Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    Ех мој Марфи, бреее.... те прогласувам за мој вечен сопатник.
    Не те сакам, ни како личност ни во моја близина, ама од судбина не се бега. Ти си се залепил за мене, а јас осеќам како твоите изјави го опишуваат мојот живот.
    Кога нема, значи стварно нема. Ич нема. Ни толцку *покажувасопрстите*. Ама кога има, има брате, да грабаш, да земаш, да не знаеш каде да се свртиш. Но, не можеш све оддеднаш. Извини, ама ни сам ја Супермен.
    Го погодија моментот. Баш сега. Ајт, нема везе. Се случува.

    Инаку СДК дека нема да глумам метео девојка и да ви зборувам за времето, затоа што си имам друга работа. А не ми се прави. Т.е јас си имам список полн со таскови, ама изгледа ги чувам, за ептен кога ќе ми биде досадно, да не гледам нонстоп во таван. И гледањето во таван е заморно. Неисе.
    Си ги потискам емоциите, ствајќи ги во лер, за да размислам каде да тргнам, каде е побезбедно. Да дознаам нешто повеќе за патот, каде води, да видам што, како. А зад мене, фрчат свирки, зелено си свети на семафорот, луѓе се нервираат, нека чекаат, имам јас за што да размислувам. Не се брзам, џабе нека не мрчат.
     
    На BeLLaDona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Различни животи, различни приказни. Ниту еден сличен, ниту една слична.
    И затоа не очекувам некој да ме разбере.
    За арно, за лошо - трпам. Велат дека молчењето е мудро. Понекогаш.

    Деновиве ми се’ насобраа многу работи. И да ви кажам што, ќе помислете дека измислувам.
    А, затоа ме немаше. Ама, битно сега ме има. :hai:

    Не знам дал’ да се смеам ил’ да плачам.
    Се случи нешто многу тажно, но тука има и среќичка. Ќе ја зграпчам.
    Нема да ја пуштам. Секоја работа е за арно, велат, ама времето ќе покаже. Не е се’ црно..

    И глупави ми се моментите кога извесно време ме нема и после „ ееј, тука суум, ухуу! “ ..
    Ама, морав да ве поздравам!
     
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Шо убо, мартинка закачена на дрвцето оспротива мојот балкон. Мерак.

    Ден во боја на леќа, младо кромитче, сликите наоколу, тишината измешана со кремот од ванила и вишните што се цедат во сад на парно. Мајка ми пости, па се расфрла со десерти и јадења кои на прв поглед можеби не би ни ги душнала.
    Добив убав меил утрово, со целокупен позитивен фитбек.
    Се израдував, иако гроги и со вкочанета нога.
    Ми се оди на изложбата за лгбт заедницата што ја отворија двајца дечки од Еуробалкан, можно е пеш да зацепам накај Центар, уште думам за точаковожња, но рано е, а и откачен е март.
    Ми треба доза уметност!
    А башка...
    Сите ќе ја раствитаат Каролина денес, за атер на месецов, мама за 7 дена ќе добие куп гладиоли и некоја марама, мене ќе ми подарат од работа мафин со црвени цветчиња на него, Роза Луксембург ќе стане хероина на денот, а кафеаните ќе се преполнат со жени кои ко од синџир пуштени, ја слават таа своја визија, небаре е само еднаш во годината да се биде Жена.
    Мрчам од што ме боли главата. Признавам.

    Многу ми е драго што дојде први.
    Си имаме ние луѓето некоја чудна анатомија за почетоците. Како да си го одложуваме одновниот крај. Ти се раатосува душата, оти ете, дошол нов месец, нови борби и победи. И порази, сетики сме од глина ем кал, со душа.
    Си купив неколку книги од Три. Сум заборавила како изгледа допирот со нив. Се подзаборавивме, се усрамив во еден миг. Во Париз ги душкав сите можни зданија по пазарите и во библиотеките и сфатив дека на туѓ јазик и со туѓа приказна ми беше многу возбудлива потрагата.
    Дома, на сопствениот простор сум ги занемарила тие ефекти.
    Едвај чекам да пркне јасно сонце, да јавнеме заедно точаци и да се љубиме :*
    Утре матине со колешки и договор за можно отварање мал бизнис, но за тоа потоа.
    Мора да се размислува и притоа да се тактизира.

    Открив нови убави нешта.
    Но ги молчам, оти за брзо време ќе станат поголеми и видливи и ќе се смееме заедно на нив.
    Цмокс четврточен!
    Направете си сендвич со сонце! Ќе ве топли секој залак...
     
    На Gea, rossonerka и BeLLaDona23 им се допаѓа ова.
  4. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    „Кога ке го видам, на се` заборавам. Али се правам дека не го гледам “
    -ископано од фб, али ме погоди.
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    20 месеци! Тик-так, пуф, пау, љубов се шири од Вардара па нагоре до Водно, ихаааа!
    Озбилно бе луѓе, 20 месеци ете ги минуваат.
    Ќе лажам ако кажам дека истото чувство сеуште постои од почетокот на врската. Не е точно тоа!
    Расте секој ден, со секоја прегратка, со секоја бакнеж, воздишка, поглед, ... неочекувано голема љубов што не се опишува колкави размери може да достигне.


    Ми текнува во една од вечерите на `Love songs` на Антена гостуваше Тоше. И не ми излегуваат зборовите од глава ... кажа дека не е важно ако љубовта не е возвратена и е еднострана, да се љуби е доблест, всушност да се љуби и да не се очекува фидбек од тоа.
    За прв пат кажувам дека не се согласувам со него. Сум љубела, да. Можеби не била вистинска и голема љубовта, но боли кога не е возвратена. Боли кога не те гледа со исти очи како ти него, боли што бакнежите биле ладни, боли што љубовта била во еден правец.

    Да те љуби оној што ти го љубиш е возвишено! И не може ниту на кантар да се стави со едностраната љубов. Таа љубов ти носи само болка и разочарувања, те води кон пропаст.

    Денеска го љубев него. А ве љубам и вас, и елате по едно, ама само по едно благо! :!:
    (да оставите за мене повеќе де!) Каснете во наша чест! :P
     

    Прикачени фајлови:

    На sparklie, bittersweet, marama и 13 други им се допаѓа ова.
  6. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    Една година ја чекав потврдава дека одев на пракса..
    Една година чекав ја препораката...

    Ја добив со утнато име, ексик нека е, ќе ја задржам така..
    Како што ме викаат, така ме напишале,а да одам да мењам,уште една година ќе помине, дур ми ја сменат.

    Убаво си се викам Другарка, а не Друшка :rofl: :lol:
    Али моето име, трпи модификации, сите верзии ги имам слушнато, ретко кој ме погодува по правото име. (што и неколку пати го прочитав во имиња што ги мразите,али ми е гајле. Старско е де, али тоа е тоа. :D )
    А и да не беше фејзбуков никој немаше да знае дека така се викам, зошто и никој не ме вика така. :emo:

    Се надевам нема да ми прават проблем утре кога ќе ми затреба препораката. :?:
     
    На marama и sanjalica им се допаѓа ова.
  7. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Абе од каде да ја исцрпам таа позитивна енергија? Да можев со глаата што ми е џоа лејка да исрпам де овде де од таму. Ама Вие сте некако позитивни, цело време насмеани, нашминкани и на високи штикли кои ви ги прават нозете ко искривени гранки. Морам да Ви кажам дека ми личите на кловнови. Од оние странските што одат на стапови.
    Блазе си Ви што можете да се смеете, зашто на мене веќе подолго време ми се плаче. И кога ке размислам на светлата ми иднина што ми ја нудите исто така ми се плаче.
    Ама инаетот е многу јака ствар. Еве, не заради мене, не заради пари, не заради тоа да не се нервираат моите, за инат ке спремам докторат на гз да паднете и да ви се измрда мидерот што Ви го стега салото. За инат бе за инат ке Ви влегувам у канцераијата Ви света што личи на свињарник. Да Ви се плукнам у тоа портретот, баш сте грозни, машала.
     
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Денес не сакам да зборувам не сакам да пишувам, зборовите денес ми се излишни...
    И само една слика, оваа слика вреди како мои МИЛИОН зборови!
    И повеќе од тоа....
    [​IMG]
     
    На Buttterfly, Hiii, Rock-a-Fella и 13 други им се допаѓа ова.
  9. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Ајде ајде, нов месец, нов почеток!!
    Ова го викам и секој понеделник, ама ништо ново не излегува :) :) :P
    Ама ајде, ова е нешто поголемо - месец е, доаѓаат топлите денови! :) :)
    Уживајте во Баба Марта :P
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... ХЕЛП! :worried: Едина работа која мислам дека ми преминува во рдовност со тенденција на зависност ... последно време претерувам. Морам да се вратам во нормала. Инаку отидов јабана. :| Ама ...

    [​IMG]
     
    На marama, rossonerka, LilBaby и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Февруари,те дочекав со насмевка,ти порадив и насмевка пред полноќ!Беше убав за мене..Не сум за џаБа риба во хороскоп!Знаев месeцот да го искористам најдобро што можам.
    Март,е тоа е мили мои мојот месец :f:
    Ах,неможеше да ми подари поубав почеток на месецот.
    Шкртни таму уште една 5ка во дневничето!И тоа..генетика :dance: Мислам дека полудувам од радост,ах генетико те средив јас тебе!Мваа.И тоа е последната тема од генетика оваа година!
    Мислам дека доволно ја имам тупено на форумот генетиката,така да ова е последен пат.Ќе ми простите затоа што се измочкав од среќа!
    Сончко дојде порано за мене,ми мириса на пролет,многу шарени цветови и љубовни воздишки во воздухот :sun: На крем од ванила.
    Одам сега кај баба да ми направи мартинка за среќа-симбол на месец Март. :f:
    [​IMG]
    Cheers my Ladies!

    Утре ми останува уште еден многу важен тест.Ма можам јас.
    wish me luck :f:

    ве сака
    Смајли.
     
    На TeddyGrey, teddybear, Annie.mk1 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Фебруари си оди
    Време е Март колото да го води

    Пролета започна но во сенка
    Летото пролетта ја изеде како зденка

    Низ плажите за место ќе се бориме
    И од сонцето полека ќе гориме

    Сладоледи насекаде ќе има
    И девојќи со бикини како Андриана Лима

    Манијачење насекаде од кафич до плажа
    И секс на кола на познатата Македонска Стража

    Време е за црни наочари да се купат
    И песната да заврши пред строфи глупи да се лупат

    Како и да е , Лето се ближи
    Сладолед ќе се лижи (Pervezni edni ejjjj)
    И студот натажено ќе мижи




    И се разбира

    [​IMG]
     
    На FortuneTeller.xD, Rock-a-Fella, Cynthia и 21 други им се допаѓа ова.
  13. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    И Март :) .
    Месецот во кој сум родена,месецот кој го обожавам,месецот на пролетта.Да се пофалам дека кутренцето ми е подобро,мрда со окцето така да се молам да му се оправи.Ве поздравува моето кученце кое патем го носи името на фудбалерот кој не можам да го поднесам,ама што да правам така го крстиле претходно.Се вика Лео :) .Јас денеска сум во едно такво монотоно расположение,досадно е да немаш обврски верувајте.Затоа немојте да се лутите кога треба да одите на училиште или факултет затоа што седењето дома е стопати полошо.Порано се би дала да имам слободен ден и да не одам на училиште а сега ми е досадно.Не знам што ќе правам до септември :( .
    Со нетрпение чекам да ми дојде роденден,не знам поради која причина :).Едноставно ми досади да сум на 18-че :wasntme: (лажам).
     
    На TeddyGrey, CoverGirl10, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  14. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Денес сум малку нервозна но нема да дозволам тоа многу да влијае на мене.
    Сабајле се разбудив слушајќи го разговорот на мајка ми со една соседка,жената буквално ја вреѓање својата снаа,не знаела ништо,не знаела да чува дете,им ги растурила правилата во куќата и што ти не... :@ па божем ти си совршена аман,ми идеше да станам од кревет и да и се изнавикам,кај не живее во иста куќа со неа па и уште се меша ахххххххх ... :@
    А како капак после уште толку ме изнервира неговата мајка.Кога ме праша за да ме вработела јас и спомнав за вп СП маркет,дека она работеше таму,и она ааа не таму крадат многу ако ти се работи за 6000 повели ќе те малтретираат...ми стави во глава триста бубачки и пропуштив многу добри шанси за во маркети поради неа.А сега за син и го тера таму да работи еве денес напушти од работа и ќе одел таму ќе зимал 15000 ццц па нели беа шест...немам коментари веќе за неа,по втор пат не зафркнува.Трет пат јас неа. :@ :@ :@
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.047
    Допаѓања:
    81.435
    Пол:
    Женски
    Денеска го имав откритието на годината - денот се зголемил!
    Да, а јас сега заприметувам. Не спиев денеска, можам слободно да си пеам зооомбии е,е,е ин јор хеееееееееед ... :drunk:
    Мање битно.
    Си пијуцкам кафе и си се смеам на вревата што ја креваат дечурлиите пред зграда - признавам, фалеа!
    Иако цело лето ми носеа несоници, ме будеа во раните "утрински" часови, не сум им лута - ма не можам да им бидам лута, како. :wasntme:
    И имам тон лекции за учење, а ни грам желба за учење - побогу, сакам да се одморам, а и К. ми рече, дека во последно време само за школо и програмирање правам муабет, па не чини, заслужувам одмор! :!:
    Денеска ќе се одморам, а утре ме чекаат убави нешта.
    Знаете веќе, ве отеков и вас, ама ајде де - маки раковски, заљубенички. :angel:

    Да, муабетот ми беше - утре фаќам терци, а малиот ќе дојде да ме слуша - кажав јас, ќе си го превоспитам дур е време, а после го напаѓам трајно. :D
    Еве ви песна во склоп со моето денешно расположение и да живее Vh1, зашто ме потсети на прекрасново женче, чиј репертоар еве признавам - го бев запоставила, срам да ми е. :tmi:
    http://www.youtube.com/watch?v=eYSbUOoq4Vg
     
    На CrazyStupidLove му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.830
    Допаѓања:
    25.605
    Пол:
    Женски
    Го обожавам чувството кога менувам страна на календарот.
    Февруари го кинам со огромно задоволство,а под него ме чека нова слика, шарена и сончева и полна со надеж.

    :sun: :f:
     
    На Hipica, ines.h, tweety26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. JustSimple

    JustSimple Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    48
    И ете започна Март.
    Денот беше малку напорен, но помина и тоа..
    А сега пиејќи го топлото чоколадо споделувам неколку мислења со вас. :*
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Нов месец, нови чевли.
    Сонце за добро расположение и успешно донесени одлуки. :sun:
    Кафе со млеко за почеток на денот и многу насмевки. :coffee:

    Музика во позадина, песничка за потпевнување...

    Hey, I put some new shoes on,
    And suddenly everything is right!
    :music:

    http://www.youtube.com/watch?v=hmbUNF1Q4R8&ob=av2e
     
    На Hipica, rossonerka, Bright и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Ооо па дали тоа конечно дојде и март? :)
    Прекрасен ден, сонце, неколку одлуки како нова година да е, а баш така се чуствувам, како се да сум почнала од почеток.
    Се запишав на зумба ептен се радувам :lol: Никој не успеа да ми го уништи денот после подолго време...
    Јануари и февруари ми летнаа не ги осетив, се изнашетав, се изнагледав убавини и сега со нови сили продолжуваме даље.

    Сум сонувала како некој купил црвен конец, ама многу бил убав и голем, и не сум можела да му се изнагледам колку ми бил прекрасен :wasntme: Соновников вика возвратена љубов дека било тоа хмм.. Ајде ќе видиме... Имајте убава вечер девојки :*
     
    На heart.beat му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    140
    Но за жал со секој искинат лист од календарот сме се постари, и постари и еден ден свакаме дека животот поминал неповратно. И дури тогаш ке се запрашаме дали вистински сме го проживеале животот или чекајки да дојдат подобри времиња сме испуштиле, работи кои никогаш повеке нема да ни се пофторат во животот.
    Затоа им порачувам на сите млади посебно тинејџери, да се обидат да си го проживејат животот да не брзаат да пораснат, да не се разочаруваат ако симпатијата не им обрнува внимание или е со друга, да не мислат дека е тоа крај на светот, ке има уште многу љубови исто така да бидат задоволни од себе да не се нервираат кога ке се погледнат, во огледалото наоѓајки си 300 мани бидејки секој си и убав на сој начин и таму некаде постои некој кој што ке те сака таква каква што си.
     
    На CrazyStupidLove и MacaLove им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.