[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сеуште има од оние мажи кои даваат број на смешно парче од хартија... Почитувам.
    Интересна вечер.

    Страшно е можеби што се не чека, ама и убаво е. Живот.

    Кога се враќам наназад и не помина многу време. Можеби ми проаѓаше споро, но сега го фатив темпото и задоволна сум. Барем проаѓа.

    Ме чека серијата.
    Поздрав и ве сакам :*
     
    На Peperutka90, eli25 и Lepaaa им се допаѓа ова.
  2. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Како може а сум толку наивна бе?!! Каде вака во животов?
    Морам да престанам да гледам на се со некои розеви очила, секогаш се трудам да го гледам само доброто во луѓето, и на крајот сум многу разочарана. :worried:
    Немам ни никаква контрола....
    Не знам ни што сакам, која сум, што ќе правам.... Ништо не знам.
     

    Прикачени фајлови:

    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто но вми се увртело во главата дека сакам да бидам модел,но само фото модел не манекенка...сметам дека би ме бивало за тоа :lol:
    се восхитувам на луѓето кои сликаат како успеваат да доловат толку прекрасни слики.
    Мојата најдобра другарка Ана прекрасни фотографии има,немам коментар,секогаш сум и се восхитувала. :)
     
    На ceca-1 и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  4. Somnitelno-Lice

    Somnitelno-Lice Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    248
    Вечерва ме фати некоја чудна носталгија по Мечето Ушко :worried:
    Каква само феноменална појава беше тоа мече. Совршенство од карактер.

    Сега на спиење. Имајте добра ноќ :hai:

    http://www.youtube.com/watch?v=fPYB8uuy ... re=related
     
    На Strumfeta93, Magnolija, Theodora и 8 други им се допаѓа ова.
  5. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Сакам да кажам дека слатко се насмеав сега кога се потсетив на едно далечно лето, во една Германија, кога бевме поголем број на луѓе, седнати во ресторанче, и еден од нашите дечки, напиша на салфетка Du bist sehr schön, наменето за келнерката.
    Девојчето беше срце збунето откако го прочита тоа :lol: :lol: :lol:
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Нека ми се честито 1 година и 1 ден членство на форумов! :!: :D :party: :dance: :rock:
     
    На cigarce и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  7. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.030
    МОРАМ ДА ВИ ПИШАМ И ДА ГО СПОДЕЛАМ СО ВАС!!

    прекрасно утро,мириса на пролет


    патувам далеку
    разгледувам и убави и неубави градби ,куќи згради,колиби

    улици со дупки,полни со вода и брзи таксисти и шофери кои сите успешно ги погодуваат

    ја гледам мрачна на 4-5 спрата стара зграда,се движам кон неа (секако не сум сама)
    обезбедувањето е веднаш до нас-така требало (морници ме лазат)
    ----ми мириса на дрога,на алкохол,на проституција----

    влеговме,голема просторија одоколу полно столици кои затвараат еден круг

    на крај дојде и таа ни раскажа страшна приказна,ми се всади длабоко во мојата глава-нема никогаш да ја заборавам

    се лечи да,а претходно се дрогирала,младите години ги изгубила,но изгубила и нешто повеќе--скапоцено го изгубила својот партнер од предозирање со дрога,не успеала да го спасе!!!
    потоа го изгубила и својот татко-не издржал од големите нервози,срцето му откажало

    на крај се изгубила и таа самата во животот,страшно. сега има само 33 години,а длабоко е нарушен нејзиниот живот

    многуте прашања од нас ги одговори со срам и со наведната глава

    ЖАЛНО

    излегов со голема поука,немојте млади луѓе не посегајте по дрога ако не за вас за вашите најблиски -не им го уништувајте животот

    еве ова нека биде една поука од горко искуство кое го видов и не би сакала никогаш да го доживеам
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    Се врткам околу него како маче. Зготви толку убаво јадење шо не знаев како да го изнагушкам :lol: Внук му се вртеше околу нас: Девојката на вујчеее! - ќе извикаше и ќе ме гушкаше. Беше дел и од нашиот романтичен ручек :lol: Дете мало, кој знае што си замислува. Едно време му рече: Ти вујче женско си? И се гледаме јас и тој така збунети. Зошто мислиш така? , го праша. Па женските готват, а не машките!
    Еееееј, си помислив - уште од мало така си зацртува во главата. Убаво се изнасмеавме и му објаснавме дека тоа веќе не важи :!:

    Вечерва ептен опуштена, чоколадна торта :^: и Lord of the rings II :~:. И многу бакнежи :*

    Што да ви раскажам друго.. едноставно уживам и вистински се радувам!

    Имајте убав викенд девојки :f:
     
    На kate21, MissSpark, IvanaMkd и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Сакам да ви кажам дека бунар + кафетин менструал + вотка боровница + мајонезна салата + ладен сендвич на пола + чоколадна торта е многу, многу, многу лоша работа. :puke: Желудникот ми игра топтан, саатот е 4, абер немам од легнување, во собава паднала атомска бомба додека ме немало. Зарем вака ја оставив, можда сум грешка?

    И не, алкохолот не ми ги реши проблемите, само ми ги понагласи. Добро де, и во ПМС сум. АЈ ХЕВ МАЈ ИШЈУСССССССС ПИПЛ; АЈ ДУ! :!:

    Сега, чоп, чоп, ајм оф ту бед. Или што би превеле - Сечкај, сечкај, одам во кревет. :geek:

    п.с. Одамна мислам да ви го кажам ова - Жена без гради и задник е како јакна без џепови. Не знаеш што да им правиш на рацете. :rofl:
     
    На kate21, fashionista, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.913
    Допаѓања:
    11.125
    Пол:
    Женски
    сдк дека се возев до дома во 3.00 и беше супер мислам поубаво ѕвездено небо не сум видела никогаш...прекрасна глетка...ајде добра нок спијте убаво :*
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Одамна немам напишано нешто. А ве читам тука, ве читам секој ден. Зборувам генерално. Креативноста во последно време не ми е на највисоко ниво. Ниту пак некои други работи, како ентузијазмот да речеме.
    Но веќе денес се чувствувам подобро. Мразот се топи, улиците се суви, времето е топло. Ја сакам пролетта. Ја чекам пролетта со раце ширум отворени. Денес видов кокичиња во дворот и тоа е добар знак.
    И повторно сакам да почнам од ново. Секој ден почнувам од ново. Постојано сум незадоволна од себеси, без некоја конкретна причина. Not an attention seeker, но да не е некое растројство ова? Или опсесивно-компулсивно something? Или едноставно тежнеење кон перфекција?
    Но мојот живот моментално е далеку од перфекција. Мојот живот моментално е една голема шкртаница. И не само моментално, кога малку ќе подразмислам. Мојот живот Е една голема шкртаница. Бил, ќе биде(?). Сакам подобро и можам подобро. Нешто сериозно не е во ред со мене. Можеби само ми се спие.
    И да, повторно легнувам многу доцна. И повторно ми го крадеш сонот :) Но јас обожавам кога ми го крадеш сонот.
    Треба да пишувам почесто, полесно ми е. Треба и да фотографирам почесто. И да излегувам почесто, да читам повеќе, да спијам повеќе, да јадам помалку, да кажувам што мислам, да бидам искрена, да се смеам и да ги засмејувам луѓето (на позитивен начин, секако). И да престанам да зборувам во проклети метафори, компарации и слични стилски фигури. И да престанам да го користам ’проклето’ толку проклето често. Од денес ова е мојата животна философија :)

    Добра ноќ добри луѓе :D
     
    На Strumfeta93, WhiteSwan, L-enna и 2 други им се допаѓа ова.
  12. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Срцето ми лупа, градите ми треперат од возбуда.
    Треба средба со една посебна личност, а вечер сум на големиот карневал. :party:
    Вчера на школскиот маскенбал освоивме второ место за групна маска.

    Со среќа да тече денов... :)
     
  13. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Good morning people!!!
    Надвор времето е пре-кра-сно! Сонце колку сакаш! Неможам да му се изнагледам!
    Кроете планови што ќе правите денеска, искористете го денов максимално!

    :sun: :sun: :sun:
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    сдк дека едвај чекам да излезам со моето куче на шетњаа , ппл конечно убо време ,а ова чудо од куче само вратата да ја отворам од колата и ке знај каде одиме ,и оп одма на предно седиште си се мести таа :lol: само да невиди непослушко ,ке ме скршии ]:)
     
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.194
    Допаѓања:
    124.752
    Toпло кафе и топол ден :f:
    Мирис на топол бурек со преубав,крцкав вкус,тоа само мама може така да ме разбуди :mm:
    Доста е денот да ти почне насмеан,знам дека ќе биде убав.
    А и сабота е,што друго да посакам?Ме израдуваа моите,дојдоа на гости,па планирам утрото да си го потрошам на убавини со нив. :)
    Имајте и вие убав ден,а со оглед на тоа што надвор свети силно она за кое што се молевме зимата,знам дека ќе ви биде убав :)
     
    На maca99, Doozy, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Точно е она дека кога си среќен, инспирацијата тлее и не може да се развие во креативен набој. Барем кај мене. Толку лесно пловам, што не ми требаат зборовите за да склопам некоја песна, текст.
    Надвор грее сонце како да е март.
    Се думам, да не е точак time? Не знам, ми е шубе да не настинам.
    Динамичен, за првпат активен а слободен викенд.
    Утрово тргна со мјаукање, план за шетање по паркови и зеленило, пита за појадок, на мама рефератите и репете спомените од животот во Кичево, рокнат телевизор кој никој не го гледа, а богами ни слуша, едноставна симфонија на убавата Сабота!
    Ногава ми се згрчила во спиење, сега ме мачи, ме нервира. Што ти прават редовни пешачки дистанци и веднаш потоа враќање во канцеларија!
    Сакав да кажам, дека немам нешто многу паметно да речам. Си пишувам онака, да споделам чисто информативно колку сум заборавила што значи викенд. Што значи два дена на Маврово со палачинки полни нутела, оган во камин, трачарење на големата спална со моине женски, глодање пченка за ручек и слушање Eva Casidy до доцна во ноќта.
    Можеби сведено е нашево живеење на инстант случувања. Не сакам кога ми ја рушат спонтаноста современите текови, но учам да разбирам.
    Понекогаш, доволно е само симфонијата да ја оставиш да отсвири и да речеш: Е, па да, ова е мој омилен дел! И тој да ти пее во мисли.
    Утре одам на тајландска масажа, па што сака нека е. Чисто крцкање и мекнеење со љубовта.
    Што би можел човек повеќе да посака?
    Задоволна и задоволена сум, мирувам.
    Во сиот тој спокој не барам веќе ни грам нешто повеќе.
    Сонце, ти благодарам што излезе и ни даваш мир!
    Ќе одам да го црпам, со огромна лажица.
    Слатко од Сонце.
    Најдобрата компарација денес.
     
    На kate21, AnaKarenina, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  17. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.431
    Пол:
    Женски
    СДК го дочекав и тоа некој непознат дечко во 2 по полноќ да ми ја испее песнава на телефон. :D
    http://www.youtube.com/watch?v=zk3ruFAPNr8
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Сум спомнала некаде дека не го сакам баш денот,ете пак ќе кажам.
    Не го сакам па колку сака нека е сончев.Во овој период,пред дванаесет сум најнервозна и некој може дури и со најобична реченица да ми го качи притисокот.Не сум навикната да станувам порано па можеби поради тоа е.А баш сакав денес да отспијам но не,мораше да се разбудам уште во осум |( .
    И што ќе правам сега цел ден? Тоа па тоа,тоа па тоа,тоа па тоа...Денот ќе ми биде како да сум станала на лева нога,осеќам.
     
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Резервирав билет за дома, срцево ми трепери сериозно, ќе си ја видам нејзе. Организирав викенд на Плачковица за мене и нејзе и сестра ми со ангелчињата. Два дена сакам да си дадам време само за нив. Ми недостигаат долгите разговори со сестра ми, нејзините совети, бодрења, расплакувања, прегратки, осмеси. Ја сакам бескрајно многу, мој борец е таа. Им купив поклони мали ама весели.

    Морам да признаам ми фали Скопје. Толку многу. Ми фали онаа динамика која ја знае да ја дари, а некогаш и меланхолија. Ама својска е.. се пронаоѓам таму. Сакам да се изгубам меѓу сите тие лица кои повеќето се покриени со маски ама не ми сметаат. Ми фали да водам љубов со калдрамата низ чаршија, да земам апаратот и да сликнам старост. Мирис на кебапчиња, ракии, грееното вино со потпечени тиквички во Менада, костени, се тоа е дома. Средби со лица мои познати кои едвај чекам да ги штипнам. Договор за нова средба со една наша феминка, да се споиме од два различни града од Европа во нашиот - дома.

    Ма лебдам во мисли, договорено љубовно смирување, фотосесии, средби со професори, трчакници. Има да си дарам моменти.. си одделив еден месец за дома и ќе се предадам.. ќе постојам..

    http://vimeo.com/33984696
     
    На JoxyTheFreak, kate21, bittersweet и 20 други им се допаѓа ова.
  20. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    513
    Преубаво утро :sun: :sun:
    Се разбудив уште во 8:30 и покрај тоа што е викенд. Сончевите зраци кои ме галеа по лицето ме примамија да станам толку рано, да посредам низ дома. Ви посакувам најубав сончев ден на сите со песната Born to die. Искористете го денот најдобро што можете. :sun: :sun: :sun: :sun: :sun: :sun:
     
    На WhiteSwan му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.