Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Oддамна немам пишано на темава...пробував,сакав,ама не можев,не можев да се искажам и да се олеснам.
    И уште не можам.Осеќам како срцето ми се стега и како очите ми се полнат со солзи.Осеќам тежина на градите.......Осеќам,а ја неќам.
    Зошто не можам да бидам среќна со тоа што ми го пружа животот?Некои немаат ни половина од тоа што јас го имам,а се среќни.
    И не дека не го сакам тоа што го имам,ама сакам повеќе.
    Будна сонувам,го сонувам она што можам да го добијам ако се решам,ама немам сили за тоа.
    Сама давам гас,сама кочам.
    И се мразам себе зошто секогаш кога имам вистински проблем,го чувам во себе.Се трудам да го решам сама и со никој не го споделувам.Од никој не барам помош,од никого не барам совет,а има многу што би ме ислушале и би ми помогнале,што се тука за мене секогаш.Се мразам што сум себична,себична за моите проблеми.Се мразам зошто знам дека така само си отежнувнам,
    ...И со утрото се ќе исчезне,низ денот ќе ги доживувам флеш моментите,а во ноќта пак ќе тагувам.Проклета сум.Проклети се сите што ме имаат во нивниот живот. :|
     
    На Chocoholic, wolf4e, Strumfeta93 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    12.088
    Пол:
    Женски
    Мачката цел ден ми се секса пред врата. Па добро бе Мацо, имај осет, неможев да јадам како што треба. Тешко е да си го видиш миленичето како губи невиност :angel:
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.406
    И кога ќе ти го посвети ова...чие и да е...на девојчево чиј е блогов или на некој друг,сеедно. Ме потсетува на Тагоре.
    https://iskric.wordpress.com/2012/03/04 ... %B3%D0%B0/
    Очиве полни солзи!
    Пролет,љубов ти ќе бидеш!

    Да си се едитирам. Сериозно сериозен е...со медов осмех невешто си се дополни,секој ден си имам деј дриминг со тебе едно 100 пати,па не можам да работам. Му викам те удрила тебе промаја односно про(моетоиме). Мене поарно да не ми е,ама не си реков ништо.
    Момент на сериозна тишинка,кхм.
    Стази без починки,љубов на големо, а јас ќе го шитнам на мало по поголема цена. Што сум бре покварена... влепете ми по една,сите до една!
     
    На kate21, bittersweet, LivingGlam и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Ова горново што го постирала Лилит, баш го читав пред некој ден.
    Ко росна ливада се смешкав, ту се растажував.

    Има таков некој космички рингишпил пишаното.
    Јас? Јас блеам ко теленце во мониторов. Налепницата со цветичи се отцепила и отмено падна долу, не ја кревам. Цугам сок од круша и мавтам мафин со чоколада во раце. Доцна е, трла заспани, мачки полегнати, родители расхрчени, пријатели којзнае каде отидени.
    Животов врви, јас во газов имам црви.
    Прееска сакав да пеам на глас, ама морав во себе. Ко шестооделенец во хор, кога не ги знае зборовите од песната, па само кукумјавчи низ тоновите.
    Смешки едно кило тешки.
    Љубов, најлесната најтешка работа на светот. Зависна сум од неа ко од... Немам ни компарација бре. Тука ставам точка. Море, три точки...
    Да, реткост е денес искрено да се љуби и да течат солзи од мака. Што знам јас, само примерок што талка низ космосов. Намерно ќе го оставам мафинов смачкан на биро.
    Да изгледа подраматично моево пишување. Ко занес на Кери Бредшо, додека пуши цигара, огромна шолја кафе стои пред неа, и камерата мава ракурс директ на екранот - Што значи да љубиш искрено? Да се лажеш себеси или да го лажеш светот?
    Ма фала богу дека такви депласиранции не ни се нам важни.
    Важно ни е да се смееме кога си ги масираме грпчињата, ти готвам неделна супа а ти ме смееш дека сум била слаткиш од Апче, ама со поквалитетен фил.

    Јуритмикс вечерва ме возат во некое рејв диско, ми фрлаат љубовни напивки, зборам со ангелчиња, чекам дожд... А нели, секогаш соништата се градат од солзи.
    Само какви, тоа самите очи си знаат, а душата бира.
    Доволно е, за една неделна сага.
     
    На kate21, LivingGlam, Gea и 3 други им се допаѓа ова.
  5. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Исто како и Мис.... тргнувам да напишам нешто во темава и тоа неколку пати. Отварам и затварам.

    Тешко ми е, ама не ми се плаче.
    Лута сум му на животот и овој пат трвдам дека навистина не е фер!
    Знам дека секое искуство не прави посилни, ама јас веќе како камен да станав. Искрено, уште малку и ќе ми се скамени срцево. За каква ли битка ме челичи судбината?!

    Ги свртев во глава сите можни сценарија, се измачував и во сон.....почнав и да се опседнувам. Се тоа за џабе- одговорот може да ми го даде само тој. Ја ценам искреноста, колку и да е болна. Бегањето не е начин, премолчувањето исто така.

    И сеуште над глава ми виси прашањето: “Му беше ли барем малку тешко и на него?“
     
    На Adi888, Strumfeta93, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Oд главата си патиме.Е да..
    Знам дека немам избор денес,утре..а упорно летам да не сум овде.Можеби таму некаде кај што сакам да сум е полошо од тука,ама мене тука ми е досадно.Ми се мрда.
    Може оган на плажа.Може камин,чоколадни коцки и вино.Може огномет под прозор..може мапа в раце..може се,само не кај мене дома..не кај тебе.Не Аквариус,не Ликвид,не Хавана.
    Некаде далеку,кај што слободно ќе летаме заедно.Во радости и бол.
    Свеќиве не си ни блиску до она што ми фали,па ќе размислувам за јога,медитација,режим,друга култура..се,само да се занимавам.
    Нешто..барем нешто што ќе ми го задржи вниманиево на ден,два.
    Да се олабавиме..
    Ајт врнежлив понеделник..
    и магија да бркам блаци.
    Чири бу чири ба.
    :smoke:
     
  7. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Овој викенд беше лудило кај нас дома.Гужва,спремања,сервирања и седење до 6 саатот насабајле,така е кога се слави име.Денес си отспав до четири и се разбудив во едно такво мрзливо и мрчаторско расположение.Музичка терапија,фудбалче и топол туш.Се што ми требаше да се соберам и да си дојдам при себе.
    Од утре започнува работна недела за многумина,за мене баш и не.Битно,си се излакирав и си се средив,па сега нема веза што ќе седам дома.Или можеби некој во сон ќе сретнам,па да ме види скоцкана :) .
    Аста ла виста :hai: .
     
  8. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Денес навистина незнам како се чувствувам,и ме фаќа страв,и жалам...
    Од друга страна дојде една другарка,се смеевме се расположивме...
    А пак од трета страна со него некако ми е чудно деновиве,како да е отсутен...
    :^)
     
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Испит, премногу битен за да не биде стресен, се ми се превртува во стомаков.. стравој и желба да се помине. Ојдов ја да се покажам иако мислам дека сум блокирана цела. Имајте убав ден!
     
    На Divinebutterfly, MandyLane и Fearless им се допаѓа ова.
  10. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски

    Сакам да и кажам на Дузи дека е прекрасно човеченце. :hai:
     
    На ceca-1, Doozy, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК дека денешниов СДК пост ви го пишувам со сино налакирани нокти, конечно!Вчера сфатив дека цело време правам нешто за другите, или сум по продавници, или по кафичи, или со другарки, или со фамилијата, или со него :inlove: И никако не стигнувам да направам нешто за себе, па вчера ми беше бјути деј.Одамна не сум чувствувала толку убаво и привлечно како сега, и тоа е само заради 2 саата разубавување :lol:
    Морам да кажам дека го имав истото чувство на страв во врска со него, вчера.Ми личи како да е премногу совршен за мене, како јас да не сум доволно добра за него, како целава наша ситуација да е нереална, како да е само дел од мојата фантазија.А знам дека не е така.Знам дека и двајцата сме супер еден за друг, а се ми личи толку нереално, зашто мојата судбина нема попаметна работа, па цело време ми го праќа, да можеме да се видиме во најневозможни моменти.Ако...Убаво ми е вака, а најубаво ми е баш во тие моменти.. :inlove:
     
    На marama и eli25 им се допаѓа ова.
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Carpe diem!
    Неделава ми тргна ранобудно и така ќе продолжи.
    Ако порано за мене станување рано во втора смена беше немогуќа мисија сега сум ранобудник и убаво ми е.
    Купиша обврски, ама што се мора, мора.
    Како што пишав на почеток карпе дием, јас заминав да го зграпчам денот зошто ветува многу ако знаеш правилно да го распределиш времето што ти е на располагање.
    Зграпчете го денот понеделникчки и имајте убава недела!
    :sun:
     
    На Gordana10, Divinebutterfly, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    25.569
    Пол:
    Женски
    Прекрасно утро!
    Ме излажа по некој зрак од сабајле да станам порано,но таман ќе го искористам времево.
    Иии.. не сакам ништо посебно да кажам,само да ви посакам убав ден и убава,да се надеваме и сончева недела!

    :f:
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Утро, утро.
    И јас го започнувам денов со рано наутро.
    Иако не сум љубител на утрински водени лудории да не речам туширање, сепак тоа го направив.
    Иако не сум љубител на утринско турско кафе, сепак еве го покрај мене е на една ивица си чека, а јас потајно се надевам дека нема да ми направи флека на сивите тренерки.
    Потајно се надевам дека денес се ќе помине добро, но денес не сум ни заинтересирана за тие мали нешта кои по дифолт би требало да ми тежат.
    Не би нешто за кое не сум заинтересирана,затоа што на сила ништо нема да добијам, а губитокот ми е време.Ќе изгубам само време.
    А, упорноста ми е слаба страна. Без приоритети, без толкувања, без ништо.
    Не сакам-мрза сум, наоѓам сто подобри работи да направам,макар и тоа да било гледањето патетики на Ким Кардашијан.
    Бегам од одговорност на уште три минути, кај мене кажува дека е 9,57
    А, денов сончев со мала облачност. Може и дождот да не посети, да заплачи со нас.
    La vita e bella.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека страв ме фака од сметката на мобилниот,и ко за беља на повеке од половина потенцијални работодавци це на Т мобиле :doh: :@ а дека истите се крајно нечовечни е друга приказна-како пред некој ден кога се јавив за работа како хигиеничарка(чесна работа, и нема срамота од тоа) беше за во еден од локалниве кафичи т.е. садомијачка и хигиеничарка и интервјуто ми се поклопуваше со часот за претприемништво, и му кажав на господинот дека не можам, ако може некој друг ден да дојдам на разговор-само ми рече" не можела да дојде" со таков цинизам, сакав да му кажам дека НЕ Е само тој кафич што бара хигуеничарка, ама ај да не се спуштам на негово ниво
    значи какви кретени има по светов, а тоа дека работодавциве се иживуваат над вработените е непобедлив факт, и суровата македонска реалност :worried: :x
     
  16. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Неделава почнува јако. :P :D

    „Ја викам добро јутро, кукај уши ако смета.“ - бш такој. :up:
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ајмо тазе соништа, три за двеста само овде. Изволте!

    Да ми е да си имам тезга. Ќе продавам соништа. На луѓе кои ги немаат, или ги изгубиле некаде по пат и не можат да ги најдат. Или се потиштени и не можат да сонуваат моментално. Ќе ги шиткам за ич пара, или поволно, чак некад ќе се праам мутава и ќе си закачам едно ливче хартија - газдарицата е на дијазепам, само денес 3 за пеесет!
    Абе, за извоз имам. Сериозно! Не само што ме окупираат ноќно време, туку и вака, на дневна светлина. Колку пати ми се случило нешто или некој да ме разбуди од дневно сањарање. Се чудам - како не сум стигнала до Уагадугу вака замислена и потоната во дневен сон?!
    Мојот живот е филм. Амели ги нурнуваше рацете во ориз или во гравчиња. Јас галам растенија или цвеќиња.
    Ме викаа на времето - биљарката. Ја тегнев мајка ми за рака кога гледав како садеа цвеќиња пред собрание. Ау со каква љубов и посветеност го правеа тоа! И едно време сонував дека еден ден ќе имам куќа. И додека имам миг за себе, сонував како си садам цвеќиња културно, со шарени цветичасти ракавици, со шешир на глава за да не ме пржи сонцето, и со мало рачно лопатче си садам цвеќиња и растенија. И потоа кога се потпораснати - ги галам.
    Ја и моено дома си го галам, чат пат и муабет му праам - шо е бе мило? Скапињаш а? Сега мама ќе ти даде водичка.

    Шо би рекол еден мој другар - живиш сама а?
    Јесте да! :D

    Нејсе. Скокотливи соништа и шарени цвеќиња. Мојата пролет се расцвета. Шо би рекол еден неименувам момак - од љубов. Буквално.
    Јас до толку експлицитна нема да бидам :D

    Абе. Не може денот да не ти почне убаво кога
    а) маваш миризлив туш
    б) доручкуваш бурито
    в) кога некој кој штотуку се вратил од Филипини ќе те натера да дегустираш у 9 и пол сабајле рум од Боракај со вкус на кокос. Да ми го поживее Господ уште сто години и да му даде паричиња за шетање низ цел свет па да носи авантури за прераскажување и рум со вкус на кокос.

    Не, не. Поправка. Скокотливи соништа, шарени цвеќиња, и кокос. И мојата пролет - бидна!
    А по дифолт, не сакам понеделници. Ама - ете! Шта ќеш!
     
    На bittersweet, Divinebutterfly, ines.h и 5 други им се допаѓа ова.
  18. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Мммм каков ден... :f: :hai:

    Си станав малку покасно, па сеа ќе си прам доручек. Прво ќе си прошетам, па ќе одам покасно на училиште. Се надевам дека вака ќе тргни неделата... :D
     
  19. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Никој нема повеќе од еден живот. Ама има луѓе кои освен својот, ги трошат и туѓите животи!
    ...Не се фаќајте за мојот и онака е половичен!
     
  20. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    СДК штедете струја. И вие не би сакале некој да ве запали и да ве остави така. :rofl: :rofl: :rofl:


    *Ајде нека е на арно на убаво денов, ве гушка Ани :hug: :hug:
     
    На Divinebutterfly, Rock-a-Fella и ines.h им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.