[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Лоша е комбинацијата,кога дома имаш човече во пубертет и жена во климакс.
    Ма тоа се промени на расположенија од секунда во секунда,гадни караници се случуваат,непромислени зборови се кажуваат..
    Ќе внимавам и ќе пазам се надевам,искрено да не се најдеме во оваа ситуација,јас и детето мое,како јас и мајка ми.

    Ма ужас.


    P.s Утре имам два важни разговори кои треба да ги направам,wish me luck,искрено ми треба!
    Ќе се пофалам во темава,ако извршам барем еден од нив :)
     
  2. srn4e

    srn4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    111
    Убаво е кога знаеш што сакаш да направиш во животот,тогаш се чувствуваш полн со енергија за да ја дочекаш зацртаната цел :angel:
     
    На Serafima и A-j-a им се допаѓа ова.
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Ќе ставам крај на нешто со болка во срце, ама ќе почнам од Почеток со големо П!
     
    На Serafima, stylishh, IvanaMkd и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    124
    Знам како ти е... Ако толку сака да готви речи и нека готви нискокалорична храна ,здраава храна, разни салати, повеќе посна храна така барем ќе знаеш дека не внесуваш само празни калории.
     
  5. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    [​IMG]

    Toa. :bow:
     
    На Annath, Trendafilka, anabel-a и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    124
    Тоа е навистина лоша работа. Можеш да и речеш да разговара со професорката, а ако таа не и обрнува внимание нека се пожали кај педагогот, директорот на училиштето, ако е сигурна во своето знаење моше да ја испитуваат и пред комисија и тогаш же докаже дека знае и заслужува повеќе :)
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    Денов ми беше што би се рекло - total waste of makeup...
    Милион пати сменив планови, расположение и телесна температура.
    Правам некои чудни комбинации на храна, по цел ден слушам музика за која претходно не сум ни знаела, поставувам банални прашања и испраќам некои пораки невозможни за дешифрирање.
    ПМС-от ме гони, ми се заканува, а овојпат има помош од температурава и трескава што ме дрма како струја.
    И сега е моментот кога животов треба да ми даде лимони, зошто денес изедов цело кило, а пазарот веќе не работи. Па да си направам една освежителна лимонада и да го згаснам телово што ми гори.

    When life gives you lemons, фино лепо ќе си ги земеш и ќе си ги чуваш за болникави денови.
    [​IMG]
     
    На IvanaMkd, Noemi, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Зошто некои членови на форумов се толку дрски и вулгарни и се караат, а не полемизираат???!!!
    Побогу, форум е ова, се занимаваме, си дискутираме...Опуштено...
    Не можам да разберам како некој може толку да се изнервира и да изгуби контрола за некоја банална тема и во тотално виртуелен свет?!
    А, кога би бил муабетот во живо :!: ? Ццццццц......
     
  9. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Чудни се луѓево. Бараат искреност, а кога си искрен, некако не им е баш право.
     
    На Serafima, Strumfeta93, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Неделава бааѓи бељи напраив. Многу сум лоша.
    Прво, на професоркава, која ни криви ни должни, на цел клас ни ги намали оценкиве, цел час сне и титикале со скирен број. Ама има еден телефон, многу јака мелодија има. Како труба да труби. Женава е така дебелка, била избрана за мис на Велес. Некогаш. Титни, трча таа накај телефонот. Се лути, се нервира.
    Второ, на братучетка ми и пратив букет цвеќе. Таа мрази букети, мисли дека се патетични. Букет, со цвеќето што е алергична, и се потпишав со А. :lol:
    [​IMG]
    Трето, многу важно. Незнам кој ѓавол ме натера да ја отворам темата Зини земјо голтни ме. Некоја што постирала како мочала позади Собрание. Имав презентација германски. Презентирам за културата. Ми текнува на случкава. Ќе се помочав од смеење. Солзи ми течеа. :rofl:
    Арно што професоркава ме пушти до тоалет, инаку јас ќе се помочав таму, и за беља ќе ме ставеа на интернет. Па не 3 дена, 30 дена нема да спијам. |-)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ми се вратија оптимизмот и самодовербата. :rofl:
    Преубаво се чувствувам.
    Можеби ова е поради тоа што ми рекоа дека нема ништо да постигнам и ќе бидам несреќна...ако баш тоа ме охрабри повеќе. :P
     
    На Chocoholic, stylishh, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Понекогаш....
    Еве баш како сега...


    тапа сте |(

    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  13. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Страшна работа е иднината. Страшно ми е колку живот ме чека... Страшно ми е уште колку луѓе ќе дојдат и ќе заминат...
    Може нив нема да им биде страшно што ќе ме немаат мене...
    Некои се враќаат... За жал, обично тие што најмалку сум очекувала дека ќе се вратат.
    А за некој што ќе чекам цел живот - нема ни да дочекам.
     
    На Chocoholic, Peppermint, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Многу е тренд да запросуваш у јавност еве Сашо Коцев ја запросил девојка му на Бубамара се запрашувам дали воопшто ќе има веќе интимни запросувања.. Ова премногу ми е.. Ах Шител што им стори на луѓево!
     
    На crazylady, Peppermint, anabel-a и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Секогаш нешто не е како што треба.
    И секогаш од тоа СЕКОГАШ кривицата ја бараме кај ќе стигнеме: во дворот од комшијата, во скинатите хулахопки на професорката, во чизмите на колешката, во цените на пазар, во некоја незнајна земја во Африка, во птиците преселници, во ланскиот снег, во чајот што поскапел....

    ...А никогаш не сме се досетиле вината да ја бараме во себеси. Вината дека секогаш нешто не ни чини.
     
    На Meggy, bittersweet, Serafima и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Две од најдобрите другарки ќе одат да учат во странство. :( Мислам, јас ги охрабрувам да аплицираат, мило ми е за нив, знам дека овде нема некоја голема надеж.... Но не можам да прекинам да имам некое чувство кое ми кажува дека ако отидат, многу тешко дека ќе се вратат овде освен на краток одмор или распуст. Да, сакам да се иселам одовде, и сите сакаат, ама не мислев дека тоа ќе биде така наскоро. :(

    Треба да ми дојде. Ми се нафрла лицето. Прилично невообичаено за мене.

    Немам инспирација за ништо, јас би само да спијам. А и во тоа сум спречена од сите звуци во околинава. :doh:

    Касно е да аплицирам за во Германија. Ќе квачам дома цело лето. Е од ова ми се плаче, најискрено ми се плаче. :x Шта речи, кој нема во мозокот, има во газот да седи цело лето дома и да вегетира.

    Додека трепнав идат колоквиуми. Здраво цела Граматико на Конески, ќе се запознаваме викендов.

    Три родендена за еден викенд, буџет на вери тин ајс. :sweat: Само викам, за убаво пари да се даваат, налет нека се.

    Feeling like a total failure this week! :x
     
    На fashionista, bittersweet, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Ја сакам ноќта. Тоа е делот од деноноќието кога имам целосен мир. Тишина, или пак тивки звуци од омилената музика. Се е толку убаво...
    Ноќта ме потсетува на мир, на љубов и страст.
    Ме потсетува на свежина, прекрасни мириси.
    На фантазија и замисленост.

    :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Serafima, IvanaMkd, TeddyGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    24.188
    Пол:
    Женски
    И конечно добра, радосна вест! Татко ми ќе оди во сабота, здравје, во Италија, повторно! Фала ти Боже! Среќна сум, ми се симна камен од срцето.
    Само тоа сакав да го кажам :)
     
    На Serafima, mims-89, LilBaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Апетит на нивоУ + другарка која е вечито гладна и стално бара друштво за јадење = вишок кг по цело тело. Ослабни едно кило - здебели се две, па обратно и се' така во круг.. :worried:

    Секоја промена не е добра. Лошо е кога се прават драстични промени. Барем мене не ми е добро. Сменив боја на коса, попаметна станав демек.. Ми се плачеше вчера, ќе пекам сега по плаво.. ;(
    Женска логика. Кога не можеш друго да смениш - удри на косата. Таа се' трпи.

    Продолжува лицемерието околу мене. Напредно ниво е дури. Денешен заклучок: Морам да научам да ги прифаќам луѓето такви какви што се - макар и злобни. Џабе нервози кога не можам да ги променам..
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.878
    Допаѓања:
    163.572
    Абе знам кај терам,ама го претерав овој пат!
    Здраво,јас сум Лилит и постојано си ја барам бељата.
    Сериозно,ми треба малце мир...ама сериозно!
    Не можам да постигнам!
    Немир во рајот! Пурјачиште невидено! Па после не бил у право...
    За три дена 3 кг мањак...а да ви кажам дека јадам фаст фуд,рецимо тоФче или чикен и ми е једини оброк?! Фак јеа! :D
    Еј и многу сакам да ве поздравам со една ексклузивна и опасна песМа! :D Сите сте срцки!
    http://www.youtube.com/watch?v=jTVURnA7 ... re=related
    Сашко Коцев од денес за мене не-по-сто-и! Чао!
    Еј и ... уште не извадив лична карта. Собирам храброст.
     
    На A-j-a, IvanaMkd и Gordana10 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.