Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Денес не можев уште да се освестам...вчера чудо,јас си легнав во 9 сатот и од сабајле рано станав,ги завршив сите обврски,ми се чинеше ќе паднам по патот.Се осеќам како жив труп.Главата сеуште ме боли.На сите им е ладно,а јас горам!
    НЕ МОЖАМ ДА ПОВЕРУВАМ бе луѓе,не можам! Како после 5 год. врска тој прекинува и за неколку дена се фаќа со друга,ааааахххххххххх :@ ;( :swear: Денес немам насмевка на лицето,не ставив шминка,знам дека на секое ми идат солзи,денес само се дотерав и излегов,но очите не лажат...Бев во црква,точно таа кај што кога беше тука двата се заколнавме дека ќе сме само еден на друг.Го прекрши тоа...Го молам Господ да ми го врати,пошто иначе никогаш повеќе нема да влезам во црква.Моите солзи се искрени.Пред него стоевме заедно.Сеуште е сведок дека неизмерно го сакам,дека никогаш не сум го излажала.
    Кога излегов,една ѓупка дека не и оставив ситни почна да ис кажува нешто(ваљда колнеше нешто) ама си викам веќе нема каде подолу од дното...
    Си го доби тој кај што го плаќав мобилниот.Вика да ти заокружам на 37лева,јас му извикав,не не,и ко ми ја даде сметката фала пријатно,а тој ме гледа таква и ми вика Мир и љубов да има |( И излегов...

    Од сабајле ме разбуди тој со пораки,уште и ме дораспарчува...Тој мене ќе ми кажува како е,детиште недораснато!
    Ах колку само боли! Сега кога треба јас најголема сила да имам,кога ми треба најголема поддршка тој ме остава...Јас,скршена нема до каде! Ми треба некој силно да ме гушни,да заборавам барем на момент се! ;( Барем вие бидете среќни,мило ми е кога ќе прочитам некој пост како сте заљубени и среќни. :*
     
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Не дека е некоја тајна, ама јас без музика не можам да постојам. Основните состојки на мојот живот се воздухот, водата, храната, сексот, љубовта и музиката.
    Навистина, денот без музика не ми почнува, денот без музика не ми завршува. Музиката ме орасположува, музиката ме растажува, музиката ме пренесува низ времето и буди илјадници спомени и емоции врзани со нив. Музиката ме едуцира, музиката знае и да ме нервира.
    Од мали години сум растена со музиката. Тато ме учеше како да ја слушам и разбирам класичната музика. Кога и да го чујам Бах или Вивалди, ми текнува на него. Особено Бах - тој му беше омилен.
    Тато ме носеше на скоро сите филхармониски концерти во Домот на АРМ, на сите опери, на сите балети. Го терав се сеќавам како прцле и секогаш го тегнев накај музичкото средно училиште за да ги чујам уметниците како се подготвуваат пред настап. Го обожавав мирисот на фоајето на МНТ и оние испомешани звуци на оркестарот кој се подготвува за концерт.
    Ја сакав Shirley Bassey и Barry White, Roberta Flack или Louis Armstrong, и заспивав на звуците од Summertime од George Gershwin, или на Болеро од Морис Равел....или на сиот блуз и џез кој мајка ми ме учеше да го слушам пак од друга страна. Бев своевидно принудена да ги сакам и фала му на Господа што е така.

    За еден ден, во ноември, да решам да гледам European Music Awards, музички награди, кои логиката ми вели, треба да се доделени на квалитетни музичари, според заслуга и започнам да се прашувам - дали јас сеуште ја сакам музиката? Ако е музиката Џастин Бибер, Селена Гомез, Бруно Марс или Лејди Гага - благодарам, повлекувам се што сум рекла претходно и изјавувам - ја сакаВ музиката. Некогаш кога беше квалитетна и добра. Кога беше мелем а не казна за ушите. Кога не ни знаев како изгледаат изведувачите бидејќи тоа не ми беше пресудно за да препознаам дали ги сакам звуците и мелодијата која ја создаваат. И навистина сателитска чинија на глава не ми е синоним на музичар кој сака да привлече со својата уметност, а дебела чорапа збутана во некоја си отворена кондура со топуци е само цреша на и онака патетичната музичка појава наречена Кејти Пери. Да не почнам да ја разглабам домаќинската гаќа на Џеси Џеј и златно - сребреникавиот натегнат комбинезон. Работава денес е - нечу да чујем, а богами ни да видим :tmi:

    Не знам за вас, јас повторно си го пуштам Гершвин. Како своевиден реквием на квалитетот и добриот вкус. Вчера, мајке ми - ќе заплачев од мака во какво ли јас време живеам.

    The music is dead. Long live the music! :d:
     
    На baguf4e, Monna.Monna, Kaetana и 7 други им се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Можам да разберам да посветиш некому книга со поезија или проза, ете, ти бил инспирација додека си ја пишувал или мислиш дека би се пронашол во неа.
    Ама да посветиш учебник по облигационо право? :^) Што сакал авторот да каже?
    „Најмила моја,
    ти ги посветувам сите облигации и извори на облигации во овој учебник, кои се непресушни како изворите на нашата љубов. Ти ги посветувам сите облигациони договори, општи и посебни, за чие постоење ти имаш најголем удел, бидејќи си ми вечна инспирација.“
    Ватевер |(
     
    На Crixus, Kaetana, kate21 и 11 други им се допаѓа ова.
  4. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Под нозе крцка златест прав,
    срцето згрчено, болно од страв.
    Над глава се мурти сив облак,
    пред очи паѓа густа магла.
    Талкам изгубена низ својот сон,
    моето единствено безбедно гнездо.
    Талкам, мечтаејќи по Тебе,
    не, не се уморив да се уништувам себе.
    И, не знам која есен е по ред,
    одамна јас престанав да ги бројам годините.
    Ти си запишан во моето срце,
    и твоето место не е во спомените!
    Оваа есен не е ништо без Тебе,
    само едно здодевно годишно време.
    Обоена во палета со разни бои,
    секоја своја судбина си крои.
    И нека не престане да врне дожд,
    и нека е црно бела,
    и нека ги изнесе на виделина сите свои дела…
    Ако си Ти до мене и Таа станува толку неважна и далечна…
    ОВАА ЕСЕН.
    Каква и да е, само помината нека е со Тебе!
    кафепауза.ком.мк
     
  5. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Не, јас никогаш нема да се научам, да искочам на време.
    Или прекасно, и оставам хаос позади мене. Или пак како денес, спремна сум за во школо, само уште патики и готова сум, а автобус имам дури во 12 и 27. Сега ќе си дремам така малце..
     
  6. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    СДК,јас сум од ониие кои со задоволство одат на забар 8) Станав сабајле и со тато под рака отидовме и во петак пак ке одам :D

    СДК2,го мразам времиштево,на ништо не личи! Само ми ја упропастува косата,а и моето расположение,. воедно. :!:

    СДК3,уште малку и на училиште....

    :hai:
    :*
     
  7. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    епа хајјј дружино стара :hai:
    ова времево не го коментирам пошто страшно ме нервира а јас никако да се превикнам на него !
    утре ми е последниот предмет за полагање да го положиме и тој и петак ќе биде дан за метак :D
    па стварно аман веќе ми се кажува од ова колоквиумите ми треба одмор
    на запад ништо ново,со кафето и цигарата до мене го чекам моментот кога ќе седнам да учам за утре
    епа така се учи ден пред полагања ;)
    ајт со здравје
     
  8. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Мразам понеделници ама не знам зашто овој ми е некако убав. Времево надвор е тмурно, а такво е и расположението на луѓето околу мене, но јас блескам - а немам причина за тоа. Едноставно уживам во работното утро (сега веќе пладне), ја планирам оваа плата и имам прекрасни идеи и мисли во глава.

    Многу малку е потребно за човек да биде среќен и исто толку за да биде несреќен.

    Денес јас сум среќна.
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Уште малку и доаѓа време :x уиш ми лак :D
     
  10. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Сакам да му честитам на сите оние кои што чекаат слава денес, напомош да е денот, за многу години :)
    Дождлив, напорен ден и како да учиш после |(
    Утре имам 2 тестој, и 3 испитвања, не се салам едноставно ! :x
    Али сепак јас незнам кај терам, и одам сега малце да си го фатам креветчето не ќе да е лошо :D
    Имајте убав ден и облечете се потопло, ладно е :|
    Ај чао. :*
     
  11. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Пред еден саат станав. Го преспав денот буквално. Еве го почна да се стемнува.
    Убаво ми е, убаво ми е на душичката. Малце ја релаксирам, за ништо не се замарам.
    Убаво било. Ех, да можам секогаш :) Убаво би било.
    И кафево е убаво. Дека е утринско, а е во 2 и 30 часот...
    Мене сонце ме грее, и покрај вакво време, невреме :)

    Имајте убав ден
    http://www.youtube.com/watch?v=3q6fITPI ... re=related
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    вО НАШЕ ВРЕМЕ ..
    со радост ставав кафе или чај и со радост чекав да почни доделуванње на MTV MUSIC AV.
    ли тоа во наше време :)
    Е во ова денешно време не се повеќе VMA ами се VMA
    СЕЛЕна страње авордц и JUSTIN BIBER уште по страње авордц
    Во наше време исто имав врме да се гледам со другарки и по пет саати на ден дури и да останиш без зборови, да снемаш муабет што да зборуваш,од толку што поминуваш заедничко време во текот на денот
    ама тоа во НАШЕ време сега не можиме да се видиме еднаш неделно затоа што секоја си има свое ебано оправдување.
    Намќореста сум да и криво ми е што е така, а не поинаку ...што значи дека кога ќе се мажиме и еднаш неделно не ќе најдиме време за да се видиме |( ,а најголем противник сум била и ќе бидам за овие работи ... ебано носталгична сум денес доста од повеќе и карам како амерички црнец.
     
  13. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Oчајно ми треба едно СОНЦЕ , времево ми е тапа ! :sun:
    Го мразам, ме нервира се :@
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    СДК почнува да ме фаќа мала трема (позитивна секако) штотуку ми закажаа бранење дипломски испит во средаааа !!! Ама тинкербел е спремна 8)
     
    На enca.69, Doozy, rossonerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    На Monna.Monna, teddybear, AnaKarenina и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Ќе си рече човек, фантастичен е животот и се случува следново!

    - добивам мензис баш кога ми се имаат односи!
    - кревам температура онаква, омалаксувачки тупава, на прв ден од работа
    - носот ми се отвара ко чешма, грлово ме гребе, а јас фервексирам за да се смирам
    - волнената капа сестра ми ми ја собрала, а мене ми требаше за вечер
    - книгите што апашлуков ми ги собра, уште не ми ги врати. Ако нешто не поднесувам тоа е неодговорност за позајмени нешта, ах!

    Од друга страна, пак, добар е животот, кога ќе подразмислам.
    Си бевме во Куманово сите на куп, парови ко пред свадба, цугавме ракиичиња, мезе, се кадросавме по тоа ливаѓето, ја три дена не се прибрав дома и мјаукав февруарски, му готвев на мојон, бев на пивопија со луѓе крвопии, да не речам енергетски вампири :rofl: , и контам се повеќе и повеќе дека на некои личности во животот, им фали добра воспитна, евентуално стап по рака ко во учителското од 1934, можда и секс, за да им се разбистри тоа главата пиперева, и на крајот на краиштата - не им требам јас, да им го развеселувам бедниот концепт за живот, нека си кенкаат колку сакаат.
    Едночудо разгалени и емотивно незрели будали.
    А постов, демек требаше да е резиме а не мразиме момент, ама што има врска.
    И онака ништо не осеќам ради носов, ми се спие од прееска, а дремам тука и барам онлајн да симнам некои безполезни податоци.

    Врне надвор, онака, плукачки. Чисто ради атмосферски притисок, во буквална смисла на зборот.
    И малку да се развеселиме, изволте! Со оваа песна го будев мачорот и ми вика: Ти не си здрава, во 7ипол се станува ли воопшто, а не па да се пеат вакви песни?
    Што можам ранобудник сум! А је!
    Позз: http://www.youtube.com/watch?v=iu2iPIEw ... re=related
     
    На la-chicka и eli25 им се допаѓа ова.
  17. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Првпат во ова мое животче јас внатрешниот немир и емотивната болка ги лечам со храна...
    Оброк мц доналдс и едно мц флари...денов работен стана поподнослив...
    Вечер не планирам да готвам, нит муабет да правам, за дома купив од моето омилено сиренце мувлосано, пршута и винце...
    Сега чекам да ја напуштам работнава просторија што побрзо, и домче, еден туш, музиче, да читкам и да се опивам, ...не многу...додека да заспијам само...
    Не знам дали е до мене, околината, времето, ама јас морам да видам до каде сум, што е со мене, што од зацртаното е остварено, а што не, што не е, да се најде начин побрзо да се реализира...
    Морам да ги разбистрам мисливе, ама пред тоа добро ќе ги заматам, вечерва...
    Ете така, првпат реков, ама убаво било, еј...
     
    На Magnolija, sesilija, Artemission и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Среќна нека ми е 21! Блекџек! Америчко пунолетство. Раситнета триеска.
    Поради колоквиумските обврски ќе треба да го одложам славјето за нареден ден. А денес ќе уживам во благо и книги :)
    Повелајте :)
    [​IMG]
     
    На Magnolija, Monna.Monna, AnaKarenina и 10 други им се допаѓа ова.
  19. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Ми се оди по снег, додека вее снег, по џемперче. :nod:
    Звукот што се создава кога крцка снегот под чизмичињата е незаменлив. :smirk:
    [​IMG]
    [​IMG]

    Зимата си ја чувам во себе. Зимско дете.
    Поромантично е некако да одиш по снег, отколку во лето по сонце. Иако се смрзнуваш. Посебно предновогдишната еуфорија. Украсени куќите, по улиците светилки, да ти е милина да се смрзнуваш.
    Плус го обожавам оној допир од шалот на вратот. :mm:
    http://www.youtube.com/watch?v=D0P5rMBU9b8

    Ах, Каша.. ]:)
     
    На teddybear, AnaKarenina, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Ме нервираат луѓе со преголема самодоверба. Мислат цел свет им е под нозе. Јас разбирам да се сакаш себеси, задолжително е нели, ама што е многу-многу е. Или барем не ги омаловажувај другите... Нема совршени луѓе, face the reality! :!:
    Па уште да имаше за што да си се сакаш толку...

    Не ми замерувајте денес, нешто сум изнервирана и секакви работи допираат до мене. Мислам дека штом отварам уста, оган фрлам... :D Знам и кој е крив за тоа, ама ај.
    Цел ден ќе си го поминам ако треба затворена во собава, денес не сум за пред луѓе, мислам дека со сите ќе се испокарам. :x :x :x
     
    На julie77, crazylady и Doozy им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.