[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.427
    Допаѓања:
    6.268
    Женските кои биле зафркнати од страна на машко, па после плачат по нив - не ги сфаќам. Односно седам веќе 2 сати и се обидувам да сфатам... Дали затоа што јас сум таква и очекувам сите да се такви или затоа што знам дека е ситуација за која што стварно не вреди да мислиш на него, стварно незнам. Месецов беше чуден пресврт на настани околу врски во мојов живот а и од мои блиски другарки. Се искусив. Од изневерство со мување, изневерство со секс, планирање изневерство до измешани емоции... Машките се неверојатни суштества, неможиш никако да ги разбериш (Не дека се трудам)... Го пишам постов не заради мене што ми е тешко, туку затоа што гледам какво им е расположението на сите околу мене и тоа ме боли многу. Мојата ситуација е решена, нема солзи, нема мислење, нема молење - колење, а особено не патење и сечење вени, туку само страна испишана со "предвидената иднина" која наеднаш е скината, стуткана во топка и фрлена во ѓубре за да можам слободно да продолжам да си ја кројам иднината по нов терк.

    Не ви треба машко да сте целосни.
    Барем мене не ми треба, посреќна сум кога знам дека живеам живот без лаги..

    П.С. Ќе ве замолам тензиите на форумов да се намалат, не е забавно да читаме караници..
     
    На crazylady, Rock-a-Fella, IndieGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  2. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    Колку убаво, само мене последниве ноќи ме потсеќаат на дружење со книгата (учење) и мотање на едно исто прашање во мојата глава, Што сака да каже професорот во книгава? Не сваќам која е смислата на тупење на една иста ствар од сите можни аспекти? Офф ДОСАДНО!!! побогу. :yawn: Ееее денеска у мода ти е да имаш напишано книга, кај нас кој стигна писател се напраи. :^) Мисам страшно. :x

    Ајде доста ми беше паузата, си ја изгледав серијата, сега на зад на учење.
     
  3. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    Сакам да кажам дека почнува убаво филмче на канал5
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Денес кој се најде сака да се кара со мене, незнам дали сум толку интересна, талент или пак немале со кого. Ама сигурно заборавиле дека "нашле" со кого. Јас на ѓаволот му ја знам дупката а не на таквите само едно ме спречува,...јас не сум мрак како нив. Јас никому не му посакувам да го види мракот. Сум живеела 2 недели во мрак и знам колку е тоа лошо.
    Затоа ви препорачувам мили мој, не ми го покажувајте мене мракот...можам многу брзо да ви го доловам!
    :^)
     
  5. Elina

    Elina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    65
    СДК воодушевена сум,видеово ме израдува ко мене да ме побарале за жена :D Ако ве интересира кој,што,како отварајте spiler-нема да зажалите ;)

    http://style.mnogoo.mk/mk/articles/Ljubov/sashko-kocev-ja-zaprosi-svojata-devojka-video
     
    На Rubiii, lolyta777, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски

    Ова навистина има емоции и ми е поприродно за разлика од претходно што видов, повлекувам збор искрено е....!! Убо ми дојде ова сериозно!
     
    На Elina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Рекламите на Office Plus треба да се забранат! Поретардирана реклама немам видено.
     
    На Lepaaa, Meggy, kate21 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    165.811
    Не.ми.се.спие. Не можам. Ме мачи кој пратеник со која Наташа се допишувал (мајке ми се усрамив и не сакав да му ја читам пораката на чоекот,свртев поглед!!!Луда сум!)... Лажам... Ме мачи како утре на ова млако време ќе си го кренам балонот во воздух. Ме мачат моите будалштини и турлитави. Ме мачи запеченана боја. Со шпакла треба да ја ринкам,а може и така да ја оставам. Летото имав една емотивна точка на ѕидот...ја шљакнав во момент на немоќ и ...со тешко срце ја закречив. Имаше убаа форма,глувареста,некако...убава бе,емотивна...
    Јадам сирење во ситни часови. Утре петок,па ќе се поднесе,некако...Ќе им пуштам музика,баш ми е гајле.
    Мразам кога ме кубат за коса,а при тоа нема никаква врска со палавење по бели долини...чаршави... игра, ма нешто во наива.
    Ме мачи што идеите ми се појавуваат и губат како кога бевме мали и ќе се обесевме на прекинувачот на светлото.Штрак-штрак,штрак-штрак...
    Забележав дека ја губам инспирацијата кога некои луѓе ги имам во животот повеќе од потребното. Си имаме скршена комуникација и многу очекувања,идеализирани и незрели така речи. Е добро де...само да прифатат дека толку е работата.
    Некој ми се беси на месечинава. Ме угуши. Скроз! Не ми ги потсекувај крилата,море еј! Кој си ми,што си ми?! Неодредница,птица преселница!
    Некако има температура. Ме обвини за тешки злочини по мажињата во мојот живот. Си трепкаш, се смешкаш, ја врткаш косата низ прсти, па што сакаш после?! Е де! Де! Аман!
    Некои се откажаа од јавно пишување на биографии. Ми се чини...тајмлајнон на фб арна работа заврши.
    Измишљотини и дрндупки. Необврзни муабети и балони од мастики. Гушкање и топлина. Си имаме сите по некоја чудна врска...јас својата ја изгубив. Повеќе не бараме причини и последици,не бараме луди конекции. Само чувствувам дека му минува интересот. Е не дека не го знаев де,ама и ме подрадува. Не е таков човек.
    Јас си ја имам моќта.
    Не знам што чекам да се случи...ама чекам да дојде пролет. Тогаш сигурно ќе сум заљубена.
    Си отпишав некого од животов и ми падна грутката ... сега ме боли стапалото!
    И така...а да спиев?! Некој заспа и ме заборави...да ми шепне добра ноќ. Што убаво...спие...луѓе мили. Бебласто,прекрасно...си диши рамномерно...Му ја галиш косата и ги отвара очите,се насмевнува и паѓа во сон повторно. Ме гушка,ме стиска,ме обликува како што сака...ме префрла од една во друга рака,ми ги мириса образите и ми зборува дека сум шеќерно перниче,оние бонбоните кои ги даваат само стари и добродушни дедовци на своите внуци. Е баш ми е свилена бонбона! Зелена!!! А јас сум бела со розе риги! Љубов...во чуден облик... Ќе си бидеме пак...нешто и многу!
     
    На kate21, zhap4e, TeddyGrey и 2 други им се допаѓа ова.
  9. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Уште една вечер успешно му избегав на сонот.
     
  10. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Ептен сум не креативна деновиве...Станав рано недоспиена и тоа е сега производ на мојата не креативност.Мразам кога незнам што да кажам или што да напишам или не ми идат соодветни зборови.
    Тоа е знак дека нешто не е во ред со мене. "If there's nothing left to say,then something's wrong"...

    И зашто секогаш кога ќе помислам дека се' е во ред, светот буквално ми се превртува наопаку за една скапана секунда поради една мисла помината низ мојава си глава?

    Ама добро, оптимизмот и позитивноста што ја стекнав неделава во прилично многу количини, ме одржуваат некако да стојам со ладна глава на нозе.

    Петок денеска, само 4 часа, love it! :wasntme: :rock:

    http://www.youtube.com/watch?v=iJgxJ6JrPkc

    Ајт чаоска!
     
  11. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    44.025
    Рано станување е еквивалент со грациозност на нилски коњ. :doh:
    Се муртам, ме фати грч во спиење. Сум го турнала телефонот, книгите. Којзнае што сон сум сонувала!
    Со тате утринско чајче. Мама на работа, оставила порака на фрижидерот да сме смотале сарма до после.
    Ќе видиме.
    Помислив на тебе и добив нагон да ти дојдам, да те соблечам и да ти ги бакнувам тетоважите. Признавам! :devil:

    Со мал број луѓе треба да се видам. Бараат раскажување, воздишки. Си велам, да не претерам. Но не можам да се сопрам кога раскажувам. Очите ми бојат колачиња, носот ми душка табуле и фалафел што испарува под пилешкото со лимон, рацете готват мадлен, со газот брцнат во чоколада, цела симфонија вкусови и синестезија на вечниот Хедонизам.
    Пијаното ме ниша, слушам тивко, како да е табу да уживаш. Правам некакви кругови со носот по воздух. Како кога ловиш мирис на тазе печен леб? Ете така.
    Сашко Коцев ја побара девојка си за жена на манифестација пропратена со пеењето на Каролина. Благ фалш и буба мари во воздух. Се расплакав. Ме фаќа страв да помислам што е следно.
    Си тлееме де! Знаеме кои сме, какви сме, си градиме традиција.
    Ми дадоа идеја за кулинарски блог, но веќе ми е депласирано некако тоа. Можеби би правела емисија, и јас како Алачки, со француски маникир ќе брцам прсти во ајвар и тесто :|
    Ма, би отворила мини буланжерија, ака пекарниче, за мини перници од Љубов и среќа.
    Ќе видиме само дали залачињата воопшто ќе имаат цена :P

    Денес, ќе биде обичен петок. Со необични патенти. До 00 сум на работа.
    Не одговорив на неколку прашања. Не од инает, оти немам веќе инает. Туку, зошто навистина немам што да одговорам.
    Што има јас да му ја мислам, нека му ја мислат другите.
    Ќе си пешачам на Водно, ми недостига динамиката на движење.
    А може и само ќе гувеам ко млада невеста.
    Обичен ден.
    Отвори - затвори.
     
    На eli25, zhap4e, CIA и 2 други им се допаѓа ова.
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Растеме нели? Со болките наши најбрзо и најреално! Живот.. Ме создадоа и ме пуштија да созревам сама, ама моето созревање е болка која ја гледам секој ден во очи. Понекогаш машко срце во тело на жена чувствувам.. а сега сум во потрага, ама ко што велат подбро е да бараш и да не најдеш среќа, отколку воопшто да не побараш среќа..
     
    На kate21, Serafima, CIA и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Епа ај да не се заљубив.
    [​IMG][​IMG][​IMG]
    Мало мало ама техничарче. :$
     
  14. Kasandra123

    Kasandra123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    22
    Се сликав за таблоооооооооооооооооооооооооо :D :D
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Како прво сакам да кажам дека врска на далечина не е за емотивно нестабилни. :!:
    Мора да имаш коњски живци и да си психички како железо цврст за да издржи таа врска.
    Мене фактот дека нема да го видам уште една недела ме ужасава.
    Значи цели 2 недели без него.Цели 2 недели без неговите прегратки.Цели 2 недели без неговите бакнежи.
    Само јас знам како ми е..
    Се чувствувам како да стојам во место.Како да не сум корисна за ништо и никого.
    Ете така,деновите си минуваат,а јас си останувам иста,на исто место.
    Сите си кројат планови и си смислуваат идеи..Си замислуваат и очекуваат.
    Јас не планирам ништо.Немам идеја ни како ке ми помине викендов.
    Само знам дека очекувам да седнам за викендов и да го научам заостанатиот матријал за училиште.
    Очекувам во недела да се избањам убаво и да се опуштам.
    Тоа се моите планови за викенд,во главно.

    И ке издржам.Ке издржам за него.За мене.За нас.
    Ке поминат брзо овие денови без него..
    Се надевам. :x :tmi:

    Имајте вие убав викенд.
    Знам дека многу од вас чекаат цела недела за викенд,за петок,за забави.
    Ве гушкам!
     
    На WildCherry и angel92 им се допаѓа ова.
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Почнав да си праам лоши филмови во глава. Само затоа што ме боли кичмата. Хипохондрик што се плаши од доктори, полоша комбинација не можеше.
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Ај ќе бидам искрена, обожавам кога слушам муабети за мене. Озбилно. Сакам да слушам што мислат луѓето за мене, да слушам како ме навредуваат зад грб додека во лице ми се прават фини, а на крајот целата вина ја префрлуваат на моја сметка. Ама ако. Не ми смета. Напротив. Има луѓе кои знаат каква сум, а има и некои кои си имаат замислена слика од мене, ме гледаат таква каква што сакаат да ме гледаат. Како што им одговара. Таман за да бидам тема на озборување.

    Не ми е гајле кој што мисли за мене, ниту се замарам дали некој ме мрази или не. Бидејќи и јас ги мразам нив, повеќето. Многу малку луѓе ми одговараат, многу малку. Единствено нешто за кое ми е жал е тоа што луѓето се мешаат онаму каде што не им е местото, како сол во секоја манџа. Секаде се присутни, тие баш се знаат, се мешаат баш секаде. Мора се да расипат, да направат фама, да направат проблеми, а после тоа се вадат со бедни изговори. Барем со аргументи да се правдаат, не вака. И жал ми е што немаат свој живот па се занимаваат со туѓите проблеми, постапки и интереси. Срамота. Наместо да се погледнат прво себе си и да ги погледнат своите постапки, па потоа нека зборат за другите. Жално е. Многу. Дволичност, љубомора, завист на сите страни.
     
    На x.Daisy.x, L-enna, MandyLane и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
  19. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    2.601
    Пол:
    Женски
    Ах што прекрасен ден. Конечно ќе можам да кажам дека си имам своја сопствена соба, неколку дена ќе е моја, али најбитно е само моја :D Конечно ќе можам да си ја средам како што сакам и во неа да правам што сакам. Брат ми отиде неколку дена кај девојка му, ма цела година нека си поседи таму ако треба :)
    Инаку конечно и јас излегов малку од таа депресија што ја имав во себе неколку дена. Конечно можам да опуштам и релаксирам како што треба.
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.472
    сд и к на Tрендафилка
    дај отварај пораките ајде :D :D
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.