[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Дождливото попладне е дефинитивно најубавото време за спиење.
    А ако некаде во позадина, со капките дожд паѓаат и ноти, тогаш времето е совршено за одмор на сетилата. После убав одмор, следува парче сочна торта и правење листа со планови за во иднина.
    Денешново недефинирано време не дозволив да ме стави во депресија.

    Сакам да кажам дека животот би бил поубав ако знаеме од секое нешто да го извлечеме најдоброто.
    Не е се црно или бело, има и некоја комбинација, па наше е да ја најдеме најдобрата.
    Секое нешто си има своја убавина, но не секој ја има способноста да ја пронајде истата.

    [​IMG]
     
    На bittersweet, teddybear, tweety26 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.283
    Допаѓања:
    81.858
    Пол:
    Женски
    Си направив мартинка.
    На прагот е нова пролет, нова љубов, и уште којзнае што.
    Срамежливото сонце ми мириса на пролет, ма го обожавам!
     
    На tweety26, Hiii, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Математико. Туго мојаа.
    Кој ли те измисли? Нека иде да се слика под прав агол, со 20 непознати у позадина.
    Ќе се мрднам.
    Каков тест математика? Ле ле ле ле.
    Ќе биде ли 5ка? Не не не не.
    Чек, уствари, 5ка на тест уште од 4то одделение не сум добила, а не па сега.
    И доста дрндлав, отидов јас да ги барам непознатите, и да ги бројам невидливите.
     
    На booba, CIA и Marcey им се допаѓа ова.
  4. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.654
    Љута сум!
    Ми ја избришаа репликата во "Голтање" и се увредив.
    Срамота, јас сум дубоко увреџена и ќе протестирам со тролање, ете ви така да си знаете.
     
  5. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    а од сега се ставаат мартинки ?? :?: одма си правам и јас
     
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    13.117
    Пол:
    Женски
    ^ А што се тоа мартинки :$ ?
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.283
    Допаѓања:
    81.858
    Пол:
    Женски
    Oбележје се на месецот март и пролетта. :)
    [​IMG]
    Е сега, моите се модернизирани, ќе ги сликнам и ќе ги прикачам во темата. :)

    Се носат во текот на целиот месец март, а откако ќе заврши месецот, си замислуваш желба и ја оставаш на т.н. незнајно место (под камен, на гранче) и демек желбата ќе ти се исполни.
    Еднаш како мала ми се исполни, од тогаш ми стана традиција да си ги правам, не заради желбите - онака, интересно ми е. :)
     
    На tweety26, Divinebutterfly и thinkerbell им се допаѓа ова.
  8. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Сакам да чувам или мајмунче или слонче. Зошто неможам тие животинчиња да си ги имам :(

    Инаку и јас сакав да прашам што се тоа мартинки, али кога ги видов на слика ми текна дека и јас порано имав вакви. И колку што знам овие служат и против уроци демек. Али убав човек кога си, ни мартинки нема да те спасат :P хаха


    Леле возбудена (колку само не) на прва ја даваат Калиопи со евровизиската песна :tmi: :rofl: (колку само не)
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Се чувствувам чисто, можда малце депресивно. Само што излегов од бања. Се чувствував добро кога капките, онака, лежерно, опуштено, галантно ми паѓаа по телото. Кога излегов онака, влажна, го вдишив чистиот воздух без пареа, и си помислив на него. И за да биде подраматично, крпата ми падна тогаш. :lol: И после си се уклучив на фејс и за чудо и тој беше уклучен. И додека се мислев дали да му пишам и што да му пишам, он се исклучи.
    Значи, топло ви препорачувам ако ви се свиѓа некој - или правете чекор или заборавете. :)
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    606
    Денес сум на располагање на сите, колку сум дарежлива со времето чудо некое. Имав обврски до ручек и одма после тоа ме нападнаа. Само што најдов време да се оклучам на ФБ, ево нас. :D
    Прво утепав саат време со другарката од Србија која ми соопшти дека е трудна, се смеевме кикотевме, супер!
    Ама затоа другата убавината ми ја зеде денес |( сите новонастанати проблеми во нејзината квази врска ми ги изнакажа по телефон :!: нешто за коешто и требаа 3 саати, а јас во тие 3 саати морав да готвам и да чистам по дома.
    Гласните жици ми се истрошија трудејќи се да и објаснам некои работи. Така ми продолжи цел ден, готвејќи, дискутирајќи и чистејќи. Убав начин да го потрошиш слободното попладне...
    Е сега, сега може да си се посветам малку самата на себе, уште малце па ќе си ја наполнам кадата, ке си се релаксирам ке се нашлакам со миризливи тракатанци и правец кревет.
     
    На tweety26 и Noemi им се допаѓа ова.
  11. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Кај некој дожд кај некој сонце а па кај нас снег , значи ми се смачи . Знам дека се радуваВ како мало бебе на снег ама сега претера .
    И другово не ми се верува што го кажувам ама Р.И.П Davy Jones , сите луѓе умираат на светов па и него му дојде редот :worried: лесна земја ! :doh: :(
     
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Гледам газиме фудбал, а?

    Once again, фудбалскава репрезентација си го оправда епитетот ДРВО!
    Шупливо и тоа!
    Па добро бе, мајку му стара, кои стипси имаме, рахитични и млитави.
    Од еден Луксембург што е 1/6 од Македонија и со 4 пати помалку жители, се најдоа пекар и пожарникар да ни дадат гол и да не победат.
    Пу!
     
    На LilBaby, enca.69 и Peppermint им се допаѓа ова.
  13. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Сакам да кажам дека ќе се трудам да бидам потрпелива :^)
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.345
    СДК дека сум изреволтирана од глупиве емисии на телевизија...
    последно нешто што ми го поттикна револтот е следново: на една локална телевизија гледав некое катастрфално шоу за готвење... така кажи да не знаеш дали да се смееш или да плачиш од дискусијата која се водеше за време на подготовката на јадењето, и наеднаш ми пробуди иронични и сатирични чувства, и милион слични идеи на прикажаните кои би требало да ги има истото такво шоу па да си ги споделам...

    Освој го машкото срце со шеќерпаре, благодетите на расолот од зелката, менување на солило и расол од зелка - почетнички чекори, потквасување на млеко хинтови и тајни на успешата подготовка, исто додека готват може пример да даваат интересни совети од типот на "Како да се пречека мажот од работа правилно во 12 чекори", па да се зборува за релациите во фамилијата и зачувување на добрите односи, теми од типот на "Вие во соживот со свекрвата" и како бонус дискусија да се стави огромен акцент на соживотот со јатрвата со наслов "Вие пред јатрвата", каде ке се дискутира како да се спреми подобра трпеза за домашна слава од јатрвата, како би постанале алфа домаќинка во куќата. Исто може да се води расправа на тема "Вие во дворот" - како да се мети дворот, дали од лево на десно или обратно со посебен осврт на едно клучно прашање - зошто да не се треси чаршавот откако ке падне мрак. Следно поглавје на расправа би можело да биде "Вие во домот" - со осврт на едно многу важно issue Колку гоблени се доволни во една соба за да се долови традицијата, моден тренд бои на јамболии пролет лето 2012, вие и чингелајчето, прва помош при избор на игли за плетење... Откако сето тоа ке се каже може да се расправа за "Вие и медицината" - со осврт на лековити техники од типот на редење на чаши на грб при настин на блискиот, благодетите на ракијата во домаќинството и медицината, салото во медицината со посебен преглед на рецептот за изгореници од сало, па медицината откако ке се помине може да се разговара за "Жената на нивата" - комбајн и одговорности, како да се избере правото колче за расад, исто може и "Вие во земјоделската аптека" да биде добра тема. Откако ке се помине ова може да се зборува малце и за модата "Зиври - потреба или хит?", калчуни за секој член од семејството, експресионизмот во полуверите, плетката и карактерот... И како бонус теми за крај нови креативни предизвици "паковање на претставителна бовча за свадба апгредована верзија 2012"... па може креативни спортови "поткревање на регалот за варосување во 6 чекори" "цепење дрва - отсега и за жени", "жената и бизнисот - имајте своја казарница со кредит од НЛБ банка"...
    Па исто може "Вие и забавниот живот" каде ке се даваат совети за водење на уредна песнарка од сите песни кои се пеат по слави и свадби, како и теорија на ора, дајре за најхрабрите домаќинки и кавал за почетнички...

    :whew: Ај доста е...
    Битно, и телевизијата не е то шо беше. :x
     
    На mims-89, LilBaby, Serafima и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Девојки, Svetilka is back again :o :o :o
     
  16. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Не затоа што е убав, туку затоа што е повеќе јас одошто сум самата. Од што и да се составени нашите души, неговата и мојата се исти. Кога се друго би исчезнало, а тој би останал, јас сеуште би постоела, а кога се друго би останало, а тој би бил уништен, светот би ми станал сосема туѓ. Не би ми се чинело дека сум дел од него. Мојата љубов спрема него прилега на вечните карпи под површината, извор за малку видлива радост, но неопходна. Јас сум тој, тој ми е секогаш, секогаш во умот, не како задоволство, токму како што и јас не сум секогаш задоволство самата на себеси. :)

    и да моментално го читаш тоа шо сум го напишала и може ќе помислеш дека сум ретард, а ја само те сакам.. :$

    Фифче мое :l: :l: :l:
     
  17. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Не ја можам емисијава Лесни пари... не ја можааааааааааммммммммммммммммм, извинете на израз ама серка ме фаќа кога ќе го видам оној Блажевски, со тоа гласот негов никаков.... крекрекрекрекрекрекрекре. Па сега и бендов што им е?
    Боже мили... јака серка јака човече, да не можеш од тоалет да излезеш 2 саати.
     
    На kate21, Lov3, MandyLane и 2 други им се допаѓа ова.
  18. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    На kate21, AnaKarenina, Loritaa и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Можам да кажам дека денес беше прилично добар ден. Прилично. Убаво ми започна, со порака од него, па потоа рано наутро во негово друштво во мојот кревет, под мојот јорган, еден до друг лежевме и се греевме. Во позадина те хардкор, те нешто понежно. Не можеме никако да се договориме што да слушаме. Но сепак, на секој начин ми е убаво кога сум со него. И додека ќутиме, се додека тишината не стане непријатна. И да. Обожавам кога го гледам често, ми го разубавува денот. И денес ми го разубави два пати, ме натера да заборавам на проблемите и да се опуштам и да не размислувам на ништо освен на него. А тој, понекогаш толку ладен спрема мене, понекогаш толку фин, ме тера да размислувам дали постапувам правилно или грешката е во него.

    Како и да е, вечерва планирам да ја поминам дремејќи и слушајќи го Frusciante.
    http://www.youtube.com/watch?v=Rx1-UEe7Iv8
     
  20. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Овие денови немав никаква инспирација за пишување. Бев оддалечена од светот, потоната длабоко во моите мисли.
    Размислував..
    И уште размислувам дали постапив правилно.
    Колку е тешко кога ти си таа/тој кога мораш да донесеш важна одлука од која ќе зависи твојата сегашност, а и иднина.
    Кога му реков дека не сакам повеќе да сме заедно, не можам да ви опишам каква фацка направи. Но потоа кога грубо се насмевнав и му реков:
    -Се шалам,хаха..
    Како камен да му падна од срцево.
    Не знам дали се плаши да е без мене, не знам дали сето оваа е љубов или само проклета навика.
    Не знам ништо..
    Само знам дека кога го прашав дали ме сака, ми рече многу.
    Иако веќе тие зборови не можат да ме направат среќна, пак ме исполнија барем малку, барем малку направија да се чувствувам убаво..
    И знам дека условите што му ги поставив се тешки, но само така ќе останам со него. :!:



    Инаку, имајте убава ноќ. Бакнете, прегрнете некого(ако до сега не сте) и посакајте некому добра ноќ за и вашата да биде добра. Ве гушкам. :hug:
     

    Прикачени фајлови:

    На Adi888, IvanaMkd, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.