Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    Сдк кога ќе си фатам дечко ќе ги растурам темите

    Како се облекува вашиот партнер..
    Како се запознавте со вашата љубов..
    Како дефиниравте дека сте во врска...
    Како ги решавате проблемите во вашата врска...
    ..............Врска.......................
    ....Партнер...
    ..........................Љубов...
    ..........Принц... Итн.
    Вака се фрустрирам бе, ми се чини само јас не пишувам таму. :lol:
    Мислам дека само јас немам никој... :D
    Ајде моми мажите под рака и уживајте..
    Бидете среќни дека имате некого кого сакате и кој ве сака...

    http://www.youtube.com/watch?v=jtoncUzV ... re=related
     
    На IvanaMkd, sanjalica, IndieGirl и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Сончева сабота.Идеална за промовирање на новите наочарки.За насмевки и идеална за пустошење на продавниците.Потрошен првиот ден од викендот на предроденденски шопинг.

    Често ме маваат продавачките со критики,како сум била некое си специфично дете.Ма си знам што сакам јас и тоа е тоа!
    Пиши таму +една феминка што го осети мирисот на нови чевли во месец март :f:
    Не,не и не!Нема поубаво чувство на светот,од тоа!Моментот кога ја стискаш ќесата со новите чевли.Се чувствувам како модел на ВикиСикрет,мајке ми. :wasntme:
    Ах,како пердувче си потскокнував низ прометните улици.Па дури и заборавив дека всушност не сум излегла по чевли,туку по нови парчиња во плакарот.

    Убави топли и свежи бои ми го збогатија плакарчето.Боите,баш каква што ќе биде и пролета која ни праќа дел од нејзините миризливи честички.
    Шопинг,затоа што кога пазарувам,светот станува подобро место за живеење!

    A woman with good shoes is never ugly !
    - Coco Chanel

    http://www.youtube.com/watch?v=hmbUNF1Q4R8&ob=av2e
    -песничето и го крадам на Ана :*
     
    На Noemi и starfish им се допаѓа ова.
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Лута сум како феферонка.
    Уствари бев.
    Нема полошо од тоа да те напне сингл, wannabe ироничен и паметен, другар на дечко ти. Господе, колку го мразам!
    Никогаш не сум кажала нешто против неговото друштво, ниту пред него, ниту пред нив. Сум пробувала да ги прифатам, да славам со нив, да излегувам....
    Ама немам живци со малиов партиски потрчко. Гнаса мала напумпана!! :devil: :swear: :swear:
    ГГХхфхфххдхххагдахсхгасхаасх срмдле мало глупаво, женска да не си фатиш бре, лигаво дете!!!

    Пуна со нервоза и презир, си влегов достоинствено каде што ми е местото. Во кујна. :D
    И така целата растревожена си направив дупла порција, за да се вратам во нормала дупло побрзо.
    Кој е за, нека повели.
    Додека има де..... пошто кога сум лута, дупло побрзо снемува храна. ]:)






    Патем, гледам не зафати манија за нови чевли.
    Епа ај на арно нека е, да ни се множат! :D
     

    Прикачени фајлови:

    На mims-89, LilBaby, teddybear и 5 други им се допаѓа ова.
  4. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    СДК се свикнав. СДК дека ми годи. СДК дека ми створи и нови проблеми. СДК дека лесно се надминаа. Значи, се се може ако се сака. :!:
    Утре, е цел ден за мене. Ќе си се посветам целосно. Ќе исчитам една книга. Ќе ја слушам безброј пати омилената плејлиста. И ќе денцам. И ќе се заљубувам. И ќе квичам од болка стомачна и менструална :D И сега се надевам ќе се разбудам во мудов кој го замислив, иначе лошо ќе биде.
    СДК чарџинг-он! Одам да одморам и физички и психички :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Женски ден денес. :D
    Ми текна на средношколските денови, едвај чекавме некое девојче да носи црвена облека на овој датум и да го умреме од зафрканции.. ]:) Детска радост - гумени бонбони..
    Поминаа и тие денови, кој да знаел тогаш дека животов е се' помачен. Си мислиш од средно потешко нема.. Ех, да се вратам сега во тоа време..ама со овој сегашниов памет - да се разбереме, иначе џабе ќе биде патувањето временско. :lol:
     
  6. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Порано како мали кога ќе игравме на улица, знаевме и да се скараме, а ретко и да се затепаме....тогаш сите се жалеа кај мајките. Па имаше такви што излегуваа на улица и се караа со другите деца зашто нивното било навредено или удрено. Мојата Мајка НЕ! Таа ќе не прибереше дома и мене и сестра ми и прво нас ќе не искараше. Зошто сме се вмешале во кавга или тепачка, без разлика кој ја почнал. Секогаш нас ни викаше, не караше или не советуваше. Ниту еднаш не излезе да ја префрли вината за нашето учество во кавгата на некој друг. Па дури и кога ми остана лузна што ја носам и ден денес од невниманието на друго дете, таа не излезе да се расправа....само ми рече да бидам повнимателна следен пат, кога друг не внимава јас да бидам таа што ќе отвори очи и ќе се заштити од туѓите невниманија, сплетки, интриги, закачки....

    Можеби токму затоа денес сум ваква каква што сум, мојот карактер и начинот на размислување се градеа покрај ставовите и размислувањата на мајка ми. Нив ги сметав и сеуште ги сметам за исправни (иако понекогаш не се осгласувам се бунам :D ). И денес сеуште јас ги преиспитувам своите постапки, анализирам што сум кажала и направила и прво вината ја барам во себе, не во тој другиот кој ме повредил или навредил. Јас сум таа која што така се поставила, која што дозволила тоа да се случи, не тој другиот....тој само бил доволно лош и злобен, бездушен, или пак од чиста забава ја искористил таа шанса да ме навреди/повреди/разочара.

    Тешко е ваквите нешта да се признаат, а уште потешко е гласно да се кажат, самокритичноста на никој не му е јака страна. Па затоа најчесто во себе се прекорувам, а пред другите молчам или кажувам дека ДА тој другиот е виновен за она што ми се случило. Но откако ќе се направи таква самокритична анализа, вината на оној другиот се намалува и полесно е да простиш, се намалува и она чувство на горчина, бес, лутина, тага во тебе....полесно се дише и помирно се живее.

    Од сето ова можам само да кажам
    Благодарам Мамо :)
     
    На kate21, LivingGlam, Izaabella и 6 други им се допаѓа ова.
  7. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    СДК дека луѓето се менуваат, еве ме мене денес дојдов до заклучок дека ја сменив љубовта кој годишните времиња, ја сакав зимата, бидејќи можеш да го контролираш своето тело, џемперче плус, може да ги задоволи твоите потреби, снег и романтики, макар и мечта за нив.... но на сето тоа мрачно небо, само сиво и ништо повеќе.
    Прекрасни сончеви зраци што ја галат мојата кожа, коса и чувства ме придобија, се заљубив во нив, се преобразив во summer person го сакам летото, покрај неговите 40 степени, ги сакам неговите зраци кои без причина будат насмевка на моиве усни, ми ги бркаат сивите мисли, ми даваат воља.
    Ете, се само прогласувам за заљубена во сонцето !
     
  8. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Фин викенд беше ова. Времето - шоу од Баба Марта. Сончеви зраци со снег, сонце со силен ветер.. Чудни комбинации, а сепак толку блиски до срце. Го сакам месецов. Го сакам Март. Ми мириса на љубов, романтика, мистерија. Се буди животот од долгиот, долгиот зимски сон. Само во Март може да се чувствувам вака.
    Ах, викенд, зошто не потраеш уште малку? :wasntme: Бар уште само еден ден. Да се порадувам уште малку..
     
  9. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сдк пошто сум манијак по било каков пијалок, најлошото нешто што може на една единка да и се случи која е во мое друштво е да ме остави сама на шанк полн со шишиња, полн со избор на било каков пијалок.
    Братучедке, нека ти е среќен именденот, и нека ти се полни вака секоја година шанкот.
    Но на крајот од денот јас секогаш го бирам мартинито. Засега!

    Преубава вечер, а уште поубав период за мене.
    Претрпев драстични промени кои можеби длабоко во мене ми нанесоа голема болка, но однадвор се трудам да бидам силна личност која не дозволува тоа да ја допре. Попуштив еден период малку, и можеби ќе попуштам (попусто е да претпоставувам што би се случило утре), но знам дека сега сум јас таа. Битен ми е овој момент, оваа сегашност. А утре. Утре можеби и ќе кукам за тоа што ме мачи.

    Девојки останете ми поздравени, испратени и насмеани.
    До следно читање..
    Чаоо!

    http://www.youtube.com/watch?v=HtTHsBlhdxo
     
    На mims-89, Magnolija и L-enna им се допаѓа ова.
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    ...дека температура 37 е полоша од 38. И не, не е ова предизвик |(
     
  11. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Месечинче, со к'снати залчиња, ете.
    Распарталено небо, чиниш некое дете си играло играчки на платново горе.

    Мирувам, љубам, си постојам како кокиче покриено со топол јорган од снег. Невозможно? Не би рекла.
    Црвени чевли и баретка, образи ем јаготчести колачи.
    Работна сабота, но полна радости.
    Утро со будење и шепот - Љубов моја. Нема поубаво. Кој сака нека рече, но нема.
    Планови за заедничка иднина. Појадок во кревет. Тој чисти во ходник, јас редам алишта. Излегуваме и се брцкаме со носињата во небо. Шетаме низ градов, со наочари демек странци, а сме најдомашни лепчиња пораснати на скопско сонце.
    Ме бакнува скришум позади вратчето, ме ежи, ме фаќа за рака и си тераме низ Чаршија.
    Сонцето пее гласно, го намалувам ем намамувам со усни нагоре. Цмок!
    Пиеме ракииче, мезиме форнети, се кезиме ко да ни паѓаат конфети од некаде. Мачорот побелен, мршејќи се, ни краде поглед.
    Му враќаме со Љубов.
    Ручек и дланки една во друга. Мајка ми се чуди кај летам. Ни јас не знам, но зарем морам?
    Цел ден музика за очи, за уши. Ќе заборавам за уште што.
    Нови слушалки за мобилниот, нови чорапки за шетање. Фотографија на вечното лето!
    Даде одмара, тато хрчи, мама гледа филм. Женичкиве мои шетаат. Лени ме бара на чај, Бобе се смее дека административната работа го претвора во Доријан Греј, Иван се чеша од љубов.
    Си се чуваме во калеидоскопот на животот...
    Многу, многу љубов.
    Ко нацртана е, пред мене.
    Ја гледам.

    И со неа заспивам, со неа се будам.
    :inlove:
     
    На Hopeful, innablood, thinkerbell и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Не ми е гајле!

    Оти кажано е, прави се што ти лежи на душа; сцените, кога се покориваше на страста и длабокото ЈАС те направија она што си. А што си ти, сеуште не знаеш, а се надевам нема ни да откриеш. Никогаш! оти за твое добро е. Ќе се разочараме и ти и јас кога ќе ја откриеме вистината по која толку копнееме. Ќе испадне дека таа била под чергичето од надворешната врата... е за каде сме тогаш? За во некој паралелен свет каде егоистичните ни души ќе летаат низ своето дејствување. Вториот круг на Данте можеби...
    Ќе се разочараме, на крај ќе испадне дека дури ни егоисти не сме. Трчкаме сите да ги спасиме, да ги заштитиме, пред се од себе... а можеби и сме, оти ги љубиме само истите на себе. Омилената приказна на Жапчето наше, за кокошката.

    Никогаш нема да си простиме за се она што сме го направиле и не сме го направиле. “Мудрите“ и ефтини поговорки не кочат. А пред светот сме силни, диви коњи сме ние, кој би не скротил? Сакам сестра ми еден ден да стане балерина, да и се оствари сонот, барем нејзе. Мојот... пф... Убаво си кажа Семујел, најмладиот син не го бива за ништо, па мислевме дека е писател :D
    Some are born to the endless night... Не е ова претерување, туку песна на Дорс! А признавам, љубам хипербола можеби повеќе и од метафора.

    Кога сум болна мама ќе ме трие со ракија и толку топло ќе ми стане што на ладно ќе тера...
    И стварно за многу работи не ми е гајле. Од толку шо ми е гајле.
     
    На Strumfeta93, Gordana10, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Ранобудникот Анабела is calling :call:

    Него јас СДК дека ептен глупо ми е кога ќе се сетам колку многу сум неблагодарна на тоа што го имам, понекогаш..Сакам да е пролет за да го пробам тоа што го имам намислено затоа што зима е погрешно годишно време за тоа.. Ајде уште малце :)
    Презедов иницијатива во свои раце и гледам да не ми е досадно.
     
  14. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...вчера беше...лудило :D Бев прекрасна, целата скоцкана, а тој, се појави без никаква најава.Бев ладна со него, а тој со мене, едноставно, совршен.Сакав да се откажам од него, да речам-ова веќе не оди вака и да излезам од целава ситуација.Ама, не можам.На почетокот, си ветив-Ќе биде мој, и сеуште го мислам тоа, сега најмногу, кога сфатив дека шансите кај него ми се големи.Ми треба уште малку време... :wasntme:
     
    На Lepaaa и maca99 им се допаѓа ова.
  15. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Колку што е голема радоста кога ќе си купи една жена нови обувки, мислам дека е исто толку голема радоста и кога ќе си купи нова долна облека, или било што друго. Па секој сака да се чувствува убаво, а носењето на удобна и убава долна облека е навистина убаво.
    Ова беше колку да ви се пофалам дека си изнакупив долна облека за наредните три години :lol: Ама најубава ми е, турурут, и ептен сум среќна, и сега се што купив ми седи низ соба затоа што ми е жал да ги ставам работите во фиоки затоа што нема да си ги гледам веќе :D

    Планови со него да спиеме вечер заедно, кладба кој прв ќе се најде на земја, скокоткање, љубов, филм, среќа. Трепет...

    Отворени венецијанки, разулавено пиле, овошна салата, нескафенце со жолта цевка ...
    Запалена свеќа со мирис на лаванда и генералката на собава може да почне... а остатокот од денот, банкање, женски работи, разгалување... уф уф.

    Ајде на неделава решив да и пружам малку радост, малку повеќе радост, иако претежно не се љубиме, не по наша вина, денес тоа го прескокнувам и ќе уживам. :)

    Имајте убаФ ден.
    :sun:

    пс.
    Ми се јаде лубеница! :smirk:
     
    На IvanaMkd, AnaKarenina, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  16. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Толку сончев ден надвор а јас треба да УЧАМ |( .

    Се сетив какви беа неделите пред неколку години кога бев основно. Ќе си почмаев, ќе си поучев, ќе се подружев, за се имав време без паника, а сега што ми стана бе? :drunk:
     
  17. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Времето е преубаво.Сите не вика и не мами да излеземе да го искористиме денот.
    А јас,јас треба да го учам заостанатиот материјал историја и да вежбам за тест информатика.
    Па зарем е фер? :x
    Да немам обврски сега би си излегла во двор со чаша сок и слушалки во уши и ке си се печам на сонце.
    Ке си се испружам на лежалката и би сонувала со отворени очи.
    Ке уживав во сончевите зраци на мојата кожа,на мојата коса.
    Ааааааааааааааааах! Сонце,сонцееееееееее. Долго те чекав,а сега можам само од прозор да те гледам и да ти се радувам.
    Тоа е.
    Ке одам да учам јас,додека не ме фатила мрзата,после тешко.
    Недела е.Нели во недела се учи,се бања,се средува за наредниот ден.
    Кај мене секогаш е така.
    Еден куп обврски :swear:
     
  18. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Станав рано. Одам во посета на нашата метропола. Конкретно, да посетам мало бебенце. :wasntme: Искрено бебето не ми е толку битно, како што ми се битни мачето и кученцето таму. :D Ах, баш си го испланирав денов за фудбал со друштвото. Наредниот викенд - и тоа ке биде.
    Останете ми во дoбро расположение. :*
     
  19. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Никогаш не си среќен целосно.И кога изгледаш така,секогаш има нешто што одвнатре те јаде,нешто што не ти дава мир.
    Не е убаво ни да мислат дека си пресреќен и ништо не ти фали,па имаш се...
    Не е убаво кога ти завидуваат бидејќи си го живееш сонот,бидејќи имаш прекрасен човек до тебе,имаш добра работа и прекрасно семејство.Тогаш како да те држат во место сите тие заблазевања,или правиш еден чекор напред и два назад.А никој не може да го сфати тоа,затоа што луѓето го гледаат само тоа што e видливо за очи.
    Навидум идеално.
    Можеби и е идеално,ама не е загарантирано.Треба многу труд,многу среќа и умешност да го задржиш тоа.
    Тоа,кое е како стаклено ѕвоно кое при најмал удар ќе се скрши.Или барем ќе се поткрши,а тогаш нема да биде исто.
    Како кула од карти која од мало струење на воздухот ќе се сруши за миг.
    Како руски рулет...
    Никогаш немој да му завидуваш на никого.Навистина не знаеш низ што поминува,па колку и да изгледа голема неговата насмевка.
     
    На Lepaaa, bittersweet, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Кога имаше снег, го мрзев. Не ми се излегуваше од дома.
    Сега кога е убаво времето, и тоа не ми оди по мерак. Ме тера да излезам надвор, и да играм жмурка.
    Сакам барем да е маалце облачно, за да не ме лаже времево, и да можам да учам на раат.
    Кога треба да учам, ќе најдам 101 причина, зошто да не учам. Дури и попрво, ќе чистам, и пеглам алишта.
    Нема везе, кога тогаш, ќе морам, да го ставам столчето во рерна, и да си го загреам столчето.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.