1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    606
    Денес се чувствувам прекрасно, слободно и мирно. Задоволна сум со тоа што го имам и со иднината која си ја посакувам и планирам. :) И баш тие планови ми даваат волја и мотив за да одам напред.
    Жал ми е инаку за љубоморните луѓе и оние кои се преокупирани со животите на другите наместо да видат дека нивните одат во надолна линија. Посакувај им среќа на другите, ќе бидеш и ти среќен. Зависта и злобата се тешки и лоши сопатници во животот.
    Можеби дијаманти и сафири не ме радуваат, ама ме радуваат насмевки, погледи и топол чај во шармантно друштво. Материјалните благодети ми тежат, се што е повеќе од потребно за удобен живот за мене е апсурд и не ме исполнува.
    Посакувај добро, ке добиеш добрина , биди задоволен со тоа што го имаш и да, ЉУБИ ! :)
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  2. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.343
    Допаѓања:
    5.893
    Нозе во вис со Ристо Бомбата и Кучешка тенија. Си ја пееме О Сузана, од Б страната. И повторно сме на почеток, само што јас сум сменета. Кога веќе се променив и се откажав. Фино е.
    Си имам другарче кое ми прифати уште од почеток каква што сум. Не ми ги наоѓа маните, а ми помага да го победам срамот. Тој само гледа и се смешка. Момак дој бе!
    Па ни резултатите од стипендиите не ми го променија расположението бе, а голем дел од плановите во кои беше вклучен и апаратот, нови патики и ранец ги однесе Вардар. По се изгледа ќе искористам и мал дел од "стипендијата" на моите, како што умее да рече татко ми.

    Ролинг Стоунс Нова тема.
     
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.129
    Пол:
    Женски
    Врв на идиотизмот на т.н. информативни сајтови е кога interesno.com.mk, објавува под категорија вести, дека Грција ќе ја признае Македонија за 100 евра месечно, а иформацијата е превземена од njuz.net!
    Нема доволно вакви човечиња :headbang: :headbang: :headbang: да се долови ситуацијава. Нема!

    Оооо интернету!!! Се поглупави и поглупави не правиш! Живееме во паразитски свет во кој информациите на дланка ни доаѓаат од непроверени извори, а ние слепо веруваме во нив. Живееме во магла и не се жалиме.
    Се знаеме, а всушност ништо не знаеме.

    Единствено што знам во моментов е дека вечер ќе се качам на новите чевлички, ќе испијам неколку чаши узо со кока-кола и ќе се изнаиграм за сите пари.
    Четврток е новата сабота.
    Чаооос :hai:
     
    На rossonerka, Divinebutterfly, kate21 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    СДК дека врвам низ страшен период.
    Многу ми е лошо,не можам да се пронајдам себе си,не знам дали треба да бидам олку наивна.
    Дали вреди во овој свет да си таков?

    Не знам дали некогаш ќе се извлечам од овој виор кој ме влече само надолу и надолу,дали некогаш ќе бидам онаа силна,самоуверена личност што некогаш бев.Знам само дека повеќе не знам што правам.
    Вчера поради некои обврски морав да отидам во друг град.Така се лулкав по улиците,кога неусетно сум влегла во некој бутик.Наеднаш се најдов помеѓу толпа луѓе.Сите беа среќни на свој начин,одбираа во алиштата,си нашле некоја смисла во животот...Јас не бев во сосотјба да земам ни парче,не ни сакав.Наеднаш се изгубив во сите тие луѓе.Се почувствував како да не постојам.Во тој момент се освестив за се-наеднаш бликнав во солзи на среде бутик.
     
  5. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.326
    Луѓе.
    Човек.
    Инат. Его. Гордост.
    __________________
    Асоцијација
    __________________
    Тага. Солзи. Бедови.
     
    На kate21 и teddybear им се допаѓа ова.
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Верувам дека ќе звучи крајно мрчаторски овој пост, всушност сум крајно смирена дури го пишувам, дури ја поседувам онаа ладнокрвна нота на присебност која ги краси професионалните (само)убијци, кои ликвидираат толпи луѓе, кои им се криви што се живи, ама не тие, туку некои други луѓе, кон кои не би успеале да го насочат гневот или елиминацијата и се задоволуваат со трансфер... Човек е учен да се задоволува со (по)малку или со прости или проширени супституции...

    После 7 милениуми обиди и натаму сме за и до никаде, познати ми се сите механизми на покорност во рамките на државноста, ама ме иритира кога некое пичлеме од 15-6 години, кое читнало два-три авторитативни цитати, наеднаш ги сублимирало во себе идеологиите на либерализмот, анархизмот, нихилизмот итн. итн. и ја мрази со цело срце и душа Македонија... Дури и ќе ти се смее ако покажеш барем трошка љубов кон родната грутка, бидејќи наеднаш тоа е штетно и ништовно и не е кул... Всушност, како ни е крива земјава што на нејзино тло се размножиле и премногу кучкини и к*рвини синови и ќерки?! Бидејќи овие семразачи и мајкое*ачи ќе продолжат да мразат се‘, дури и по некое чудо се‘ да тргне по нагорна линија, од проста причина - по инерција и бидејќи се неспособни за друго...И како е срамота да те трогне изворната македонска музика од типот ,,Зајди, зајди...,, да те восхити богатството на народни ора или некој од пејзажите, на неизвалканата со цивилизација - природа, пред кои застанува здивот?!

    Тенка е често линијата меѓу самодекларираните либерални души и најограничените и најогорчени ситни конзервативни души. Тенка е често и меѓу ,,благородните,, души и оние кои криумчарат заднински мотиви делувајќи етичко-естетски облагородено како златно-платинест сјај, под кој трули реата на хипокризијата... Од толку тенки и лити нишки стана и животот како партал...

    Прочитав како мајката над лулката на своето новороденче се моли да биде тоа обично, за да проживее во благосостојба, да биде лишено од оригиналноста од било кој тип... Бидејќи послушноста и оригиналноста не спијат во ист кревет никогаш и бидејќи толпата презира било какви отскокнувања од стадото... Болно е колку е вистинито, до срж. Ама, да нема забуни, тука не припаѓаат оние кои личното име го менуваат во втората декада, бидејќи како новото нема никој друг/а во Македонија, кои дури и тепих не купуваат ако не е уникат... Хм, трудејќи се од петни жили да демонстрираат посебност, никако да сфатат дека оние кои навистина тоа се, не се ни трудат воопшто...

    И така и премногу нешта кои изразот ИРОНИЈА и со големина на букви 72, не ги покрива...

    Инаку деновиве имам видено толку многу цагери, што дури е морничаво на прв поглед, меѓутоа, знам кој ме мисли и убаво ми е... И оваа година толку преубави книги чекаат да ги оживеам, што се радувам однапред, бидејќи книгите немаат сопственици, а ни нашите мисли и емоции, ама затоа скржаво се чуваат и делат по заслуга само :!: :) ...
     
    На Divinebutterfly, DonMarko, starbucks и 3 други им се допаѓа ова.
  7. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    Епа веќе им Е*АМ матер на љубоморните...
    Ако ако ...
    Нека шират невистини за мене..
    Но тркалото се врти..
    Порано или подоцна се ќе им се врати..
    Сите на крај ќе дознаат всушност какви се :devil:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  8. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.290
    Допаѓања:
    6.802
    Драги мои , денеска официјално имам партнер за матура .
    Седевме на физичко гмечеше гмечеше и на крајот ме праша :D
    Јас ми се чини не дочекав да ми докажи и одма се согласив :D

    Фајнали мишн комплитед !!!! :D
     
    На kate21, ljubam, Hiii и 9 други им се допаѓа ова.
  9. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...во суштина, ич не ми е гајле!Одлучив да ставам крај на се, да се врати онаа старата Чарми, која беше прекрасна, самоуверена, за неа љубовта и романтиката беа патетики.Си замина таа пред некое време, кога јас се заљубив, ама сега гледам дека постепено ја враќам.Ја сакам таа страна од мојата личност, поопуштена е, понормална и помалку се припотресува за глупости... 8)
    П.С. имам очајна потреба за некоја добра книга, ама стварно добра, последниве две-три што ги читав, беа многу лоши.Слободно пишете ЛП, ако имате некој предлог :)
     
    На Ann.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Ве молам девојки,која е расположена нека ми пише лп.
    Многу ми е тешко денеска.Готова сум. ;( ;( ;(
     
  11. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.775
    Пол:
    Женски
    Избришете го и ова затоа што нели, ви се може, ама тоа што го пишав во Општи прашања можда за вас 'надлежниве' е глупост, ама мене ми беше навистина итно.
    Чудни некои правила.
     
    На thinkerbell, Elennaa и anabel-a им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.317
    Допаѓања:
    259.541
    Сестра ми има само 16 години, а секој ден нешто готви.
    Торти, колачи, печени лепчиња, еве ја сега пржи компири.
    Не бре, не се издржува ова.
    Маки имам, и тоа големи.
    Се обидувам да се ставам на некој режим, ама како кога секојдневно нешто се кува дома, за згора на се убаво мириса, изгледа, а и вкусно е :wasntme: .
    Ах сестро, сестро, ќе се направиме ко свинчиња :lol:
    Мора и нејзе да ја ставам на диета, оти вака не знам до кога ќе издржам, стрвејќи се :D .
     
    На crazylady, mims-89, drugarka и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Ми се јадееее гиро, обично само месо и компири, палачинка со крем и со плазма, и со сладолед, а може и пржен сладолед наместо ова. Ииии сакав да кажам тост со топен кашкавал и сирење ама ми текна дека сирење во фолија е поубаво :wasntme: И црн леб со тоа зеленкото убавото од Италија ич не ми текнува како се викаше. А може и само компири од мекдоналц...
    Сакам и смоки, стоби флипс... И ми се јаде зелена салата ама со повеќе оцет, или може и грчка салата.

    Е, вака јас си го поминав денот. Станувам нервозна и гладна :^) Што убаво ослабев и сега одеднаш вака кризи ме пукаат.
    Или ќе добијам за три дена :!: или ќе го добијам она другото, што моментално не е добродојдено :sweat:
     
    На IvanaMkd, Divinebutterfly, drugarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Јас и малиот кога играме шах... :) Душичка на дада, па да знаете како анализира, тактизира и ги предвидува следните потези :geek: Абе не можам а да не му попуштам кога гледам како се труди, колку слатко се смее тогаш :hug: :hug: :hug: Една партија негова, една моја, моја - негова :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    • 9909-.jpg
      9909-.jpg
      Големина на фајлот:
      238,6 KB
      Прегледи:
      206
    На crazylady, IvanaMkd и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека преубаво е чуството кога ке видиш драги луге од минатото, и те пречекуваат со насмевка-иако не сте се виделе 100 години :D
    баш изненадување што ти го разубавува денот т.е. деновите вчера и денес :)
     
    На Serafima и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  16. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.339
    Допаѓања:
    13.082
    Пол:
    Женски
    Среќна...
    Убав четврток. Ма прекрасен. Одамна не сум се смеела вака. Ни недостигаше по една трач партија и топол нематен нес и на двете на прекрасново временце надвор. Ни недостигаа и муабетите за утре.
    Имаме толку сличен вкус што дури ме запрепастува. Единствена е на кој можам да се потпрам.
    Градов врие од попусти, ние рака под рака со ќесиња со по некој партал расправаме за животни дилеми и проблеми. Женски, луди глави.
    Дома дојдов среќна, исполнета, небаре на планина сум била да вдишам чист воздух.
    На мама и дадов подарок за 8ми март. Рано, ама неможев да издржам. Ја сакам таа жена што животот го дава за мене, тато и брат ми.
    Девојчици вријам. Од љубов.
     
    На mims-89, Trendafilka, IvanaMkd и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Денес денот ми помина во емоции..
    Мирисот на пролет, убавото сонце и звукот од птиците ме вратија во минатото..
    Ме вратија во дел од мојот живот кога му се радував на денот,кога бев среќна и не чекав некој да ме направи среќна туку самата јас му се радував на животот. Ах,убави времиња беа тоа.
    Сеуште бев мала и немав поминато низ овие работи кои поминав во овие две години и не знаев што всушност е љубовта.. Не знаев како е вистински да сакаш, како е вистински да страдаш,како е вистински да ти недостига некого..
    А сега тоа е единствено нешто што знам..
    Знам дека многу сакам, но дека морам да ја чувам таа љубов во мене и мора некого да ми недостига.
    Но тоа е што е. Не сакам да гледам негативно на оваа што ми се случува туку напротив. Само ми се отвара нова врата во животот,ново искуство.
    Живеам за денот кога ќе е далеку од моите очи, моите мисли & моето срце..
    Животот е еден и единствен и ако на некого реков ЗБОГУМ тоа е само затоа што на некој ќе кажам ново ЗДРАВО.
     

    Прикачени фајлови:

  18. roberta-rubi

    roberta-rubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    65
    Исцеди го минатото како сунѓер, помирисни ја сегашноста како роза, и испрати и бакнеж на иднината. Поговорка...
    [​IMG]
     
    На Serafima, IvanaMkd, kate21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    It's gonna take a long time to get me away from you.. :|
     
  20. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Уф ама динамичен ден! Многу сум омалаксана и уморна :yawn: |-) Никој не успеа да ме убеди во ништо денес. Си останав цврсто на својот сопствен став и баш сум горда на тоа. 8)
    Падна и првата 5ка во дневник за второво полугодие, официјално се отвори и оваа сезона :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.