[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Оддамна не сум поминала олку добар ден кај баба ми!
    Ми раскажуваше за времето порано, како го запознала дедо ми, Бог да го прости, како го криела од другарките, затоа што сите претходни дечковци и ги краделе, како направиле свадба за само 15 дена, и како правеле свадба во Србија и траела цела недела. Милина. :inlove: :inlove:

    Ми кажуваше за корзото, во еден ред шетале тие што се дојдени сами (на кои што цветот во џепчето од сакото им покажувало дали се сами или верени), средниот ред бил за паровите, дечко/девојка или верени, и редот од страната на Дом на АРМ бил за вдовиците и распуштениците..
    И од сето ова што ми го раскажа, како да не кажам дека убаво си живееле тогаш? Како да не кажам - порано било поубаво.. Милина, пак ќе кажам... Иако имало и неубави работи за коишто ваква останав :o :o

    Ахх.. спомени, спомени, ми иде книга да напишам! :)

    п.с.Си гледавме стари слики, решив да ви “подарам’’ една :)
     

    Прикачени фајлови:

    • IMAG0604.jpg
      IMAG0604.jpg
      Големина на фајлот:
      195,6 KB
      Прегледи:
      315
    На kate21, Buttterfly, Adi888 и 19 други им се допаѓа ова.
  2. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    ах бееее ке поминат ваквите денови некад ?? Ке застанам некад на цврста и мирна површина ? Да погледнам мирно во хоризонтот без да мислам што е работава и што следува ???

    Па сакам бе и ја мир, сакам барем да знам дека работите се океј дека ке биде се во ред. Сакам да знам. Зашто не ми даваш да дознам зашто уште со ова мачење ? Аман нека престане :|

    ми се црпат и последни атоми од енергијава више а неможам да го запрам тој процес едноставно незнам. Сакам промена некаква да ме оживее , сакам да дознам нешто што ке ме крене на нозе да знам дека не сум само робот кој е програмиран да дише ...

    А она у мене што вришти незнам дал е проклетава интуиција или само страв ... Осеќам ко све да ме кочи сакам да излезам и да шетам некаде да бидам бескраен патник на времево .

    Сакам да се осигурам во рбаотите , да не ме мачи се нешто. Сакам мирен сон . Доста беше. Доста!
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.075
    [​IMG]
     
    На booba, Hopeful и danichap им се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК те ме пак лала... :hai: :D :emo:

    Сакам да го гледам кога заоѓа сонцето, а и кога изгрева, посебно во летниот период :inlove: едноставно преубаво ми е :angel: :angel: :emo: додуша времето е секогаш убаво, само се зависи од расположението на човекот, ако се чувствува лошо, се е неубаво :D и обратно, колку само влијание има тоа, огромно, а иначе времето е нонстоп убаво :!: а е нешто на што не му обрнуваме многу внимание.

    И простувањето е убава работа, зш сама по себе е убава :D да се прости за нешто е всушност ослободување од некаква тежина.Простувам, затоа што мислам дека животот е полн со премногу негативни работи, па не би сакала да дополнително ги создавам, со тоа истовремено да си штетам себе си, а и другите.Иако тоа би требало да е дел од секојдневието, не само еднаш во годината, сега како празник мора да го има, само од едноставна причина за да се сетиме дека нешто треба да направиме или пак сме заборавиле да го направиме.Се што правиме во животот е многу повеќе од зборови, овие работи и те како имаат огромно значење, знам и не зборам напразно.

    А мислата се појавува од никаде, секаква може да биде, но треба да се внимава каква е и дали треба да биде реализирана.
     
    На bittersweet, Serafima, A-j-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ме бидува за маркетинг нема што :rofl:
    наместо да се заглавам со студиите во бизнис-коресподенцијата, требаше маркетинг да си одберам, до сега ке дипломирав, ама ете :fubar:
    после оној страшен сон што го сонував, незнам каде сум денес, и толку ;( пролеав-ко да сум во ПМС :lol:
    и пак сакам да им помогнам на тие што можам-што јас неможам да си го дозволам тој луксуз да си го осигурам мојот живот, барем тие што можат нека го сторат тоа, се се случува :worried:
     
  6. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    2.476
    [​IMG]
    толку :bow:
     
    На kate21, booba, sadangel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Денес е таков ден кога идеме кај тета на ручек, си простуваме сите,пиеме винце...и секако јадеме кадаиф :)
    Иако беше дождлив ден сепак бевме расположени. ;)
     
  8. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Дека имам премногу емоции во мене, а не знам да ги преточам во реченица. Епа ќе си ги чувам себично за мене :P
    Долго време се плашев да се приближам, а веќе кога ме турнаа, па мораше да дојдам поблиску, за чудо не почувствував страв, туку блага топлина во срцето, поддршка, па можам да кажам и дека сега ми е поубаво.
    Наравоучение: не плашете се од предизвици, често работите што изгледаат страшно и опасно, можат да направат да се почуствувате поубаво. Или по нашки - навидум страшното може да биде само screensaver :D
    Делам мудрости денес, ајде три за стотка :D
    Се прашувам што може да се згреши на форум, и зошто да се прости? :^) Хмм, епа простете доколку сум ви избришала некое мислење по грешка, или сум ви го фатила редот со некој мој пост, mkay? :D
     
    На Gordana10, booba и anabel-a им се допаѓа ова.
  9. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Nobody dies a virgin...Life fuck us all.

    [​IMG]
     
    На IvanaMkd, booba и smiley-94 им се допаѓа ова.
  10. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    227
    Е бре момчиња плаво бели на крај секогаш така усерувате..Брза кукчка слепи кучиња раѓа. :!:
    Мојсо сирот го испотепаа....

    Станич, ко и секат..ЅВЕР! :bow:

    Многу напорен ден, ми треба одмор.
     
  11. Karamella

    Karamella Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    23
    69 мислења :lol: ]:)
     
  12. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, Meggy и Cacy им се допаѓа ова.
  13. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.326
    Претпоставувам дека утре е Денот - Д.
    Планирав многу работи и само си го поместував рокот, аха да. На крајот, чорба.
    Го прескокнав празникот, не ми значи гестот некој напразно да ми се извини дека таков е денов. Не ни побарав прошка.

    Металург изгуби.

    Недела. Грда. Досадна. Измачувачка.
    Блуз и тазе бањата.
    Мирисам на мед и млеко.
    Играм по бањарка.

    Чекам мејлови.
    Добро зарем луѓево демек напредни со технологијава, ме оставаат во искушение.
    Повремени напади на нервоза и често урлање.
    Си ги редам пцостите.

    Ма не ме ј*би.
    Ништо посебно.
    Кисски. :*
     
  14. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.468
    Супер викенд, можам да кажам еден од најдобрите досега.
    И вчера и денес уживав, и на сонцето и на дождот.
    Денес празник, на помош нека е, простете ако ви имам згрешено нешто.
    Прошетка на дождот со либето, двајцата гушнати под еден чадор, шлапавме во вирчињата. Потоа заедно правевме ручек - пица, па го поминавме цело попладне во убаво расположение. Многу ми беше убаво, сакам кога го минувам времето со него.
    Сега се чувствувам прејадено, не дека се прејадов, туку изедов неколку маслинки вишок, па не можам да се изнапијам вода и се чувствувам како балон, ама нема гајле, ќе ми помине :) .
    Инаку викендов најдов време и за учење, си се изненадувам себе си, некако сега на крајов се разучив :D , ама ако, никогаш не е доцна.
    Петок ќе ја глумам Lady Macbeth, па треба да го научам говорот, I like it!
    Вечер оскарите, и така!
    Имајте убава вечер!
     
    На bittersweet и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  15. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.775
    Пол:
    Женски
    Ќе почнев да учам денеска.
    Оххх, планови, планови...
    Не знам дали се одморив доволно за да почнам со учење, но морам, затоа што ако не ме заглави овој семестар, нема никој.

    Ај од утре.

    :geek:
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    СДК
    Има нешто посебно во изгревањето на сонцето, дочекување на новиот ден.
    Ги обожавам ваквите утра, сама надвор со кафето и своите мисли, го гледам изгревањето на сонцето, сите сеуште спијат а тишината ја нарушува само по некој автомобил и крештањето на cockatoo`s (незнам како се викаат овие на македонски)
    [​IMG]

    Ваквите утра се совршени за размислување, за анализа на своите постапки, се мислам дали мене нешто ми фали или на тие што ме опкружуваат.Како да едвај чекаат нешто според нивни стандарди да згрешиш и да ти рипнаат, аха ете доказ дека не си во ред, не ги исполнуваш нивните стандарди за нормално однесување.
    Според мене секој има право на сопствен став, начин на размислување, однесување и изразување, не би ни било интересно сите да бидеме исти, тогаш не би биле луѓе туку роботи.
    Ако на сите мајки им е природно и нормално да го користат зборот НИЕ кога станува збор за нивното дете, мене не ми е, не ги напаѓам тие што го користат зборот НИЕ, не гледам причина зошто ме напаѓаат зошто не го користам зборот НИЕ, јас и Матео сме две различни единки.
    НИЕ не растеме-Матео расте.
    НИЕ не користеме пелени-Матео користи.
    НИЕ не цицаме-Матео цица итн,итн.
    Не гледам што е неприродно и не мајчински |( во тоа што кога зборам за Матео користам еднина.

    Туку на народов не му се погодува што и да правиш, јас ќе си правам како ми чини, место да се замарам со туѓите мислења да си уживам во последниве дена на летото да ги искористам до максимум само за убави работи.
     
    На Hopeful, sesilija, glow и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Хедонистички викенд.

    Бонобо на плеј листа, јас со боза и чоколадна торта од Палма, си гувеам ко млада невеста врз гревовите ем радостите на овие два дена мекнеење.
    Тајландската масажа ме препороди. Мислам дека духот ми лебдеше врз тие лотосовите цветови потопени во вода! Башка и чај од ѓумбир, масло од портокал на стапалца, ах... Ако добив предозираност од нешто викендов, тоа е од - Ќефои!
    Љубов, храна, масажа, шетање во парк, сонце на шишка, што да посакам повеќе? :inlove:
    Постирам некои слики на Фб, споро оди, ама ми е гајле. Некако, целосно сум озарена. Ме фати некоја чудесна енергија прееска додека се клатев во автобус. Се почувствував како да си пропаѓам во сопствените мисли, тонови, екстази.
    И продолжувам, ме вози ова чувство.
    До наредните хедонизирања.
    :*
     
    На mims-89, Meggy, TheaEsposito и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Го мразам ваквото време!!!!Денеска не се чувствувам убаво.Некако сум тажна без некоја посебна причина.Се чувствувам како се да ми пропаднало а нема никаква причина за тоа.Можеби сум ваква зошто се потсетив на времињата кога одев кај баба на ручек на денешен ден,но тоа денес не беше така :( И тој ме разочара со некои свои постапки и ме натера да размислам за многу нешта.Се надевам утре ќе бидам подобра.И простете им на своите блиски што и да ви згрешиле не бидете злопамтила.Имајте убава вечер :)
     
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам лето, сакам да одам на одмор, сакам да се облекувам светло и разголено, сакам нови наочари за сонце, сакам море, плажа, освежување, сонце во моите руси коси :D , ма милина, блесок и сјај... ми здосади сивилово и мене :D Ајде побрзо нека се стопли времево! :sun: :o:
     
    На Rozich и Gordana10 им се допаѓа ова.
  20. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Ден прочка, мама направи преубав ручек и ги повика најблиските дома кај нас заедно да ручаме. Двете баби и двете тетки (сестрата на татко ми, и сестрата на мајка ми) со семејствата. Масата беше претесна да не собере сите. Некако се сместивме, сите почнаа да јадат, се смееа, правеа муабет, а јас само каснав ради реда и станав за не цели 5 минути. Пред малку се сетив на Васил (детенцето бездомник кое случајно го запознав). Како ли е? Каде ли е? Гладен ли е, му недостига ли топла облека? Додека го средував шкафот сега сфатив дека имам премногу работи, а секогаш кукам дека немам што да облечам, додека пак некои луѓе имаат толку малку а сепак се задоволни.
    Имам некоја грутка во себе, ме тера да заплачам,а најтрагично е што не знам за што би плачела. Дали е до времето не знам, но депресивна сум веќе 2 ден. Сакам сонце, зеленило, полни паркови со луѓе. ми се смачи од сивилово што ме опкружува.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.