Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Ево мене опет, сакале или не сакале вие.
    Баба Марта има некој суров судбоносен план за мене, напнато и невообичаено започна месецов.
    Викендов останувам дома, потребно ми е да бидам сама. Ми треба мир, моите излегоа.
    Се избањав, сега мирисам целата на ванила, си подготвив милкшејк и го ослободив срцево. Цела недела беше храбро и силно, сега солзите како гром од ведро небо почнаа да се леат. Повредена, се каам за одредени постапки, хејтам голем процент од народот, празна сум.
    Ми фали. Тој. Одамна го немам сетено неговиот мирис, допир, милно шепотење, внимание. Сменет е, со секоја постапка се повеќе ме расплакува и разочарува. Изгледа ќе го пуштам, очигледно е дека се чувствува како папагал во кафез, кој гледа кон небесното небо и сонува да ги рашири крилјата кон истото и да владее низ градот. Нека помине викендов, нема да избрзувам со одлуките иако се немаме видено од дваесет и први февруари. Што можам јас тука.

    Туку, утре со братучед ми ќе го поминам денот кај баба ми.
    Мир за нејзината душа, рај за мене и милиот ми роднина. Ох, Боже, колку само сме блиски. Со оглед на тоа дека сме двајцата единци, како брат и сестра сме. Израснати заедно, цел куп спомени, доверба и пријателство на највисоко можно ниво. Го љубам, златен е и единствен. Мил мој братучед :talk:

    Имајте убав викенд девојки.
    И исто така..

    [​IMG]
     
    На Hipster, teddybear, ljubam и 3 други им се допаѓа ова.
  2. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    СДК Леле леле каква домаќинка сум станала, сама ако не се пофалам нема кој :lol:
    Во овие доцни часови, од пуста досада - отидов до кујна и правев мафини!!! :D
    Од еден рецепт, ама повеќе видови, некои со чоколадо, некои со ванила, некои со овошје. Мх мх!
    Сега ми излезе првата тура, абе убавини.. Кој е ЗА, нека повели! :lol:

    [​IMG]
     
    На teddybear, Lepaaa, drugarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    Ma ти домакинка, пих, се гледа дека сме другарки. :D
    Јас правев топло-ладно, ги почастив и другарите на брат ми, да не одат зијан, сама не можам да ги изедам. Направив за цела војска.

    Од толку рецепти на интернет, си направив свој.
    За чудо уште од прв пат ми излегоа саглам, и си се придржавам до рецептот. 8)
    Петок, се раѓа домакинката во мене.

    И така по грешка се омрсив завчера, па што да не. :?:
    Не е грев тоа што ќе внесеш во уста, туку тоа што ќе ти излезе (тоа што ќе кажеш).
    А јас само на јадење мислам, не мислам на лошо... :lol:
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    СДК добро е што некои нешта ги откривам предвреме, па се поштедувам од истите, веројатно непријатни ситуации или како и да е, едноставно како да ги отварам очите предвреме.И повторно по незнам кој пат, сум благодарна за истото :bow:
     
    На glow му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Зошто животот е олку суров?
    Зошто луѓето се олку бесчуствителни и себични?
    Зошто на добрината само со лошо ми враќаат?
    Каде грешам?
    Треба ли можеби да бидам поинаква,да бидам многу полоша?
    Да знаеш дека си направил нешто лошо,дека некаде си згрешил и си повредил некого,тогаш да ти биде јасно дека со право тоа ти се случува.А вака..?
    Ова е многу болно.Боли,боли до коска.Те тера да плачеш,да викаш,да му се лутиш на животот,а сепак ништо од тоа не можеш.
    Овој живот не дозволува да си добар!

    Не сакам да звучам самосожалувачки,самофалбаџиски или патетично,само се прашувам зошто мене среќата никогаш не ми се смее?
     
    На x.Daisy.x, Dgirlll, martinuska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Што да кажам, што да чинам? Има некој петок вечер, дома, како мене? Си дремам пред компјутер, како да немам попаметна работа. Ни филм не ми се гледа, како и да е веќе ми е до некаде и касно зашто сакам порано да си легнам, а утре порано да станам (да поучам по сабајлечки, ама којзнае :P ). Си слушам музика, латино ми преовладува во плејлистата. Си се потсетив на една добро постара, ама екстра добра песничка што многу си ја сакам. Ќе ви ја постирам подолу (така од ќеф! :lol: :emo: ).

    Хм... да бре, чекајте да си прочитам хороскопче, иако денов веќе изминува, чисто за да кажам нешто, на муабет да се најдам :D .

    Еми арно кажале, да кажам дека мотивирана сум донекаде за повеќе учење, да не чекам недела пред колоквиум :angel: . Се надевам плановите ќе ми се, т.е. ќе си ги исполнам. Море, има и месечен хороскоп (како заборавив дека март си го пречекавме. За добро нека ни е!).

    Дај Боже! Дај Боже! 8)

    Со таква желба и идеја ми почна месецов, ама не значи дека ќе остане до крај, сепак и романтичните вечери не се на одмет :inlove: .

    Е ова ти е веќе Недај Боже! Ќе ми треба трпение - спасение :!: ! Или на некој друг ќе му треба :rofl: :P.

    http://www.youtube.com/watch?v=Iy0-8oGjncI

    и то...

    Вие шо ќе кажете?
     
  7. roberta-rubi

    roberta-rubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    65
    Луѓето се како часовници.Некои брзаат,некои доцнат....А некои се и расипани...
    А некои се толку скапи,што подоцна сфаќаме дека воопшто и не вредат....
     
    На crazylady, Elennaa, drugarka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Чувството кога ќе се разбудиш наспана и ваква глетка те дочекува во кујната:

    [​IMG]

    Priceless and soooooo sexy :P :angel:
     
    На ludoto19, x.Daisy.x, 1209 и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    7.318
    Пол:
    Женски
    Повеќе причини постојат, зошто го наведувам денов како мизерија од поголеми размери.

    1 - Наместо до него, јас сум тука. По моја вина, невнимателност и занесеност, но Бог ми е сведок дека тотално не очекував таков пресврт на целата ситуација!
    Ми се чини кога ни се споија погледите, истите очи, форма и боја, почнаа да летаат искри! Истите тие подоцна предизвикаа огромен пламен.. И еве, уште не може да стивне.
    Петокот го минувам дома, со размачкана маскара, бушаво мрсно косиште завиткана во ќебе кое го прошетав буквално низ целиот стан!


    2 - Кучката ми избега, повторно видување - никогаш! Трага нема, нема ни слично лаење како нејзиното, кога ја гледам празна нејзината куќа, срцето ми пука! Сентиментален човек, кој повеќе губи отколку добива. По некое непишано правило, среќа!

    Како и да е, денов за мене е завршен! И не сакам повеќе да се повтори, никогаш, никогаш, никогаш.. Март, те замолив да бидеш подобар.. се надевам не ме разбра погрешно.
     
  10. Somnitelno-Lice

    Somnitelno-Lice Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    248
    Пре да си легнам, на моите драги форумџики кои ми ги разубавуваат деновите, сакам да им посакам :

    Оние кои се болни - да оздрават;

    Оние кои се несреќни - што побргу да ја почуствуваат среќата;

    Тажните - да добијат насмевка на лицето;

    Изневерените - да ја почуствуваат вистинската љубов;

    Невработените - набргу да се пофалат со првата плата;

    И уште многу убави нешта да ви се случуваат.


    Добра ноќ :hai:
     
    На marama, julie77, Amelia и 14 други им се допаѓа ова.
  11. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Cдк дека одам на полагање за возачка за 1 саат,вие да ми држите срека :rofl:
    Cе надевам нема да чукнам некоја кола кога ке ме натераат да се паркирам :?:
     
    На teddygirl, CIA, Lepaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Жените се жалат на ПМС, но јас мислам дека тоа е единствено време кога можам да бидам она што навистина сум 8)
     
  13. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    СДК дека сум премногу разочарана од некои луѓе...и стварно не свакам како можат да го забораат сето добро што сум го напраила за нив...сватив нешто дека кај некои особи добрината не вреди и џабе простуваш и се забораваш колку и да ти згрешиле сепак ги сакаш и ги поштоваш...а тие од друга страна повторно прават планови да те повредат...ама голем е господ и се гледа и нека му врати со иста мерааа..Феминки пазете на кого му верувате...со кого сте во контакт...и на кого му простувате
     
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Море како ми иде на некој да му влезам,( не на секој нормално си имам некој на ум), и да му речам хело бејби мама ис хир! И оп троп, покажување на квалитети и давање сладости док цел град спие.. леле леле мама миааа, хормони шта чеш!
     
    На glow и CIA им се допаѓа ова.
  15. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.326
    Допаѓања:
    4.782
    Треба да се помирам со некои работи.Не ми е никој крив, не ми треба веќе изговори. Јас сум виновната за се.Проблемот бил во мене цело ова време само што не сум признавала. Доста ми е веќе од се. Ќе престанам да се борам, се откажувам. Несакам веќе никој да повредувам. Катастрофа сум како личност и неможам да се сменам, не дека несакам, НЕМОЖАМ!
    Си го знам крајот и знам што ќе биде со мене. Не верувам на никој веќе а тоа е лошо. Потпрена сум самата на себе и си тежам, се гмечам, се толчам до дно.Самата треба да се справам со оваа глупост моја.Никој нема да биде тука за мене да ми помогне, кој сака нека ми го слушне проблемот, никој не ме разбира!!
    Па како и може да ме разбере некој кога се наоѓа во мојата и само во мојата глава проблемот?
    На кого и да кажам, кој и да повредам со тоа ме прави ненормална,будала,себична,никаква!
    Не,веќе неможам стварно! Заладив сосема со моите чувства, само не вечерва.Слушам некои жалопојќи и плачам.Губам личност која ми е значи но најдобро е вака.Потребна ми е таа личност вечерва, да ме ислуша и да ме сфати но тоа нема да се случи.Пробав да објаснам но не ме разбира.
    А кој би ме разбрал? Самата не се сфаќам! Незнам ни како да си помогнам.
    Во овој момент ми треба некој да ме ислуша убаво и да молчи.Сакам да се изнаплачам на некој, на било кој.Сакам да ми даде совет што да направам иако нема да го послушам. Ми фали добар разговор! Мислам дека побудалувам.
     
  16. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.015
    Допаѓања:
    4.909
    СДК дека треба да организираме средба со нашата Стефанија. Сакам да слушнам како размислува во живо. Ме копка едноставно, неможам навечер да спијам :( Кој е ЗА, лп нека ми пише:)

    Бај д веј, времево е лепота! Ми годиииии :)
     
  17. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Господеее зошто одземаш невини животи...беше млад животот беше пред него.Уште се тресам не можам да се соземам..... Како вчера да беше се сеќавам пред извесно време како заедно сите седевме се смеевме,се дружевме.Го почитував навистина.
    Почивај во мир. ;( ;( ;( ;( ;( ;(
     
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    12.089
    Пол:
    Женски
    Јас сум си таман. Расположена, со женски муабети за пениси. Прекраснотија :)

    Ми се јаде...
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Скоро три часот по полноќ, а јас се чувствувам како да е три попладне.
    Сонот го нема, си отиде со јакото црно кафе што го пиев во негово друштво, за жал виртуелно. :(
    Ја одбив поканата за петочна забава. Без него не ми се излегува. Ми фали да ме држи за рака дури јас чекорам со штикличките. Да ми ја допира косата и да ме бакнува преправајќи се дека никој не гледа.
    НО, уште повеќе ми фали под чаршавите. :$ Тешко е. Не се издржува, мајке ми. Ќе фатам авион јас as soon as possible.

    Tуку друго ми беше муабетот. Денес е Тодорова сабота. Баба ми вика на овој ден се одело на бендисување :D Затоа слободни девојчиња, после појадок и утринско кафе тип-топ средување и правец во поход по добар машки примерок. И онака времето ќе биде топло.
    Е па, ај нек се угоде!
     
    На tweety26 и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Секогаш кога ме враќа накај дома сум тивка и ќутам, кога ќе пушти некои од неговите метали најгласно у кола се ежам и станувам друга личност, се нервирам, очите ми се полнат со солзи и ми доаѓа желба да го убијам или да излетам низ врата додека вози :devil: Во тие моменти собирам сила и желба да се ослободам од него, да го фрлам како стар партал од мојов живот.
    А наутро, штом ги отварам очите прво ја гледам нашата слика. Спонтана и полна со емоции, со искрени насмевки и сјај во очите. Размислувам како би било да не е неговиот глас првото нешто што го слушам кога ќе станам или како би било кога таа слика не би ја гледала. Дали би имала мир во душата ако не го слушнам и незнам дали е во ред и што прави.
    Потоа се вртам на другата страна и одбивам да му се јавам, и ми доаѓаат на ум сите трули работи што ми ги правеше зад грб, ги затворам очите и се гледам себе си на болнички кревет со црево во уста, а паралелно тој со насмевка од 6ка до 6ка опкружен со девојки пие кафе и ги забавува. Ми потекуваат солзи, ги бришам, посегнувам по телефонот и му вртам. Ми спушта и ми се јавува. Тогаш се се смирува.
    Тогаш колку и да му тажна се насмевнувам, тогаш заборавам на се што било и го почнувам новиот ден со нова надеж и нова верба во него дека денеска ќе го даде својот максимум само да се грижи за мене и да ме чува. И би така. Секој ден се повеќе и повеќе.
    Се додека е вака, јас нема да зажалам за шансата што му ја пружив... освен ако... не ме предомисли некој ;)
    Кога ме мачеа трулите работи не ги чепнав, ги оставив така да си стојат и да се јачаат, не направив ништо за да ги спречам, сепак времето работеше за мене и им гп најде крајот, се повлекоа губитниците, го презедов пиедесталот. Сега ми се смешкаат лажно, а очите им молат да ги третирам добро, јас не направив зло, ама дојдоа моите 5 минути, златни.


    И пишав на Стефанија дека и се восхитувам на нејзиниот живот, ми рече фала, но и таа имала проблеми, не било се така розево |( Ме разочара, ја замислив совршена.
     
    На bittersweet, Lepaaa, LilBaby и 18 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.