[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Добар ден на сите :hai: .
    Да го испочитувам празникот,и јас виртуелно да побарам прошка ако на некој сум згрешила,ама знам дека не сум :wasntme: :) .Јас и денеска порано станав,ме разбуди сонцето поради тоа што вчера заборавив да ја спуштам ролетната.Со оглед на тоа што си легнав многу изнервирана,сега се чувствувам подобро.

    Како на секоја Прочка ќе доваѓаат некои гости,и така.Поздрав до сите и имајте убав ден :) .
     
    На IvanaMkd и Hiii им се допаѓа ова.
  2. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    227
    Ај и јас да бидам во шема.Простете ако нешто сум ви згрешила :).
    Многу е глупо кога луѓево чекаат да дојде прочка па да побараат прошка од некој.Човечки е секој ден да се простува :).
    Но како да му простиш на блискиот кој те изгрорел без око да му трепне?Како..?!
    Не не не јас не можам..Жал ми е што е вака...
     
  3. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    Ве молам простете ми ако сум ве повредила, навредила...на било кој начин сум ви згрешила нешто. На сите ви посакувам повеќе разбирање, трпение и самоконтрола. Честит празник. :)
     
    На Serafima и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.075
    СДК ... Случајно читам - Ние овој ден ќе го поминеме во оваа поза, а вие? И под него сликава ... :D

    [​IMG]

    Само да го гледаш и веднаш се расположуваш и моментот ти е поубав ...

    Е па сите кои ќе го поминете денов вака лежејќи и релаксирајќи се ... нека ви е на здравје! :wasntme:
     
    На bittersweet, Serafima, la-chicka и 9 други им се допаѓа ова.
  5. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Ајде и јас да го испочитувам празникот и да побарам прошка ако на некој сум му згрешила :)
    Сакам да ве прашам дали кога се разбудивте во вашиот град имаше сонце ? Во Битола вчера беше преубаво и сончево а денес повторно тмурно |( А кога има сонце некако сите сме посреќни и со позитивна енергија :lol: Пролетта со душа ја чекам :D
     
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.256
    Пол:
    Женски
    Одамна немам пишано тука, не дека ве заборајв, туку полна сум со обврски шо морам да ги завршам.
    Викендов ми помина прекрасно, вчера се изнашетав сама, ми требаше малку одмор, си бев на шопинг си се релаксирав ептен. Времето беше прекрасно, дома да не се прибериш :D .
    Со мама бевме на шнајдер, кефој сум ќе ми го напрај ист како на слика фустанот :wasntme:
    Вечерта беше прекрасна, со него, уффф :$ , најпренајубав помин иако случајно се сретнавме.
    Среќна сум,времето ме прај многу многу среќна има многу насмевки, и среќни луѓе околу мене.
    Недела, денес ја искористив за малце поќе да си поспијам оти од утре ќе почни затворот и спиење ашш. :D , Прочка- простете ми ако ви имам нешто згрешено. :)
    Вечер се собираме сите фамилијарно, кефој сум конечно ќе се изнавидам со сите, :D

    Вие имајте убава вечер. :* :hug:
     
    На Serafima, IvanaMkd, drugarka и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    145
    СДК простете ми ако ви имам нешто згрешено феминки :D
     
  8. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    И во Скопје нема сонце тмурно е, а вчера и тука беше многу убаво сончево времето.
     
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.741
    Допаѓања:
    6.738
    Сакам да кажам дека мило ми е што сум пак тука меѓу вас, зашто долго време отсуствував , мило ми е што повторно се отвори темата Модни критики и се надевам за ова време додека ме немаше се средиле некои работи на форумов, нема веќе разни препирки околу тоа кој е во право а кој не,околу бришењето на мислења што не требало да се избришат и така натаму.
    Битно денес ми е роденден, па се надевам дека сега на 15 години ќе бидам попаметна отколку што бев на 14. :angel: И иако имам да читам Евангелие по Јован за утре, да учам биологија, историја и македонски јас си седам на фејсбук и фемина и чекам да ми дојдат гости. Фак јеах! :D А временцево баш на мојот роденден ми е некако меланхолично, врнежливо и тмурно. Ама сепак ме радува, зашто знам дека овој дожд го означува крајот на сезоната на врнежи снег и дожд и дека за неколку дена ќе биде поубаво и потопло. Се си мислам дека ова е предвесник на пролетта што допрва доаѓа. Се ќе биде добро...
     
    На Doozy, Rozich и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  10. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    СДК мислам дека редно време е да почнам да си ги задоволувам прво моите потреби па ако остане време и на другите :lol: aaa ако така играме ќе играме до крај не е проблем :)
    Јас кога сакам! Јас кога можам ! А не вие . Не ти :hai: пријатно
     
  11. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.437
    Допаѓања:
    4.995
    Јас не им простувам на луѓето бидејќи сум слаба.
    Им простувам, бидејќи сум доволно силна за да знам
    дека луѓето прават грешки. Честит празник!

    Простете ми и вие мене ако некогаш нешто сум ви згрешила. :)

    http://www.youtube.com/watch?v=OlJ-pqy1b80
     
    На crazylady, IvanaMkd, anastasijaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Секогаш кога ќе се почувствуваш изморен и под притисок,само погледни во огледало со насмевка и речи: ''Бог не ја создал оваа убава креација за да биде под стрес."
    [​IMG]
    :f:
     
    На Serafima, sanjalica, mims-89 и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Денот ме врати неколку години назад, кога се беше зелено и вујче кажа дека ова село има лек кој ќе ми ги зарумени образите. И останав таму пошо сите имаа нешто против моето бледило. Ако постоеше живот во тоа пусто место обиколено со змии и ридови, тоа би било куќата на дедо и баба. А ако селото би било нечиј живот, единствениот извор би бил само фамилијата.
    Мирни некои луѓе тие мои роднини, како само за мир и работа да се создадени. И ќе се чудам јас зашто толку кротки, па на глава ќе им се качам и на вујче и на баба со моите измислици. И ќе се испотам ширејќи живот, неспокој, темерамент и детски игри и напорна ќе бидам, досадна до бескрај, ама тие ќе ми се смешкаат само и на се ќе заборават.
    Па ќе седнев малку на каменот во дворот и ќе се чудев за какво руменило ми збореше вујче, кога нивните раце се испукани, а главите ладни.
    Тогаш ја колнев природата и тоа пусто село. Ќе се лутев на мама. Но, нејзиното лице беше толку среќно оти со нејзината рода ме оставаше.

    Никогаш не сум се осеќала како романтичарите кои со петите во газ прибегнувале во некое селце, во некое зеленило чисто. Во хаосот ќе се сокриев илјадници пати и исто толку пати ќе се пронајдев.Таа индеферентност освен за восхит и алергија, за ништо друго не ми служи. Во внатрешноста ќе ја најдеш приказната, а не во навидум толку чисто место.
     
    На INSIDIOUS, mims-89 и caroline.costa им се допаѓа ова.
  14. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.431
    Пол:
    Женски
    СДК една од најдобрите другарки си замина да живее во Словенија и нема да се видиме многу долго време.Мразам разделби,мислам три дена не можам да се сопрам плачејќи кога само ќе помислам,а испраќањето по автобус беше премногу емотивно,па кога се разделуваа со дечко и ... :(
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Чувството кога сите апарати се свртени кон тебе и само ти велат „може да се сликаме?“ ...
    Убаво ми беше, ама морам да признаам дека кратко траеше.
    Можеби според некој не бевме, според некој бевме убави, но ние се чувствувавме најубави.. малце нарцистички бевме настроени, ама убаво ни’ беше.
    И сега гледање слики, видеа, си ја гледаме точката на телевизија...
    Интересни се овие манифестации.

    п.с. карневали има тука на сите страни, само вие да дојдете. ;)
     
    На Smilly, anabel-a и drugarka им се допаѓа ова.
  16. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Ќе ми простите што му пркосам на празников и одам во обратна насока ама не , не можам да барам прошка и не сакам !!!

    Некои работи не се простуваат , на некои луѓе не им се простува . Ќе барам прошка само од оние кои навистина ми е битно од нив да ја добијам , луѓе на кои вреди да подголтнам и кажам ПРОСТИ МИ . И да кажам ТИ ПРОСТУВАМ ...
    И знам дека има 5454819 пораки , текстови , книги за простувањето знам дека е божествена способност ама од тој аспект ретко кога сум способна .
    Можам да трпам многу , да правам и она што не е , и она што е невозможно тешко . И ќе превземам чекори кој скапо ќе ги платам и свесна сум за тоа . Но кога некој ќе те повреди длабоко во душата и ти остави лузна на срцето , и непријатно чувство во спомените кога и да помислиш не невозможно е да го помислам и кажам .
    Толеранцијата ми е голема , кредити давам . Ама не можам да поминам и да избришам како со гума .
    Простувајте ама се си има граница нели ? !
     
    На bittersweet, Izaabella, BeYourself и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Готово. Се решив, и повеќе ништо нема да може да ме предомисли.
    Kрајно време е да се уозбилам, и да почнам озбилно да се зае*авам.
    Готово, точка. Крај, сега озбилно. Ќе почнам да учам, и да прекинам со џаболебарењево. И да си го губам времето на глупости, и блеење во ѕид. Барем денес денов, да не ми пројде. Доста беше со глупости, го гасам компјутеров, и готово за денес.
    А и чудно е, како секогаш вакви идеи ми доаѓаат баш во недела. Не е битно.
    [​IMG]
    Останете ми со здравје. И да.. ќе заборавев..
    Пердонаме, порфавор. Жо ќеро прошка, фром ту. Тужо палабра, ест ластимо. Биказ, жо ест мучо литл. Адиос. :hai:
     
    На Doozy и Mrs.Cuper им се допаѓа ова.
  18. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Целодневно неделно трезнење од мамурната саботна кафанска вечер.
    О боже, што ли ми требаше тоа кога знаев дека имам премногу за учење.. Всушност и покрај страшнава главоболка целиот ден го поминав во учење.

    Како пауза ми дојде посетата на баба ми, сама е од кога почина прабаба ми. И помогнав да го исчисти станот и да ги среди сите плакари и фиоки. Толку тајни се криеа во тие дрвени предмети. Убави и раскошни фустани, кои додека ги разгледував со сјај во очите бабето мое ми раскажуваше каде и со која цел биле носени, марами, ташни, накит, слики.. Ми дозволи да си земам се што ми се допадна, сребрено несесерче, неколку пара обетки и очила за сонце од времето кога баба ми била тинејџерка кои се толку сочувани што те принудуваат да размислуваш дали воопшто биле носени. Само што седнавме да ручаме, баба ми од џебот извади плико.. Прабаба ми го оставила за мене. Во него имаше сплетени бели калци и две прстенчиња, кои и припаѓале на неа, врзани со сребрен конец. Влегов со станот на баба ми со главоболка, излегов со чувство на смиреност и со мене повлеков историја од моето семејство.

    Убав ден, навистина.
    Простете ми ако нешто сум ви згрешила, мили мои :)
     
    На bittersweet, Hopeful, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Ич не миии се учиии.. :@ :@ :@
    П.С.Простете ми ако сум ви згрешелаа :$ :rofl:
     
  20. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.290
    Допаѓања:
    6.803
    Oвде сум слободна да кажам се што ми лежи на душа .

    Искрено и да ме чита некој што ме познава што да правам , ме мрзи да пишувам дневник и да се мислам кај ми е скриен. :rofl:

    Вчера бев излезена и се напраивме камења со другарките. Требаше вечерва кога сме преправени и ништо не се гледа ама како да не издржавме. Заминав со едно машко на кое денеска му го дознав името ,мн симпатично . Не велам дена ми е криво, убаво ми било тогаш,знае да ме насмее.

    А и не дека не памтам што правевме муабет и општо што правевме. Да не ви се појават некој dirty minds само бакнеж беше :wasntme:
    Знам дека ми рече дека името ми стоело , ми прати и порака на телефон утрово . Нешто во смисла да танцуваме на дождот и дека сакал да јаде кифли со мармалад :lol: Интерсно типче е , треба пак да го видам вечерва , али трезна ќе бидам.

    Заборавив да ви кажам , вечерва ќе бидам полицајка и си купив мрежести хулахопки. Се радувам ко мало дете. :D
    Одувек сум сакала да носам ! :x
     

    Прикачени фајлови:

    • jhjh.jpeg
      jhjh.jpeg
      Големина на фајлот:
      12,7 KB
      Прегледи:
      101
    На IvanaMkd и Izaabella им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.