Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Толку колку што го сакам денот кога се фарбам за да ми биде косата убаво црвена, толку го мразам зашто кадата после тоа ми е како сцена од Texas Chain Saw Massacre да се снимала таму :@ Едвај го исчистив купатилото :whew: Патентот на сред глава едноставно стана неподнослив.

    Јупи јупи јееее :rock: Дојде и тој ден, 2 Март. Не 1, туку 2.
    Го чекав денов долго време, и конечно дојде. :nod:
    Иако имам уште еден цел работен ден и повеќе од пола ден пред поаѓање, јас веќе не само што тргнав, туку и стигнав на дестинацијата. Ми треба ова, неверојатно многу. И нему му треба. И нас ни треба, и тоа како ^_^ Не е важно што после скоро цел месец ќе вегетирам и ќе живеам од воздух (освен ако не почнат да го наплаќаат :| ), битно е да е добро овие 10 дена.

    Морам да признаам дека сосема го имав заборавено обичајот со мартинките, ме потсети една другарка вчера со статусот на ФБ. Како мала редовно си носев. И после пораснав, и се заборавив. :|
    Па не мора само во Март да се носат нели? :P Еве, изјавувам дека ќе носам за некое време....на пример, Априлски мартинки, од 5 Април па натаму, и тоа само ради неа :hug:

    Останете во добро расположение, одам јас да умствено да хибернирам и да љубам-себеси, него, нас, снегот, планината, скијачките патеки.....а најмногу земјата, во која и тоа како би останала. :doh: Да се потсетам зошто толку многу ја сакав зимата и што сум пропуштала сите овие години......
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  2. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.015
    Допаѓања:
    4.909
    Желна сум за огромна забава во поширок простор каде што штикли и паштети на лицето не се пожелни, каде што никој не се замара што носиш како носиш, или ти мери колку пиеш, дали пиеш и колку пари носиш. Да се откачиш со играње, да си поминеш одлично, да заборавиш на сите маки и да се препуштиш на музиката без некој да те набљудува и исмејува. Живееме во мизерно општество, катастрофална средина, со заостанати мислења.
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    Некако, ептен грдо се чувствувам... Како прво, бидејки дознав дека мојата врска пред три години започнала од интерес, за подоцна господинот да изгуби контрола над себе, да се заљуби во мене, за на крај разликите во нашите карактери и погледи на животот да ја убијат таа љубов и да бидам повредена... Како второ, мојата љубов од детството, мојот прв дечко со кого имав убава врска, ама бидејки замина да учи во друг град, одлучив да го заборавам... Ја обновив комуникацијата со него пред некое време, не комунициравме бидејки кога се разделивме сѐ уште се сакавме, а кога некој сакаш не можеш да го гледаш како другар... Сега тој ми помогна во тешките моменти, ме тешеше, ме смееше... Секогаш ме смее... :) Ми е страв да не ми се појават повторно чувства кон него... Сега сум ранлива, не смеам да избрзувам, прво морам да ги лекувам раните за да можам да започнам нешто ново... Кој ли знае што ќе биде со мене и со мојата глупава отвореност, искреност... Ја мразам водолијата во мене!!!!!!! :@
     
  4. lolly-1

    lolly-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Ќе ми треба многу среќа утре......ајде и јас дај боже конечно да видам малку светлина во овој мој живот, се надевам дека утре ќе биде така како што очекувам :)
     
  5. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Едвај чекам да дојде викенд!
    Oh, wait..

    Меден петок, await!

    Сакам промена. Промена кон подобро ( звучам ко предизборна кампања).
    Ама сериозно. Нема веќе да се замарам за секоја ситница, туку само за оние работи за кои навистина треба!
    И сакам сонце!!! Тогаш сум по насмеана..
    Патетична станувам!
     
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Денес мојата малечка срничка полни 3 месеци и по некоја случајност повторно е петок.Поминавме убави ,но и мачни денови исполнети со малку насмевки ,малку солзи ,малку спиење и малку неспиење :),но сето тоа е дел од еден процес кој се вика растење . Од денес почнуваме да ги броиме деновите до следниот 4ти месец ;)
     
    На Serafima, glow, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  7. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК едно големо добро утро на сите и на овој прекрасен ден :sun:

    Петок - последен ден за обврски за оваа недела (барем за мене). Кога почна да звони алармот ама воопшто не ми се стануваше..но почнав да си се тешам самата како утре и задутре ќе се изнаспијам, како сите се станати и одат по работи па така морам и јас. :!: :)

    Очекував денес да биде малку потоло за да ја облечам новата пролетна јакна, но изгледа ќе почека уште малку во шкафот.
     
    На blond и MacenceEna им се допаѓа ова.
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Како станувам јас секој ден и се гледам во огледало... како ќе продолжам да живеам со оваа мака и болка што ја имам во душата.... ни самата си немам одгвори на сопствените прашања... хммм единствено што можам да кажам е бегај душо подалеку од мојот перверзен ум :tmi: Знаеш и сам дека никогаш не ми се доволни твоите бакнежи и прегратки ама забрането е ;( , а јас и ти ги скршивме сите правила ццц
     
  9. JustSimple

    JustSimple Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    48
    Станувам и одма на компјутер :D .. саатот 10:30 а јас се уште по пижами :o
    Секогаш си викам утре ке станам порано, ке си се средам порано, ке читнам нешто пред да одам на училиште... ама не! Не можам бре луѓе! Лесно ми е денес да кажам утре ке направам тоа и тоа ама кога утре ќе дојде мрза ме фаќа .. И си заостанувам по форумов а за саат и пол треба на училиште да тргнам! :!: Никој не ми е крив, сама сум си! :lol:

    :hai:
     
  10. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сe нешто си мислам..
    Сношти млад пар (тазе тинејџерчиња) ми се расправаа под прозор.Се караа,се молеа,колеа и на крај се гушнаа.Според годините,многу веројатно е да си правеа драма од животов..но не им беше гајле за мене,ниту за било кој друг што ги одмина.
    Мене мајка ми ме остави да спијам утрово,па поштено си ги преспав обврските.Кога станува збор за обврски,ептен сум млитава..а токму сега ми е потребна енергија.Не знам дали пмс е,што ли е..но јас би правела се,освен да завршувам обврски.И планинарење доаѓа во предвид.
    Еве,дојде март..ќе пројде и тој,ќе надојде друг.Сега почнува будење.Салце од ваму,салце од таму..ќе се среди.Бутициве ко глупи со виножиткасти излози,а надвор сонцево си игра курташак.
    Туку,џабе сонце кога во тебе е бура.
    Барем да ми беше бурно.Вака ми е досадно..чат-пат некој ќе пише,ќе се јави и ќе ми одвлече внимание.Три книги читам истовремено и ни една не ми е интересна.Не е возбудливо.Веќе све се сведува на чиста љубов и разбирање,ко во досаден романтичен филм без перипетија.
    Ми се губи од овде.Сеедно дали сама,со него или со друштво.Некаде со мапа,изгубени и насмеани.А време за губење,нема..па поштено ова ќе го препишам на..Трајко,Петко,Стојко.
    Нов живот..?
    Прво кафе и чоколадо,па назад в кревет.Кај што знам и умеам..и можеби ќе имам гостин со чоколадо на врата,ко добра карма.
    http://www.youtube.com/watch?v=0zpi-iSG ... re=related
    Ej да, long live Chris :^: <3
     
    На bittersweet, sesilija и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Денес си се шеткарав сабајлечки и ми идеше (ко да иде Дунав) да делам бакнежи до цел свет. Како во цртаните филмови, да се гледа и да се чуе, онака сочно - МУА!
    Ќе изгледам прилично мрднато ако ја кривам устата налик на патка и цело време го цмокам воздухот а? :D Ќе си мисли некој за Фејсбук девојка на неделата позирам!

    Праев еднаш еден пријатен муабет, и сфатив, чуму полнење срце со омраза и хејтеризам? Ме нервираат некои глобални грешки на овој свет, но нема да ја пренесувам лутината локално.
    Оно и индивидуално ме нервираат некои особи. Понекогаш. Поготово таквите кои мислат дека знаат се, ама обратно од Сократ, не признаваат дека не знаат всушност ништо. Мммех! Ко па да ми се битни у животот. Хејтајте бе срцки, јас ќе ви возвратам со љубов. Кога се караш (не дај Боже) и возвраќаш со пријатни чуства (дај Боже) место со гнев, нема шанси другата страна да ти возврати со поголем гнев. Едино да е хронично зла, па поинаку и не може. Или не знае. А и нема капацитет.

    А ме мачат некои дешавки, се плашам вести да отворам и да читам. Мачнина ми создаваат. Не сакам негативни чуства. Не сакам омраза. Не сакам акција и реакција. Не сакам да ти е страв што ќе се случи. За себеси можеш да гарантираш, ама за реакциите и постапките на оние другите, за жал не можеш.

    Покрај се, решив дека денес сакам да делам бакнежи до цел свет. Фигуративно или буквално. Гратис бакнежи и љубов. Толку малку ја има а толку многу е потребна. Очајно многу.

    И ќе имам пуна куќа слатки носиња. Прво бев уморна, па нешто као се нечкав, ама јбг бре еднаш се живее!
    Намераваме да пееме од Вардара па до Триглава, сосема оправдано.
    А утре? Е утре веќе ме чека сосема поинаков свет кој едвај чекам да го усисам. Да го вкусам. Да го помирисам и да го видам. Свет во кој се пронаоѓам ко рипче у Атлантик.

    Март, шо убав месец. Надеж, кокичиња, први кивања и ЉУБОВ! Март. Блазе си им на тие кои го носат секојдневно како дел од себе :wasntme:
     
    На Ariel, Serafima, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    Еве ти насока и убави темички со конкретни примери :)
    http://www.ubs-asb.com/Portals/0/Casopi ... menica.pdf
    http://www.cqm.rs/2011/FQ2011/pdf/38/34.pdf
     
  13. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Како се исклучува мозокот? Или барем одреден дел што не ми треба во меморијава?!
    Се отпушти последното конче, последната надеж... Иако само јас го гледав така, само јас си замислувам некои работи, само мене и ме повреди тоа...
    Го барав, плачев по тоа, и на крај го добив... Требаше да се израдувам, а плачев уште повеќе.
    Сега веќе нема зашто. Барем се надевам.
    Сега останав јас со себе, со плановите во иднина што ме чекаат. Се радувам, дел од мене многу се радува. А тој другиот дел ќе го контролирам. До кога можам, до тогаш, не ми се брза.

    Денов е мрачен, сме се погодиле... Се разбираме денес.
    Сепак верувам дека ќе излезе некој зрак сонце... Како и насмевка на моето лице.
    Жива сум. Доволно добра причина да сум среќна. И насмеана.
    [​IMG]
     
    На teddybear, BeYourself, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Петок бе. Епа ти текна да дојдеш, се влечеш ко старине автобуси.
    Епа добре дојде. :bow:
    И кога си веќе тука, задржи се малце, чувствувај се како дома.
    Сакам викенд. Нејќам школо. :wasntme:
    Фалачаоздравопријатнодогледување. Отидов да се спремам за во школо. :yawn:
    И да, Баба Марто. Немој и ти да почнеш да ми се занесуваш, ко што си знаеш.
    Нејќам снег. Да си знаеш.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    СДК дека во изминатиов месец два бев во опасна депресија, несвесно свесна ја отфрлав идеата за конечно превземање мерки за решавање на проблемов, се додека мајка ми не ми даде до сознани дека и другите го гледаат тоа, дека се немам насмевнато од дамна. Во таа чест месецот го почнав со насмевка, сонцето ми беше причина да го сакам животот и покрај сите негови несовршености, го поминав првиот ден од мојата рехабилитација со луѓе што ги сакам, секако не направив промена од 100 степени, моментите на гнев ги бркав со помислата за остварување на соништата, уверена во она што си го замислив.
    Го пронајдов она што ми ја прочистува душата, ме препородува, го правам само за себе, со љубов и чисти чувства, како за почеток си купив книга, тоа ме извлекува од секоја бездна и додека го пишувам постов се смеам, сакам книги, ги сакам оние кои ми значат, оние кои ми даваат енергија, никој друг :)
     
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Дека уште постојат луѓе кои не се бањаат, а излегуваат во град, по кафиќи, клубови...

    И тоа не е ништо ново, нормално.

    Само што е срамота во 21 век и достапност на вода и сапун, да затнувам нос со штипка за да уживам во местото во кое сум!

    До злабога сум естетски растист можеби, ама што е многу многу е.

    И после оди решавај поголеми проблеми?! Ма не ме ј*би е ситуацијава.
     
    На Divinebutterfly, Strumfeta93, Nymeria и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.696
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    101 :f:!
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Зошто секогаш имам претчувство за лошите работи?
    Тоа чувство надоаѓа во мене како бран. Не ми дава мир, и цела ноќ беше така. Не заспав. Во мене се превртуваа секакви сценарија. Срцето ми стоеше во грло, ме гушеше, не ми даваше да земам здив. Утрото го дочекав будна, изморена од размислување.
    И знаев...
    Добив лоши вести.
    Глупава интуиција. Проклета.
    Ми треба силна доза позитивност. Ќе одам да ја барам некаде надвор, во сончевите зраци кои се мачат да пробијат.
     
  19. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Тежок избор ме чека...

    Работа 100 км далеку од дома, но со страст или пак близу до дома без страст? :?: :?:
     
  20. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Денес сум цел ден насмеана. :D Уште од сабајле. Уште од вчера. Па дури и четворката биологија не ме онерасположи. Ипак не ни знаев како се викаше последната лекција, али ја раскажав. :P
    Можда е малце тмурно времето, али ова е мој месец, и мислам дека нема нешто лошо од мене да слушнете во месецов. Баба Марта ми е бфф, знаете.. 8)

    И немој да заборавите да се насмеете денес. Лута сум ви инаку, така да си знаете. :lol:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.