1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Убаво ми е, па затоа нема да мрчам за времево што се менува кога ќе му текне. Иако многу ми фали сонценце. Но кој чека ќе дочека нели. Ќе се радуваме уште на многу многу сончеви денови. :sun:

    И да...
    Многу се нервирам кога некој на нечесен начин, на грбот на другиот гради успеси. Тоа ме вади од кожа. И ме боли, и ме демотивира.
    Има ли шанси тоа да се промени? :|
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  2. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    5.006
    Јас сум карактер, со мало K.
    Ама малецко малецко, минијатурно.
    Туф, бе, почнувам диета, аха, два дена, ајдееее најади се, па пак нова диета.
    Ех, карактер, карактер.

    Ете од таму ми е малото К.
    Почнаа постите. Имам желба оваа година да постам. Ќе издржам една недела. Морам.
    Баба ми викаше-Мора само да се умре, се труго се Треба
    Затоа се сепнувам цело време и викам, треба.
    Чисто да ми порасне К-то од карактерот.

    Ама затоа кога се работи за проекти, прва сум да ја завршам работата пред време. Одговорност на нивоУ.
    Тоа ми се другите букви од "карактерот". Денес си завршив проекти по два предмета, за да почнам да учам. Да имам повеќе време. Ах, колку касно сфатив дека треба побрзо да завршам тоа факултетот. А веќе сум на крај, уште семестаров, пусти последен семстар..
     
    На sanjalica, CoverGirl10, Artemission и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Ѕиркачи во туѓи животи, насекаде ги има. Ама не се тие виновни за нивната радозналост, виновен си самиот ти што ги храниш.
    Од секогаш сум им давала теми за разговор на ниските. Онака, да се наситат и да се почувствуваат големи за момент. А и општо луѓето си имаат некоја притаена сатисфакција од тоа зборување за нив, прво ќе се намрштат во стил како можел некој тоа да го каже, а потоа длабоко во себе ќе се обидат да ја скријат насмевката која се развлекува.
    Но ако, нека има и такви ѕиркачи, од никој не зависи твојата приватност освен од тебе. А ако и покрај сите обиди да се скриеш некој сепак се обиде да открие барем дел од тебе, е тоа е чиста професионалност, која кога не би била толку подла би заслужила и восхит.

    Никогаш не ми сметало ништо доколку е направено со стил. Нека има и ѕиркачи, ама да знаат како да те наведат да им дозволиш да ѕирнат, не сакам аматери.
    А често ми се гади и од вејки на ветрот, кои буквално секој може да ги повее. Ме инспирира една колешка, толкава вејка до сега немам сретнато. Имиџот и погледите кон светот и се менуваат во зависност од тоа со кого се дружи. Тотално е слепа кон сопственото огледало и кон сопствената интуиција.
    Има луѓе што се способни да ти влезат под кожа и целосно да те променат, се разбира ако им дозволиш. За оваа, не треба да си ни професионалец, секако ќе те следи.
    Се додека не почне да се филма дека е некој уметник не ми смета, ништо не е полошо од замислен квази уметник.
     
    На Strumfeta93, booba и angel92 им се допаѓа ова.
  4. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Во тесно, пријателите се гледаат, мајке ми!
    Побитни му се е*аните 2 3 поени од вежба, отколку тоа јас да фатам услов, и да ми помогне за есејот, ахххх, интересен свет, ама свет во кој СЕ се врти :!: !

    Уживајте луѓе, кога нервозата е на алармантно ниво, само помисли на тоа што се те чека допрво :wasntme:
     
    На LilBaby и marama им се допаѓа ова.
  5. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.326
    Некој или го бидува или не.
    Тој Некој се посветува и го искористува талентот или пак и отвара врата, да го надвалее, мрзеливоста. Се води по девизата дека ‘Така му било пишано‘.

    Е сеа, Некој го работи тоа што го сака, додека друг работи исклучиво за земе профит.
    Првиов целосно се предава на работата и го прави тоа со љубов, а другиот е дрзок, одвај чека дома да се прибере и ја исфрла нервозата на околината ако мажот, у случај тоа да е ѓоспоѓа, не ‘напишал домашно‘ предходната вечер.
    Со првиов пример многу(со долго О) се среќаваме у јавна администрација, на шалтер, во продавница, па и на улица.Арно ама, ретки се тие од вториот пример шо е наведен е редок и спаѓа у инденџрд спишс,
    ама п о с т о ј а т.

    И им се восхитувам на таквите зашо знаат од едно да направад две(така ми беше зборот). Работат со душа. Посветуваат време на својата работа и мераклиски си настроен и ти од другата страна кога гледаш дека има труд и се работи и надвор од програмата(у плус).

    Ух постов колку статистички ми делува мене.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Чуството кога другарка ти ќе му каже на твојот бивши: Немој да изгубиш девојка како неа :rock:
    А он ќе каже: Ок опушти се :drunk: :roll:

    :rofl:
     
  7. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    227
    Чекај чекај..не ви се пофалив :o, срам да ми е сум заборавила.Па видете незнам дали вие амкате јајце на прочка, но ние да.Иуу погодете кој го фати..?Еее па секако ЈАС :lol:. Ми се исплати трудот, и смеењето од кое сега ме болат стомачните.(човечештосијабришепотта :lol:).Ги сакам деновите кога со насмевка на лицата седнуваме на трепезата, и јадеме од вкусните јадења на мама :inlove:. Ете вчера беше еден од тие денови.

    Си научив се и сега ми е мирна душичката.

    И сегааа ве поздравувам со мојата омилена песничка :*

    http://www.youtube.com/watch?v=Cw5SvvSL2rQ
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    25.874
    Пол:
    Женски
    Кога некој ќе ме зачуди со своето однесување, не можам а да не се прашам дали до мене е проблемот, јас сум премногу конзервативна или па дотичните се ултра модерни и преполни со самодоверба.
    Е после тоа ме води кон следно прашање самодоверба, или потисната несигурност?
    Едно знам, не можам да поднесам луѓе што се заљубени во себе, а уште повеќе што 24/7 даваат до знаење на другите околу за својата заљубеност и не пропуштаат момент за да си ја презентираат својата прекрасност.
    Тишината е злато, ама кој знае тоа?
     
    На FortuneTeller.xD, mims-89, cinderella5 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    како не бев министер за образование, и одма уште утре ке воведев задолжително сексуално образование во сите училишта, основни , средни :devil:
    сите сме биле во тие години,и ние не сме знаеле се, ама оваа денешна младина??????? :(
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    145
    сдк дека ова ми е најнеубавиот ден во мојот живот :(
     
  11. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Aко нешто научив од последниве три месеци тоа е да знам кога треба да престанам. И престанав. А можев да зборам уште многу.
    Научив дека има неправди во светот... Да ги исправувам јас, не можам. Можам само да гледам за себе, да тргнам од себе за да не ги направам и јас истите неправди...
    Не можам да пробувам да исправам криви дрини за другите... Битно моите се прави дрини.
    И ќе се надевам дека секој ќе тргне од себе и нема да прави неправди. Најверојатно е пуста надеж, ама ете...

    Секој евентуално ќе згреши некому... Можеби ќе повреди и некоја моја блиска особа!? И како да му всадиш на некого во главата дека не е убаво тоа!? Дека таа особа не заслужила така!?
    Да беше денес пред три месеци ќе пробав да ги исправувам ср*њата на другите.
    Денеска знам дека нема да успеам.
    Зашто да пробувам нешто што е осудено на пропаст?
    Едноставно треба да се свести секој. А ако не се свести... Па, ќе научам да живеам со тоа. Морам, а и почнав да учам.
     
    На Cynthia, CoverGirl10, Serafima и 14 други им се допаѓа ова.
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    СДК ... сакам да сум табула раса! Погодувате нели? Да сум бебе ... Само да знам за плачење, как**е, моч***е, и цица*е и по некое :puke: ... И цело време да ме мавтаат од раце во раце, од кревет во колица и обратно, да спијам по 5,6 пати на ден ... Да немам појма која сум, кај сум, што сум ... со кого сум ... Сите да ми гугаат, сите да ме сакаат, да ме мазат ... јас да си се чудам што им е. :^) Да ме бањаат секој ден и да уживам 8) ... да ме шетаат јас да немам појма кај идам и што е тоа, важно мене да ме релаксира. Е а кога ќе ме соблекуваат тогаш да се радувам ... Слобода! ^_^ Кој не сака да е ослободен од нешта кои само му тежат?
    Е така ... зашто сега вака со многу информации во глава, со многу мисли, анализи ... со солење памет само боли глава. И од многу знаење не е на арно. Од само свесни и несвесни постапки и дела животов е тотална збунка. А за човекољубниве односи ... само компликации.
    Ајт
     
    На bittersweet, Strumfeta93, Look и 3 други им се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Понеделнички - не ми се филозофира многу...
    А и кој би можел, после предавања до 6 навечер.
    Треба да си носам во ташна џебна батерија, некој ден ќе си ја утнам куќата по темнициве.
    Па откако сега се опуштив во пижами со кафе и чоколадни обланди пред мене, не ми се станува за да учам. Уморна сум веќе, како полека да ги губам силите и нервите...

    Мислите ми летаат неколку месеци напред. Некаде кон Париз, Рим и Лорет де Мар.
    Пролетта ми навестува многу убави работи освен зумбули и јорговани. Ако се оди според планот, можам да очекувам убав период од годината исполнет со прекрасни мигови.
    Да не се тие позитивни мисли кон иднината, зимава ќе ми биде крајно депресивна и очајна.

    За убавите работи има време, а дотогаш - секој понеделник начисто ќе ме убива!
    [​IMG]
     
    На teddybear, anabel-a, Lepaaa и 4 други им се допаѓа ова.
  14. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Колку ладен ден бррр...идејќи накај една другарка се смрзнав,и прв пат во животот толку многу ми солзеа очите ;( ,луѓето ќе си помислеа дека плачам. :lol:
    Ахх кога ќе помислам дека и утре ме чека истото... |(
     
  15. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    606
    Доживеав и јас да немам што да кажам. И јас како Ана, мразам понеделник, исцрпено се осеќам иако скоро ништо немам направено цел ден. Слушав некакви глупи предавања и предев ко мачка покрај камин.
    Ве поздравувам и запомнете, иде викенд за 4 дена :rofl:
     
    На Serafima, CIA и anabel-a им се допаѓа ова.
  16. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    [​IMG]
    Многу јасно, нема тука филозофија.
     
    На Serafima и marama им се допаѓа ова.
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.946
    Допаѓања:
    25.704
    Пол:
    Женски
    Не можам да ги разберам оние искомплексирани личности полни со фрустрации. Имам една таква колешка на факултет, и не знам кој и е проблемот со помладите од неа коЛеги. Типката има 32 години, значи повеќе од 10 години е постара од сите нас. Наместо да се однесува како што и доликува на годините, таа се однесува сосема обратно. Се расправа ко некоја напалена тинејџерка со збеснати хормони. Господи, какви се има по земјата :fubar:
     
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Кога си тажен,кога си депресивен,кога сите ќе те разочараат,кога ти се плаче,прочитај ги мислењата на Стефанја и се ќе биде во ред :lol: .
     
    На ines.h му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.