1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    :|
     

    Прикачени фајлови:

    На Strumfeta93, booba, AnaKarenina и 12 други им се допаѓа ова.
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Kолку пати почната реченица... и потоа избришана.
    Обид да се задржи негативната енергија во себе.
    Лежиш, се врткаш во постелата и нешто те јаде, силно, ти прави мачнина во желудникот.
    Измешани чувства, тажни вести, страв, неизвесност од иднината, неспокој.
    Флешови минуваат пред очиве како од некој филм со трилерско дејство.
    Сум била ларва некогаш, безлична, изгубена, ама метаморфозата како уште да трае и никако да станам пеперутка.
    А сакам.
    Сакам да имам шарени крилја и да си леткам среќно низ синилото на небото, да си починувам врз миризливите полски цвеќиња, да најдам мир.
    До кога ќе го барам? До кога ќе се чувствувамм како патник кој не може да го најде својот пат?
    Ми се смачи веќе.

    Таман ќе пробијам една препрека, доаѓа нова.
    Многу често и сама се измачувам- од каде излезе оваа љубомора од мене, од каде таа омраза кон некои женски “ персони“?
    Многу бес се насобрал во мене.
    Дали е непотребно? Дали е сепак оправдано?
    Ах, февруари, не ми донесе ништо добро, знаеш ли?
    Хибернирам.
    Лош миг, мало психичко паѓање во овој ситен час, но нема да го избришам овој пат напишаното, ми треба отпечаток на тоа што го сакам, ми треба волја да продолжам...

    Патем, гледам слики по фејсов од карневалите од Струмица и Прилеп, читам коментари под нив и се прашувам што е оригинално во тоа да се маскираш во собарка?
    Освен скриен фетиш и желба некој да маструбира за твојата подвезица јас не гледам некаква друга експресија и креативност :^) .
    Ама што знам јас, кој ми е крив што сакам да се преобразам во пеперутка, а не во собарка :^) ?

    На крај, како што би рекла Скарлет О` Хара- не можам да мислам за сето ова сега. Ако продолжам, ќе полудам. Ќе мислам за тоа утре.

    Утрото е помудро од ноќта.
    Салут.
     
    На caroline.costa, Strumfeta93, Peppermint и 16 други им се допаѓа ова.
  3. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Ајде машино за перење побрзо испери ги алиштата, некој те чека тебе да те исклучи, а колку само ми се спиее :( Ех да направев некоја магија па сами на крајот да ми се пружеа алиштата.... Така сите ќе бевме среќни и задоволни....
     
  4. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Ова сум јас деновиве:
    [​IMG]
    [​IMG]
    Ако некој ме препознае, ЛП :$ :$ :$

    Којзнае дали воопшто ќе спијам вечерва. Ајт отидов да учам.
     
    На zhap4e и Mrs.Cuper им се допаѓа ова.
  5. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Се разболев :( :( :(
     
  6. Chunga-Lunga

    Chunga-Lunga Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    37
    Сакам да кажам дека направив голема грешка во животов... Бев доведена до ситуација да бирам меѓу другарството и љубовта - и ја изгубив мојата надобра другарка. Среќна сум со него, но никогаш потоплно бидејќи остана голема празнина во мене. Ја напуштив кукавички без никакво објаснување, а ме познаваше премногу добро за да ја знае причината за моето исчезнување. Но немав храброст тоа да го признаам. Ја познавав и јас предобро - ја препознав само после две нејзини реченици на форумов, делевме многу тајни, бевме како сестри. Дури и сама се препознав во еден нејзин пост.
    Веќе немам храброст ни да и кренам на телефон, немам лице да се појавам пред неа, а колку ми недостига ;( Ми недостига смеењето, ми недостигаат нашите глупости, ми недостига нашата блискост, нашето амстелче, нашите прошетки... Но тука нема место за сожалување - сама го одбрав ова и сама ќе си го сносувам последиците... а за каење е веќе касно.
    Единствено нешто што би сакала да и кажам е дека ја сакав и сеуште ја сакам, дека секогаш ќе ја почитувам...
    btw. сликите на фб не ми пречеа мене, ниту се срамам од тебе или од нешто што сме проживеале заедно, туку му сметаа на дотичниов, не сакал да ме гледаат други на слика
     
  7. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Што му е проблемот на времево бе?!?!
    Таман се исушија и улици и се', нема веќе шљакутарници, ете го пак паднал ноќеска! :swear: :swear: :fubar: :@

    И што сега? Повторно снег, кал, вода, мраз, шљакутарници....
    Е па, не е фер! НЕ! :@ :@ :@ :@
    Таман се отерасив од дебелата јакна, што ја мразам ко ништо друго на светов, ајдеее од денеска пак со неа! :@
     
    На Doozy, maca99 и CrazyStupidLove им се допаѓа ова.
  8. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    А јас се чудев зашто сабајле не можам очи да отворам, кога тоа пак ИЗНЕНАДУВАЊЕ надвор. Ќе испоцркаме од промениве... А тек иде март.... ОУ НОУ
     
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.200
    Допаѓања:
    124.821
    Koн секоја моја книга дома,душата ми е приврзана.Ги чувам во посебно катче наредени под конец,едно мое мало богатство.
    Не секој љубител знае да ја цени и чува книгата.
    Не е само за парите дадени за неа,може некоја книга крие приказна за нешто....
    Мојот драг подарок од татко ми, ме награди кога се запишав на факултет :) ,со посвета од него,книга за која се проколнувам што ја позајмив,за да ми ја вратат целата искината,со испаднати страници ;( Вчера плачев,не само душата и срцето,ми капеа солзи врз нејзе......
    Осет,знае за осет? Знае дека туѓо не се чепка. |( Дека се чува.Особено зошто и нагласив.Веќе не сакам да ја видам повеќе.Ми доаѓа страшен нагон кога ќе се присетам на вчерашниот ден, особено нејзе.

    Станав и сеуште ми е тешко на душата,ми се плаче кога ќе ја погледнам.......
    Не секој има чувство,за жал.
     
    На mims-89, bittersweet, Izaabella и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Не давајте му на снегот да ме депримира. Животот е еден и нема реприза, затоа уживајте и не мислете на криза. :rofl: :sun:
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.692
    Заради ФБ ли се скаравте ? Ти прифати нешто да избришеш зошто му сметале на дечко ти? Ако така те разбрав,и не ми се верува што читам ако сеуште си со него.Ако не си едно големо браво :clap:
    Денес е тешко да се најде добар другар а кога си имала требало д аја цениш :worried: Не е мое да кажувам,ама сабајлечки се изреволтирав од ваков пост,каде по козјане кој пат заради дотичниот се заборава што правеле другарките за тебе,а кога дотичниот ќе го снема,кој ќе биде рамо за плачење?
    И да се смирите никогаш нема повеќе да биде исто,барем јас така сум се чувствувала за такви другарки :@
     
    На mims-89, sesilija, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    29ти Февруари... :D Интересно ми е...
    Се моли баба Марта да не биде луда годинава, зашто Сечко пред неа маста ни ја извади :)
     
    На Srekicka, crazylady, ines.h и 2 други им се допаѓа ова.
  13. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.128
    Допаѓања:
    43.594
    Пол:
    Женски
    СДК Денес 29 фебруари
    Роденден на баба полни 92 години :^) Си надживеала она многу многу ... набрзо´ке стане и прабаба :) :)

    СДК 2
    Се ближи и нашиот датум ... Да ни пристигне бебенцето Уште само 16 дена (ако издржиме и толку)
    Некако убавко и е во мешето на Мама ..ТоплиЧко :lol: Најинтересно е кога и зборува тато Веднаш реагира и се превртува ... :*
     
    На antonina, angel92, Strumfeta93 и 25 други им се допаѓа ова.
  14. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Ми фали времето кога бев дете (во вистинска смисла на зборот). Ми фали времето кога имавме љуљашка позади на која го поминував целиот ден, а единствена грижа ми беше дали мајка ми ќе ми се лути ако ја поминам границата која ја поставував со чевлите на тато. Ми фали времето кога секој ден појадував маргарин и кравјо сирење, а најтешка задача која следеше беше како ќе ја научам песничката која воспитувачката ни ја зададе, па затоа и секогаш ја одложував за вечер. Ми фали времето кога сите пролетни денови ги поминував надвор и кога секоја сабота правевме фамилијарна скара, а баба ми ме прекоруваше бидејќи не јадев месо. А за Велигден, сите деца се собиравме и возевме велосипеди, ролерки, скејтери во соседното игралиште. Со душа ги чекав тие денови. А сега, би била среќна и мал дел да останеше од тие добри времиња...
     
    На sweet-cherry, ljubam, butterfly33 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    СДК овој ПМС ќе ме изеде. |(
    Како сум нервозна, напната, цел свет го мразам денес. Мразам и носење чизми. Значи, мразам и снег. У чизмиве се осеќам ко.. кретен. |(


    Мразам непедантни луѓе. И такви шо се праат будали. Денес е ден кога го мразам светот. :devil:

    Сакам да дојде петок. Знам дека ќе биде исполнет со многу љубов. Тоа ми дава сила да ги издржам овие два дена шо преостанаа :) . Ех, што е убаво кога си вљубен и кога те сакаат. :inlove:
     
  16. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.506
    СДК дека во последно време забележувам како мислењата ми се непотребно едитирани, преместени или избришани и тоа се почесто и почесто. Форум е форум, секој може да каже што мисли на начинот на кој го мисли. Не зборувам за навредливи постови, туку секојдневни општи работи.

    Моите мисли се мои, не дозволувам никој да ми ги едитира, према томе - дабоме ;) Another one bites the dust ...
     
    На enca.69, Shelea, MandyLane и 9 други им се допаѓа ова.
  17. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Некои работи си плачат да бидат сменети, си плачат!
     
    На Lepaaa и maca99 им се допаѓа ова.
  18. Cookiemonster

    Cookiemonster Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    70
    СДК дека од школово ми е преку глава од денес за утре тестови закажуваат ај научи за два дена 3 теми бог да чува :devil: :^)
     
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.075
    ^^ Не плачат, урлаат за да се сменат ... :|

    СДК ... значи не, кога тргнало и ќе тера наопаку ... Во суштина сум некако смирена за некое чудо, не допира ништо до мене баш иако не можам да не заприметам што се ме опкружува, ама толку не ме допираат глупостите на луѓево ... и мислам дека тоа е добро. Не знам за вас ама јас во последно заприметувам се повеќе назадување на голем дел од човековиов род ... Се е агресивност, се е глупавост на куб, лажни маски итн. да се чудиш каде си на која планета. :?: Нервози, баналности, дивеење ... А јас колку и да сакам да реагирам некако се држам настрана, си ќутам ... не сум за реакции иако ми иде да вриснам и да ги замолчам. Просто технологија оди напред луѓево назадуваат. Затоа
    [​IMG]

    Моментално може да ме расположи едно тазе сварено кафенце ... Повелете кој сака да ме дружи ;)
    [​IMG]
     
    На Annie.mk1, bittersweet и zhap4e им се допаѓа ова.
  20. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Денес се чувствувам како без здив.
    Се мислам, зошто сум толку слаба?
    Зошто не започнам да го правам она што го бара душава?
    Зошто не ја избркам темнината од собата и упорно не го отворам прозорецот за силно да влезе сонцето и осветли се?

    Патот е тој.
    Или одиш по него или не. Малку трнлив за телото, но не и за душата.

    Ќе одам по него и нема да дозволам да паднам!
     
    На IvanaMkd, Peppermint, savana и 8 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.