Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Геа
    јас колку штознам тој уште не е во затвор-ако во сместиле во мегувреме :clap: за власитите
     
  2. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Собата ми е на Запад.
    Ги обожавам моментите, сега за сега, кратки, кога сонцето доаѓа на ова страна. Со неколку зраци ми ја осветлува цела соба. Ми дава енергија, инспирација и ме прави среќна. Убаво ми е :sun: :sun: :sun:
     
    На Hopeful и drugarka им се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    СРЦЕЧРШАЧКА А ЗНАЕШ ТИ ДЕКА ТОЈ ЧОВЕК ГИ УБИ ЗА ДА СЕ ЗАШТИТИ СЕБЕ СИ И МАЛОТО ДЕВОЈЧЕ?
     
    На Gea, Hopeful, MandyLane и 9 други им се допаѓа ова.
  4. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Дубиоза и Сарс подолго време се на сцена не се од пред година дена ;)
     
  5. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    .. :talk:

    [​IMG]
     
    На IvanaMkd и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  6. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Признавам дека ми беше најдобра другарка. Со тебе ја делев и тагата и радоста.
    Ама, беше..
    Не сакам да звучам како егоист, како личност која го брани своето его, достоинство и гордост, притоа негирајќи ги сите вистинити факти, не. Ти беше таа која се смени, не јас.
    Сакаше да бидеш популарна женска, можеби успеа, можеби си на пат, а можеби сето тоа што го гледаш е искривена слика за самата себе, очајно девојче кое бара утеха во лајковите на фејсбук сликите.
    Го мразам секој твој момент, во кој си желна за внимание, за комплименти.
    Мислев дека осумгодишно другарување не се предава толку лесно. Јас никогаш не би ти го направила тебе тоа.
    Јас разбирам дека на светов постојат поединци кои се користољубиви. Во нашиов случај, ти веќе не можеш да имаш корист од мене, па сега трчаш по други, да им ја згорчиш надежта во другарството?
    Доколку ти немаш срце - некој има.
    Додека ти се радуваш - некој можеби пати поради тебе.
    Не велам дека јас сум цвеќе за мирисање, но, еј, да се однесувам толку незрело кон некој пријател кој го знам осум години, притоа давајќи му значење на тоа пријателство - не, не би го направила тоа. Не го направив.
    Можеби само јас бев таа која му даваше смисол на тоа другарство, а ти само чекаше јас да паднам во твоите стапици, сигурно мислејќи си дека сум наивна. И уште го мислиш тоа.
    Додека за неа вртиш очи пред нас, „нозете и’ ги бакнуваш“ (народски кажано).
    И никој не е ни глуп, ни тупав ни слеп.

    Туку, среќна сум што животот ме научил што е добро, а што не.
    За мене сега постои само една најдобра пријателка, а ти не си таа.
    Жалам.. Да, те сожалувам. Зашто си суштество кое пати од синдром на завист и популаризација. Ама, животот не се крие таму. Зборувам за оној вистинскиот, само, дај Боже да го откриеш, оти како што си тргнала ми изгледа дека нема да имаш прилика.

    Ама, фала ти за тоа што ме научи дека не треба да имам верба во никој, да не беше ти немаше да знам, ќе ми зборуваа, ама ќе негирав. Но, барем со тебе си ги отворив очите.
    И .. се чудам, како можеш уште да ме гледаш во очи?
    Заслужуваш плукање, ама ни тоа не го можам.

    ..Но, се надевам сега си среќна. Го доби тоа што го сакаше, само не знам колку долго/кратко ќе трае.

    И само сакам уште еднаш да ти кажам дека си личност која заслужува САМО сожалување, ништо повеќе.
    И уште нешто...
    [​IMG]
    Само, да не биде како тебе во твоите желби и намери, а да биде како тебе на почетокот кога се дружевме.
    Уствари, знам која е таа личност - 12 години ја имав пред мене, а јас се одлучив за тебе. Ама ако, барем научив некои работи и научив кој треба да го ценам.
     
    На Cloee, teddybear, sesilija и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Колку е убаво кога имаш другарки со кои можеш да се исплачеш, можеш да се смееш..
    Кога ќе слушнеш од нив дека ТИ заслужуваш подобро..
    Кога ќе ти ги бришат солзите и нема да дозволат да ти почетат нови..
    Па кога ќе измамат насмевка на твоето лице, додека душата ти плаче.
    Се тоа е убаво.. Додека имаш некого покрај тебе.
    Убаво е кога си среќен, но уште поубаво е кога има со кого да ја споделиш таа среќа.
    Убаво е и кога си тажен и знаеш дека некој ќе направи се за да го виде твоето лице насмеано.
    Убав е животот, кога не го живееш сам!
     
    На Adi888, Serafima, L-enna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    Сакам да ги проколнам Мекдоналдс за промоцијата со биг мековите, затоа што откако почна се здебелив добри две килца. Не е хумано.

    А да, и да го пофалам Кастм Паб за убавото сонце што ми го сервираше денес. :sun:
     
    На mims-89 и Lepaaa им се допаѓа ова.
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес сум со променливо расположение и несредени мисли.
    Ме мачат расфрлани чувства кои и покрај мојата организираност, никако не можам да ги средам.
    Денес ме красеа насмевки, а душата ми ја галеа солзи.

    Денес сакам да кажам дека...
    [​IMG]
     
    На Bright, tweety26, Rock-a-Fella и 5 други им се допаѓа ова.
  10. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    СДК оти сакам уживање и истегнување по цел ден во НЕГОВАТА бањарка која веќе сега повеќе мириса на мене отколку на него, сакам сонце низ искапени мирисни коси, мили мелодии кои ми носат среќни илузии и мамат насмевски. Сакам најубави нешта за сите друшки, да биде на чисто дека сум строг и праведен критичар, раме за плачење, раме за смеење и за сештотии правење. Да мазам, пазам и угодувам.

    Сега за останатиот заостанат дел,
    http://www.youtube.com/watch?v=WlBiLNN1NhQ
     
    На IvanaMkd и tweety26 им се допаѓа ова.
  11. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Колку е лесно да си дете.Пораснав и куп проблеми над глава ми тежат секој божји ден.Пизда м
     
    На IvanaMkd и Hipster им се допаѓа ова.
  12. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    [​IMG]
    Ми запролети срценцево!
    Недела :sun: Недела е мој ден. Единствениот ден кога се будам кога сакам, без аларм, џаболебарам, се бањам, се пакувам, правам планови за наредната недела, се шеткам, грицкам сончоглед... :)
    Се е подобро напролет :) Направив повеќе корисни работи денес. И помогнав на мајка ми со ручекот, ја исчистив собата, при крај сум со книгата за на факултет, се зачленив во една невладина организација, време ми е да се активирам :D
    И така, постов несреден, ме потсетува на сончево попладне. Кога знаеш дека имаш многу обврски и проблеми, но добро е. Знаеш дека ќе биде добро. Или барем тогаш за тогаш е добро :)
    Поздрав феминки, уживајте во остатокот од неделава.

    И да, сакав да кажам дека постојано ја отворам другата „Сакам да кажам...“ тема затоа што е ставена за важна. И гледам дека е заклучена, и упорно ја отворам. Can anybody change that pwease? :lol:
     
    На bittersweet, IvanaMkd, teddybear и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Кој феномен сум значи ручав денеска два пати, без леп по малку. Али битно е два пати. И после зошто сум била со вишок на килограми епа ете зошто сум... И зошто не сум на диета, епа ете зошто не сум :D
    Инаку пријатен ден имав денеска се изнавртев по населба со велосипедот, убаво расположена уште откако станав од спиење(сонував машко мускулесто тело како се бања пред мои очи) и криво ми е што ми заврши сонот, ама уште покриво што не се бањав заедно со него :wasntme: :$
     
  14. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Незнам дали кај сите е вака, но јас кога и да видам сонце веднаш ми се вртат планови за одмор, знам дека е многу рано ама ми се оди на плажа. Сакам море, сонце, плажа. Кога ќе станам богата ќе си купам куќа на плажа (Најверојатно ќе биде Турција :) )
     
  15. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    [​IMG]
    if you know what i mean.
    :geek:
     
    На Mishela, Go-Girl, Bright и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Уште од мала, бев дете со исклучително развиена самосвесност, која како растев, веројатно растеше со мене. Одев на прсти кога спиеја сите други, не го доставав целото јадење за да остане ако сака некој да си стави репете, броев бонбончиња за частење и за наставничката, гревота ми беше само таа да не добие... Дури и по цена јас да немам за мене.

    Таа грда особина, на која сите тогаш и се воодушевуваа и и ракоплескаа, за која добивав ,,Браво, така треба,, денеска не вреди ни пет пари. Најозбилно ви кажувам. Додека сите други се сеќаваат како си играле крижи-мижи на маало, јас се сеќавам само на грди и неубави работи. Сите се потсетуваат на детството како на најубав период од животот, јас се потсетувам на него со страв, страв да не некогаш се повтори (физички невозможно :D). Добро, имаше еден убав период кога бев безгрижното дете-единче, период од неколку кратки месеци, во кој можеби најмногу уживав, пред да се роди сестра ми. Од тогаш, повторно, одговорност, самосвесност, пази да не згрешиш, те гледаме. Стварно како да живеам под нечија лупа. :( Се чувствувам себично само што го напишав ова. :x

    И тврдам, тврдам дека мојата самосвесност некој ден скапо ќе ја платам, всушност, веќе и ја плаќам. Живеам како што треба, правам тоа што од мене се очекува да правам, изгледам така како што треба да изгледам... А не како јас што сакам. :doh: Никогаш, ама баш никогаш нема да се ослободам од неа, ви гарантирам. Не можам да се замислам да направам нешто без да размислам за последиците, и доколку е вклучена и најмалата варијанта дека ќе почувствувам страв или тага, а камоли осуда од моите блиски, јас не правам ништо. Си го живеам мојот навидум убав и спокоен живот, а сум само едно збунето ракче во својот оклоп, на кое му е страв да мрдне назад, камоли напред.

    Еднаш читав една статија во весник, вели :

    - Да, вие не направивте ништо во врска со нешто, го задржавте вашиот мир. Точно е, се заштитивте од сите емоции кои можат да дојдат подоцна.... Не сте повредени. Не сте ни радосни. Но сега сте празни, затоа што потребни ни се и негативните и позитивните емоции за да опстанеме, да функционираме.

    Така ви викам. Не е ПМС, ми помина. Не знам што е, ама ако треба секојпат кога ми е вака никако да му се јадосувам на жив човек, ќе ме пратат по ѓаволите. Нејсе, знам јас и сама да си се потапшам по рамо. Кога нема веќе кој друг. :(
     
    На Meggy, LilBaby, bittersweet и 14 други им се допаѓа ова.
  17. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Преубаво поминат ден :) После првото утринско кафе следуваше еден топол туш и подготовка за шетање низ парк со љубовта.Колку е убаво кога човек знае дека на некого му претставува се во животот.Ги гледавме сите тие мали дечиња и правевме планови за нашите во иднина.Се осеќам и уморно и бескрајно среќна.Време е за едно топло какао и релаксирање на Фемина :)
     
    На TheaEsposito му/ѝ се допаѓа ова.
  18. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    ^
    Сепак некој знае да цени паметна личност. И никогаш прескапо нема да ја платиш таа особина. Верувај. Ретко кој ја има, па радувај се што си ти една од нив. Само напред
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpeg
      images.jpeg
      Големина на фајлот:
      12 KB
      Прегледи:
      178
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Феминки ај ве молам гласајте на овој линк за Кире Лазаров, уште малку време има за гласање, до полноќ, а Кире засега е втор.. Гласањето е за најдобар играч во Лигата на Шампиони, а анкетата е поставена од официјалната страна на Handball planet.
    Затоа гласајте побрзо плис :*

    http://www.facebook.com/questions/35525 ... ion_answer
     
  20. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=VbcQoHVt ... re=related

    драга реалност, од овој момент па до утре додека се разбудам, те прекинувам. :)
    Некако не си ми потребна.

    Не припаѓаш во нашиот свет. Да знаеш дека те прекинувам секогаш кога ќе погледнам во очките на тоа суштество кое ми стана најважната работа во животот.
    Ах, како ја измисливте бре луѓе реалноста? :?: што ќе ви е? :)
     
    На Gea и Shelea им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.