1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.281
    Допаѓања:
    81.856
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам, и ќе кажам, дека обожавам вторници!
    После понеделничката сензација, добро ми дојде вторничково издание. Ма не знам колку пати потсвесно сум си кажувала дека вторник е денот Д.
    Денеска беше ден за паметење, иако ми почна прилично успано, во отсуство на мојата кофеинска утринска доза.
    И си велев - МишелО, отиде денеска - нема кафе, нема ќеф!
    Очигледно сум се излажала.
    Напорниов ден ми помина и повеќе од одлично - е сега, признавам ми фалеа некои ситници, ама се може и без нив. :D
    Кафе - муабет надвор, на најсончевата маса, со добро друштво = бесценето.
    Ме фати и предпролетното расположение и си го облеков џемперчето со цветичи. Ми фалеа уште очилата за сонце и најискрено, ќе пукнев од позитивна енергија.
    Сега не ми преостанува ништо друго, освен да си ги потсредам обврските за утре и да очекувам убав, а дај Боже нели и поубав ден од денешниов.

    Изволте плусчиња за позитивна енергија, грабнете по едно и останете насмеани.
    [​IMG]
    Знам дека бодат очи, ама и позитивната енергија боде очи, посебно кај оние со подсоберени веѓи. :!:
     
    На TeddyGrey, anabel-a, Strumfeta93 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    5.465
    Нема поубаво чувство од тоа да знаеш дека СЕ си оставила во минатото, и притоа да избришиш СЕ што е поврзано со него. Никаква тага не чувствувам, напротив среќна сум :) Лебдам!
     
    На anabel-a, zhap4e, CIA и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    I don't care if you're black, yellow , purple or green ... wait, what :lol: ?

    со реченицава ми започна утрото,и убаво си се изнасмеав. Надвор ме пречека сонце, ме потсети на убави работи. Штета што мојот најмил полагаше денес па не го искористивме времето да тркнеме до парк да се прошетаме. Како за беља ме фати главата, под 2 аналгини сум и не ми попушта, ми се јаде, а не знам што да јадам. Ми се насобра материјал за учење мене книга не ми се фаќа. Се тешам, ајде уште малце ми остана, ама тоа малце како многу ми се гледа. Скоро до целта, а сепак крајот не го гледам. Како и да е, ќе издржам.
     
  4. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    4.799
    Пол:
    Женски
    СДК се расшишав!! И ова е прв пат да се допаѓам кога ќе излезам од фризерница :) Ма таа должина што ја сакав си ја добив и сум пресреќна!! Се расшишав и убаво ми е сега.. :rofl: :rofl: :rofl: 8) 8)
     
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.224
    Пол:
    Женски
    Не знам што со него, не оди и не оди. Некако ко стара кола на гурање сме. Гурај, гурај не пали. ПОнекогаш мислам дека всушност не се ни обидувам. После секој обид сфаќам дека е залудно и пак сум закачена ко на јадица и не сакам да се пуштам. Можеби е редно, м?
    Зависник сум од купување. Ќе почнам со преброени пари да излегувам од дома. Колку и да ми е убаво во моментот, после тоа чувствувам каење и се прашувам дали навистина сето тоа ми е потребно.
    Плус морам да научам да се ослободувам од старите работи. Не е убаво вака да се приврзувам за се , па старо, скинато да ми е жал да фрлам. Колку пати само сум плачела зошто ми се скинало некое парталче и си помислувам- Добро, нормално ли е ова?
    Сигурно не е, но потребно ми е да се исплачам и за некоја банална ситница. Ме тера се на плачење, сум станала преемотивна, а треба за секоја солза да смислам добра причина, зошто моиве скокнуваат ко попарени.
    Утре се надевам ќе биде последното снимање. Не можам веќе по лекари да одам, остајте што не можам да ги гледам болните, па и одвратно ми мириса. Држете среќа да не ми е ништо страшно :(
     
    На IvanaMkd, la-chicka, Divinebutterfly и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    СДК:
    Македонска плата ти е како менструација!!!!! Ја имаш еднаш месечно, трае 5-6 дена , а после можеш слободно да се е*еш....!!!!!! :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На kate21, marama, ljubam и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.614
    ... исклучително неинспиративен период, тука, дома, насекаде. :|
    Престапниов месец си помина мирно и тивко (минус целата таа фама со црвени мечки, срциња и ружи). |(
    Не' очекува уште една, минус мечките, за 9 денови.

    Ми се иде гоблен да завезам од што е досадно.

    Глуп и туп период.

    Реално очекувам и се надевам на поубави времиња.
    Ова веќе се граничи со статична хистерија (ова ми е нов изум, тоа е состојба кога не мрдате од местото, усните, рацете и газот ви се во статична положба, а утробата ви беснее од некој невиден бес!).
     
    На la-chicka, TeddyGrey, Divinebutterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  8. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.098
    сдк ова
    е слично на ова ... Трчав по неа, трчав, трчав на крај ја стигнав и ја поминав :lol:
     
    На Divinebutterfly и Lepaaa им се допаѓа ова.
  9. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    633
    Допаѓања:
    797
    Сакам да кажам дека „Шепнувачот“ и „Руска зима“ станаа дел од мојот живот.
    Колекцијата на книги, де.

    И, пресреќна сум. :sun:
     
  10. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    СДК : Кој рано рани,две среќи граби и цел ден му се спие...... :doh:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  11. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Моќта на книгата :)
    [​IMG]
     
    На kate21, bittersweet, IvanaMkd и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Си се присетив на радоста на макарон колачињата и како стрвно денес јадев ролат со цимет, па колач со јаболка, какао со рум, абре сиот чоколаден свет го изедов!
    Чуденка, зошто? Тоа јас да сум ти била предменструална змејка! Љубовта моја ме истрпи до крај, ми купи секси гаќичка со розеви мачиња, јас нему му направив ручек и мекнеевме прееска ко да ни е последен ден на планетава земја.
    Се газев од смеење после една убава приказна на интернет, Оскарите и Миланка Рашиќ со своите мини киксчиња, на цртаните филмови на внук ми и цртежите со полноглавци.
    Некогаш светов, е крајно невоспитано место за живот, но што ако.
    Му мавам боксчиња со малите ножни прстиња!
    Скопје денес беше индиго сино накај беж бело и зумбул розово. Ко мојот шал. Небото беше ко океан, па отидовме да пливаме. Ни смрзнаа носевите. Нормално!
    Телефонот почна да ми откажува љубов откако го траснав по грешка на земја и сега му баам да биде се’ во ред. Тотално небитни материјалистички побуди.
    Вечер ќе пијам боза со Иван и ќе му раскажувам како патешествието наречено до, во и по Париз сега е реалност стуткана во Скопско маало и тивко ќе си тропотам со имагинарните ѕвончиња на еднорозите во глава!

    Важно е, да се Љуби, покрај Се’...
    :*
     
    На kate21, teddybear, bittersweet и 11 други им се допаѓа ова.
  13. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Мојот татко и го заборави роденденот на мајка ми... и уште и се развика, зашто не кажала за време на ручек да не пие вода, имало пиво дома... Жената е скршена, ми иде да го убијам!!!
     
  14. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.524
    Не ја потценувајте поезијата. Немојте да мислите дека тие се некакви си песнички. Ми се чини дека уште ми одѕвонуваат нивните стихови и анализи. Па се чувствувам како да учам филозофија помешано со антропологија, зачинето со многу теологија.

    Се прашувам (а понекогаш и сомневам), дали така наречените критичари ги филувале сите тие поеми со нивни мисли и претпоставки или навистина поетот тоа го мислел? Знам, ќе се потсетите на она од 9гаг за сините завеси.

    Се прашувам, каква поезија ќе читаат наредните генерации? Го запишува ли некој она што сега реално се случува? Ќе се ослободи некоја вистина барем преку ред стихови? Бидејќи колку што сме слободни во изразувањето, толку и не сме. Слобода... не се прикажува со нацртани птици во лет.

    Не знам дали премногу го величиме старото, па се вадиме на стара слава и не создаваме ново. Kaко мало дете се прашувам кои книги (независно со проза или поезија) ќе го одбележат ова наше време кои ќе пренесат што сме? Се надевам не facebook...

    Ништо, парафразите ќе ги оставам за викенд, сега и умората ме надвиснала, не сакам да сум како смачкана додека тој е тука. Ме смешка, ме скокотка, ми зборува, ме гали. Пиеме чај од боровинка со ванила. Чекаме пролет. Ми дава сила и сјај во очите. :sun:

    p.s. Кафево со соино млеко и не е така лошо. :coffee:
     
    На AnaKarenina, zhap4e, mims-89 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.903
    Допаѓања:
    163.768
    Девојче со виолетови чевлички,одржува баланс на тенка жица,спрегната од едната страна на светот до другата. Дува маму му...
    Покрај сите причини кои те ставаат помеѓу чеканот и наковалната, ти создава измешани емоции кои резултираат со констатен немир. Вечна заљубеност кон потребата и самиот чин на вечно учење и спознавање на светот...вечна заљубеност во светот и нешто да му бидеш... Да те извикаат доволно гласно!
    Си имаше конструкција на коските за воодушевување и мека кожа која природно треба да ти припадне да ја гледаш на слаба светлина и да ја обележиш со твој стисок. Ти се измолкна... и тоа беше тажно, бескрајно тажно и неумоливо празно чувство кое ти ја вие внатрешноста. Заспива во своите сини соништа без тебе, овој пат...не си замина со доза на сеедност,ами сериозно застрашувачко чувство на осаменост. Навистина и требаш за да ја прегрнеш и кренеш во раце во знак на несмасна радост за нејзиното гледање,да и го стегнеш рачето,да и ја галиш косата... Се надевам дека ја сфаќаш како и јас... Не ти го гледа времето сега во нејзиниот живот зошто сака отсонуваното да го преживее,а ти си личност со безвремена улога во нејзиниот живот,не сака да те коцка за евтина радост. Триумф на твојот појас на победи ќе беше да ја фатиш за рака и да ја претставиш пред својот свет кој ќе мора да ја прифати каква и да е,тебе ти е едноставно убава,особено пак прекрасна кога те гледа молежливо од другата страна од просторијата за да ја спасиш од лошата атмосфера. Кај тебе е едноставно,кревката градба на ѕвончица би ја кренал со едната рака,би ја префрлил на твоето рамо и би си ја однел дома за да ти понира убост додека и дуваш во дланките за да ја стоплиш. Пријателе колку сакам да ти помогнам сега, да те убедам да разбереш...ме боли оваа скршеност...

    Се претварам во нешто кое не личи на мене. Но,сеуште не можам да се научам да заспивам покрај некого,освен да ги плеткам нозете,будно и немо да гледам во замислена точка во која има еден цел келеидоскоп или да блебетам додека да заспие за да се измолкнам.
    Многу причини и работи кои можеш да ги купиш со скршено пени.

    Не ми излегува од глава ... ми ги пече нервните завршетоци. Имам среќа да бидам дел од драми...мелодрами,уанс ин е уајл. Почесто завршуваат...но често љубовта не е доволна. Многу сакам да сум површна...

    Скопје,не те сакам веќе. Тебе и твоeто уанаби триумфално портиче,тебе и идната барокна фасада на евн... Но не можам да ти опишам колку со нетрпение ти ги чекам расцетаните црешови дрвца, лелеавиот парк во кое ми спие едно цело созревање. Не можам да ти го опишам чувството кое го добивам кога ја кревам главата кон хотел Бристол. На шега ми вика татко ми,само ти и боемите си ја имате таа љубов. Кој црно бел филм го имам во мојата глава... Мислам дека ако минам една ноќ во соба од хотелов ќе можам да те видам какво што си било некогаш,со се твоите тн бристолки кои го чекаат прометот на вечерта. Ниту Јадран не го заборавам,секогаш подзастанувам да му се нагледам. Сериозно,прашај некого дали ти ги гледа овие твои дамки со особена воодушевеност?

    Сеуште сонувам за свет кој ќе биде ослободе од било каква осуда, непишана и ненеприкосновена устроеност,ами слобода...

    Си купив патики и ранец за планинарење,нек се стопли веќе!
     
    На HardSex, LivingGlam, IvanaMkd и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    ...се мразаам :@ ;(
     
  17. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Колку убава прошетка си имав со една другарка,ммм.
    Си разгледувавме фустанчиња по бутиците,си седнавме во слаткара,си муабетевме.
    Се беше супер се до моментот кога не ми се јави он да ме изнервира,па и уште се лути...ахх. |(
     
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Учам а никако да запомнам, ова генетикава ми го направи мозокот толку хаотичен. Неколку дена борба за да земам воздух, потиснуваш и велиш ништо не ти е, а ни спрејот не ти помага. Уште 10 дена кога ќе си стапнеш на твое познато, дома. Не ги сфаќам луѓево, мислат ако си искочил од држава мед и млеко тече на сите страни. Брееееј у странство е, се спаси.. Мажи се распишале пораки, не враќам, не ми се замара со непознати, особено некои што сакаат да те инспирираат со некој ново/мизерно неправилно употребен збор. Не знам што е со светов или до мене е..

    Сакам да бидам дома, ова меланхонијава делуваше на мене позитивно во однос на креативноста. Исконтактирав со еден сликар, доколку ја прифати идејава ќе биде феноменлано. Сакам да најдам и некои млади личности што се умешни во цртање, за подгвотвка на една заедничка излжба. Ама без силување. Да ги завршам испитиве, доаѓам дома и барам теза, Ќе пробам во МКД да ја завршам доколку имаме кадар за тоа, ако не пак северот кој ме убива полека.. сакам топли земји и љубов, енергија и комуникација, не сакам бледило, и механики. Ах.. Времето ми е кратко за учење, а долго за дома..

    Си мекнеам на мирен џез и им зборувам на ѕидовите. Ме разбираат.

    http://www.youtube.com/watch?v=0cK_AIpmejs
     
    На WildCherry, IvanaMkd и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  19. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    13.114
    Пол:
    Женски
    Малите нешта ме прават среќна. Нешта за кои не треба ни денар да се потроши.
    Како бакнежот од него. И кога гледав дека е среќен затоа што јас сум среќна.
    И честитката за роденден од едно одамна заспано другарство.
    Денеска сум едно големо СМАЈЛИ. Не ја симнав насмевкава. Лошо е што понекогаш сите забораваме колку добро ни стои.
    Ретко убав, ретко среќен ден за мене. А не сонувам...
     
    На IvanaMkd, zhap4e и marama им се допаѓа ова.
  20. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Многу ми е лошо, многу, многу, многу... :worried:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.