[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.817
    Мислам, дека се ќе биде во ред. Мислам, дека се ќе тргне на арно па и поарно.
    Не знам од кој и од чиј задник ја вадам позитивава денес, ама толку сум жедна и гладна за убави мигови, што ќе си прднам по едно шарено виножитце чинам денес.
    А не смеам - пошто се плашам да не ме боли :wasntme: а само јас си знам зошто :D

    Кога бевме мали, на другарките родителите им велеа - донеси петка, ќе добиеш точаче.
    Мене ми велеа - е добро де, за себе учиш, не за нас! И ме тапшаа по главчето.

    Да ви кажам, арно шо ме тапшале. Да не си мислам дека за све у животот, треба некој да ми го гребе грбот и да ми поклони нешто. Ќе си го поклонам сама, за свои паричиња. Затоа денес, ќе го ценам тоа три пати повеќе. Затоа што кога другите им кукумјавчат на родителите, јас си го стегам дупето и си велам - издржи, ќе биде. Тешко е, камо да беше полесно, ама морам да се справам со ова што е тука и денес, а не со тоа што би било.
    Епа ќе биде. Си велам денес. Некако на убаво ми мириса се. Само уште малку и сонот ќе стане јаве. Може е мал, сребреникаво - црвен и сосема небитен, но е сон.

    Ми се јаде, убавина бре луѓе. Густав Климт here I come. За мене доза на култура, уметност и 4 пара први пролетни, топли, сончеви зраци. Кафе со шлаг, и fruhstuck bitte!
     
    На Go-Girl, Strumfeta93, Divinebutterfly и 11 други им се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека пред малку станав, и веднаш се фатив со обврски по дома ко Пепелашка сум-а принцот ми го нема :D (уште не сум ни појадувана т.е. денес се прочистувам нешто ми се случува со цревата, добив грчеви пак :doh: АМАН веке :@ а некако сум си незаситна деновиве , ништо од диетата лебче и водичка, епа затоа пак почнаа проблемите-опцијава штрајк со глад е најдоба(за сега) и благодарам од една личност многу значи :$ се чуствувам ко :hug: со :l: што сака да им помогне на сите, дури вчера размислував дека АКО некогаш во животот основам нешто свое-фирма, козметички салон, што и да е , да ги вработам другарките(знам во колку тешка економска ситуација се) иако таа што до пред некое време ко сестра ја сакав, ме викаше мајка тереза(ко тоа да е навреда) секташка(нели пошто одам на медитација, и сум пешко вегетарјанка) и сум забегала,НЕ МЕ ПОВРЕДУВА знам која сум и што сум, и ЗОШТО го правам тоа Господ семокен гледа и врака, јас сум едно :f: што мириса :)
     
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Овие два дена некако посебно сум расположена :D се смеам неконтролирано и се радувам за без везе али така е најубаво нели? :D
    Ме израдува денес веста за братучетка ми,бремена е.Оу јеа :D Нов палав член во фамилијата.Само нека е живо и здраво а за понатаму подоцна ке мислиме. :D
    И така уште еден ден ке помине мрачен,бидејки нели времето се побркало.
     
    На Divinebutterfly, IvanaMkd, booba и 7 други им се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.483
    Допаѓања:
    125.688
    Пол:
    Женски
    СДК како денеска што си го сакам креветчето мислам дека никогаш не сум го сакала толку :D Не знам дали е до понеделникот или е до мене ама јас сум денеска буквално ваква. Ајде нека помине денов веќе.
     

    Прикачени фајлови:

    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    Чувството кога самиот себе се запознаваш подобро...
    И... Едноставно се чудиш дали да се радуваш што си едно од ретките човечки битија во кое останало човечност, сочувствителност, љубов и почит за секого... Или да си седнеш и да си плачеш, да се трескаш од земји бидејки знаеш дека таквите поштени луѓе често се искористени и зае*ани поштено! :lol:
     
    На mims-89 и A-j-a им се допаѓа ова.
  6. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Сончеви зраци и снегулки? Абе убиствена комбинација. :D
    Станав толку рано, што до сега требаше да заборавам како се викам, али позитивност некоја ми се мота, па се ми е кул:).
    Јадев, и пак ке се најадам како стока, зашто, нели, ми се може. :rofl:
    Имајте убав ден. :* :D
     
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.129
    Пол:
    Женски
    5 степени и некое зракче ваму-таму, за мене доволно да си ја разбистрам главата.
    Кафето утрово појачано, со две полни кафе и една полна шеќер. Имам чувство дека ќе ми треба.
    Чудно е, колку работи си мислев до вчера, а денес се побиени. И не ми е мака, затоа што увидов дека сум била сакана многу повеќе од што си мислев.
    И зарем е можно некој да се сака се повеќе и повеќе од ден на ден? Епа можно било.

    Денес сакам да јадам ќебапчиња, по можност убаво запечени и гарнирани со пекарски компир.
    Сакам да ми свири радиото цел ден додека средувам алишта што мирисаат на лаванда.
    Сакам да имам едно мало џуџе што ќе оди по мене, а претходно ќе ја избрише прашината низ цел стан. И сакам некој да испече сто кила кукис да имам залихи до крајот на светот.
    Вака, понеделнички сакам некој да ми каже дека неделава ќе биде прекрасна. И дека во Март нема да има многу изненадувања, и дека нема да падне снег.
    И дека ќе се држиме за рака и ќе чекаме чудо.
    Никогаш не е касно за чудо. Па што, Бред Пит уште не зема оскар?
     
    На marama, TeddyGrey, MandyLane и 3 други им се допаѓа ова.
  8. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Сега се вратив од училиште и можам да кажам дека пред мене си замислувам само кревет и мекичка перница :?: Ама имам некои обврски кои морам да ги завршам, па и треба да учам и изгледа нема да можам да си поспијам :yawn: И денес времето е тмурно, облачно и некако многу свежичко... Вчера цел можен ден дожд врнеше, ама ако го подистопи барем снегот и многу поубо спијам кога врни дожд :angel:
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    [​IMG]
     
    На IvanaMkd, Serafima и marama им се допаѓа ова.
  10. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    227
     

    Прикачени фајлови:

    На mims-89, IvanaMkd, blond и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Преубав викенд,посебно саботата,ах колку убав ден ми беше...прекрасно беше времето,топличко,сончево :sun: ...ту бе сите денови да се такви,а не сега пак застуде,сонце нема,дува ветер...абе ич не го сакам овакво времето,ме прави да се чувствувам депресивно.
    Денеска си одморив од школото,ама да ви кажам утре одвај чекам да отидам,да се видам со другарка ми,да си раскажеме како сме си го поминале викендот.И како што гледам се наближува сабота,кога треба да испаднам со овој,и на моменти одвај чекам да дојде сабота,на моменти ми се бега што подалеку.Ај ќе отидам,па ќе видам дали е такво ѓубре како што ми го кажуваат.
    Отидов јас да кркнам макарони,па бујрум :P
     
    На Divinebutterfly, marama, Mrs.Cuper и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Понеделник. Класика.
    Секој понеделник ми почнува толку глупаво, што ми се чини да го прескокнам а и преспијам и директно вторник да дојде, па да продолжам со обврските.

    Прво се успав, па после тоа отидов во школо до коленици со кал и како шлаг на сето ова ми се скинаа хулахопките. Јеј |(

    Плус не сум баш најзадоволна како се одвиват работите ... Може и подобро...Можам и подобро ...
     
    На IvanaMkd, Serafima, maca99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    СДК да имав многу пари би отворила џез библиотека... просторија исполнета со многууу книги, плочи, грамофони и дух. Леле колку сакам.. додека читаш книгиче мирен џез во позадина.. чајче и опуштеност..
     
    На ines.h, LilBaby, Theodora и 17 други им се допаѓа ова.
  14. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    4.771
    Пол:
    Женски
    СДК ретко мене ми се случува да станам од сабајле ( читај 1 саат) и да бидам расположена... :D Се чувствувам добро, но добро во вистинска смисла на зборот.. Добро сум.. Нешто се случува со мене, се менуваат нештата.. :clap: :rock:

    Сакам да кажам дека нема да анализирам се до најмал детаљ и ќе оставам се спонтано да тече.. Тоа ми е совет од моја добра другарка во трета година што го добив.. Уште се придружувам до него и добро оди.. :)

    Добро е, се помрднав од мртва точка.. Има надеж.. :D :D
     
  15. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    СДК понекогаш е убаво да си сам не осамен туку сам да имаш време за себе ама само за себе . Да уживаш во работи кои порано си имал задоволство да ги правиш . Тишина , мир , спокојство тоа ми е потребно одреден период . Сакам да сум мирна во душава без драми без циркуси не би било лошо тоа . Не мора да биде тешко зошто не може да одиме по лесниот пат ? ? После сакам еден воздух убав ладен и топол да ме фати надвор и ќе потрае и ќе бидам сама како и сега одмарам со себе .
     
  16. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.692
    Е сите полуделе :| До времето ќе да е,да се утешам!
    Гинекологот 2 саати ми солеше памет како се останувало трудна.Како да се пазам.Кога му кажав дека сум мажена рече ааа ,што не кажеш! Се покајав што појдов и сега ќе мора пак да го сменам :@ .Ми кажуваше приказни за девојчиња кои доаѓале да абортираат,па како некоја абортирала 17 пати,и да не продолжам да ви кажувам уште што ми кажа зошто пак ќе ми се згади :puke: Друго ми препиша тој фолна,железо,ми препиша матичната нешто од природни препарати,ама во аптеката го немаа и нормално ми препорачаа друго.Се јавив да прашам дали да го земам за да докторот рече дека не може,зошто морало од таа фирма што ми напишал да биде! Им е гајле ли на нив за здравјето наше ? Изгледа навистина е точно она што ми го кажуваа дека им давале пари од 40-60- ден за препишана рецепта на лек од таа и таа фирма :o Ова ми го потврдија и во аптекат каде ми кажаа дека врвни доктори-нормално не спомнаа име,барале пациентите откако ќе го купат лекот да им се вратат со него а фискалната ја земале. :x
    Секако ова не важи за сите доктори,искрено се надевам дека малку се такви :!:
    Не знам дали е за верување ил не,ама јас верувам.Верувам зошто ништо веќе не може да ме изненади.Ама ништо.Се намалтретирав од 8 сабајле за да сега се приберам,ако ми е!
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.264
    Допаѓања:
    67.833
    Пол:
    Женски
    Ајде почна постот денес, со лесно на сите кои ќе постат. :) Мојот најмирен период во целата година. Таман да не збеснувам многу многу пред свадбата. :wasntme:

    Друго сдк, мислев дека годинава ќе биде подобра, ама нешто не се покажува баш како што треба. Ќе ја замолам да се оправи.
     
    На IvanaMkd и Mrs.Cuper им се допаѓа ова.
  18. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Ми се јаде сладолед,ми се шета,сакам да имаа :sun: како во саботата..и тоаа :!:
     
  19. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    СДК се возев денеска по којзнае колку време во двокатен автобус. И си седам во него, слушам нешто музика на слушалки и кога гледам на тие лентите што кажуваат колку е саат, па температура во авотбусот и наеднаш читам Среќен роденден Татковино. Па добро колку време ќе славиме дека и е роденден на земјава? Или пак може ги мрзи да го сменат тоа и да си чекаат за следниот 8 септември.
    Малку се разочарав денеска не сум положила, али нема везе тоа ми е памет за следен пат поише да учам(аха)....
    Инаку и јас како Алесии ќе изразам желба и ќе кажам дека и на мене ми се јаде сладолед и дека одвај чекам да се стопли времево, а со тоа и моиве масни наслаги што ги поседувам(планирам да џогирам малку летово, да ослабнам)
    И да се пофалам си купив книгии јееее (ќе си се учат сами некое време) :lol:
     
  20. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    И кучињата се љубоморни едно на друго! :lol:
    Имам две кучиња кои се заврзани, така се навикнати и така си живеат во своја куќичка на крајот од дворот. Едното го пуштивме да прошета пошто е многу помирно, а друго не-зошто е како лудо незнае кај трча и што прави. :D
    Ама вие незнаете како само гледа ова заврзаново, цело време го прати кај оди, што прави онака баш со љубоморен и љубопитен поглед. :rofl: :rofl: А овој си се шетка низ дворот, си мириса и се мо*ка насекаде... Пресреќен е на слободата! :D
    Многу се интересни. Да се разбереме-двете се машки, сигурно не се во врска! :rofl: :rofl: :rofl: А можда и се, не им ја знам сексуалната определеност! :lol:
     
    На CoverGirl10 и Mrs.Cuper им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.