[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Пак и пак се разочарувам за истата причина,а до кога значи стварно незнам! :tmi:
    До кога ќе барам само ЉУБОВ?! Љубов, онолку колку што знам и можам да дадам...
    И тоа незнам?!
    Ништо незнам, знам само дека јас вака не заслужувам! Неправда е...не е фер кон мене!

    Песнава доволно го опишува ова што го чувствувам! ;(

    http://www.youtube.com/watch?v=-YOy3e0W55c
     
    На IndieGirl, marama, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.818
    Многу ми е мака кога ќе видам некаде „не го сакам татко ми“ или мајка ми. Сеедно. Многу ми е мака до тој степен што одбивам да прочитам туѓи судбини од пусти страв на што ќе наидам.
    Имаше едно човече ептен битно за мојот живот, односно сеуште си го имам и сеуште ми е битно. Растеше без татко и ми велеше како сите му простиле, само човечево мое, не. Го мразеше.
    Не можев да разберам му велев - имај разбирање, пробај, татко е. Потоа го разбрав. Не секој заслужува да биде нарекуван татко. Само ради неколку дарувани бели капки не се добива таа титула туку така. Треба да се заслужи.

    Мене ми текнува на мојот татко. Не сме имале секогаш најдобри односи, во пубертет имавме 2 - 3 бурни години во кои се каравме, се смирувавме, па пак се каравме, па пак се смирувавме.
    И сега, кога го нема, мака ми е за тие 2 -3 изгубени години. Мака ми е што сум имала прекрасен татко, а сега го немам.
    Но не ми е мака, кога ќе „погледнам“ кон оној грст спомени собрани некаде во некоја мозочна бразда за моето детство. Синоним за нашиот однос беа неделите. Секоја недела од викендот, беше наша. Прошетки на Водно. По патот накај средно Водно има пчелари и татко ми ми објаснуваше тука како се прави мед. Се плашев од пчелите да не ме боцнат, но тој ме бодреше. И криејќи се зад него го слушав внимателно и учев. Ми текнува како ја стопираше заради мене цела жичара на Попова Шапка еднаш. Затоа што многу незгодно паднав и се плашев да се качам одејќи надолу. Едвај му дозволија, се караше пустеше едно половина час, а јас си ги гризев усните и ги стискав рацете држејќи му среќа да успее. И успеа да ја стопира. Ми текнува како секоја Прочка одевме на Кале да ги гледаме играорците. Ми текнува на тивките прошетки низ градот. Секогаш ми покажуваше некое ново неоткриено катче и јас до ден денешен ги помнам прикаските и урбаните легенди. Се сеќавам како секогаш подзастанувавме кај хотел Јадран. Мислам дека тука се собираа глувонемите тогаш, на времето. Подзастанувавме и ги следевме како да живеат во некој свој паралелен свет, кој ние не можеме да го разбереме а сепак го гледаме. Изгледаа среќни играјќи карти, шах, табла...
    Еднаш, се онесвестив. Се струполив на една од најпрометните улици во центарот на градот на сред бел ден. И по некоја среќа кога ме носеа луѓето кои ми помогнаа дома со кола, на една раскрсница ја забележав колата на татко ми. Свикав - тато! Татко ми е! Сеуште ми е пред очиве како, иако значително ослабена и без сили, ги смогнав последните, и му се стрчав. Толку силно го гушнав што му направив траги од ноктите на вратот негов. Ме однесе дома, ја откажа работата за тој ден, и тогаш забележав како се струполи на фотељата во дневна. Не сакаше да признае колку се исплашил, но во тој еден единствен момент го видов тоа. Знак на грижа. Однадвор карпа, одвнатре вистински родителски цвет. Нежен и кршлив како и сите останати. Мојот херој.

    Пред некој ден сфатив, колку сум му слична во некои круцијални моменти. Кога најмногу треба, најмногу стискам заби. Не покажувам ништо ама сама со себеси паѓам на коленици. Лицемерие? Можеби. Беда и очај? Можеби. Ама среќна сум што е така. И среќна сум што сеуште имам солзи неисплачени за секоја убава недела со него. И за секоја недела која нема да се случи повеќе никогаш. Утредента станувам и ги бришам солзите. Ја покажувам насмевката пред светот и гордо изјавувам - вчера плачев. За тато. За своите емоции, не се срамам. Но оние интимните ги оставам за себе.
    И навистина ми е мака како животот чудно си поигрува со нас. Некои ги имаат - ко да ги немаат. А некои ги имале, но сега ги немаат. Иронија, ни кантар да ја измери колку ја има на секој чекор.

    И на крајот од денот кога сум повторно сама си велам - ова е мојот паралелен свет. Оној во кој дозволувам емоциите да се слеваат на мојата перница. Оној свет во кој царуваат илјадници спомени. И не сум сигурна дали некој ќе го разбере онака како што си го разбиравме јас и тато. Нешто како една од оние тивки недели, во моментот кога подзастанувавме кај хотел Јадран.

    Ех...што знаат другите. Сечија душа крие илјадници паралелни светови. Ова - е мојот. И горда сум што го имам.
     
    На strangewoman, Libera, Cynthia и 47 други им се допаѓа ова.
  3. Chunga-Lunga

    Chunga-Lunga Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    37
    Не мацца не сме скарани и нема потреба да се револтираш, свесна сум каква грешка направив и без да ми солиш ти памет ;)
     
  4. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Денес ни е 10 ден на овој свет. :clap:
    Малиот црцорко почна да се привикнува на новата средина.
    Ние уште не.Подочњаци до колена, ама убаво ни е. :D
    Стравови околу грижата, исправно ли е ал не..
    Ке ме биде ли добра мамичка... ахх
    и солзи...течат ли течат..
    Хормоните уште полош дисбаланс после бременоста..
    Ке помине и ова, мора да има и вакви денови иначе не би било интересно само убаво да ни биде.
    Али мора да го пофалиме тато, подобро се снаога и од мама!Менува пелени, чисти каки,се банкаат.. само сонче му фали друго се му е до небото и назад, очината му светат како никогаш до сега...ахх прекрасно е да ги гледаш.. и ете ги солзите пак..
    Мора да имам трпение за се, сакам секој миг да го доживееме вистински, секоја насмевка, секој плач, не сакам никаде да се брзаме.
    Им посакувам на сите тазе мамички, да уживаат максимално во новонастаната ситуација, да ги пребродат сите стравови, полека се ке си дојде на свое место.
    :hai:
     
    На Bozica1980, LilBaby, ines.h и 29 други им се допаѓа ова.
  5. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    606
    Денес сакам да кажам дека ќе сум теткаааа !! :D :party:
    Мојата другарка е трудна и само што ми ја соопшти новоста. Ах луѓе мои и двете сме во шок, ова дефинитивно не го очекував. Ама баш ми е мило, среќна сум!! :)
    Штета што сме далеку и преку скајп се видовме, а колку би било убаво да се испогушкавме и да скокавме ко луди низ соба... ;(
     
    На Divinebutterfly, booba, Izaabella и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Се прејадов , ќе пукнам ! Зошто ми требаше ова ? А кога ќе учам ? Боже господе помагај :?:
     
  7. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    СДК

    Денес на мм му е роденден :*
    Кога и да кажев дека е помлад од мене, добивав некој поглед со крената веѓа, а ако им кажев точно колку години има ќе ме прогласеја за cradle snatcher :lol:
    Сирот тој денес полни 7 години, пу,пу сТрам да ми е педофилка ниедна :rofl:

    Цела недела веќе ме потпрашува од околу за роденденот, да извлече некоја информација, дали нешто ќе организирам, а јас цело време се правам наудрена, као ништо посебно да не е, големо чудо ако му е роденден еднаш на 4 години ]:)

    Сабајле кога одеше на работа, колку беше тажен, покиснат, жал ми падна за малку ќе му ги кажев сите планови, ама издржав, и во текот на денот 4-5 пати ми се јави, јас иако главата незнаев кај ми е, пак се однесував како ништо да не спремам.

    Затоа кога дојде дома доби изненадување огромно, каков беше сирот насмеан од уво до уво кога ги виде сите кај нас дома, се израдува баш како да има 7 години.
    Целото семејство собрано,неговите и моите, другарите, колегите...се собраа над 50 луѓе :party: :dance:
    Се беше испланирано да најситниот детал, декорации, бенд, најомилената храна, пиење, тортата во форма на фудбал со амблем на омилениот му тим (ремек дело на снаа ми :bow: ) и на крај и огномет, наредниот роденден за 4 години :lol:

    Му ја посакувам сета среќа на светот и заедно да славиме уште најмалку 10 негови родендени :inlove: :*
     
    На BeYourself, Phyramide, IvanaMkd и 35 други им се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Денес, престапни родендени.
    Снег и студ како да се решило небово да не изневерува чесно. Не постои такво нешто, нели.
    Животов е како виулица. Некаде ќе наидеш на стреа, но околу тебе секако пиштат неправди. Сфаќам колку материјалните нешта не гризат со огромни заби, долговите не’ чекаат со пиштол вперен во слепоочница, и решаваш да се бориш, со што?
    Со ветерници, со корумпирана држава, со непостојани плати, со нефер односи, со некоректни задкулисни игри и да аплаудираш на тој театар со искривено лице од мака, само зошто, ете Животот ти приредил манџа што мораш да ја сркаш, макар била и оладена ко мртовец.
    Да, философска сага можам да пишам, да се испукам колку само ми е криво што никогаш не сум ја почувствувала 100 % сигурноста на удобноста, секогаш сум била родител на сопствените родители, со диригентско стапче сум пробувала да го уредам и својот и нивниот живот, а во суштина - како со мал прст да не мрднувам.
    Немоќ, нормално е да те вади од такт.
    За што, забога јас, работам? За што се трудам? Не знам.
    Горчливи прашања, а месецов слободно можам да го фрлам во канта за ѓубре, со исклучок на прекрасните денови поминати со него, кои никогаш нема да ги потценам, заборавам и исфрлам од својот систем. За Нас, за нашите убави мигови живеам и се радувам. За неговиот допир наутро.
    За гушкањата со моите другарки, за насмевките по улици и возењето точак по Кеј наутро.
    Правам баланс меѓу црното и белото, нијансите морам да ги обојам.
    Во шарено.
    Морам да сонувам во боја и да рефлектирам во реалноста се’ она што не можам да сварам.

    Не смееме да потклекнеме пред ударите на животов, оти само тој остана, крајно...

    Сакав да кажам дека ќе се мажам качена на точак, со помошни тркалца на него :lol: И дека Нате ми нашла калапи за макарон колачиња, ќе ги правам здравје од април кога ќе си дојде!
    Живот, компот ли беше? Саде со семки.
    Епа има да засадам дрво, па што сака нека е!

    Плодовите, моите деца нека ги збираат.
    Не дозволувајте да ве обесхрабрат материјални загуби. Никогаш!
     
    На Phyramide, mims-89, glow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. nicol

    nicol Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    139
    СДК Македонија пат пукнете идиоти умрени да не земете од сабајле да го расчистите највазниот пат до болница ахххх живците вака ме факјаат само државава ни е таква катастрофа :@ :@ :@
     
  10. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Мајка ми секогаш ми вели: Полека, не се нервирај, само за џабе се нервираш кога на крај се ќе се среди.
    И така е навистина, на крај секогаш се се средува. Ама, заборава да ми каже дека од кога ќе излезам од дома, можеби нејзините зборови нема да бидат толку силни за да ги надвладеат мршојадците со нивните јазици кои се тука само за да демотивираат. Ако тие не можат не значи дека и јас не можам, арно ама, имаат моќ да ми го врежат во глава нивниот страв, и тоа прави да пропаднат во вода и најсилните столбови кои некој друг се потрудил да ги изгради.
    И така јас денеска имам грижа на совест. Ми се намалува со помислата дека животот носи изненадувања на кои не си секогаш спремен, а мојот дефинитивно успеа да ме изненади. Да, не сум добро, не бев спремна за вакво изненадување, ама имам толку работи на памет, што немам време да се грижам за мене.
    Не знам, можеби е добро од една страна, една лоша работа ти ги трга мислите од друга, и така наизменично се вртат, додека не дојде нешто добро да ги закочи.
    Ете јас, си седам тука и со душа го чекам доброто. Не дека е во моја филозофија чекање за нешто добро, ама во моментов, тоа е најмногу што можам. Ама само во моментов, додека не ме просветли некоја мисла дека никогаш нешто не е најмногу што можеш да направиш. Но јас, немам сила.
     
    На Phyramide, IvanaMkd, Strumfeta93 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК денешниов ден ми започна убаво.
    Вредеше што станав рано, се прошетав, се издував и си се подновив со ново парче облека. :)
    Пешачењето навистина добро ми дојде...дури на силниот ветер му простив што ми ја растури и заплетка косава :lol:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  12. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Веќе аман кога ќе се стабилизира времево?Станав, се средив и тргнав на кај факултет.Иако имав само едно предавање решив да одам.И така си одиме со колешкиве и на среде пат од нигде никаде истури дожд.Не окапа трите како мачки ииии??на лево круг и дома на сушење.Значи за џабе и станување и спремање и све :devil: Седам сега на кревет и го слушам ветров, абе како во хорор филм се замислувам.Ја поддадов малку главата низ прозор и како шамар го осетив ветрот а на балкон не ни помислувам да излезам според ова како дува лесно би ме симнал од 12ти на приземје :lol:
     
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да сакам како дете. Онака почетнички искрено без граница. Затоа и велам на Мила, мама сакај, секогаш е убаво да си заљубен, остај ги другите што ти велат мала си. Сакај си и љуби си и кажувај и на мама, ќе се смешкаме и радуваме заедно. Љубовта е онаа која ти дава дом.

    Ми фали енормно ми фали. Сакам да ја гушнам и да отпатувам во друга димензија. Кога ќе ја прегрнам ќе знам дека сум дома и блиску до се'. Единствено сум спокојна во тој миг и дишам со полни гради.

    Денес ми пролета мисла, колку сакав брзо да пораснам, без да знаев дека детсвото е најубаво. А сега повторно сакам да сум дете. Да почнам безгрижно да сонувам, да ја отргнам реалноста од рамењата мои, да бидам безгрижна, да сакам како дете. Сега погледнувам во минатото, убавини, неубавини, болка и борба, погледнувам во иднината престојна борба, и непознати резултати, погледнувам во сегашноста која тукушто стана минато. Тоа е, ми беше дарен живот без да изберам, сега останува да се борам. И има да постојам со болка или не, со препреки, најголеми падови и воздигнувања, успеси, неуспеси, загуби и добивки. Таков е. Тој е. Постоечки и мој. Живот.
     
    На Phyramide, HardSex, IvanaMkd и 20 други им се допаѓа ова.
  14. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Сонцево е толку интересно. Ке огрее силно, си мислиш летото стигнало, а потоа ке го снема. И така цело време. Изгледа писателите на ова мислеле кога го опишале како срамежливо, зимско сонце.
    Доаѓа Март и срцето ми се полни со некоја среќа. Ми иде роденденот. Деновиве, не често, туку постојано ми се случува да забегам некаде далеку, во други простори и времиња. Добро де, просторите може се исти, а за времињата - верувам дека се идни, т.е во блиска иднина.
    Добар ден беше денес, занемарувајќи го фактот дека сум невиден баксуз, до толку што, ако одам на натпревар за баксузи второ место ке земам - дека сум баксуз! |(
    Али, ups and down ги има, ке преживееме. :D
     
  15. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Денес не ми се многу филозофира ама сепак морам.Морам некаде да се искажам и да се ми олекне барем малку.Затоа што се држам во себе а тоа не е во ред.
    Се молам да дојде денот кога оваа болка ќе престане.Кога ќе тргне се на подобро.Живеам за тој ден.Кога сонцето повторно ќе огрее и ќе се случуваат убави работи.Затоа што солзите веќе пресушија и немам повеќе сила,дури ни да плачам.Понекогаш се прашувам зошто баш на мене ми се случуваат некои работи.А одговорот на тоа прашање никако да го најдам...Само спомените останаа,само тие ми предизвикуваат насмевка на лице а во исто време и тага.
     
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Зошто некои луѓе се толку неблагодарни, и толку лесно забораваат се што си направил за нив? :doh:
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.214
    Допаѓања:
    10.130
    Стравот да не изгубиме некој не е знак на слабост, туку знак дека сеуште има за што да се бориме.
     
    На booba и femina11 им се допаѓа ова.
  18. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Боже земи ме преку ред и по брза постапка, те молам!!! :@ :drunk:
     
  19. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Колку многу дудлачи има на овој мојот факултет тоа е чудо. Јас не знам дали на друго место има толку несложни колеги. Некоја си паметна му пишала мејл на деканот каде кажува кој препишувал и дека асистентот ни рекол што од прилика ке има на колоквиуми. Е многу убаво направила, се чудам на паметот, штета што не знаеме која е ке си го добие заслуженото. Заради неа сега ке треба усно да го преполагаме испитот и за апсолвентската вечер, за сликање и се друго сами треба да организираме, јасно ни рекоа од студентските прашања да не бараме и сметаме на нивна помош. И добро ни прават, само така! Сите се попиздени, и јас би била кога сакаш на некому да помогнеш полесно да положи и на крај ти забиваат нож во грб и ти го става работното место под знак прашалник.

    Ај па и на овие што им текна сега да организираат екскурзија наместо апсолвентска вечер. А таман најдов каков фустан ке облечам |( Гад деммит.. |(
     
  20. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    13.117
    Пол:
    Женски
    Каде сте сега закоравени „патриотчиња“? М? Кога сакаат да не претопат? Кога улиците ќе се викаат според некој кој убивал наши недолжни души?
    Зарем арно ќе ви биде како ги слушате тие имиња?
    Македонштина. Простотилук.
    Не си патриот ако одиш на утакмица со штит од Александар и навиваш. И ако пишуваш статуси колку ја сакаш Македонија.
    Факт е дека секаде има продадени души. И маски. Ама Македонија води.
    Моите соништа тешко дека Македонија ќе ги исполни. Затоа не се ни мавам во гради. Или ќе си одам од тука, или ќе останам со скршени сни. Трето нема.
    А што е со „патриотите“? Џган над џганот.
     
    На mims-89, vendiii, booba и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.