[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    10.454
    Почнува да мириса на пролет, ми влијае како дрога. Дури свежа и наспана станав после долго време. Уффф долго го чекав денов. Ми се пие ладно точено пиво во Custom pub додека ме пече сонце во глава...ќе се стрпам уште малку :sun:
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    227
    Имам пред мене убав ден, за правење убави работи.Ги сакам топлите саботи.Исто така ги сакам и прошетките во парк.Денес се сакам и сите ги сакам.

    Отидов да правам убави нешта.Пријатно. :hai:
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Кога станав бев толку многу депресивна,ми се увртеле некои мисли за некои мои грешки во животот...од кревет не можев да станам од мака,хмм.
    Ама после тоа си станав убаво си се протегнав,си реков дека денес не се замарам со проблеми.Си ги отворив ролетните и зраците на преубавото сонце :sun: ме ослепија,или подобро да кажам ми ги отворија очите. :lol:
    Денес барем кога сум сама дома си пуштив музика која ме подсетува на лето и уживкам сега за сега. 8)
    Време е за пеење и танцување. :rofl: :dance:
     
  4. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    СДК вакво време се бараше...леле колку е убаво надвор...ти се чини пролет..а и така треба еве уште малце и ќе дојде....го обожавам ваквото време...доста ми беше од ладно..не ми се излегваше од дома никако..аа сега со радост излегвам...ајде убаво време само така продолжи...и феминки убаво да си го помините остатокот од овај прекрасен ден :*
     
  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Вчера беше преубав ден.
    Со него - сонце и пченка. Со мајка ми - шопинг за малото.
    Караоке со внук ми, урламе до миле воље, ултра талентирано засипнати момци. 8)
    А она малото, срцето најслатко седнато кај мене во скут се смее на нашето пеење и упорно ми кажува за човечето дека немало глава, па кога му ја ставив капата на човечето се смееше и упорно го вадеше за да ми докаже дека нема глава. :D

    Со 7-8 внуци главна тетка во фамилија. Најмала сум, ама битно тетка станав на 9 години. Горда сум на нив. Горда сум што им го разубавувам денот. Што упорно ме бараат да си играм со нив. Што нивните родители ме викаат постојано да ги забавувам децата пошто со мене без проблем јаделе и ги обавувале работите што требало да ги прават. Горда сум што ме сакаат, гушкаат и љубат.

    Прцлето најмало вчера, ми се затрча и ме гледаше очи во очи, ме гушна и со носињата се закачкавме.
    Го сакам многу. :l:
     
    На kate21, bittersweet, angel92 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК едвај ја чекам пролетта :) :f: Што побрзо да се ослободам од чизмите, јакната , капутот... ми се смачи веќе од толку облекување :tmi: Сонцево ми дава голема мотивација, едноставно ме орасположува :) :sun:
    Денес и утре знам дека ќе биде убаво... а како да не биде убаво со гости и тоа со најблиските :)
    Посебно се радувам што ќе можам да се изнајадам од моите омилени кифлички, нека ми прости моево стомаче малку го запоставив, неколку денови немам вежбано, но затоа од понеделник стартувам со старото темпо. :!: :)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Ма биће све океј док поред тебе су другари! :) :l:
     
  8. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.290
    Допаѓања:
    6.803
    Денеска дртаги мои ,. имам инекоја инспирација да ви се распричам овде .
    Кој има желба нека ме чита . :wasntme:

    Бев излезена со мајка ми да си купам палто . Од кога знам за мене по едно излегувам а купувам асосема трето. Ама што да правам, секогаш си наоѓам интересни работи на попуст кога не сум излезена по нив , и вас ви се има случено истово мал милион пати. Си купив преубаво кремово палти и две блузички од кои едната ќе ја носам вечерва. Според мене сега е најубаво време за купување палто кога е намалено , не дека ќе го носам многу овој период еве уште некоја недела па се надевам скроз ќе се стопли .

    А јас не сум тип на жена што носи само една сезона а наредната година ова време веќе ,,не важи,, . Си го носам додека ми е убаво и дури ми е по мерак .
    Од тука си бев со другарка ми на торта во една слаткарница оти само таму најдовме место, сите беа излезени .. Ми кажуваше за вчера , а јас па си легнав пред 12 :wasntme:
    Вчера на пракса ја бришевме аптеката , растоваравме нови лекови и мантилот ми беше лом, и вријав на тоа аптекарката ама ајде незгодно ми беше да и речам нешто , иако не бев дојдена за да чистиме.


    Иии најбитното , утре е прочка ! Ќе се преправам во полицајка , имам костим а еве сега и си купив мрежести хулахопки ! 8)
     
    На Strumfeta93, angel92, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    391
    Карневалска еуфорија. Различни маски на сите страни.
    Насмевки на лицата и кај стари и кај млади. Ах колку убав ден ќе биде утрешниот :inlove:
    Барем еден ден на сечие лице ќе има искрена насмевка :)
    Малите се најинтересни. Родителите ги преправиле во пеперутки, штрумфови, бетмени...
    Ајде јас како добар домаќин ве поканувам во милиот Прилеп да се забавуваме :)
     
  10. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Каков прекрасен ден! Се чувстува мирисот на пролетта. Сонцево како да го разбуди Скопје од зимскиот сон. Сите раздвижени, а весели. Баш пријатно ни дојде оваа рана пролет! Ваквите денови треба максимално да се искористат.
     
    На Divinebutterfly, CrazyStupidLove, A-j-a и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК сакам кога вака ќе се затопли временцево :sun: :sun: да можам на раат да бидам, а не натоварена со цел плакар на мене |( :D
     
    На ozbilnazena, Divinebutterfly, maca99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Сдк

    Луѓе отварајте ја Модни Критики,под итноооооо
     
    На Justice, maca99, CIA и 5 други им се допаѓа ова.
  13. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Дааааа! И јас сакав ова да ве замолам оддамна! плсссс.
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Што убаво е времево. 8) Само калов, му квари просек. Се распошљакав, лом се направив. Морав да одам, ко да газам по јајца. И јајцата неварени да ти биле, прскаат.
    [​IMG]
    А јас морам математика да вежбам. |( Ма кој ја рецка.
    Ма лумпувам, сакам кога вака влијае сонцето на мене. :wasntme:
    Ај нека смее некој да ме унерасположи. Че го стрелам, мафти работа.
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
    [​IMG]
     
    На TheaEsposito му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ах,фала богу си најдов друштво за шеткање...преубаво си поминав,ги видов сите тие што сакав,а најважно,го видов него,ах,колку само го обожавам....вечер пак ќе испаднам,се надевам дека ќе ја видам фругата половина од личностите што прееска не ги видов...
    СДК2-Леле колку само ми се нафрлало лицетооо,па и тој мораше да ме види оваква на сонце,целата брункосана,ќе си умрам од мака :sweat:
    СДК3-Отидов да се бањам,па малце да се позамарам со брункиштава,имајте убава вечер и забавувајте се :*
     
    На Adi888, tweety26 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Инает,инаетење.
    Зошто?
    Не ја гледам потребата да се инатиме, да се надзборуваме, да се докажуваме!
    2 години и скоро 8 месеци нели се доволно голем период за да си ја докажавме љубовта и искрените намери?
    И не нема да се смени преку ноќ, колку и да тврдиме и да се уверуваме себе си.
    И да не се залажуваме, ова нема лесно да помине, со прашање дали некогаш и ќе помине.
    Љубовта неизмерно тече преку моите солзи, се тркала како камења по здолниште...
    јас така се чувстувам...
    љубовта чука во мојата душа, тлее во градиве
    чувствувам немир, благ и некоја неизвесност.
    те сакам и ништо нема да го промени тоа.
     
    На Divinebutterfly и LilBaby им се допаѓа ова.
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Може ќе бидам досадна, ама неможам да не искоментирам за прекрасниот ден. :f:
    Колку убаво ми дојде сонцево, се осетив препородена. Со часови бев надвор. Ете ова го чекавме сите! Сите излезени, насмеани, расположени. :sun:
    Мислам дека се разбудивме од зимскиот сон. :)
     
  18. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Многу е јако чувството откако некој ќе ти згреши ќе почни да ти се лижопичачи 8)
     
    На Elika и CIA им се допаѓа ова.
  19. kamikazus

    kamikazus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    70
    СДК... Се распишале и раприкажале насекаде ќе имало маскенбал... овој вака ќе се преправел, оној онака ќе се преправел, овој ваква маска ќе ставел, оној онаква маска ќе ставел...

    И ме замисли...

    Као нели, една од неколкуте причини да одиш на маскенбал, ама мислам вистински маскенбал, е да можеш да се однесуваш послободно и да бидеш она што отсекогаш си мечтаел да бидеш, без притоа никој ниту да те препознае ниту да те осудува...

    И сето тоа беше во ред се додека не ми падна на ум една работа... :!: а тоа е дека во денешно време луѓево наоколу секојдневно носат маски... глумат лудило, се прават силни кога не се, се лигават кога не треба итн итн...

    И сега си викам, ако луѓево секојдневно носат маски, т.е. никој повеќе не се претставува онаков каков што вистински е, и плус се маскираат за на маскенбал во нешто сосема трето што преку ден не се а сакаат да бидат, што остана од светов...

    И затоа имам една многу добра идеја... :!: посебно затоа што во државава ни наша сега е во тренд да се воведуваат нови работи (од пред 100 години нормално)... а идејата ми е да има антимаскенбал... еве да речеме во главниот ни град (не за друго, ем нема ни карневал како Рио и Вевчани, ни маскенбал како Струмица, ем сите јавни и нејавни фаци се во него) ...

    Ако некој се прашува што би му дошло антимаскенбал, тоа ти е кога си облечен, не/среден и се однесуваш онака како што тоа го правиш кога си сам дома и кога никој не те гледа... ја мислам, би било интересно...

    П.С. Ми изгледаше дека некако премногу ќе се распишев ако навлезев во делот дека ај што секојдневно се е маскенбал него и што всушност претставува маскенбал на луѓе кои се веќе на маскенбал... не за друго, да беше математика лесно ќе беше... ако си по дома 2, секојдневно надвор со маска глумиш 2х и на маскенбал стануваш х на квадрат... што ме потсети на еден виц од времето кога одев на факултет...

    Си шетал извод по улица и гледа х на квадрат... и му вика, што си бе ти?
    Овој одговара: х на квадрат...
    Изводов му мава заушка и му вика: Е сега си 2х.
    Оди понатака и гледа х, му мава и него заушка и му вика: Ти си сега 1.
    Оди понатака и гледа "е"...И врти со главата и му вика... Иди е** си мајката...

    Штета што во денешно време неможеш да сретнеш многу е.... сите глумат 2х...
     
    На TheaEsposito и Magnolija им се допаѓа ова.
  20. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Натпреварот! Блиску е! Уште малце..!

    Ау, колку само ќе се изнадерам, имам толку негативна енергија, што можам да викам за петмина! :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.