Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.047
    Допаѓања:
    81.433
    Пол:
    Женски
    Кога е болен брат ми, односот ни се менува за 360 степени, ма и повеќе!
    Е тогаш, мајка ми не може да се изначуди - вика, недајбоже, ама изгледа болестите ви се лекот за да се зближите и сакате.
    Не знам, не сме мала разлика, па можеби затоа не можеме да најдеме заеднички јазик.
    И многу ме иритираат кога ми велат дека не го сакам. Побогу, како може да не си го сакам сопственото братче? Не сум таков тип да се лигавам и да покажувам и изјавувам љубов секој ден, ама сепак постои братско-сестринската љубов меѓу нас, не можам да одречам!
    Да имаш брат, сестра, било што до/со тебе е благослов, луѓе. Јас не знам што ќе правев ако не беше тој.
    Знам, ќе бев Адриана Лима, ама фала богу има кој да ме понервира и да ми земе мал дел од мојата вансериска лепота - па, благодарна сум му, инаку знам дека немаше да се поднесувам при таква болна лепота. :wasntme:
    Е, сега откако издемантирав сè, се чувствувам подобро.
    Останете ми поздравени и зграпчете го сончевиот ден, јас одам да му направам лимонада на глувчето.
    Ве гушкам. :hug:
     
    На eli25, Strumfeta93 и 1209 им се допаѓа ова.
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Kолку мразам ненајавени гости :devil: :devil: :devil: Aло, човече јави се и најави се, кажи дека ќе доаѓаш, луѓето си имаат работа по дома |( .
    Tаман се спремив да си правам тоа што сакам, оппп, звони некој на вратата :( :(

    Eпа се изнервирав, само да се надеваме дека нема да се заседне, зашто со се татко ми низ прозор ќе ѓи фрлам
     
    На Elennaa, sesilija, stylishh и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Ваков ден одамна се чекаше :wasntme:
    Преубав, сонцето си грее, само за кафе е денот, конечно се видов со другарка ми, муабети муабети 500 :D , како и да е си ќарив нови чевли, и сум пресреќна :wasntme: , абре ги сакам, знам и тие мене.
    Си купив материјал за фустанот, не е мастило , тиркизен е :wasntme:
    Шнајдерките мн го бендисаја.
    Ахх преубо се чувствувам, времето ме прај среќна :sun: :f: , а и луѓето околу мене.
    Ми фали мечето мое, ама стрплива сум :doh: :)
    Одам сеа пак на кафе, и на малку трачарење.


    Имајте убав ден. :hug:
     
    На IvanaMkd, CIA, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Act like a WOMAN think like a MAN .
     
    На IvanaMkd, CIA и cigarce им се допаѓа ова.
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ние сме си шемаџиски народ.
    Шема е да имаш нов мобилен иако го исплаќаш на 24 рати и касниш со плаќање на сметките битно си шемаџија.
    Шема е да седнеш во виден кафич на први седишта да те види народ, а ти да исмањачиш. Иако за тоа време шефот 10 пати ти ѕвони а ти си недостапен или уште подобро имаш предавања на факултет или школо.
    Шема е да купиш куче кои твоите го гледаат, но ти еднаш месечно да го дотераш во облека со ново ременче и да го шеташ низ градот својот миленик.
    Шема е да извадиш цицка и гола нога на прво зимско-пролетно сонце.
    Шема е твојот ФБ да е во тек со сите новости, па наместо луѓето да отвараат тиме.мк ќе ти го отвараат твојот ѕид е ќе ги прочитаат сите новости кои си ги лајкнал и се во тек со се.
    Шема е да имаш свои видеа на јутуб, дал комичар си, дал пејач, дал рецитираш, дал снимаш природа сеедно, битно на јутуб си бе човече. Уште пошема е ако тоа е предлог за брак, па и на јутуб, на вести, на точка.мк, на зазабава акции повисоки од Макпетрол.
    Шема е да се шеташ низ Џамбо и да се сликаш со сите играчки без притоа ништо да купиш.
    А последна шема е да кажеш дека ги постиш велигденските пости.
    Да бе, постиш.
    А притоа и пушиш и пиеш и се лапаш и се сексаш ама битно постиш.
    Ах да и јадеш соино млеко, соја, јадеш паштети, јадеш растителни кашкавали, јадеш 100вида колачиња навидум посни и да, ти постиш. Аха така ќе се исчистиш од гревовите. Да да. Нема везе шема да си...
     
    На Chocoholic, bittersweet, Oxymoron и 26 други им се допаѓа ова.
  6. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Денеска е навистина преубав ден.Иако малку ненаспана,се средив и отидов на кафе со многу добра другарка.Муабети еден тон,тепачка која побрзо да каже нешто :lol: Скопје повторно почнува да живее,реки народ по улиците.Ова е период кога најмногу го сакам нашиот град.Сонцето некако не расположи сите и направи барем за миг да заборавиме на проблемите.Имајте убав остаток од денот :)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  7. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Сонцето ме расположи, па се разбира излегов. Среќна сум... конечно по толку време видов девојчиња кои си играат пред зграда, играа царица. Потаму едни две момчиња се бркаа, па застанаа да си купат топка од бутката... Е тоа ми го исполни срцето, да знам дека уште постојат деца кои играат пред зграда и не се опседнати со новиот начин на живеење :wasntme:
    Се потсетив и јас како играв како мала па сакав и јас да му се придружам :lol:
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    По карактер не сум мрчало, не дека несакам да мрчам туку затоа што ај донт гив а фак фор енитинг ама денес од толку пи*ки во градов не успеав да поседам со глава крената накај набото, да му дозволам на сонцето да ме погали. Од кај искочија толку цури која од која појака, настрана паштетата и очилата од кои не се гледа 90% од фацата.
    Што им требаат коњопоиите на сред улица не ми е јасно, и како на некој му е удобно да седи, пардон да стои на сред улица и да пие кафе :fubar: ама не е за кафето работава, ц.
    И да, тренд најлоша (не)услуга евр!!! Уа! :Down:
    Од сеа на сончеви вакви денови ќе идам да пијам кафе у парк на трева, ама во стариот дел, новиов цел смрди на зоолошката, а стариот пак... што од езерцата што од неписмениот народ што фрла ѓубре и ке*а кај стигне... Не бе, на водно ќе си идам... ама па и таму ми има напукани фаци, со штикли шо се возат у жичара... Не не не не, у дворче ќе си седам на раат, никого да не видим.
     
    На bittersweet, Nymeria, Noemi и 8 други им се допаѓа ова.
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.475
    Допаѓања:
    91.882
    Пол:
    Женски
    Страшно ме иритираат луѓе што не гледаат за себе него за другите околу нив. Мислам муабетот- Леле па петок и сабота излегуваш? Леле а зошто не излегуваш често? Па кафе преку ден не е кафе. Што тебе по ѓаволите те боли што јас правам или не правам? Ако ми се излегува ќе излезам кога ќе посакам, ако сакам ќе поминам дел од денот надвор , но со квалитетно друштво.
    Или пак - Леле врска на далечина. Ау јас не би можел,а такво нешто. А всушност пред месец дена раскинале некоја таква врска или нетски со некоја личност си одржуваат некоја т.н врска. Па на некој што не го ни познаваш му се правдаш каде си и со кого. Ахам де, не, не можеш да сфатиш таква врска.
    Време е да се сфати дека секој човек е приказна за себе, никој не е ист ко другиот и секој си живее како што си сака.
     
    На IvanaMkd, creshicka, esperanca и 18 други им се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денешново саботно сонце, не смеев да го испуштам, па макар и што немав друштво за шетање.
    Не му ја мислев многу, па си ги извадив наочарките, фатив ташната и се фрлив во поход.
    Ги наполнив кесите со ситнурии, за на крај сметката да ми биде како да сум си купила капут од нова колекција. Ама не е важно. Тато вели дека здравјето е за чување, а парите се за трошење - па, тоа ми стана мојот главен аргумент кога ќе ми преречат дека исаф немам. :wasntme:
    Си се почастив и со нова фризура, па додека пиев кафе со фарбата на глава и листав списанија, се изнаслушав најразноразни муабети. Е, фризерницата ти е место каде ќе чуеш се за секого.
    Еден куп жени собрани на едно место - слика вредна илјада зборови. Една шиша, друга седи со фолии на глава, трета вари кафе, четврта гледа на шолја, петта разгледува списанија, а сите прават муабет и се надвикуваат со музиката во позадина. Секоја со своја приказна, секоја има за што да се пожали, да се пофали и да каже нови трачеви.
    А јас си седам на страна, ги слушам и си се смешкам.
    Жени - си велам. Кој не може да не разбере, попусто се обидува.
     
    На bittersweet, fashionista, tweety26 и 17 други им се допаѓа ова.
  11. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    ^

    :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    На crazylady, drugarka, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Прв бран на потопол воздух, сончев предпролетен ден и оп одма се појавија.
    Мои вечити непријатели. Моја вечита фобија. Кој ако не пајаци.
    Морници ми поминуваат низ телото со самата помисла на тие гнасни, брзооди створења.
    Барем да беа неподвижни или да одеа поспоро веднаш ќе ги згмечев сите до еден без размислување, а вака постои ризик да ми избегаат и да се скријат, и тоа е тоа што не ми дава ни да посегнам да ги убијам, а само уште повеќе ме вознемирува и го бранува мојот внатрешен мир.
    Како само првиот топлотен бран да го чекале, за да се вселат, да излезат од кај и да се криле изминатиов период.
    Е убаво си беше цела зима ни траг од нив, поубаво неможе да биде.
    И таман подзаборавив на тој мој страв и баш се радував на денешниот прекрасен ден, кога гледам грозен пајак на плочките како предупредување дека цела тековна пролет и лето ќе ми висат по ѕидови, ќе ми лазат, ќе викам, ќе се дерам, ќе плачам и паничам.
    Можеби многу банално изгледа сето ова, но со овој страв никако неможам да се справам. И морам да кажам дека животот би ми бил многу поубав доколку не постоеа пајаците.
     
    На MandyLane и mims-89 им се допаѓа ова.
  13. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    Прекрасен ден, поминат со кафиња, поминат со луѓе. Овојпат го фаќав сонцето зади ролетни, но со сончево мили луѓе. Сепак, ми беше светло и убаво.
    Обврските се на waiting list, само поради тоа што убаво ги ескивирам, а и времево не ми е кратко. Можеби денес.
    Не се жалам од периодов, за се‘ што плачев дека ми фали, сега можам да кажам до некаде дека го имам. Се случува нешто, караванот врви, како секогаш.
    Сега сум во онаа фаза, каде што треба да се поставам цврсто и стабилно.
    Да реагирам на секој потег кој што би можел да ми го растревожи срценцево.
    Да ја зачувам гордоста, а да не се суетизирам. Да ја најдам онаа средина.
    Да покажам заби, а да не преплашам.
    Да дадам внимание, но да не претерам.
    Имам неизвесност, огромна хемија, вратени повици, акција, убави насмевки, реакција и тролови во стомаков. Да, ми ја тролаат утробата и ме прават така малку како потресена. Шо ги вртам, ќе ги сечам :) На игнор ќе ги ставам ако не, идеме или јако или никако.
    Сум кажала и порано, на такви ненаметливци како мене, инаетот им е врвен начин за просперитет. Немате идеја, колку не сакам да сум упорна, а сепак се борам како лавица. А лавиците никогаш не се напорни, кинат глави во краток рок.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Saisnalla

    Saisnalla Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    134
    СДК дека си ги искршив коските денес играјки фудбал. ма јас не сум знаела дека ме бива за гимнастика.. се испревртев ко тенџере по долнина. таман мислев да се жалам ми текна дека ко мала ги затварав мравките во тегла и сфатив дека падот ми е заслужен. :)
     
  15. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.534
    Допаѓања:
    174.221
    СДК.....дека низ главата ми се врти една народна поговорка - она што нема да ве убие ,ќе ве зајакне.

    Дали е тоа така?

    Уште колку обиди за „убиство “ ќе морам да претрпам?
    Чудно,воопшто не се чувствувам зајакнато од сите тие глупави случки кои ,нели треба да ме зајакнат.

    Човекот е посилен од камен-да,ама и каменот ако постојано се става на топло па на ладно ,еден ден ќе се претвори во песок.А човекот ......

    Уморна сум веќе од постојана борба со болести,со разноразни муабети кои се надофилувани,надодадени,итн.
    Уморна сум од тоа да внимавам на секој околу мене да му објаснам што,зошто,како,со кого .......

    Животе...поштеди ме,не можам веќе...не сум дрво,не сум камен,...само една кревка душа која бара малку мир и спокој.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    СДК.....УФфф каков ден...си го поминав супер (се разбира уште не е завршен) моментално сум оптимистички расположена и го сакамм животот
     
  17. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Веќе немам време ни за самата себе.
    Апсолутно се запоставив. Учење, учење и само учење... Не се препознавам себеси.
    И апсолутно нон стоп дежурната Реина Дел Сур, ја снема...
    Има и причина драги мои..
    Сепак ќе ви кажам дека ми фалите, а за жал ептен ретко имам и време да ве читвам.
    Да се растеретам и ќе ви се вратам со сигурност!

    Ве сакам најмили мои и ви праќам топли виртуелни гушкии :hug: :hug: :hug: :hug: :hug:
     
    На IvanaMkd, crazylady, L-enna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Ееее, стари мој, стари. Каде си сега да видиш како твојава фамилија се збира само кога на некој од нејзе ќе треба коските да му се фрлат в земја? :)
    Утре ќе дојдат да ти сипаат ракија и храна над гробот. Да знаеш дека нема да бидам таму. Да знаеш дека ќе те посетам тогаш кога ќе поминат сите овие церемонии и сите што до вчера цимолкаа ќе заборават на тебе. Знам дека никогаш не сме биле блиски, но ти си моја крв и оваа загуба ме боли. Не знам дали оти нема никогаш повеќе да се вратиш, или оти жена ти се распаѓа без тебе па ја гледам како ко жив мртовец шета низ дворот, низ куќата.
    И братучед ми те бара, прашува каде си, малечко, не разбира. :)
    Кога ќе подразмислам, ниту јас не разбирам.

    Но тоа е што е, за нас овде животот продолжува. Не знам каде се наоѓаш сега, дали постои такво подобро место. Почивај во мир. Да знаеш само дека зад себе меѓу другото остави безброј дебили.

    ..ете така, од увек знаеше дека сум портокалова овца у фамилија. [​IMG]

    што да ти кажам стари, ужасна личност сум, нели? Знам....
     
  19. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    Сакам да кажам дека ако не ми дадете совет на темата ЉУБОВНИ ПРОБЛЕМИ И СОВЕТИ каде што сега побарав совет,ке ви се налутам на сите :(
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.317
    Допаѓања:
    8.796
    Си го потрошив денот на шопинг. Сама.
    Си се задржував колку сакам, во која продавница сакам, пиев кафе сама и со последни сили се вратив дома. Сама.

    Една прекрасна девојка плачеше до мене во метрото. Имам некаква глупа навика да размислувам за луѓето кои среќавам, претпоставувам и составувам приказни за нив.

    Еден пријател речиси ме расплака, ми недостига дома, многу. Никаде не е толку удобно како на каучот со мама. Ќе издржам, имам уште многу да истуркам.
    Убаво е да знаеш дека има место и луѓе на кои секогаш можеш да им се вратиш.
     
    На Bright, mims-89, bittersweet и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.