докторот ме испрашуваше за њутнови закони, и доби одговор дека едниот од нив е за акција реакција и дека во моментот џабе се обидува да ми ги тргне мислите од местото на злосторството, тоа беше практично невозможна мисија. Да имав очи на тилот, или овие што ги имам да можев да ги свртам некако натаму, цело време ќе гледав, да не тргне нешто наопаку. И нема врска си бидна се, 2ца дечковци само фатија полугола девојка со нивниот поглед за момент, и го напуштив местото со реченицита, уф сега си како да си излегла од виетнам. Се уште не сум одлучила како да ја исперцепирам оваа фина реченица.
    Трет ден си дозволувам моите да ме разгалуваат. Живеам од чоколадно млеко, и сите мои омилени јадења, дека сум троа мала па уште дополнително ме товаат.
    Мајка ми ме третира како бубрег да ми извадиле, татко ми како операција на мозокот да сум имала, а баба ми, како и двете операции да ми ги извршиле.
    Еден филм не можам на раат да изгледам од нив. И можеби некогаш ги мразам, и ме нервираат, и не ги разбирам, и ми иде да ги избркам од дома или јас да си отидам, вака кога ги гледам видно потресени дури и говедото брат ми ми е жал, и кога и да влезат во соба, откако ќе ја напуштат истата се фаќам себеси со блага насмевка на лицето затоа што тие секогаш се тука, колку и да сме имале проблеми дома, или колку јас да сум била неиздржлива, секогаш биле и ќе бидат тука ... за тоа служи семејството, за безрезервна љубов.
    Некако иако се ме боли, убаво ми е.
    Дури не ми е ни гајле веќе што пак сме скарани со човекот, не ми е гајле за факултетот, не ми е гајле за некој на кој не му е гајле за мене ...
    Гајле ми е да бидам здрава, јас и сите што ги сакам, затоа што во денешно време, во нашава земја, и да не си болен да имаш само сомневања, ако отидеш на несовесен лекар ќе те доразболат.
    Го гледам дедо ми, три пати падна на снегот и не искрши ништо, како што е со една функционална нога уште тоа му фалеше ... но во болницата видов и една баба, која и плачеше на жената од шалтерот да ја прими, да ја пушти кај докторот, 5 дена живеела со скршен колк, плаче, моли, коси корне што би се рекло, а оваа и е гајле, нашминкана, наредена, наконтана, не можам јас немате закажано што сте чекале 5 дена, и бабава и вика немам пари дете, сега собрав некој денар, како да закажам немам телефон а од тука не закажувате ... одговорот што го доби беше тоа не е мој проблем. И седна, а јас морав да одам во друг оддел и не знам што направила, знам дека кога се вратив да видам дали е таму ја немаше. Или наишла на доктор со добро срце, или на некој со т.е без срце, сличен на жеништето од шалтерот. За некои 2 и пол саати додека си го чекав редот, видов многу работи, еден куп можни тепачки, пцовки, навреди, викања, одења преку ред ... но видов и неколку добри дела, добив искрени насмевки и желби, и сепак не се откажав од луѓето. Луѓето се добри, можеби во 10 добри се наоѓа еден лош што е доволно идиот за сите, но тој е само еден и воопшто не е вреден...
    А да, најважното што го сфатив е дека, и да си најмоќен доктор на целиот свет, постојат болести против кои нема лек, кои може да ги фатат твоите најблиски а ти да не можеш ни малку да им помогнеш што и да сториш ... е тоа, е навистина преголема душевна болка, на која за жал бев сведок.
    Со првото стапнување дома легнувајќи во кревет сосе капут и чизми им реков на баба и дедо бидете среќни што сте живи и воглавно здрави ...
    Оф ми падна една карпа од срцето што си се олеснив ...
    За да не се заврши тажно овој пост, повелете на топло меко лебче од пекара намачкано со нутела пропратено со чоколадно млеко и побрзајте затоа што во спротивно ќе снема ... знаете, никот не ми е за џабе мече :lol: :D

    :hug:
     

    Прикачени фајлови:

    На Bozica1980, LilBaby, AnaKarenina и 19 други им се допаѓа ова.
  11. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    сдк дека и давам голема подршка на серафима,секогаш позитивна.
    И се што е добро ценам,без разлика дали тоа е поврзано со религија или со обичен пост кој што потикнува добрина а не лицемерие и сезнаење , не сум сезнајка не сакам ни да бидам знам многу работи ,но има и многу да учам,а она во што јас верувам нема никој право да ми го ремети ,дали е погрешно тоа е лична работа,само моја ,човек не може на форумов ни една реченица да напише а да не го сватат погрешно,и при тоа не му се пофторува каде згрешил.
     
    На ines.h, zhap4e, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сесилија вака те сфатив -создади заклучок, напиши нешто, умешај се, изречи пресуда и не дозволувај некој да ти реплицира.

    Лилит сосема ја сфатив и ќе и се поклонувам на интелгенцијата и не собирам поени кај нејзе ако некој помисли туку ретко интелигентна личност и ќе стојам зад тоа..

    Серафима не ми смета ја прифатив како ралигиозна личност, јас не сум многу признавам, ама не ми смета што едноставно е таква, и знаела да ми го направи денот, со таа нејзина мекост која не е сфатлива некому.

    Ама ова цитираново е толку цинично и осудувачко. Не можеш да кажеш вака некому, ради чист кеиф или да покажеш колку храброст имаш.. ако некој сака да живее во розов свет пушти го, не мислам дека ти со постов и ги отвори очите на Серафима. Туку навреди без милост!
     
    На LilBaby, Divinebutterfly, ines.h и 13 други им се допаѓа ова.
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Зошто понекогаш изборот е толку тежок? Зошто скоро секогаш мора да сме исправени пред некој предизвик?
    Ова ќе биде тест за мене. И тоа тежок.
    Како што веќе кажал некој-животот е најлошиот учител, прво го дава тестот, а потоа лекцијата.

    :sweat:
     
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Љубам, мојот пост е само еден одговор во иста мера како нејзиниот, само јас не сум лицемерна да пишувам убави зборови на ироничен начин и да се молам за гревовите на другите, туку тоа што ми пречи директно го кажувам, вчера не се вмешав, ама денешниот пост ептен ме исповоцира колку е контрадикторен со нејзиното однесување.

    Впрочем не ми е јасен тој фанатизам и тоа третирање на некој како отец, или светец подобро, како не ви е јасно дека не треба да чекате да дојде некој да ви каже како треба да се однесувате вие, искуството ми покажало многупати дека овие луѓе кои толку многу се потпираат и парадираат со религиозните догми се само едни души кои се исплашени да тргнат низ животот, или пак мислат дека со молитва ќе ги измијат лошите однесувања од минатото (ова е општо, не го знам животот на Серафима, не ме ни интересира, сите сме некакви)
    Ама не можам да сфатам некој да се прави толку добар, да вели дека простува, а упорно реплицира цитирајќи некакви празни фрази кои што очигледно не излегуваат од неговиот ум, туку се само псалми научени напамет.

    А цитираното не е цинично и осудувачко, баш е една желба за сеење на позитивна енергија во пракса, впрочем исто како нејзините претходни постови во кои објаснува дека не е навредена, посакав една убава желба, нејзината енергија да ја пренесе и во реалниот простор, не само виртуелно :)

    :hai:


    Едит- вистинските верници не напаѓаат вака ниско, не осудуваат, не ја потенцираат толку нивната вера- туку ги прифаќаат сите со раширени раце и имаат разбирање за се`.
    Има и тука такви верници, сега ме потсетија на една од нив, ама таа никогаш не се експонирала вака и не собирала поени преку нејзината вера која лично се уверив колку е силна, а никогаш не се обиде да ми ја пренесе или да ме убеди во нешто.
    И ако имам различно мислење не значи дека осудувам или мразам некого.
    Ако сум толку лоша, ви давам дозвола, слободно запалете свеќа за моите гревови :) .
     
    На Mygirl, caroline.costa, Lilit и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.712
    Допаѓања:
    10.218
    Почнав да ги сакам вечерите.
    Голтањето на залаци убава храна меѓу моментите на развивање дискусија за важни животни прашања е перфектен завршеток на денот.
    Под тушот размислував, за моите големи планови...мило ми е што ги имам, макар и да не ги исполнам до крај, знам дека имам мапа со патокази на каде ќе се движам.

    Ги сакам луѓето како себе, скапо ми е времето за да си го објаснувам начинот на живот некому, само за да не му се допадне.
     
    На Hipster, Hipica, IvanaMkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Денес осетив какво е чувството да си закопчаш два броја помали фармерки. Да живее Џокси и неговиот невообичаен отпор на благо и леб!!! :smoke: ^_^

    Денес повторно застанав позади објективот после малку подолго време поради немање инспирација и време за чкрапање фотки. Се чувствувам невообичаено смирено и добро.
    Денес сум расположен за Offspring. Го слушам "Americana" тивко тропајќи со ногата обидувајќи се да го фатам ритамот.
    Залиптавен глас. Мрсна коса. Можеби и треска.
    Ама убаво ми е!
    Ааа и да,не планирам да ги чекам моите пет минути.
    Сам ќе си ги земам,и со тоа ќе ги направам дваесет!

    Имајте убав ден жени. Мене ме чека чај од камилица и топло ќебе! :)
     
    На Divinebutterfly, Hipster, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    Cдк јас и Tрендафилка заборавивме да се приклучиме на прославата, ние сме на 17ти со годишнините ако не се лажам :D
    Aј за многу години нека е :D
     
    На Bright, Hipica, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  18. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Леле :sweat:

    Боже, ако те има, чувај ми ги нив двајца....а другите двајца уште повеќе...... :sweat: ;(

    Зошто бе, зошто, зошто, зошто ова се повторува? Таман помисливме дека се' е зад нас, еве го сега пак :x

    И зошто не можам ни еден одмор на раат да истерам? Зошто пред секое мое заминување на одмор надвор од МК мора нешто вакво да се случува? :devil: :swear: :@ :doh:

    Марфи, проклет да си!!!!!!! :@
     
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.129
    Пол:
    Женски
    Многу е лошичко да се западне во рутина.
    Си викаш, нема многу избор, нема опции, а уствари сите се плашат од промена. Не дека не сакаат, туку се плашат. Затоа после се каат.
    Шизик на ризик!
    Ама па и од многу шизици глава боли.
    Јас на пример, сум шизика. Ама ретко одам на ризик. :D

    Почнувам да гледам змејчиња низ соба. Мачоров, или ламјава моја, ми се исповрати во соба 3 пати. Стока е, и вечно е незаситен. Мајка ми би сакала да имам и јас апетит колку него, жими се, поредовно јаде од мене.
    Приметив дека деновиве пијам кафе во преголеми и ненормални количини. Цела тегла инстант кафе отиде за помалку од недела, што е скроз неприфатливо. Функционирам на погон од кафе и ролат со мак, а пак немам доволно сила и енергија!

    Вие гледам арни сте. Останете така.
     
    На Hipster, TeddyGrey и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  20. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Понекогаш само еден момент е доволен за да те скрши, да ти ја распарчи душата на 1000 парчиња. Не ги обвинувам другите, јас сум си крива што повторно верувам и се убедувам дека работите ќе се сменат. Заблуда, заблудосана, заблудовска. Имам грижи кои ги дувам далеку, како ветерот во цртаните.

    Пудинг од карамела наместо нешто појако. Today on the lips, tomorrow on the hips. Глупави Американци.

    Не, не ми немаат смисла зборовите, мислите, чувствата. Си ја менувам желбата што редовно ја втиснувам во шолја кафе бидејќи нема абер од исполнување.

    Дедо со метла во автобус, дечко купува влошки и продавачката го прашува дали ќе му стигнат за една вечер. Ни светот ни јас немаме смисла. Ги чекаме Маите.
     
    На Divinebutterfly, la-chicka, Libera и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.