1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Не сум во ред, психата ме мава, озбилна сум, мислам на работи кои знам дека се небитни а сепак ми го окупираа мозокот. Аман ИШ, оставете ме на мир да дишам! Поглупав сон од тој што го сонував вчера амин, ама во мисла ме стави :?: . Често кријам емоции пред луѓе, денес не успеав, ме примети мајка ми. Не и кажав што ми е, промрчев дека си замислува, но знам дека ме примети, колку и да се трудам да ја излажам знам дека не можам. Добив многу, ако не и премногу, се плашам да не изгубам се одеднаш ако направам постапка која однапред знам дека е глупав. Цел ден сама на себе си викам- Опамети се, немој да бидеш брзоплета како и секогаш, не и овој пат, само имам чувство дека не реагирам на реченицава!
    Ми се иде надвор од Скопјево, не можам , се гушам, се чувствувам како слон во стаклара!
     
    На booba, TheaEsposito, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    И ден како ден... Пројде... Разговори, проооошетки, радувања, тагувања, стравови... Се беше споделено...
    Инспирација за пишување - ич.
    Конечно се прибрав дома, а излегов во 10 утрово...
    Кревет!
     
  3. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Љубов!
    Има ли нешто поубаво од ова со саканата личност ??


    [​IMG]

    Само толку, ништо повеќе!
    Аххх... :l:
     
    На kate21, Adi888, IvanaMkd и 8 други им се допаѓа ова.
  4. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Морнинг мај диарс. :coffee:

    Чудно е како една личност може да ти го смени текот на мислите а и денот со само еден поглед.
    Истата личност можеш да ја анализираш со часови под услов истиот поглед да не шара накај тебе.
    Брчките што ќе и се направат околу очите додека искрено се смее, може да ти го променат денот.
    Ми фалат искрени насмевки.
    Сега мислите ми се претвараат во соништа.
    Загриженост, нешто што дефинитивно ми го поматува умот...Ова си ветив дека ќе го пренасочам во креативност, која ја изгубив во последно време. На најниско можно ниво ми е.
    I figured out дека колку порано го допреш дното, толку повеќе време имаш за да да се издигнеш, барем ако си доволно силен. Без емоции е поефективно. (been there - done that) :) ;)

    И за крај, СД ви К дека никогаш не можеш да имаш се', џабе трудење зашто прилично секогаш е залудно.
    Од денес ќе се радувам на малкуте искрени насмевки, со брчки од страната, што останаа.

    И простете ми драги феминки ако сум ви згрешила нешто. :D
    Таков е денот :D

    http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=m2VVf0uY-q0
    Ве молам некако смајли за фејспалм да се стави.
     
    На Serafima и TheaEsposito им се допаѓа ова.
  5. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Многу убава симболика ми има денов. Да простиш и да ти биде простено. Кога почесто би го практикувале ова сите ние, поубав би бил светот. Ќе рече некој, глупав е денот. Демек целта не е да се простува само во тој еден ден, туку секој ден. Да, се согласувам со тоа, но јас овој ден не го перцепирам на тој начин, туку како симбол, како потсетување дека уште сме луѓе и дека совеста постои. Исто како што постои ден на независноста, нели...Се слави независноста, но тоа не значи дека само тој ден сме независни.

    Многу работи ми се вртат во глава. Целосен хаос...Стрелецот во мене се буди, мислев дека веќе е пригушен, дека веќе потполно сум ги преземала сите карактеристики на рибите, но, еве го, ме потсетува дека сеуште е тука. Ме мачи, не ми дава мир. Не знам што понатаму со мојата иднина. Дали да го послушам стрелецот, кој ми вели патувај, работи кај што ќе стигнеш, било што, ќе го видиш светот, ќе спознаеш различни култури, тоа отсекогаш си го сакала...Или да ја послушам рибата која ми вели, што понатаму? Што кога веќе ќе ти се здосади од таквиот живот? Времето ќе помине, а ти ќе немаш ништо изградено пред себе...Ниту кариера, ниту сигурна плата...Залудно ли ти беше учењето и сиот напор што го даде?
    Но искрено, веќе не сум сигурна што сакам. Времето почнува да ме гази, а јас сеуште не можам да се одлучам. Како ќе бидам посреќна? Сигурна сум дека доколку го послушам стрелецот, ќе бидам среќна и исполнета. Но, се плашам дека тоа нема да биде засекогаш, нема да трае долго. Сигурно ќе осетам празнина по некое време, можеби и ќе се каам за одлуката што сум ја донесила. Ќе ми фали и амбицијата, знам. Не можеш да градиш карирера ако секоја година променуваш место на живеење. За некој тоа можеби ќе биде доволно, но што е со интелектуалното исполнување? Чувството за успех, за напредок, за постигнување нешто повеќе... Од друга страна пак, не го сакам шаблонот кој сите го следат. Факултет, работа, брак, деца, внуци, смрт. Не го сакам. Толку многу се плашам од тој шаблон и не сакам и јас да бидам дел од него, не знам зошто. За некој тоа е исполнување на целите. За мене, изгледа не е. Најлошо е што не знам што е за мене исполнување на целите во животот. Јас не велам дека не сакам деца, или брак, но не сакам тоа да го направам само заради притисокот на општеството. Сакам да биде на мој начин, неконвенционално, а не знам како би го направила тоа.
     
    На IvanaMkd, bittersweet, LivingGlam и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Бог не ветил насмевка без солзи,пат без трње,радост без тага.Но ни дарувал љубов кон луѓето,вера во животот,надеж во вечноста.
    Простете ако сум ви згреила нешто и простено нека ви е !!! За многу години нека е празникот Прочка или Велики поклади на сите православни верници!
     
    На IvanaMkd, Serafima и TheaEsposito им се допаѓа ова.
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.222
    Пол:
    Женски
    Девојчици како сте? Нека ни е среќен празникот, па простете ако сум ви згрешила.
    Се шегуваме по дома дека ние не грешиме, па ќе го прескокнеме делот со прости ми и простено ти е. :wasntme:
    Ја напуштив мојата дома на недела дена и чудно ми е, а вчера дојдов. Иако сме сите заедно, само дома си е дома. Нели Прочка, па ај цела фамилија да се собере на едно место. ПОрано почести беа ваквите собиранки и беа кај нас, но сега е баш како што е редот, па на денов ќе си ја испочитуваме тетка ми.
    Имајте убав ден, ако сте згрешиле побарајте прочка, а ако ви згрешиле простете.
     
    На bittersweet и Serafima им се допаѓа ова.
  8. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    За мене Guten morgen! :$
    A за вас Guten Tag!
    Ај уште еднаш да барам прочка од васс.. :*
    Простете ми ако нешто сум ви згрешилаа!! :)
     
    На IvanaMkd и Serafima им се допаѓа ова.
  9. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    И јас конечно процветав, ама овој пат како никогаш до сега. Или барем така мислам...

    BTW ја сонував Трендафилка како ми вика дека имам уши како на зајко и јас си поплакав малце. :lol:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Се нервираааааамммм многууууууууууууу :@ :@ :@ :@ :@ :@ .........Лелеееее колкууууууууууууу имаааааааааамммммм за учењеееееееееееееееееееееееееееееееее :x :x :x :x
     
  11. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    ^^ А немам абер да почнам :headbang:
     
  12. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Се будам со гооооллллем мамурлак и гооллеема главоболка и голеема празнина во мозоков. Ич не ми е арно :( :( Веќене пијам не :swear:
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    СДК-можеме да избегеме од се и секого, но од себеси никогаш!

    А јас, дали знам што правам, дали сум свесна?
    Понекогаш посакувам да почнам од почеток, да бидам сосема друга личност во истите ситуации.
    Би постапила поинаку, но касно е.

    Кога ќе размислам подобро, зошто да се каам, тоа било она што навистина сум го посакувала тогаш, во тој момент...

    ;)
     
    На IvanaMkd, TeddyGrey и Serafima им се допаѓа ова.
  14. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    4 КИЛА ИМАМ ОСЛАБНАТО НЕДЕЛАВА И МНОГУ СУМ СРЕЌНА!!! :rock: :dance: :party:
    Сега се измерив после една недела! :wasntme:

    Со истово темпо и наредната! :whew:
     
    На kate21, JuLleE, Serafima и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    СДК ВЕ МОЛАМ ПРОЧИТАЈТЕ, ЗА ВАШЕ ДОБРО Е!

    За сите што викендите ги поминувате во Скопје (и Скопјан(к)ите, нормално), внимателно кога одите во 69, особено во сабота на латино вечер. Има некоја група (веројатно) на луѓе што „оперираат“ таа вечер, и веќе 6 мои другар(к)и беа олеснети од нивните лични работи (пари, мобилни, новчаници...) за само 3 викенди! Нормално, обезбедувањето се води по политиката дека тоа не е нивна работа, па така на крајот ние сме тие кои го извлекуваат дебелиот крај.
    ВНИМАТЕЛНО!
     
  16. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Ај, ај помала сум, ред е: Виртуелно барам прошка, ако сум навредила некој на форумов. Се надевам простено ми е. :D
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.420
    Допаѓања:
    143.311
    Јас празников не го чувствувам така како што го чувствуваат повеќето - и тука, и околу мене.
    Убав си е празникот, го почитувам, ама јас не се чувствувам убаво на него.

    Прво, веројатно затоа што не сум верник, па не се чувствувам убаво на ниту еден верски празник. Особено затоа што околината очекува да се чувствуваш како сите други, па јас лично го доживувам и како благ притисок. И додека на работа под притисок го давам максимумот, приватно притисокот го вади од мене она што не сакам да биде извадено :D

    Второ, конкретно на прочка се чувствувам како да треба изнудено да барам прошка за работи за кои не сакам да побарам. За тоа што сум сакала да побарам, сум побарала - од сите, без исклучок, тогаш кога се случиле. Па и не сакам ни да простувам вака, на ангро, без да знам што се има на список :D

    Трето, ме иритираат протоколарни настани. Форма, без содржина. Морало сега да одам по гости и да барам прошка, а имам поважни планови за денес. Ама не, мора денес тоа да се направи, таков е денот.

    Ова е само она што го чувствувам, и го ставив в СДК, а не во темата за Прочка во религија затоа што не сакам да повредам ничии чувства, пред се затоа што во таа тема мислам дека пишуваат луѓе кои ја почитуваат религијата. Исто како што упорно за постите пишувам во Храна, а не во Религија, затоа што ако пишувам во религија се чувствувам како да лажам.

    Сепак мора да има нешто што човек ќе го исполнува духовно. За некои тоа е религија. За мене е природа. Радоста и спокојството што ги чувствувам во душата кога сум во природа со ништо не се споредуваат. И колку е природата подива и понедопрена, толку поголема е мојата радост.
     
    На glow, IvanaMkd, calliope и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    It's days like this that make me wanna vomit. Сериозно, мора ли од секој празник да се прави галама?

    Моето расположение денеска е рамно на избањата мачка.
    Да додадам, мразам секаков тип на лигавења, а од користење на зборот гукање кожава ми се ежи.
    -Си гукаме. Ма ајде губи се. Уште лиги ви фалат да ви потечат па гулабот ваш да дојде да ви ги забрише како знак на неговата вечна наклонетост и безсмртна љубов кон вас и заедно да си гукате до почетокот на зајдисонцето.

    Што се однесува на мене, во вакви денови преферирам избегнување на огледала, не заради тоа што нешто е променето кај мене и слично, туку заради тоа што знам дека ќе најдам некоја маана што ќе ми штрчи во мозоков и ќе ми ги боцка нервиве. Кај немам ц*цки, кај имам целулит залепен на г*зов, па морало и спојлери да имам. Згора на тоа и мрза за вежбање. Bitch, I'm fabulous.

    Ах животу мој, од една страна ме дупчиш и ти, ама од друга, фала ти што не си празен и досаден ко на некои кутри душички. Толку си интересен што дури се пројавува интерес од страна на личности на кои не им е место да се дружат со тебе, замисли.
    Покрај тоа, фала ти што ми даде, колку толку, интересна врска од која не се будам секое утро со каење и мисла како да ја пополнам дупката со трета личност, сфатете го ова како сакате.
    Кај отиде светов само си мислам, и кога.
    Упорно трескање со главата во ѕид како еминентно хоби на луѓенцава, па и упорно го негуваат.
    Не знам за вас, ама мене ако нешто ми здосади или го прекинувам, или го зачинувам. Не правам бесмислени работи кои вовлекуваат трети личности и ги повредуваат оние за кои до вчера сум се трескала од земја. Не дека сум светица, правам лоши и злобни работи и презирам секаков обид за докажување на ничија светост во било која форма, а да и не простувам на глупави денови (колку злобно :o ) ама имам барем 3 чисти да знам што би можело да повреди некого.
    Кај исчезнаа верноста и моногамијата? Изгледа сум и последната будала што уште верува во тоа, или само налетувам на лоши примери пречесто. По стотти пат научив дека на никого не се верува. Само се надевам дека на мојон кога ќе му здосадам ќе си замине и нема да ме прави будала.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Доколку испланирате нешто пред време,верувајте ништо од тоа.Испланирав едно,а сосем друго се случи.
    Бев кај него за викенд.И верувајте,да го напишав постот завчера,ке ви кажев дека многу убаво сум поминала.Но не.Не беше се толку убаво.Благодарение на неговиот инат,благодарение на него.И благодарение на мојот карактер.

    Првиот ден,супер.Убавини.Топлина.
    Бевме на гости кај неговите блиски,кај неговите пријатели..
    Ме изненади и ме однесе на бродот Панини во Велес.
    Ме исполни,ме разнежни.
    Вториот ден страшно.Се тепавме,се мававме,се деревме,викавме,урлавме.
    Имам и модринки од него,а и тој од мене.
    Не фатија некои улави.
    На крај пред да си појдам се испокаравме и лута си заминав.
    Денеска е прочка,него го нема,го нема да се јави.

    Јас денеска,за среќа сум позитивна и не мислам на лоши работи.
    Денеска ме води реченицата,ако нешто треба да биде,ке биде,вака или онака.,ако некој сака да е со вас ке биде и покрај се,ако не,пуштете го.ослободете се.

    Животот е срање,животот е ѓубре.
    Ама сепак,тоа е живот.
    Бидете снаодливи во него!
    Имајте тактики,така е полесно.

    поздрав.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.692
    Нормално,недела е ,нема сонце,врне,сиво сиво нема до каде |(
    По којзнае кој пат посакувам да сум во мојата куќа,каде ќе можам да отворам прозор без да ми влезе мирисот на свинско месо што се крчка од едниот комшија и мирисот на зелка од другиот комшија :@ ,каде ќе можам да ги пружам алиштата без страв дека иако заврне нема да ги намокри,каде ќе можам да истресам чаршав или било што без да ми се качи комшиката под мене и да ми зазвони на врата уште во 9 сабајле,по пижами :@ Е куќа си е куќа кој што сака нека каже! Двор,тераса,слободааааааа :rock:
    Уште нешто сакав да додадам,срам не срам :$ :lol: Каде ќе можеш да си го сакаш мажот колку сакаш,без да ги спушташ ролетните и без да го гасиш светлото зошто прозорот на комшијата е лепенка до нас,и секако без секиранции дека на комшивката долу и крцка креветот :@ Епа стварно!!! :devil:

    Се крчкаат лазањи а него го пратив по црвено вино.Е ќе уживам цел ден,зошто не ми се излегува на времето :x Имајте убава недела,колку што можете :)
     
    На bittersweet, Hopeful, MandyLane и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.