Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Ќе притиснев ми се допаѓа, но сакам да бидам искрена. Бидејќи те познавам лично и знам колку внимателна си, дружељубива, ги обмислуваш работите, не забораваш важни датуми, зборуваш балансирано, бирајќи зборови, секогаш ја смируваш топката, ги правиш чудните ситуации подносливи, имам едно да ти кажам: chill the f*ck out :D

    Не, не мора на сите да им помагаш. Не мора за сите да ти биде грижа. Биди себична. Да, ти си една прекрасна личност која совршено би функционирала во едно совршено општество, но да бидеме реални, во нашето во кое секој гриза на своја страна и не ни требаат толку такви. Good job, thumbs up? Не би рекла. Колкумина ти го имаат тоа речено? Па и да ти го речат, малку се луѓето кои ги ценат личностите како тебе, поголем дел само те искористуваат или ти љубоморат.

    Најважната причина поради која треба да се промениш и самата си ја воочила. Или како што вели една песна од The Smiths, "I'm not happy and I'm not sad". Се правиш правилно, а не се чувствуваш убаво. Ниту лошо. Никако. Можеби некој треба да те мрази до срж за да научиш кои луѓе те сакаат. Можеби треба да се испокараш, ма и да се истепаш со некој за да научиш кој секогаш ќе биде покрај тебе. Да почувствуваш. Кога последен пат си почувствувала нешто?

    Ти не го живееш твојот живот, ти живееш живот што некој ти го наметнал. Правила ваму, правила таму, ова да, другото не, никако, зошто ќе бидеш исмеана, ќе бидеш лоша ќерка, сестра, другарка. Смени нешто пред животот да ти стане рутина, пластична насмевка и лажно задоволство дека го правиш она правилното. Не го прави правилното, едноставно прави го она што го сакаш.
    :f:
     
    На glow, mims-89, teddybear и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    исдхгвхдсхб лдајпиојоахдв ехвџиспсвбхизхв сдохвбх НЕ Е ФЕР :@ ;(
     
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Па тоа Рики мајсториште да ти бил.
    Не 7, него 10 самојетчиња.
    Уште 3 во текот на ноќта.
    Од кои 9 се живи, за жал Среќко го немаме како кај 11те далматинци.
    Можеме цртан филм да снимаме сеа. 8)
    Mногу се, дај боже само сите да се здрави и живи.
    Се радувам како мало детенце :)
    Majстор на дада :D
    [​IMG]
     
    На Elennaa, mims-89, sweet-cherry и 24 други им се допаѓа ова.
  4. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Е спомени ли беа :) :)
     

    Прикачени фајлови:

    На glow, MacaLove, Gea и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Замислете,сум заборавила да прочитам месечен хороскоп за март,за мојот месец :o
    И замислете,што убаво ми пишале.Од убаво поубаво.Оптимистички :clap:
    И така јас и ништо паметно не кажав,ама ете од навика да си шкртнам нешто :wasntme:
    ..............................................................................................................................
    Јас сум твој ангел,се додека не го разбудиш ѓаволот во мене :lol:
     

    Прикачени фајлови:

  6. Melody13

    Melody13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    215
    Не сум најдобра. Далеку сум од тоа, но тоа што го имам сакам да го извадам на површина. Зошто мора секој божји ден некои што незнам како дотуркаа да ја стекнат таа „репутација„ да се истакнуваат и да ги затскриваат сите тие што навистина вредат? Тие што навистина имаат нешто со кое можат да се гордеат? Некои што работеле вредно да не можат да се истакнат а други кои само онака со затскриени намери, завист и љубомора успеале. Како е тоа возможно? Не сваќам до каде дотуркаа лугјево?! Сакам да покажам дека знам! Дека можам да го направам тоа и несакам да мислам за тоа што ќе кажат другите ама неможам. Незнам, некако се чувствувам ништожно. Hекако, отфрлено. Некои лугје едноставно никогаш нема да се сменат. ќе се останат такви љубоморни и секогаш ќе сакаат да ме турнат на земја. :x
     
  7. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Ех, стари. Прости што не дојдов денес да се присетам на тебе.
    Сакам да знаеш дека без разлика на тоа што бевме далечни а живеевме во ист дом, и без разлика на тоа што одвај си разменувавме зборови, секогаш кога ќе те прашав како си , навистина се грижев за тоа како си.

    Фалиш, и малиот те бара насекаде. Јебешга...фалиш. ;( ;(
     
  8. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.098
    играјте у форумски игри :!: може интересни работи да ви се десат :rofl:
     
  9. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Лагана пувеш-ден. ^_^
    Уживанција по дома,пишување,слушање музиче,дружење,смеење...
    Обично оваквите денови ги сметам за убиј Боже досадни,но овој ми беше посебен.
    Може затоа што го грабнав апаратот по три недели. :)

    [​IMG]
    [​IMG]
    Наздравје! :)
     
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Како што мажите велат дека жените се к**ви, така и јас можам да потенцирам дека и ти си најголемата машка К**ВА што ја знам. Секоја чест душо, ама не мораш мене да ми даваш сочни детали, или тоа дека во роднински врски сме и сега уште поблиска ме осеќаш. Сакам да кажам ако беше женско со камења ќе те маваа бе еј :lol: :lol: :lol:
     
  11. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Е зошто да се задоволуваме со големи залаци кога и оние малите можат да не заситат. Многу работи едноставни и прости, незабележливи можат да ми развлечат насмевка на лицето и да ми го направат денот подобар. Оние што ми се секојдневни или периодични.

    Пример еурокрем кога црпам со лажица од тегла. Ма не мора да е Нутела(комерцијализација ту мач) и обичен еурокрем со верверичката е добредојде во кризи.
    Првото утринско кафе за расонување и три коцки чоколада. За пушачите, утринската цигара со кафе или онаа после доручекот - прајслес.
    Кога ти ја пуштаат омилената песна у дискотека. Ти се иде да вриштиш. :D
    Или на радио кога е во етер.
    Дождлив ден. Тамандисана за попладневна дремка или неколку глави од омилената книга.
    Предењето на мачорот во твојот скут или прошетка со кучето низ парк.
    Мирисот на бензин, вар, коректор или лепак.
    Прегратка од некој што долго не си го видел.
    Кога со некој ти оди муабетот како подмачкан.
    Еј а она кога ке добиеш комплимент дека си се разубавел или во најмал случај си ослабел. (хехе)
    После напорен ден дома кога ке се спружиш на кауч.
    Долгите патувања навечер, особено ова ме потсеќа на одмор кога ќе одам.
    Успат и првото брцнување во море/езеро.
    Мирисот на нова книга. Мирис на какао, кафе или чај од ванила и јагода.
    Чувството после бањање кога ти се иде да се бубнеш.
    Луѓе што ти го памтат роденденот.
    Топла постела во зимски утра.
    Кога си погодил нечиј поклон.
    Се смееш се додека не те здоболи стомак и не можеш да земеш здив.
    Случајно наоѓаш пари во џеб.
    Кога некој е горд на тебе. На она што ти си навистина, што си го направил.
    Ги делиш чувтвата со некој. Даваш се од себе, а повеќекратно ти е возвратено.
    Преспивања кај другарките. Топло чоколадо се нив, муабетење се додека не зазори и обилен доручек.
    Кога ке се погоди зелено светло на семафорот.
    Ладната страна на перницата, отсекогаш ми била омилена.
    Масивен шопинг. А која женска не би ја уреќила некое парче облека или нови потпетици?!
    Слободно место во автобус. Особено вторник и петок кога е невозможно да пристапиш до празно седиште.
    Фактот дека си сакан.
    Вредиш.
    Се надеваш.
    Успеваш.
    Достигнуваш тоа што си зацртал.
    Сакаш.
    Умееш.
    Разбираш.

    Своите несовршености, кога ќе се склопат прават нешто од тебе. А малку треба да посегнеш со рака, да ја џапнеш среќата и да ја втиснеш во прегратка и несебично да ја споделиш.
     
    На glow, Buttterfly, LivingGlam и 19 други им се допаѓа ова.
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Понекогаш љубовта е слепа, затоа што ние и ги затвараме очите! Видим, ал не видим му доаѓа!
     
    На Annie.mk1, drugarka, baguf4e и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Ја мислам 123asd...Не се вклучив во муабетот,ама го пратев.
    И девојчево се изгуби....Боже, страшно...
    Навидум убав момент.Навидум секс вообичаен.Сосема нормално.
    И наеднаш, гром од ведро небо!И веќе ништо не може да биде како порано...
    Некогаш се нервирам кога некоја феминка и соли памет на друга препадната феминка за незаштитениот секс кој го имала...Тоа е веќе завршена работа.
    На 123asd и посакувам здравје и среќа...Каде и да ја однесе животот!
    А, на вас феминки, ви посакувам успешен љубовен живот, уште подобар секс,ама со памет во глава! :!:
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Го мразам него.
    Се мразам себе.
    Мразам речиси се и секого.
    Мразам кога сум ваква.
    Мразам кога сум тажна.
    Мразам кога не знам што сакам.
    Мразам кога не сум расположена.
    Мразам кога ми дава лажна надеж.
    Мразам кога сакам премногу работи.
    Мразам кога не можам да се одлучам.
    Мразам кога сум во ситуации како оваа.
    Мразам кога другите не можат да се одлучат.


    Премногу омраза се крие во мене во последно време. :(
     
    На IvanaMkd, MandyLane, baguf4e и 3 други им се допаѓа ова.
  15. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Ако ви е Досадно не заборавјте да напиште статус за тоа на фејсбук, можеби некој од вашите фејсбук пријатели ќе ви испрати кловн да ве забавува. ]:)
     
    На gingerchild му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Хахах Дип ме насмеа :D Ова го кажа ко игри на среќа :D Ама во право си,забавни се,а и комуницираме преку нив. Поздравче :)


    Иначе јас СДК се разочарав денес од сите...Работа и специјализација и во странство веќе тешко се наоѓало,се повисоки критериуми имаат ( е дај да не живееме,да развиеме амнезија од учење : D Цел живот ќе учиме,а? А забораваат дека мозокот после 23-24 веќе откажува од учење :x ) шо се мислат да му се плукнам,ние не се надоградуваме како компјутерите! 80 GB, 160 GB, 240 GB, 320 GB... а нашиов мозок Учиш макс, учиш ама тешко се концентрираш,учиш ама тешко запамтуваш,учиш ама не запамтуваш :D Е ај да ги видам! Кој ќе им оди на тие факултети бе! Луѓето треба да работат,да заработуваат! Понекогаш се покајувам што сум се запишала на медицина,ама ајде,си ја сакам.Дај Боже да се среди се и да има подобрување во нешто иначе готови сме,ќе почниме докторите меѓу себе да се лечиме...

    А и на мажите им препорачувам да не ги нервираат многу жените,не сме од камен бре! За шо непотребни нервози? А на жените да не се нервираат по толку,чувајте ги нервите,ќе ни требаат! Јас досега незнам како издржав,се челичам : D Некој ден ништо нема да ме нервира ;) Па ќе има и напорни луѓе,ќе мора некако да се справувам со се : )

    Ајде сега лека ноќ ви посакувам на сите,легнувам јас,да ја исклучам машинава малце,па утре ќе читам на турбо :D :*
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.142
    Допаѓања:
    67.324
    Пол:
    Женски
    Уф, цел викенд мислите ми се вртат околу едно нешто и цело време се молам во себе да испадне. И си викам само ова и ништо друго не барам веќе.
    Друго, знаете како нешто одеднаш почнува да ве нервира? Цело време нештото било таму, ама не му се придавало значение и одненадеж како да станува слон и не може повеќе да се игнорира. Ја пружа сурлата и те треснува по глава. Епа го мразам тоа. Боли бре.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    169
    Среќна сум што се видов со другарките што ги немав виденио 100 години. Не можевме да се изнакажеме, иако се слушаме редовно по телефон. Знам дека треба да одвојуваме повеќе време да се гледаме, ама ете, некако кога ќе се погоди таков период, немаш избор...
     
  20. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Како знаеш дека со сето битие си се посветил читајќи го Достоевски? Кога со денови ќе тонеш длабоко, паралелно со ликовите, толку длабоко што мрак околу тебе ќе се створи.
    Како знаеш дека со сето битие припаѓаш на овој живот? Кога ќе се претвориш во магнолија и ќе го впиваш светот, заедно со смрдеата и миризбата.
    Кога знаеш дека посакуваш некој маж со целото битие? Не си го допрела, а веќе го чувствуваш на тебе; ниту име му знаеш, а на слабините - оган наместо ладната пепелара; кога и кислородот и смртта те потсеќаат на него.

    Како знаеш дека циркулираш низ овој свет со целото битие? Кога и мракот и светлината, есента и пролета ќе се испреплетат, во тебе.
     
    На kate21, glow, LivingGlam и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.