Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Месецот на пролетта и будењето на се. Ама мене овој март некако ме враќа назад, низ спомените. Ги стегам за да не излезат, ама....
    Болат премногу ;( ;( ;( .

    Една тажна животна сторија!

    Беше почетоткот на месец март, далечната 1994 година. Веќе се будеше целата природа. Го паметам и како повторно да го вдишувам тој пролетен мирис, кој останал длабоко во моите спомени. А никогаш немаше да помислам дека од тој март, нема да започне пролетта, туку една страшна и сурова зима. Зима со огромни снежни лавини.

    На почетокот на тој март, додека се враќав од училиште, целата весела и радосна, заради една мартинка на мојата рака, дома ме пречекаа со тажна вест. Ми кажаа дека мојот дедо (татко, на татко ми) е болен и дека се очекува во секој миг да почине.
    Беше кај нас дома, го носеа на лекар, лежеше во болница, но не за долго. Тој март, средината, мојот дедо го напушти овој свет ;( .
    Не велам не, помалку го очекував се тоа и бев подготвена, размислував (иако имав 8 години) дека сите мораме еден ден да заминеме од тука.
    Моите заминаа на погреб, а нас не не земаа со нив. Ми беше малку тешко, затоа што не отидов, но сепак поминав некако.
    По неколку месеци уште една страшна врст. Веста дека мојот вујко е болен од рак.
    Ме порази таа вест. Тој човек што беше силен како карпа во душа, иако немаше толку силно тело, но беше толку добар. За кој бев првата радост од сите внуци, кој толку ме сакаше, правеше се за мене. Ми дозволуваше се да му правам, не викајќи ни збор...
    Сеуште некаде низ спомените ми одекнуваат неговите зборови: „ Кажи вујче кој повеќе го сакаш, мене или вујна ти? - а јас секогаш одговарав, со вујна ми, зашто ми ги даваше шминките. Дете.
    Тој човек полн со љубов, добрина, остана во постела и стана само една сламка човек, кој не го ни препознавав.
    По неколку месеци мачење, дојде и јануари. Големата зима. Тој месец беше навистина снежен, имаше премногу снег. Додека сите беа кај вујко ми во соба и не ми дозволуваа да го видам за последен пат, се правев дека играм во снегот надвор, а плачев силно. Секоја солза паѓаше на снегот и правеше голема длабнатина, но исто како да паѓаше во моето срце и целата да ме браздеше. Си викав во себе: Господи не го земај! Го сакам и што и да побараш се ќе ти дадам, само не го земај! Една детска молитва.
    Ама, толку беше. Излегоа сите расплачени и кажаа дека починал. И тој замина, на свои 38 години ;( .
    Од самото погребение, дома настана кошмар. Вујна ми (Господ да и прости и да си ја прими во Царството небесно- бидејќи е почината) не ја ни препознав. Стана друг човек.
    Почна да ги малтретира сите, се со цел да го добие целото наследство од баба ми и дедо ми. Навистина се зборуваше за тоа честопати, но тие викаа да помине мал период од смртта на вујко ми (барем 40 денови) и ќе го направат тоа. Но, на вујна ми, не и се чекаше. Започна сите да ги малтретира. Им викаше, постојано се караше со сите, ги навредуваше со погрдни зборови, ги измачуваше, ги тепаше...
    Баба ми (на мајка ми, мајка) кревка по душа, полека започна да паѓа со телото. Болката по изгубениот син ја изеде, а сега и случајот со вујна ми. Кутрата заврши во болница, во секој момент очекувајќи ја смртта.
    Се сеќавам на еден ден, кога тетка ми и мајка ми заминаа да земат некои работи од куќата. Се со цел да и ги однесат на баба ми во болница, затоа што во куќата каде живееа со вујко ми и тие имаа една соба за нив. Ме зедоа и мене, детенце, само да не направи некоја збрка. На еден начин, заради мене да се посрами и да не им вика. А вујна ми го направи спротивното.
    Тетка ми беше бремена 5-6 месец, седна на столица и разговараа. Наеднаш вујна ми стана, не сакаше да ги гледа во куќата и започна да и ја турка и ниша столицата, само да падне. Налутена замина во кујна. Од таму излезе со тавче во рака и им се закануваше дека ќе ги повреди и што побрзо да си одат. А на излегување ги гаѓаше со обувките, за никогаш повеќе да не се враќаат. Хорор.
    Во меѓувреме започна да оди по бајачи и гатачи. Секој ден наоѓавме нешто пред врата, а и знаевме од кој е. Ама поминувавме некако.
    Така во болка, си почина и баба ми ;( .
    Од тој момент многу работи се сменија во мојот живот. Како веднаш да пораснав, а и размислував така. Не ми беше важно да излезам надвор и да играм, ама сепак имав искра надеж. Малечкото на тетка ми, кое во секој миг го очекувавме. Замислував како го држам во раце, го нишкам и му пеам песни. Како ќе одам кај нив, а се ова ќе стане минато, на кое нема и да се навраќам.
    Навистина се роди моето малечко бартучедче. Едно малечко слатко бебче. Ама мојата радост не беше за долго.
    Тетка ми, изгорена од сите случувања, во депресија и од нејзиниот тежок живот каде беше мажена, направи нешто страшно. Се самоуби, на свои 33 години, а зад себе оставајќи една малечка душа од неполни 30 денови ;( . Малечкото ангелче остана без својата мајка.
    Тоа толку ме повреди што мислам дека се изгубив потполно. Не можев да поверувам, како го стори тоа?! Зошто?
    Но, сега кога се сеќавам низ спомените, ми се враќа нејзиниот лик. Толку беше мила и добра, а толку згазена од сите. Најмногу од тетин ми, кој немилосрдно је малтретирал и тепал.
    Навистина пропаднав целосно.
    А уште повеќе кога по неколку месеци, истото го направи и мојот дедо. Презагрижен од се што се случуваше, смртта на синот, жената, ќерката, замина и се обеси ;(.
    Тоа беше крај за мојата душа. Пет погреби за 3 години. Ме уништи се.
    Се затворив целосно, плачејќи и очекувајќи повторно нешто лошо да се случи.
    Депресијата во која бев, беше неподнослива за една мала и кревка душа. Но со неа живеев долг период. Се до моментот кога Господ ми подаде рака и станав на нозе.
    Ми го подари најубавото нешто, мојот сопруг (тогаш момче). Неговата љубов, вистинскиот пат кон верата, неговата утеха, подршка... направија многу. Ме преобразија во сосем друга личност. Вистина е дека немав слушнаото убав збор, или искрена и добра мисла, тоа воопшто не. Знаев само за болка и страв.
    Но, фала му на Господ, се заврши потполно. Кога го пронајдов одговорот на многу прашања во животот.
    Знам едно, дека Господ направи вистинско чудо. Ако не беше Тој, јас сега ќе завршев во лудница. Но, не.
    Денес му се радувам на секој миг од животот, живеам да бидам она што треба да биде човекот, зашто секој е создаден да биде добар. Тоа е неговата вистинска природа. Иако се ова го дознав на малку поболен начин.
    Најважно ја научив лекцијата од тоа болно минато. Научив дека треба да бидеш добар, исполнет со љубов, секогаш со подадена рака за секој, а не спротивното. Подобро направи му добро на оној кој те повредил, отколку да му вратиш со полошо. Ако не ја промениш неговата помисла со цел да се покае, барем ти имај чиста совест, да не му возвратиш. Некогаш е тешко, ама сепак се се може.
    Научив што значи љубовта, да се жртувуваш за оние што ги сакаш и да помогнеш. Огледувајќи се најмногу на моите родители. Тие беа моите два столбови во кои гледав храброст, љубов, пожртвуваност, во кои ги видов и многу повеќе.
    Ви благодарам :bow: !

    Длабоко во себе се надевам дека еден ден ќе намалам од таа болка, од тој далечен март, дека нема толку да боли.
    Се надевам!
     
    На angelce1, Libera, Go-Girl и 36 други им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Велат дека оној кој станува рано наутро, го зема најдоброто од денот.
    И понекогаш навистина не ми е јасно зошто се почесто гледам смуртени лица кои ме пресретнуваат и нерасположени луѓе кои да заврши денот едвај да чекаат. Притоа жалејќи се колку е тешко да се стане толку рано и проколнувајќи ја секоја утринска минута.
    Во ова време кога до мене допираат многу трагични вести, кога слушам за прерано згаснати животи, кога гледам како некој за живот се бори, сфаќам дека секое утро е подарок. Дека секое будење и отворање на клепките е нова можност. Нов ден кој треба да се вдиши со полни гради.
    Тешко е кога живот ти виси на конец и тешко е секоја ноќ да заспиваш заплашен од мислата дали ќе го дочекаш новото утро.
    Секој крај на сонот ни дава нова можност.
    А ние треба да сме благодарни за тоа.
    [​IMG]
     
    На bittersweet, Serafima, tweety26 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.738
    Допаѓања:
    43.869
    Пол:
    Женски
    И јас не го сакам март, однесе со себе една личност која ми беше посебно драга...
    Ама ги сакам повремено сончевите периоди кои ме потсетуваат дека доаѓа пролет.

    Често се прашувам дали сум единствената што е во друг град на студии и што одвај чека да се врати дома :?: Секој понеделник ја имам истата тежина, не сакам да си одам и секој пат се молам побрзо да ми помине времето и да се вратам дома.Само дома си е дома ќе кажам...мада мислам дека е така ради тоа што дома е тој и уште сега ужасно ми недостига.

    Ах љубов, не знам дал те ико воли као ја...фала ти што ми го разубавуваш животот.
    http://www.youtube.com/watch?v=1n8QbTlULkI
     
    На bittersweet, Serafima, TeddyGrey и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Да бидеш фер и добар кон луѓето не е залудно!
    Можеби не веднаш, и можеби не од оние од кои очекувате, ама секогаш, СЕКОГАШ ќе постои некој кој со мала ситница, мал гест ќе ви покаже внимание, ќе го признае тоа што сте го правеле, ќе ви покаже дека е тука за вас и дека мисли на вас. А мене ваквите моменти многу ми значат.

    Го започнав денов рано и полна со енергија. Гледам сонце, гледам раздвиженост...мириса на пролет. Премногу мисли ми се вртат во главава, имам многу дилеми, ме чекаат многу обврски...многу убави работи, многу нови работи!
    Нека испадне онака како што е најдобро. Можеби е време да почнам помалку да се грижам и да ги оставам работите сами да си течат...

    Поздрав и имајте прекрасен ден :hug:
     
    На Hopeful, julie77 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  5. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Ех Серафима ме наежи! Нека те чува Господ и нека ти да ва сила секогаш! И никогаш немој да се откажиш :hug: Се радувам што барем си среќна со него :) Се најдобро :)
    Неубаво тие што ве оставиле туку така место да размислат и да помогнат да се поправи ситуацијата...Ама што да правиш...Чувај ги блиските,тие што останале :*


    Јас денес незнам што да кажам,иако можеби разочарана После дождот :rain: иде сонце :sun:, па ќе се средам некако...Имам некои обврски,ќе си ги завршам и така.Нема кој друг да ми ги заврши,нема мама тато,а и подобро,барем се научив се сама,полесно ќе ми е понатаму :) Иако и тие ми помагаат многу,некој ден и нив ќе им се отплатам и ќе правам убави работи за нив :) Тие се луѓето што заслужиле.А и кога ќе имам некој покрај мене,и тој треба да е заслужен за да правам се за него! Ете тоа ме наули овај мојов,тоа што ќе заслужи тоа и ќе добие.Како тој со мене така и јас со него.Се обидувам да сум добра,ама ако некој тоа само го користи,нема да биди така.А јас,јас сакам да се средиме,да се караме сега ако треба за понатаму да знаеме и полесно да ни е (ајде,така барам позитива во кавгите) иначе како, нема да можам само него да му обрнувам внимание понатаму,треба да сфати.Ќе имаме многу поголеми грижи од сегашниве и кој на кого се јавил или не се јавил.Ама важно е да видиш дали знае да се извини,да се поправи,да те поддржи,да те крени пак горе...Ако не,ако некој те влечи само надолу,тогаш...
    Како и да е,да не навлегувам повеќе во филозофски мисли и се што ми иди на памет,туку само ќе ви посакам да имате убав ден и да сте среќни :hug:
     
    На bittersweet, Lux, Serafima и 4 други им се допаѓа ова.
  6. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Иако надвор времето е малку тмурно,мене во душата ми е пролет.Се е поубаво кога човек е наспан и вљубен :) Од денеска решив да свртам нов лист и да не се замарам со секакви глупости.Животот е премногу краток за да би го потрошиле на нервирање на небитни работи.Сега за сега се справувам со ова.Иако имаше мал инцидент од сабајле останав прибрана и неизнервирана :) Сега се препуштам на убавините што ми ги нуди денешниот ден :)
     
  7. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Сакам кога ги гледам во дворот на пролет, ме потсејќаат на топлина и фамилијарен и домаќински двор , на рацете на мама кога вешто ги гледа , саде полева со вода , и (помалце) кога се караме за да насаде повеќе , а таа тврди дека сами ќе си никнеле .
     

    Прикачени фајлови:

    На Serafima, Hopeful, roberta-rubi и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    луѓе ај некој ако студирал физика, знае нешто физика, има материјал физика нека ми пише лп да го питам нешто :)
     
  9. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Се прибрав од школо и веднаш се фатив на работа,да ја остварам мојата и желбата на мама и комшиката-да им направам пици,сите заедно да ручаме...ги преполнив со кашкавал,мевце,печурки,едвај чекам да стасаат да си каснам.Па и црвено винце со нив,мх,мх :P
    Само уште планот со пиците и виното да го оствариме и со другиве жени и веќе да не му ја мислам толку :)
    Имајте убав ден,и повелете на пица :P

    [​IMG]
     
    На Doozy, drugarka и eli25 им се допаѓа ова.
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Мајка ми ме изненади,за прв пат,пријатно.
    Г. ми вети дека ке дојде што побрзо да се грижи за мене,не дека сама не знам ама подруго би било со него.Можеби така ке заборавам на се.Сака да ја споделиме мојата тешкотија заедно.Ах љубов.
    Татко ми конечно не израдува со добра вест.Ја добил толку посакуваната работа и станот.А брат ми конечно ке се запише од следната година на постдипломски студии.Се радувам за него.Навистина ми е мило.
    Сега единствено што сакам е да излезам,да шетам со него,да лудувам до бесвест,се додека не се изморам.
    Мрачна сум денес како времето,ама се трудам да го покријам.
    Тоа е тоа,лајф гоус он :D

    http://www.youtube.com/watch?v=1G4isv_Fylg&ob=av2e
     
    На LilBaby, Hopeful, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Ме наежи приказната на Серафима, стварно е потресно но тоа што имаш човек покрај тебе што вреди, те подржува, сака сигурно прави на моменти да заборавиш на сето ова. :)
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Дури сега сфаќам колку сум била наивна што сум се нервирала заради безвредни, искомплексирани личности.
    Но ете никогаш не е касно, човек да дознае некои работи и да си ја поправи грешката. Изгубеното време нема да се врати, изгубените нерви исто така, но веќе гледам напред.
    Иде пролет, време е..
    За нешто ново и подобро!

    :sun:
     
    На TeddyGrey, IvanaMkd, Chocoholic и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Додека јас трчам по среќата, несреќата трча по мене ...
     
    На Lov3 и Hipster им се допаѓа ова.
  14. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    10.113
    Ако не си задоволен со она што го имаш, нема да бидеш задоволен ни со тоа што го посакуваш.
     
  15. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    Толку ли смета вистината на народов бре?
    По секако ти крив. Ако ги тешиш, па испадне неубаво - ти си крив што си им давал лажна надеж, ти си им рекол дека ќе е ок. Ко демек ти си крив што се неспособни и ништо не сфаќаат и ко демек твоите утешни зборови ќе ги однесат до целта без да мрднат со малиот прст.
    Ако пак реално им кажеш дека тоа то сакаат е невозможно или не им велиш ништо, тогаш си лош, несоцијален и егоистичен.

    Е на!
    [​IMG]
     
    На bittersweet, Noemi, crazyinlove19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... читам на форумов за љубовните проблеми на еден дел феминки. И навистина тоа е дел од животот непријатен но поучен. Знајте дека не може се да биде со труд и со љубов од ваша страна туку треба да е обострано. Едноставно работите не одат секогаш по наша замисла, затоа оставете како ќе ве носи животот така прифаќајте без големи очекувања. И да, среќа е да имаш се што сакаш и да го имаш оној кој ти е се ... Таа среќа ја имаат веројатно само привилегираните, а оние другите останува само да продолжат понатаму уште по силни и по самоуеверени и да си најдат приближна слика на она што го бараат. Мечтајте, не е лошо туку може да ви олеснува ... Може и еден тие мечти ќе ви станат реалност.
    И знајте ...

    [​IMG]
     
    На mysterious, Strumfeta93, bittersweet и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.408
    Допаѓања:
    3.866
    Пол:
    Женски
    СДК дека времево е љубов.. :inlove: Свежо, убаво.. Таман за прошетки со најблиските.. Штета што јас сум далеку од нив.. Затоа вие кои имате можност искористете ја можноста и трк надвор..

    Се чувствува некоја енергија во воздухот.. Љубов :inlove: :inlove:
     
    На Serafima и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Сакааааам да кажааааам дека имам тетоважааааааа!!!

    [​IMG]
    Од Ćunga Lunga, на левата рака, шо убаа ми е, па и у боја, розевка :wasntme:
    А какви балони дував, пффф на натпревар може да одам.
    Да бе и шо, убаво ми е. ^_^
    Е не ќе се заебавам ко некои 10 годишни деца, па ставале вистински тетоважи, па нивните дома биле либерални, не биле затупени како нашиве, па ние сме биле изроди и не сме знаеле да се понашаме убаво, па сме немале поима од тетоважи, па они на 13 години веќе 2 тетоважи имале, шема бре и тоа на врат едната, да се гледа, да се знае дека нема шала тука.
    Ма не беее. Јас не се зафркавам со такви детски работи.
    Ги надраснав вистинските тетоважи.
    Затоа Чунга Лунга тетоважите ти се права ствар.
     
    На GarpovaV, JuLleE, Oxymoron и 2 други им се допаѓа ова.
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    ^^
    Исто.
    Ги надминав тие фејкерските ствари , па затоа летоска си ставив тетоважа од кна.

    Денес немам посебно нешто да кажам, освен дека во Скопјево, ноќен живот веќе не постои.
    Џабе Панчо го спасува Колосеум, или се отвара нов клуб а во него ечи српска музика.
    Се отиде во неповрат.
    Осатана само дневната кафе “шема“.

    :x
     
    На Go-Girl, JuLleE, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    [​IMG]

    :!: Man down ;)
     
    На Masnickaaa, Rock-a-Fella, IvanaMkd и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.