Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Знаете од кога немам прочитано корисна информација на нетов? Мислам, онака да налетам случајно, како што налетувам на бројот на стрии на газот на Ким Кардашијан, шпекулациите за сексуалната ориентација на Џастин Бибер, итн, итн.

    Чуда се дешаваат по светов, ама интернетот/останатите медиуми се преплавени со вакви срања што во старт предизвикуваат губење на неколку поенчиња од коефициентот на интелигенција на секој што ќе ги прочита. Се се сведе на смешни видео клипчиња од бебиња/мачиња на кои ретардирано им се воодешуваме како да се феномен, rage comics фацулиња и чат-пат некој напатен др*аџија што ќе ме упати кон кујната, демек да му направам сендвич.

    Иста прича на фејсбук, џабе ја воведоа опцијата за лајкување статии, кога и онака се лајкуваат само гореспоменатите бљувотини. И дневниот печат стана жута штампа, повеќе ци*ки низ страниците = поголем тираж. Каде се квалитетните информации? Каде е интересот за нешта што навистина го менуваат светот на подобро, наместо за причините за развод на некоја расцицлена старлета?

    Се затупевме, мили мои, некои несакајќи, некои избирајќи го полесниот пат до информациското мртвило. Ignorance is bliss, жими мајка. Не знаеме кој е главен град на Норвешка, ама знаеме како се вика стрината на золвата на јатрвата на баџанакот на малата невеста на Сител. Епа нека ни е наздравје.
     
    На Kaetana, crazylady, Buttterfly и 25 други им се допаѓа ова.
  2. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Прееска ми се слоши, баш фино :@ , толку многу се напнав со учењево што ги трошам и последните атоми на енергија, за последните 2 колоквиуми. И по кој знае кој пат денес си правам кафе, и по кој знае кој пат си викам ОВА МИ Е ПОСЛЕДНО ДЕНЕС. yeah sure! Ми недостига она дремење на фемина, да ви ги читам постовите, да се смеам на глупостите и да мудрувам на некои теми!
    сакам да ја прочитам книгата што ја почнав се вика А ПОТОА француски бестселер за 2010, ама од проклетиве книги, и скрипти не можам, ама затоа ја фаќам од среда и не ја пуштам. а во четврток се впуштам во потрага на тракаташки (стикери, огледалца, свеќички, рамки за слики ...) за во соба постреновирано украсување на истата!
    ајде отидов да се дружам пак со книгата
    ве поздравувам сите
     
  3. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Чувството кога ден пред колокфиум сваќаш дека поима немаш ама битно дремеш на фемина :angel: :wasntme:
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.452
    Допаѓања:
    22.942
    Пол:
    Женски
    Ме иритира кога во одредени зборови наместо в среќавам ф! Не знам дали се работи за некој тренд или стварно луѓето не знаат како правилно да пишуваат, ама ми смета на очите едноставно!
    Туку, друго нешто сакав да кажам. Тотално сум разочарана од моето семејство, па дури и од брат ми! Дознав дека има сосема спротивно мислење за мене од она што сум. И тоа ме боли. Мислев дека тој е еден од оние кои подобро ме познаваат. Изгледа ова има е фала на сите за се... Очигледно не припаѓам овде повеќе. Едвај чекам да дојде денот кога ќе заминам од ова т.н. семејство. Се е извештачено, не можам повеќе вештачки да се смеам, и да се преправам дека ми е убаво кога не ми е.
     
  5. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Плачев кога замина. Плачам и денес.Те сакав, но не можев да направам ништо да останеш. Златното срце престана да чука, вредните раце одмараат. Господ ми го скрши срцето за да ми докажe дека тој секогаш го зема најдоброто...
     
  6. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Нема ден за нешто со некого да не се испокарам. Па аман веќе. Сите бре за ситници се лутат, што им е, сите одеднаш премногу осетливи станаа, ако нешто кажеш што не им одговара одма те напаѓаат, се дерат, пцујат, мислиш цела фамилија си им ја убил. Па аман, немате само вие чувства.
     
    На vaga95, eli25 и Rozich им се допаѓа ова.
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Големово бебе имаше роденден вчера.
    И точно на полноќ како права сестричка ги раширив рацеве, се поткренав на прсти за едвај да стигнам до неговото лице, го прегрнав и го бакнав со најискрени и за него најубави желби.
    И двајцата бевме со алкохол во крвта. Само и тогаш така искрено се прегрнуваме.
     
    На Monna.Monna, MarchelineAmaru, Rubiii и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Деновиве сфатив врло битна работа.Баксузната ноќ е во многу тесна врска со неквалитетни штикли.
    На пример...ако ти се скрши штиклата по дифолт вечерта ти е баксузна.
    Да резимирам,
    никогаш веќе не купувам неквалитени штикли,никогаш!Ај свер ту гад.
     
    На Hipica и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Си размислувам...ако се пријавам за модератор (со голема веројатност дека нема), и по некоја случајност ме изберат (уште поголема веројатност дека нема)...отиде форумот јабана... :D :P
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Не можам да го дефинирам хуморот на сликиве... Ама мене ми се смешни! :!: :D

    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На crazylady, Buttterfly, GarpovaV и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    СДК дека многу ми се спие ама не ми се станува од компјутерот :lol: Интересно ми е на форумот си читам, си се смеам :lol: :lol: А утре кога ќе помислам што ме чека ваква станувам -> :envy: Треба да прочитам банална книга од 150 страни и тоа за УТРЕ, а сега сум на 30, треба да научам хемија и значи треба да станам во 08.00 ааааааааааа ;( ;( ;( ;( Одам сега да ги го гушнам маченцето и да си се топлиме, а утре наутро ќе си ги погушкам книгите. :(
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Најжално е кога на кокошката ќе и дојде јајцето на г*зот а претходно не направила мекичко местенце кај да го снесе :!: .
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.448
    Допаѓања:
    91.786
    Пол:
    Женски
    Имав фин ден. Запознав уште една феминка, ептен фино, мило девојченце. Многу сум си среќна кога ќе си најдам некој со слични интереси.
    ДРуго, свртев 3,4 фини разговори, сакам кога се читам со некој, а ќе ми изнуди насмевка, ама она да се насмеам од душа.
    Отидов на братучед ми бившата девојка да ја посетам. Има нешто кај неа што секогаш ми го одврзува јазичето да и се доверам. Чувствувам дека е среќна,а и прстенчето на раката и блескаше од радости и убавини.
    Оној мојон мајмун :lol: ќе дојде деновиве. Ќе биде тоа интересно. Денес пак се подновил, бетер од мене е за шопингување. Ми рече убава сум...
     
    На Nika666, teddybear, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Вечерва за мене нема спиење.Многу учење,но тоа е што е, сама сум си крива, па една ноќ ќе издржам за да завршам со школово...
    Криво ми е што мозоков не го искористувам максимум, барем 2% од 5тте кои ги користиме. :D

    Средувајте си се навреме женски, многу стрес ќе си заштедите. :D
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК пари,пари,пари... |( знам светот го вртат парите, ама поради нив истиот пропаѓа и не се потребни никакви пророштва, нити на баба Ванѓа, а нити на легендарниот Нострадамус :fubar: |( излажале делумно и двајцата.Покрај парите, нормално е и интересот, вечен интерес на егото качено на пиедестал |( воопшто ова не го очекував од луѓе кои ги знам, да речам доста добро, ама изгледа си верував во сопствениот идеал за нив и одеднаш тоа се руши, неочекувано како гром од ведро небо, буквално така. Незнам како не се сетив на тоа, воопшто не ми ни текна, ама сега дознав, па уште и љубоморат на други :fubar: Господе |( Не чини да имаш, а да не си задоволен од тоа што го имаш :!: Само се прашувам како не им текна дека да правиш лошо на другите, истовремено си правиш лошо на себе си? :^) Никогаш човек незнае каде ќе го однесе животот и на чија врата ќе тропне, можеби токму на таа на која не ни сака да тропне.Се е релативно и минливо, па дури и парите :D а ова повеќе од јасно ми е.
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    11.833
    Пол:
    Женски
    Мозоков ми работи со 100 на саат. Го замислувам сиромашкиот како оние парните машини од времето, растргнат на сите страни.
    Ми треба одмор.

    Есенва полека ми бега. Не ја сакам маглава. Ме гуши и ми е тешко.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.119
    Допаѓања:
    67.121
    Пол:
    Женски
    Уморна сум. Многу. Ама од работа. А има ли подобар умор? Па кога ќе си легнеш, ќе се оптегнеш на кревет, нема подобро чувство од тоа еј. Ти крцкаат коските, ти се опушта телото...
    Ииии сакам да кажам дека добра сум, да не се урочам. Ама морам да признаам дека целата сила од него ми доаѓа. Што знам дека е тука, дека не сум сама, имам потпора без разлика што и да се случи.
    И затоа сум си посилна. И насмеана. Така ми рекоа денес, дека сум била нон-стоп насмеана, а тоа било реткост да се види.
    И тоа дочекав, јас да сум била насмеана. :) И убаво ми стоело. :lol:
    Затоа смејте се, убавината е во позитивноста, на насмеан човек и намрштен ќе му се поднасмевне. ;) :)
     
    На eli25, Rock-a-Fella, Divinebutterfly и 7 други им се допаѓа ова.
  18. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Многу лоша работа е кога си легнуваш, си ги соблакаш чорапите, си се завиткуваш нели во кебенце, и си уживаш пред компјутер спремајќи се да го затвориш и да спиеш, и буууум мочниот меур му праќа непотребни сигнали на мозокот, од типот полн сум оди во вц да не направиш беља ноќеска а половина час претходно си ја завршил таа работа мислејќи дека тоа е последното празнење на проклетиот полн во облик на крушка, мочен меур за таа вечер.
    Марфи ми должи и премногу ... :devil:
    И што сега, морам да се дигнам од кревет ... е*ате!!! :D
    Е така, тоа сакав да го споделам со вас :rofl:
    На тешки маки сум. :rofl: Се надевам ме сфаќате како ми е. :P
    Добра ви ноќ. :angel:
     
    На x.Daisy.x, baguf4e, Monna.Monna и 3 други им се допаѓа ова.
  19. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам дека се чувствувам како целосно да ми е обновена енергијата. Се видов со моите дома, чувството е преубаво, колку и да сакам независност од нив, дури и со свежи 24.
    Природа, парк, чист воздух...
    Главното селце си има свои предизвици со кои едвај чекам соочување, но природата ми ја враќа вистинската сила..

    Сакам исто така да кажам дека решив да си побарам советче, и ако не го добијам, скар :!:
     
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Душава ми се разнежни. Платонот мој после долго време ми пиша. Скопје не исто без тебе, денес отидов и се вратив, не сакам ни да седам таму кога не си ти, те чекам во Белград. Горд сум на тебе.

    Убаво е кога знаеш дека некој постои на светов, кој си ги знае лимитите ама те возвишува, како и јас него. Белград е секогаш едночасовна станица, за чашка ракија, приказни испреплетени, восхитување, пререкување за хорнично жалење еден на друг, фантазирање со отворени очи, и кажување последно збогум пред авионот да полета.

    Чудно е што ми стана модел на маж, кој би сакала некогаш да го имам во животов. А језивото е што сме слични еден на друг, дури наликуваме. Колку брзо ми се вметна во животов, од професионална соработка, до длабоко пријателство, и попуст за шопинг ;) и интелектуален предизвик. Сакам да го имам долго. Сакам кога ќе ја запали колата од Бг и ќе дојде само на 3 часа за разговор со мене. Да ми каже колку му е полесно, и дека добива барем пријател кој знае да го ислуша и посоветува. Сакам кога ќе ме погледне и рече не се менувај.. Свесна сум дека никогаш нема да направам ништо со него, ама пријателството себично ќе си го грабам.

    Фала ти С. што постоиш..
     
    На ines.h, enca.69, LivingGlam и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.