1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.654
    Керолајн го освоила Солунско поле.
    Браво Керолајн, само напред...


    :| |( :x
     
  2. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    СДК:

    „Кога сакаш некого повеќе од што заслужува,на крајот ти ќе бидеш повреден колку што не заслужуваш‘‘.
     
    На kate21, x.Daisy.x, Lepaaa и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Што си убав бе сончко! Вака расцутен што убаво ни го стопли лицето :sun:
    Кафичите преполни,срцата омекнати од топлината,насмевките тука.
    Ах,што убава Сабота може да ни подари сончев сјај зачинет со лудо ветренце.
    Јас цел ден се шеткав низ најужниот град од нашата мила државичка.Натпревар математика,не го можам мајке ме!Одвај цела поспана се довлечкав,па и таму два часа,абе полудев од досада.А и ме ставија баш до прозорецот како ме галеше сончкото мил,очињата толку вешто ми се поклопуваа.
    Апел до професорот-не сакам веќе на натпревар без моја согласност!А и јас цел час шкртав нешто безвеза,последниот половина час се разрешив,сите задачи сум ги средила!Батали тоа,помина некако.
    Си се најдов со друшките мои , и право на кафица.Ах што убаво ми дојде шеќерниот нес.Ги расчисти облаците од дремка.Не можам да преживеам без кафе.
    Добра трач партија за тешките проблеми по матемаика испишани на белите листови.Не врати кафето во живот,и му ја тргнавме да ги пустошиме продавниците.
    Кај можам јас дома да се вратам без некоја ситница.Нов часовник во боја на земјините тонови.Ах прекрасен е!Манијак сум по часовници.Толку сум исполнета кога купувам, макар вакви деталчиња.
    Мм и нешто убавко за крај.Трето место!Јуху ху!Е а не сум вежбала ни една задачичка.Само две три во школо со професотот.
    [​IMG]
    Убав е ваков животот!Сончев, исполнет со сјај.
    Дишете со полни гради од воздухот.Има тука енергија,убава и позитивна.
    :f:
     
    На bittersweet, marama, MandyLane и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Somnitelno-Lice

    Somnitelno-Lice Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    248
    Граница и жена не се чуваат, ако господ не ги чува! :roll:
     
    На maja.kostovska му/ѝ се допаѓа ова.
  5. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Е ова со Дубиоза Колектив дефинитивно им вредеше :D
     
    На miljkovic и cinderella5 им се допаѓа ова.
  6. lolita97

    lolita97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    37
    СДК дека денес ми беше мн јакооо хихи и преубав беше денов :D
     
  7. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    Простете ми ако нешо сум ви згрешила.. :wasntme:
    Таков е денотт.. :*
     
  8. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Уф,уф,колку само прекрасен ден :sun: ....ах сите денови да ми се вакви,преубави,насмеани,весели,и да си ги видам сите што сакам...еве вечерва си ја видов другата половина од личностите што не ги видов прееска,колку само убаво се чувствувам.Е овака сакам,кога сите мои лепотани си ги гледам,кога се околу мене,кога се смееме ко ненормални...ете затоа ја обожавам слободата,иначе сето овоа ќе го немав,да фанев дечко,туку,ме фаќа страв да не си ми се најде сега некој на патот,најискрено.Многу работи тогаш ќе треба да заборавам.
    Ај да не замарам јас многу со моите филозофии за слободата,имајте добра ноќ :*
     
    На Adi888 и Unica им се допаѓа ова.
  9. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    СДК малку сум потресена од форумов, ова не ефорумот со кој ми почнуваше денот пред 7-8 месеци, имав што да прочитам, живеев со муабетите на прекрасни жени, ги обожував нивните постови, полни со позитивна енергија, се смеев сама, проверував што се случува на форумов кога проверував и меил, гуглав на форумов исто колку на гугл ...
    сега некако читам многу коментари од типот на даааа, срцка, топ си кисче mwa, најубавааааа ... тапа тинејѓерски лигави муабети, проблеми од типот што да правам со слободнава недела, кај да живеам, морам да ги поправам оцените во сите петки !
    не дека ми сметаат новиве членови, спротивно, баш ми е мило што фемина го достигнува врвот на популарноста и и доделувам златна бубамара за сајт на годината.....
    ама девојЧИЊА играјте ластик, чешлајте барбики, пишувајте дневници .... имате време да бидете девојки ! :fubar:
     
  10. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    606
    Сите се кој каде нашол а јас сама дома.Ама ако, си ги видов братучедите денес, си слушав музика цел ден, си се издепилирав :lol: 3 вечери по ред се канам да гледам некоја романтична лимонатка, ама не најдов ни една што ми фаќа око. Нема љубов, нека има романтични комедии ! :D
    Денес пак ми пиша оној шмекерот... ама, не сакам ништо со него. Не сакам уште еден плејбој да ме скрши и да не знам на кој свет се наоѓам. Мислам дека ако сега имав дечко ќе го сотрев од љубов. Секогаш е така, кога немам никој јас сум најрасположена за љубов и ме радува тоа. По се што поминав пак сум добра и се надевам на љубов, а тоа е одличен знак.
    Колку е само убава љубовта, те дига те носи ко лист од облак на облак, ги гледаш сите од високо и толку лесно ти е се. Дури и ти самиот се чувствуваш лесно, ко да немаш ништо на тебе што тежи и ти се чини дека ако не се фатиш за нешто отиде, одлета. :)
    Другарка ми секогаш вели дека сите оние што сме немале среќа во љубовта на помлади години, ќе сме имале многу среќа подоцна. Т.е ќе сретнеш некој кој ќе надомести за се. Се надевам дека е така, сакам да верувам дека ќе биде така.
    Сакам пролет и во мојата градина, ама ја сакам сега, не ми се чека повеќе! Ми се љуби и ми се дарува :)
     
  11. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Фејсбук времето ќе биде облачно со умерена доза на статуси за прочка како и ненајдени статуси за јавното телевизиско запросување во западниот регион. Веќе од наредната недела се очекуваат повисоки температури со силен налив на статуси за "8 Март". На 1ви март задолжително постирање на истоимената песна од Каролина.

    Фејсбук прогноза на статуси за денешниов ден:


    [​IMG]
     
    На kate21, martinuska, booba и 7 други им се допаѓа ова.
  12. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    СДК, вака расположена пред одење во кревет... Поради сплет на околностите, расположението ми е ептен променливо, и баш моментално ме фати носталгија за дома, за домашните...
    За татко ми кој остана без работа и по цел ден само проверува на интернет дали му излегол бугарскиот пасош, нервозно гледа телевизија и нечујно испушта воздишки, нервирајки се за нашата иднина... ;( ТАТО ТЕ САКАМ БЕСКРАЈНО !!!
    За мајка ми која по цел ден е растрчана низ куќи да го спреми највкусниот појадок, да им даде в раце сѐ на моите помлади браќа, да го спреми највкусниот ручек... да им погоди на сите сѐ, и повторно да биде крива за нешто... МАМИЧКЕ МИ ФАЛИШ !!!
    За браќата со кои ми недостигаат секојдневните ситни кавги, препирања, зезање, гушкање, борење... ВЕ САКАМ !!!
    Моите мачиња, кои кога ќе ги гушнам почнуваат да предат и ме полнат со позитивна енергија, кога сум нерасположена, тоа го чувствуваат и се галат околу мене... Пуфлиња мои МИ ТРЕБАТЕ во овие тешки моменти...
    Многу ми недостасуваат и членовите на моето пошироко семејство... не сите, но има некои кои вредат доволно за да ги заменат и оние кои воопшто не вредат :lol:
     
    На Divinebutterfly, starbucks и Gea им се допаѓа ова.
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    ^^Е добро де, што е лошото тука. :^)

    Зошто мирот, спокојството и што ти знам што, ви го нарушуваат фејсбук статусите и постовите на форуми? Сите исто оти пишуваат? Па? Како тоа вас ви влијае на живеачката и на нервниот систем? Преку таквоето, само да се кенкало. Многу детско, тој филм во осмо ми беше интересен, да мрчам и да ме мрчат. |(

    Нека пишуваат бе, и лајк ќе им ставам. За инает, оти така сакам. И ќеиф ми е кога гледам дека се радосни, макар и за Прочка, и за маскенбал и за што друго сакаат. Подобро тоа да читам отколку вечно незадоволство.

    Луѓе како луѓе.
    Сите различни, сите исти.
    Научете да ги прифаќате, за да ве прифатат и тие вас. :hai:

    Атер оти сме Прочка, па ќе ми простиш за кажаново. :D
     
    На thinkerbell, bittersweet, Hopeful и 10 други им се допаѓа ова.
  14. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Епа Феминки простете ми,простено нека ви е... :) Прочка е денот... :D
     
  15. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Алал да им е на Струмичани за Карневалот. Толку народ, толкава раздвиженост, костими, маски немам видено никогаш. Луѓето играа и пееја на плоштад без срам, како Струмица да живее само за овие неколку дена. А и градот многу ми се бендиса, оддамна не сум била, преубав е.
     
  16. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    [​IMG]
     
    На kate21, x.Daisy.x и VeRyCa им се допаѓа ова.
  17. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Што красно чувство било кога сите ќе те поебат во последен момент во сабота навечер и си дремеш ко мивка сам дома. Мх мх...
    Е ако де, арно. Сите си ја гледаат својата работа и нив да им е убаво на газот...Е не.
    Глупаво од мене што очекувам сите да се ко мои клонови и повеќе да внимаваат на другите отколку на себе. Глупа Каљопо! Глупа, тупа и неупотреблива. Овцо во саможивничко општество.
    Конче ме дели од идиотката и ѓубрето кое некогаш бев, а сеуште си тлее во мене, но пак нешто ме одвраќа од истото, сепак повозрасна сум сега.
    Прочка, my ass.
    Ај сега нека ми се појави некој кој ми се пос*ал на сиве 20 години живот и ќе му љубам нога пошто прочка е нели, и тоа ќе ги измие сите ср*ња и исполира сите белези.
    Скамбег деј, се надевам нема и мене да ме претвори во стариот скамбег, тогаш ќе е тешкото.
    А дотогаш, добра ноќ и адиос. Утре (денес, ватевр) е сосема обичен ден, никој нема да ви прости и никому нема да простите for real. Всушност, наредниот пат штом дојде до нешто немило и поврзано со „простеното“, истото уште веднаш ќе ви биде влепено по носот.
    Сега фино лепо, да си фатам постела, може ќе си сонувам некој убав сон додека другите си живеат.
    Поздрав до тетка Карма.
     
    На Radiance му/ѝ се допаѓа ова.
  18. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Осаменост не е кога сме сами... туку кога немаме за што да мечтаеме.

    За моја среќа, јас секогаш мечтаам... ;)
     
    На kate21, crazylady, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.878
    Допаѓања:
    163.590
    Ова ќе има призвук на една тирада,ама знаете ... и не ми е толку грижа.

    Искуството ми докажало дека ми доаѓа да направам пресвртница кога ќе почне да ме гуши атмосферата која базди на непроветрен подрум во кој има зимница. Станува тешка бљувотина на челичење на некои суети и борби за кои не ни има место.Тука некаде ми доаѓа и така, но не заради забајан воздух,туку заради копање по она кое ме заболело, заради тоа што се постигнува цел која на крајот не се почитува,а била толку зборувана или едноставно престанува да е интересно затоа што повеќе нема и за што да се приговара. Некои луѓе мора да прифатат дека тоа е нивниот начин на функционирање,а не дека де факто им греши некој.

    Често губам кондиција кога треба да трчам маратон пун со говна и глупости,па се уморувам. Како што паралелно не умеам да прифатам луѓе кои не знаат да се извинат... да признаат каде некого соголеле и му погрешиле. Не признавам кога некој инсистира и другите да бидат како него. Преживувам наметнувања и ги земам за сериозно, зошто убедена сум дека можам од секого по нешто да научам, ама не толерирам лутења затоа што не можам да прифатам,како што прифаќам дека некој не се согласува со него.

    Се расфрламе со успеси, со соодветна зрелост, со искуства...а ме утепува иронијата при правење на една проста компарација. Зрел во однос на што?! Дудинка во јуни?! Можда,ако ти помага да заспиеш.


    Драго ми е што не се излупив како банана,па зачував многу за себе,ама затоа пак ме научи да не садам фалусни плодови со жени. Не ќе разберат дека краставицата ти е за салата,а не за друго. Моја е вината затоа што,не се трудев да знам,туку верував до каде што човек може разумно да верува. За сите жени е едно заедничко-омразата кон убавината...душевна,физичка,шармантна,духовна,каква сакате. Колку повеќе те знаат,толку повеќе сакаат да ти ја силуваат интелигенцијата и добрината.

    Не се плашам од смртта,а па не од жени... Колку што знаат некои,толку знам и јас... би внимавала.

    Мора да прифатите дека единствен трон на кој било кога во животот ќе се најдете е...вашата вц шоља. Затоа...доволно беше од глумење примадони.

    Добро утро Виетнам. Денес е денот кога треба да побарате прошка,кога треба да излезете од вашиот фецес и да се покаете,колку и да не сте верници. Времето е прекрасно за да седнете надвор на кафе,сами со себе и сериозно да размислите за она што го носите во градите и главата, да направите пред пролетно чистење и да ја проветреете бајатоста на вашата душа.Оддамна не минала низ пеколни покајувања и прочистувања,па засмрдува на скапани плодови. Освен ако вашата тежина не е поголема на земјата(а ако е вака,сериозно земете предвид диета),до тогаш,треба да знаете дека ...објектите и субјектите не гравитираат околу вас,туку ротираат околу нивните важни личности во нивниот микросвет. Размислете дека перспективите на животот не ги креираме само со завршување на факултет,магистерски, докторат, добро работно место и пари со кои можете да си купите нешто за да изгледате како нешто...Многу повеќе е од тоа...И не заборавајте да бидете објективни, реални, добри луѓе. Искрено се надевам дека вашата совест ги изгубила само млечните заби во исчекување на трајните и поцврсти.
    Апстрахирајте се дека Добринка од Свирипичино знае која сте и како изгледате,напрајте го местово како што и си беше. Го памтам како пролет,свежо приквечерие,поезија на Шилеа,изедените киндер јајца на моите внуци,Ариел кога ме теши дека благото им ги расипува забите на децата,арно сум сторила што сум ги изела,свежо испрана облека со новиот Ленор, сонлива насмевка и чувство на заљубеност и црешов цвет по Максим Горки,па дури ни Аце го немавме на плоштад,ете толку добро беше.

    Паметните учат. Не прифаќам досада и не прифаќам наметнати промени кои не ми се допаѓаат. Инсистирам да си го променам барем мојот микрокосмос.

    Некој ми го сврте светот за 360 степени,не спои математичка формула,буквално. Не можев да јадам, да спијам, да мислам, да зборувам... Убавината за која со молчи и не се раскажува. Вулгарно ми го помати светот кој веќе мириса на црешово дрвце под кое лежам и ми паѓаат латици.

    Сашко додели Бубамари,јас делам пчели за најдобри луѓе... Мојот критериум е мој, но не е рефлексен, не мора да се согласите со истиот.

    Бидете така и ако имавте трпение,секоја ви чест!
     
    На Shelea, mims-89, Ariel и 2 други им се допаѓа ова.
  20. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    5.410
    СДК многу им завидувам на тие што имаат нормален татко. За џабе не рекле, парите се отепувачка...
     
    На x.Daisy.x, cinderella5, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.