[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.607
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Еееееееее, конечно мир и моите 15 минути.Кога дојдов дома, лудница, кое каде паднало-таму останало, куќата проодила, среќа не пошла по мене да ме бара :lol:
    Денеска ќе напишам правила и ќе им ги залепам на фрижидерот како во „Менувам жена“ дека:
    - пуканки се строго забранети отсега па натаму, зашто предмалку едвај ги усисав, како под маса да јаделе, а не на неа
    - капакот на вц шољата се спушта откако машката единка ќе се потруди да ја центрира , а доколку не е во можност, по потреба ќе нацртам и мета на истиот
    - фенот е направа за сушење коса, а не чорапи и истиот треба да се дигне по неговото користење
    - не се излегува по гаќи пред врата да се исчистат чевлите, а особено не, во раните утрински часови кога повеќето од комшиларето поаѓа на работа
    - вилушката се држи строго со десната рака и храната се боцка, а не се фрла директно од чинијата право во уста заради заштита од мрсни дамки на новите блузи, во спротивно ќе воведам задолжително користење лигавчиња за возрасни

    А сега отидов да копам по темата „Торти што не се печат“ (оти само за такви ме бидува), да смуќкам некоја, оти на либето во петокот му е роденден.
     
    На mims-89, zhap4e, Trendafilka и 17 други им се допаѓа ова.
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Да имам само еден ден можност, ќе ги убијам сите претпоставени кои се прави идиоти и мизерни души. Среќа што имаат пари па да имаат и “пријатели“ а и “девојки“, но како со парите ги добиваат така уште полесно ги губат. Ѓубриња невидени, зарем мислат дека со парите ќе го вртат светот.
    Секој си го цени својот а никој туѓиот труд, мамицата ваша, ќе ме натерате за 100евра да направам толкав скандал што ќе се чудите што и од кој ве снашло :envy: :@
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.873
    Допаѓања:
    163.531
    Сдк дека не прифаќам луѓе кои не би сметале дека е генијален начин за прослава јадење на капкејкс во жена парк со литро боза или боровница,со тро сонце што ѕирка. Молим лепо!
     
    На mims-89, glow, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    СДК Малку чуден ден :^) Ќе видиме до крајот каков ли ќе биде...
     

    Прикачени фајлови:

    На Look и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  5. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Долги сончеви денови, плажа, море, езеро, сончање, забави на отворено додека не се раздени, уживање во зеленилото на природата, долги ноќни седенки надвор, немање обврски… Сето тоа изгледа многу далечно во времињата кога сме заробени во студенилото на зимата, кратките периоди на дневна светлина, мразот, тешката и дебела облека, и воопшто, здодевноста што ја носат студеното време и секојдневната рутина на извршување на обврските. :x
    I MISS YOU SUMMER . :sun:
     
    На Adi888, AnaKarenina и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  6. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.437
    Допаѓања:
    4.995
    http://sport.mnogoo.mk/mk/articles/Tenis/pismo-do-nole

    Писмо до Ноле.
    Слатко си се изнасмеав. Колку треба да си забеган да направиш вакво нешто, а уште повеќе да помислиш дека Ноле ќе одговори. Али добро, интересно е, поштуем. :bow:

    Уствари сакав да и кажам на главава да престане да ме боли. Ја почастив со еден аналгин, чисто онака, зошто ме чека уште едно кафе денес. :rofl: Тежок живот, шетачки. :lol:

    Бев на шопинг. Марама беше толку фина и мила што само ми викаше да им дадам шанса на алиштенцата.
    Ама не, пусто не ми се гледаат работи. Како тоа да си објаснам сама на себе, дека треба да пробам нешто за да ми се засвиѓа.
    И кога ме прашаа што си купи, реков само "Ништо немаше" а јас всушност ништо не ни видов.
    Ох, осеќам јас ќе бидам во паника пред да тргнам. :devil:

    Завршив купувајќи си само една баретка, црвена. Ме отвара бе таа боја. :lol: (Барем така си мислам јас). :?: :lol: Ко само тоа да ми фали, па не можам да тргнам без неа.
    Али ајт, тоа сакам, среќа не влегов во парфимерија да купам непотребено некое шминче или лакче, тука сум слаба :)

    Може не си купив фармерки, маички, блузички, фустаничиња, но денов го поминав несомнено добро.
    Запознав една толку пријатна личност и се надевам дека ќе прерасне во пријателство.
    Прв впечаток, одличен :)

    Јас сум човек да си седнеш на лезетско кафе и да си направиш муабет.
    Али храбро издржав бидејќи имав многу интересно друштво, тоа време што помина, не го ни осетив.
    Фала Марамке. :hai:
     
    На marama, Adi888 и Noemi им се допаѓа ова.
  7. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    СДК
    Не е лесно да ги сватиш девојките но искреноста веднаш се чувствува , ако девојката се смее со цело лице очите,косата ... Тоа не може да биде глума !
    И друго сакав да кажам дека 155 год. од раѓањето на Хајнрих Рудолф Херц , ме иритира ова на почетната страна на гугл хроум , али нвм :) .
     
  8. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Чувството не ме излажа, денов не може да стане подобар!
    Мама ми кажа убава вест, има многу време додека да го видам конечниот резултат ама барем ќе имам на што да се надевам и за што да мечтаам одреден период.

    Бев лута што од почетокот на годинава ништо не се промени на подобро, ама изгледа на среќата и требало малку време да се загрее. :D

    Господе само нека потрае ова!
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Се лутиме, и се смируваме. Се караме, па ќе се гушнеме.
    Избувливи сме и двајцата, и двајцата разговараме на висок тон ко во топилница или рудник да работиме. Добро, во последно време јас сум некако смирена, зен смирена. Мислиш, јогата во мене проработи. :D

    Не знам колку време поминува за да кажеш дека некој ти здосадил во животот, но еве има тајлајнер колку сум во врска па не сум почувствувала дека ми е досадно со него, и сл. Напротив, со секој поминат ден со него, како прв пат да го чувствувам. Не можам да му се изнагледам, како песнана `Nisam te se naaaagledao...` Така вчера, му лежам на гради, го гледам во очи и го гледам така некое време без да трепнам. Тој ме закачка, ме чепка, ми кажува смешни работи, како детенце во прегратки да ми лежи и не можам да му се изнауживам кога сум со него.



    Љубовта не е клише.
    Постои вистински.
    Да пронајдеш љубов, значи дека постоиш.
    Постојам. :l:
     
    На Bright, L-enna, marama и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Долго пред да се зачленам, си го читав форумов... Особен впечаток ми оставаа утринските инспиративни постови на Пирамид! А, сега толку фалат...
    :clap: девојко
    :)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Ептен чуден ден. :| :?:

    dafuq?!

    EDIT: По точен дневен хороскоп на фемина немам прочитано! :o
     
  12. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    „Звучим патетично, ал он је посебан, у током дану мисао прва и последња.“
    -Struka

    ^да,брат,да, во срце ме погаѓаш.:|
     
    На IndieGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.326
    На Cynthia, esperanca, LightOFF и 4 други им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Значи, не...ја ако треба ќе ја преживеам цела одвратна зима на нозе... и таман ќе се опраи времето, тадааааам, се разболувам, цел ден лежам ко крава додека сонцето ме ѕирка низ прозор и цинично ми се смее... ;( :@

    [​IMG]
     
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Седам така можеби 10 минути... Сакам да кажам нешто, но ниеден збор не излегува од мене. Не е добро ова што ми се случува.
    Но, молчењето е злато, во повеќето случаи.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Ајде протези, welcome to my life :)
     
  17. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.607
    Пол:
    Женски
    Ме потсеќаш со сликава како онаа реклама- Мамо маааааа, за Фервекс или Кафетинколд беше не се сеќавам точно :lol:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Сакам лето да дојде и да отидам негде на одмор,да заборавам на се и сите :) Психички сум исцрпена,сакам да избегам негде далеку........
     
  19. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Денес, една моја многу помлада колешка плачеше. Ми се довери - се вљубила, ја повредил, ја боли. Никогаш немала веќе да дозволи така да се заљуби...

    Од мене како петнаесет години постара, очекуваше утеха.

    - Јас повторно би ги проживеала истите љубовни болки кои сум ги искусила во животот. И повторно....
    Подобро тоа од колку никогаш да не ја запознаеш љубовта...
    Да полудиш по некој, море скроз да одлепиш, пеперутки во стомак, нон-стоп окезена... Никогаш да не се откажеш од нешто така добро, заради евентуална болка, никогаш...и реков.

    Е мене сега на 40 само штиклите ми предизвикуваат болка, ама ги носам.
     
    На imelda, esperanca, TeddyGrey и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Долго време немам пишано нешто на форумов, а тоа е поради тоа што не знаев што попрво да напишам. Мислите ми се многу несредени деновиве, паметот премногу ми лета каде што не треба. Пробувам да се воздржам од непотребни коментари, реакции и постапки, но не секогаш успевам.

    Месецов не знам што се случува со мене, премногу сум расеана. Неодлучна, изгубена, разочарана, среќна, збунета.. зборови кои ме опишуваат месецов. Не размислувам доволно пред да направам нешто, а потоа се каам иако си ветив дека нема да се каам за ништо што некогаш направило да се чувствувам убаво, а деновиве се придржувам кон тоа ветување и уште поубаво ми е од порано.

    За кратко време многу работи се случија, неколку добри, неколку лоши. Не можам да се пожалам дека не ми е убаво, иако на моменти се губам и не знам што (да) правам. Неколку личности кои ми значат на моменти ме прават среќна, на моменти ми задаваат удари кои премногу болат. А јас, најверојатно заљубена и изгубена, не знам да речам стоп за лошите работи. Дозволувам се да влијае на моето расположение (богами и здравје) знаејќи дека тоа не е во ред. За џабе се измачувам себе си кога не вреди да го правам тоа, без разлика колку некој ми значи не треба да се повредувам самата себе. Воедно мило ми е што си го средив односот со една личност, всушност знам на што сум со него и драго ми е што мисли дека сум добра личност и сака јас и тој да бидеме другари, добри другари бидејќи во мене гледа личност на која може да се потпре и да и верува. И навистина може да ми верува. :)

    А тој, ми кажа премногу зборови одеднаш. Премногу брзо ги изговараше речениците што не успеав се да слушнам, се да разберам, а по бакнежот кој траеше кратко но ме натера да се чувствувам прекрасно иако знам дека беше без чувства од негова страна скроз се изгубив во неговите реченици. Збореше на празно, како да си збореше со ѕидот. Слушнав само неколку зборови кои ме повредија, па поради нив се чувствувам бедно денес. Пробувам да се убедам дека не се врти се околу љубовта и пробувам да си ги свртам мислите на друга страна, а колку ќе успеам во тоа ќе видиме.

    Ах, доста е од моиве патетики. Се надевам што побрзо ќе си заминат лошиве мисли и чувства.
     
    На Cynthia и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.