1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Знаете што преку глава ми е од сите вас, сфаќате ли?Можете ли еднаш да бидете одлучни и да кажете што сакате?Не, неможам никако да ве дефинирам колку и да се обидувам.Се враќам од факултет насмеана,среќна.Поминав од кај мојот фризер и конечно и јас се решив за прв пат да ги сменам моите прстенчиња од коса со права.Додека си доаѓав на кај дома уживав како ветрот ми ја дува косата.Моите не ме ни препознаа и останаа со усти подотворени а јас само онака наивно се смешкав.На миг заборавив на сите овие околу мене еден куп двосмислени личности.Да, но само на миг.Само што го приклучив комп. и ја отворив поштата ја најдов и пораката- па нема ли да сметаме да дојдеме 4ца кај вас на спиење?Мислам да не е гужва, а што мислиш?Знаеш јас ќе дојдам само ако дојде и ***** ( дечкоми мој).А и што доаѓа братучетка ти и она да спие, па зарем не гледа дека ќе правиме гужва.УФФФФ :@ молам?Што доаѓа она?Па запрашај се девојко што доаѓаш ти, а не што доаѓа она.Таа доаѓа кај тетка и а ти каде доаѓаш, и со кое право си го земаш да ми го пишеш ова?Да јас и ти сме другарки, ама неможиш да ми завземаш место на мои братучедки и д ами солиш памет кој и како треба да дојде.И не се секирајте сто пати ви реков дојдете и не мислете на гужви, ќе се снајдеме, али ќе ве молам без селекции.И уште нешто ако ти се иди, иди а нека не ти биди предуслов дечко ми затоа што на крај краева не ти е он такси возач на тебе.
    Сори за подолгиов пост али стварно некои работи знаат да ме извадат од такт.
     
  2. cupcake27a

    cupcake27a Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    21
    СДК дека го сакам животот ! Го сакам градот. Го сакам моето семејство. Мојот дом.Се сакам себеси. Начинот на кој мислам. Како дишам. Што правам :)
    Денешно позитивно издание :$
     
  3. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    :sun: Четврток,после бурен почеток на денот,нежно уживам во ветрето и сончко.
    Два часа сон и толку посакуваниот изглед на зомби!
    Кофенин во крвта,многу.Dear coffee i love you!
    Генетика,ах толку те мразам а ти упорно се лепиш до мене!Очигледно,доста привлечна сум а ?Мислам дека те средив и тебе,мва!
    Насмевката,ах да тука е.
    Чекам резултати наредната недела,и ако се биде како што се надевам... :sun:
    Realise, I need a break! A пред да ја милувам предувестата перница,One Tree Hil,here i come!
     
    На IvanaMkd и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК дека на некои работи не знам како да изреагирам, поточно не знам како се вели :| Чекам да видам што ќе речи некој што е пред мене, па и јас да речам така, а ако не слушнам, нешто ќе промумлам.
    И така, сретнав едно кученце (поточно кучиште) и го погалив, ама изгледа му се заубај и почна да ми скока и ми остави шепи до кај што стигна :| Едвај му избегав, а после ми се налути што заминав, ме гледаше тажно и лаеше по мене. Што да ти правам бе Шарко, кога застана на две нозе поголем беше од мене, јас не сакам да си играм такви игри :(
    Сега слушам Виејчуан хитови, фини песнички има, кога нема веќе ништо друго за гледање.
    И кафето се погоди, и денот убав, сончев, и прозорецов подзачистен за да можам да уживам во глетката, мерак за душата :sun:
     
  5. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Преку глава ми е од овој притисок, од оваа монотонија, неможам да поднесам повеќе, милион чувства чувам во себе, на крај ќе биде лошо кога ќе избувнам, ми снемува трпение,едноставно неможам да ги трпам тие негативности и неправедности!!! Кога конечно ќе престане сето ова да ме измачува? Се чуствувам како да полудувам, како да паѓам во некоја бездна, навистина неможам повеќе!!
     
  6. Mameha

    Mameha Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    490
    Ве читам вас и ќе почнам и јас да го применувам истото, значи ќе враќам со иста мера како што ми е направено. Значи како можам јас да се најдам во било која ситуација кога на некој нешто му треба, а за возврат не добивам. Кога мене ми треба, или треба по 10 пати да речам и да потсетам или ако не потсетам не добивам. Па добро бе човече ти викам дека материјалот ми треба сега, значи сега учам а не по 1 месец кога дај боже ќе положам. Ама ако "ќе дојди пиче на поличе" шо викат старите. Ќе ми дојди ред кога и јас ќе најдувам изговори, ама за жал во таква ситуација го креват сите носот не ги согледват работите од претходно ама затоа ќе почнам да потсетвам за која ситуација го враќам то за да не иди до недоразбирање. Лицемерни, дволични, користољубиви и уште не знам како да ги наречам овие луѓево :@
    Фала многу
    Пријатно :emo: 8)
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    СДК1
    I'd love to go back to when we played as kids,but things changed, and that's the way it is...Things'll never be the same..

    СДК2-Добро што е работава,на секое гледање на мама на кафе и кажуваат ќе сум фанела дечко....ќе сум се премислувала,ќе сум била нерешителна,ама на крајот ќе сум си фанела |(
    (ок,се предомислував во врска со едно дете дали да испаднам или не,ама сепак далеку од дечко...уствари да не кажувам јас многу,на крајов да не се исполни воа :lol: )
     
    На angel92 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Епа фино онака е лајт да си се избањам сега и да му ја легна да одмора мало :lol: доста беше за денес утре повеќе па да земеме книгичето па да читнеме нешчо за полагање и така ајт убаво попладне и вечера имајте :*
     
  9. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.607
    Пол:
    Женски
    Добив песна на подарок... и илјада бакнежи од уплакани детски лица кои денеска се поздравуваа со мене, ме гушкаа силно, како да е тоа последното нешто што ќе го имаме, како да сакаа да го замрзнат тој момент.Плачеа на глас, а јас во себе се кинев...разделбата ми падна тешко.Часовите поминаа со молк преплетен од тапи погледи кои го избегнуваа мојот, најверојатно од непријатнотото чувство на срам, но детската искреност лебдеше над нас. Се скршија и најтврдите, а јас неможев да им објаснам зошто повеќе нема да им предавам, како да чувствував некоја грижа на совест дека ги оставам, напуштам...
    Моите ученици...ми покажаа љубов, ми нацртаа цртежи, ми напишаа пораки....и во сите до една пишува:
    „Никогаш нема да ве заборавиме“, а не се свесни дека јас нив себично ќе ги чувам како најдраг спомен...
     
    На x.Daisy.x, bittersweet, Annath и 22 други им се допаѓа ова.
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    ахахахаха ќе си умрам млада жими се :D :D :D :rofl:
    http://www.njuz.net/grcka-ce-priznati-naziv-makedonija-za-100-evra-mesecno/

    Ние всушност и плаќаме ќирија на Грција. Ох Господе ти ве восхитувам на смисламта за хумор.

    Дојде и ојде четврток, а јас не сфаќам во што ми помина неделава. Мерам и премерувам животни потези, планирам блескава иднина и собирам пари за безвезни работи и летување. Си залепив кругчиња на сандачето. Сега само нашето е шарено, во целата таа табла сивило. Баш како на рекламата. Чичко поштар предосеќам ќе се смешка. Бар пратките и писмата да ми бидат поубави.

    Ме фати руски период, руски книги и чај, руска музика и јазик, руска зима и шубара. Апсолутно ја обожавам земјата.
    http://www.youtube.com/watch?v=g2XLKabsYMg
     
    На GarpovaV, Magnolija, IvanaMkd и 2 други им се допаѓа ова.
  11. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    ТЕШКО Е ДА СЕ БИДЕ ЖЕНА
    TPEБA ДА MИCЛИШ KAKO МАЖ
    ДА ДEЛУBAШ KAKO ДАMA
    ДА ИЗГЛЕДАШ КАКО ДЕBOJKA
    И ДА PABOTИШ KAKO KOЊ.. :tmi:
     
  12. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Сакам да кажам дека ...

    Сакам некој кој ќе ми посветува песни. И кој ќе се чувствува исто,ако не и повеќе за мене како и во песната. Како Kada me dotakne од Parni Valjak. Песната е близу совршенство. Не сум среќна додека ја слушам. Тоа не. Не сум насмеана додека ја слушам. Ме тера да потегнам по кутијата цигари, да извлечам една и да ја запалам. И само да повлекувам димови. Ако цигарите убиваат,да сум поблиску до смртта. Ме тера да излезам надвор, на ладново. Сама. Со милион спомени со мене и слики во мојата глава. Ме тера на плачење.

    Муабетот е дека сакам некој да ми посветува време. Сакам некој кој ќе се потресува заради тоа што нема кредит за да ме слушне. Сакам некој кој ќе се тремосува до коска што треба да се види со мене. И ќе ја замоли мајка му да му испегла некоја кошула затоа што треба да оди да се види со некој многу посебен. И ќе се кара со таа иста мајка зошто не му го испрала омилениот џемпер порано,затоа што совршено му се поклопува со оваа комбинација,а без него би оставил нецелосен впечаток. Сакам некој кој ќе биде нервозен додека е со мене. Да му се заплеткува јазикот. Сакам некој кого ќе го зафркаваат другарите заради мене. Што ќе им откаже некогаш утакмица фудбал или кошарка или пиење вечерта затоа што сака да биде со мене. Сакам некој што би пиел заради мене. Сакам некој што ќе се уништи без мене. Сакам некој што така и ќе мисли.

    Сакам некој кој не би можел без да ме сака. Сакам некој кој би го разбрал секој мој збор и секое многу смислено значење што би го имал истиот. Сакам некој што би разбрал дека не секогаш можам да носам хулахопки месо боја бидејќи кожата ми е премногу осетлива на нозете и сум се зафркнала на последната депилација. Глупаво звучи,но така е. Сакам некој кој ќе се наежува секој пат кога ќе помисле на мене,а не пак да го допрам или бакнам. Сакам некој пред кого нема да ми биде срам да прошетам гола,ко од мајка родена. И кој ќе ужива додека ме гледа како јас скоро излезена од под туш,се мачкам со триста глупости на мене и мирисам на пролет или чисто или што и да е убаво.
    Сакам некој кој би пцуел на цел глас и сите би му биле криви ако сме се скарале или ја згрешил работата. Сакам некој кој би ме прашувал многу работи. Сакам такви луѓе,кои се интересираат за вас и сакаат да дознаат што е можно повеќе работи за вас. Сакам некој кој би копал по мене и би го откривал овој извор на сенешто што го имам во себе. Сакам некој кој би слушал што имам да кажам на прашањето како си. Сакам некој кој толку нема да остане рамнодушен на мене што би го болело секој пат кога нема да се видиме повеќе од ден два. Толку да му влезам под кожа да се мрази и себеси и мене.

    Сакам некој на кого би му се сушела устата од преголемата желба да ме бакне. Сакам некој на кого ќе му бидам првата мисла наутро. Сакам некој што ќе ми каже ми недостигаш.


    Еден ваков најдов. Жив е уште. Баш беше ваков, ако не и подобар. Многу подобар. Ама изгубив милион битки со него,за на крајот да ја изгубам и војната. Го изгубив...

    Е баш ова сакав да го кажам. Баш денес, баш овде.
     
    На x.Daisy.x, bittersweet, Annath и 28 други им се допаѓа ова.
  13. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    СДК пред да кажете "не можам" и да се одкажете од вашиот сон, погледнето го ова за инспирација.
    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, kate21, Star19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. emocija

    emocija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    53
    сдк дека многу небитни луге ми го згрозуваат секојдневното расположение и незнам навистина што им е финтата,ама за тоа дека ке ми го загрозат целиот живот тешко некако богами :@ незнаат и самите со кого си фатиле работа ке зажалат за секој нивен изустен збор :devil:
     
  15. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.345
    СДК дека имам внученце :D :clap:
    Да си здраво и живо беблаче мало сеуште безимено :*
     
    На x.Daisy.x, bittersweet, Annath и 22 други им се допаѓа ова.
  16. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    Иднината им припаѓа на оние кои веруваат во убавината на нејзините соништа.

    [​IMG]
     
    На Serafima, angel92, IvanaMkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Денес се почувствував многу беспомошно... Јас која за секого има совет, за секого има какво такво решение... :worried:
    Имам една комшивка (учи во средно) и ми се довери дека една професорката намерно и става ниски оценки и покрај знаењето, само затоа што (и сама и има кажано) нејзините родители (на комшивкава) се од мешан брак (албанец и турчинка). :o
    И незнаев што да и кажам!
    Не знаев како да помогнам.. :(
    А што е со овој свет? Што е со таквите луѓе полни со омраза? Што е?? |( |(
     
  18. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Ќе читам низ нетов нешто и ќе најдам некои убави фризури и објаснето како се прават и застанувам да читам.
    Прва фризура: - некоја убаво стокмена пеjачка со пуштена долга коса, нежни брановидни локни и средена да не стрчи ниту влакно.
    Следува објаснување: После капење, наведнете ја главата и со фенот дувајте од долу нагоре кон коренот. Ставете малку пена за коса со која ќе добиете убав и влажен изглед и voila подготвени сте да зачекорите на red carpet. - What? |( Знаете што ќе се случи со мојава коса и како ќе изгледам ако го применам вашиот совет? :fubar:
    Следна фризура: Цела коса собрана назад, со некакви виткани прамени и малечки плетенки, слично на пунџичка ама далеку подобро. И си викам: Ај да видам баш како се прави :geek:
    - Соберете ја косата наназад, малку истапирајте, а потоа прицврстете неколку прамени со шноли. Додадете некоја плетенка за погламурозен изглед, а на крај испрскајте со лак.
    No comment. Битно е нешто да се објави, не е битно што е тоа и колку е квалитетно :yawn:
     
    На Divinebutterfly, teddybear, Elennaa и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.468
    Колку е само трагично што не си го познаваме доволно или воопшто сопствениот јазик и што не сме свесни колку е тој вреден и богат.

    Наместо тоа, ние сме „поупатени“ и повеќе сме заинтересирани за странските јазици - ги изучуваме, одиме на курсеви, студираме, па и дипломираме и стекнуваме некоја титула „професор“, „филолог“, „преведувач“, „толкувач“, „магистер“ итн. , па дури и се правиме експерти колку солидно го владееме тој и тој јазик и гордо дискутираме и објаснуваме правила, покажуваме колку богат речник имаме, па дури и се осудуваме да кажеме дека македонскиот јазик е сиромашен со зборови!

    Точно ова вчера го слушнав двапати. Поголема глупост не знам дали ќе слушнам некогаш.
    Немаше да биде толку трагично ако не го слушнев од иден професор по англиски јазик кој е на чекор од дипломирање. Навистина, студира англиски, тој е главниот јазик, но што фајде ако не си го познава сопствениот и ако мисли дека е сиромашен со зборови.
    Проблемот со нашиот јазик бил што немал доволно зборови за да се изразиме правилно и прецизно. Недостасувале многу зборови, немало соодветни за многу работи.
    (Ова дојде како одговор на еден текст што го преведувавме на факултет - од англиски на македонски, па се разговараше за можни варијанти).
    Па, како да има кога наместо да се користат зборови кои постојат во јазикот и кои си имаат своја улога и означуваат нешто, упорно се употребуваат странски зборови и изрази кои се’ почесто и почесто ги заменуваат македонските или веќе постоечките зборови во јазикот.

    Ако е македонскиот сиромашен и ако на македонски не можеме да се изразиме, тогаш не знам на кој јазик ќе се изразиме полесно и попрецизно. Иронично и трагично е да се сметаме себе си за компетентни и солидни во врска со некој странски јазик, па и да дискутираме и разјаснуваме работи/проблеми од таму, а да не си го познаваме нашиот. Навистина е жално!

    Немам намера да навредам некого кој одлично познава некој странски јазик или професор/магистер итн. , само сакав да ја истакнам важноста на познавањето на мајчиниот јазик пред некој друг, како и погрешното мислење дека македонскиот јазик е сиромашен со зборови.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.