[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.998
    Пол:
    Женски
    Какво преубаво утро.
    Малку облачно, малку насмеано. Типично за баба Марта.
    Мама ме израдува со омилената салата. Си кркам и се обидувам да поминам едно мутаво ниво на Angry Birds додека во други табови си лоадирам филм и си ги барам чизмите во кои ми останаа очите.
    Мултитаскинг, шта чеш :D

    Туку друго. Гледам и по форумов и во живо, се растрчале полуматуран(т)ки, ќе се скршат. Уште не знаат правилно да напишат што се, тие се растревожиле што фустан ќе носеле, каква штикла, кај кој да се шминкале, што да земеле на партнерот...
    Молам?! Партнер? Па нам време ни требаше да почнеме нормален муабет кога ќе не ставеа да седиме машки и женски, па кај нас одма задеваа со „Име и име, то су срца два...дрн дрн“ и јадниот што го задеваа црвенееше и ги бркаше, а не партнер да бираш. На 14, значењето на партнер беше љубовник, сопруг и ни беше чудно да се спомне.
    За полуматура бре носев мудовидни мокасинки еј! Ко рахитична се качив дома на штикла на 16 ипол години, а дури година подоцна едвај излегов со некои бедни од 5-6цм и се тетравев.
    Шминка my ass. Бевме среќни со едно рол-он сјајче од пазар со овошен вкус.
    Фризот ми беше ајмо срат со два прамени од страна фатени во шнолка позади и 3 реда шишка.
    Ама имав детство. И си го сакам истото. И сеуште сакам безгрижно да се млатам без никој да ме гледа ко заостаната.
    Па кога помаливе веќе се сметаат за позрели и тоа изгледа навидум нормално, зошто да не можам јас да си останам дете? Само ќе замениме улоги, зошто да не?
    И уште еден досадно-носталгичен пост во кој звучам ко баба, уште една измината минута, уште едно утро повозрасна.
    Не! :!: Сега ќе ги пуштам старите касети од детските фестивалчиња, ќе ја отворам ширум вратата да вдишам свеж воздух помешан со мирисот на топло нес со лешник, и ќе си ги прередувам и разгледувам играчките. Ќе застанам пред орманот и ќе пробувам најразлични работи, ќе го отворам и тој на мама, исто како во старите денови.
    Времето гази само со наша дозвола.
     
    На mims-89, Cynthia, LilBaby и 10 други им се допаѓа ова.
  2. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Си седам така западната во длабока депресија поради отокот што од нигде никаде ми се појави на окото и се мислам како ќе помине.Коментарите од лел какво тие, и како страшно изгледаш ве молам да си ги зачувате за себе- излишни ми се :@ И така додека си седев ми ѕвони моб кога ќе видам што да видам ѕвони мајкаму на ханито мое и јас ваква :o а она абе срце како си?уште ли го имаш отокот? и јас едно ами да :( и она ајде спремај се ќе те носам на лекар и јас ама мене не ми е ништоо а она упорна како не ти е бе срце ајде ајде јас веќе тргнав и сакаш нејќиш морав да отидам :( А таму една докторица и вика ааа последниве две недели еден куп вакви случаеви, од ветров, од прашиниве ти е.И ми даде една маст и вика мачкај се и 2 дена никако излегување и јас штоо :o Али тоа е што се мора, мора се :)
     
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.528
    Допаѓања:
    92.245
    Пол:
    Женски
    Крајно сум разочарана од многу луѓе кои до сега биле во моја близина. Повеќе од месец дена едвај се движам,а еден ако ме праша како сум.
    После се лутат зошто ме снемувало, па ќе ме снемува многу нормално. На крајот колку и да имаш проблеми дома, само домашните се радуваат со тебе и плачат за тебе. Само тие те прегрнуваат кога плачеш и кога се виткаш од болка.
    И сега слушам- Ајде изеди го тоа, знаеш дека мораш. Ме нервира и после сфаќам дека е тоа само за мое добро.
    Сиротата моја сестра која мака си мачи со мене. Мајка ми седната на столче до мојот кревет ме држи за рака и ми вели- Подобро ќе е. А тој се блесави за да ме насмее.

    Денов е преубав, сакам да се дотерам и да шетнам некаде. Сакам да одам до парк или пак во ЗОО. Сакам и кафе со некоја пријатна личност или пак фина храна. Добро де и еден шопинг добро би ми дошол :wasntme:


    Имајте убав ден и искористете го.
     
    На Go-Girl, mims-89, creshicka и 29 други им се допаѓа ова.
  4. Ecii

    Ecii Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    11
    Епа денес станав во шест ипол ко нетачна. Мада алармот ми ѕвони во цедум. А вчера заспав во два.. |-) и така ‘‘прекрасно‘‘ ми почна денот. Пак во глупавото школо. Таму понекои морони што ме нервираат. Некоја си глупава представа. А мене лицето никакво од ова ПМСов цела сум у бубуљици + некои недостатоци на витамини и кожата на ништо не ми личи ;( Се изнасмеав на тоа приредбата некои глупи деца бог да чува. И ајде домааа... Одма средувам куќата растурена мајка ми ништо не мрднала :@ Очите ме болат ваљда некоја алергиска реакзија од 100 препарати што ставав на лицето . И си плачам пре пц-то сами солзи идат од оваа глупа алергија. Сеа планирам да отидам некаде на кафе да го сменам малце проклетиов ден и така.. ;( :(
     
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Еве зошто си ги сакам моите другари, зошто се несебични и знаат да помогнат на секој можен начин. Си се гордеам со нив и ќе се гордеам..

    http://www.vest.com.mk/default.asp?Item ... F8EC6F9149

    П.С - си ветив на сама себе бар еднаш неделно ќе донирам пари некому кога сум во МКД.
     
    На LilBaby, bittersweet, maja.kostovska и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Mразам забар. Секогаш сум мразела. Само што ќе влезам во ориднација почнувам да се тресам, срцето забрзано ми чука, ми се врти. А кога ќе седнам на столчето, седната сум. Ме маваат шлогови и на крај ми се лоши ненормално многу. И тоа гадната миризба, машинчето што зуи, цела опрема . Бреее. Грозно. Уште па и чувството кога ти ги чепкаат забите, кога ти копаат, уф.

    Засекогаш ќе мразам забар. Посебно од денес натаму, денес мислам дека ќе умрев на тоа столчето. :doh:
     
    На Ecii, Cynthia, Noemi и 4 други им се допаѓа ова.
  7. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    http://www.youtube.com/watch?v=abKHbM4Q6KY

    кога ја слушав прееска песната ми текна кога бев помала, се каравме (за безвеза) со другарчињата со маалото и кога и да се скараме ќе кажевме е више нема да минеш од кај мене пред зграда оти нема да те пуштам да поминеш, а јас душичка и стварно се плашев да поминам. А денешните деца не си ги познаваат комшиите по цел ден дома е жими има едно детенце во мојата зграда шо е по цел ден надвор а душичка ми е само си играе чат пат ќе дојде некој и ќе му праве друштво. :( ... И сеа се прашувам кај отиде ВЕКОТ за овие 12 години премногу работи се изменија... Верувам оние поголемите од мене ќе и текне на Бушава азбука, Наше маало, Големи и мали, Приказните со Ѓорѓи Колозов и Шенка Колозова. Ќе и текне и на оние игри што ги играевме на улица ( клим плочка, криенка, Морнаре морнаре какво е времето и многу други). На моменти се плашам какво детство ќе има моето дете ( живи здрави со господ напред за 10 години и на тоа ќе мислам)... :(
     
    На IvanaMkd, eli25 и CIA им се допаѓа ова.
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.823
    Понекогаш ми е доволно сосема малку. Еден збор. Две реченици. Три насмевки. Четири сончеви зраци. Парче небо. Суши сет. Малку васаби. Пет чаши вода. Чоколаден мафин. Бујрум кафе. Сиктер ракија.
    ...за да бидам задоволна со денот.

    И молк. Затоа што можеш да ждереш некад, ама глеј да не мљаскаш. Ќе те осетат. Плус и некултурно е.

    Надеж и новозеландски галежливи носиња. Е тоа сакам да го видам, баш тоа!
    Нема цмокање. Нема гушкање. Сакам да се поздравуваме со допир на носињата! Но да гледаме подалеку од нив!

    Светот, ќе биде поубав. Делувајќи локално, ќе менуваме глобално.
    Верувам, дека е возможно.
     
    На mims-89 и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  9. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Се држам некако.Не дозволувам пак бедот да надвладее со мене.Се случи тоа што се случи.I don't care...
    Дури ми е смешно малку зошто придавам значење :D .Знаев дека тоа ке се случи еден ден.И еве го.
    Нема да плачам,си ветив дека нема никогаш да се случи тоа.
    Тој,Г. вчера ми рече дека ако дозволам јас би ме направил најсрекна на светот и дека ако сакам јас,нема да замине на брод.Што друго ми е потребно од ова?Подобро не може да биде.Ке искористам прилика.Време е да блескам,како што блескав пред 3 години.Ако ни е судено ке останеме заедно.

    Поздрав феминки :hug:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Веќе никогаш, ништо, никого нема да сакам! Толку беше. Пробав и се изгорев.
    Секоја чест за оној кој успеа вака да ме скрши.
    Веќе сум без чувства.

    :)
     
    На Ema.Sk, ViktorijaMari и Rock-a-Fella им се допаѓа ова.
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Малдита кукарача... рата де дос патасссссс! Една од омилените песни, уствари. Нова додадена во листата :lol:

    http://www.youtube.com/watch?v=qTbh93rUnYM


    Лалааалалааллаааааалалаааа рррррата де доссссс патассссс те стој абландо а тииииии :D :rofl: :lol: :P


    Омг, Грција распишала тендер за продажба на Крф :o РАТАССССССССССССССС!!!!!!!!!!!!!! 8)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.998
    Пол:
    Женски
    :^) :^) |( |( |(

    [​IMG]

    И за секој од нив плачеш на Титаник (оти правото име не го знаеш) песмата.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.969
    Допаѓања:
    11.190
    Мирис на лимонова трева во косата, книга и сонце кое се впива во страниците, поспано утро...
    Ме разбуди телефонот, најчудната покана за дејт-покана за скијање.
    Се извадив на обврски со факултетот, егоцентрик сум.
    На таква стаза од животот сум кога не сакам да делам воздух со никого. Се гушам во нечии прегратки.
    Можеби зошто сум навикната да немам очекувања од луѓето.
     
    На bittersweet, mims-89, CIA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Сонце, убаво кафе испиено на тераса, телефонски повик од драга личност и готвење- рецепт за убаво поминат ден.
    Денеска ги благословувам Прилепчаните што го измислиле макалото за јас да можам да си уживам во него.
    Го правев сама, до сега толчев, ме болат рацете, ама задоволството од неговиот вкус и радоста на моите кога ќе се собереме сите на трпезата и ќе ме пофалат :angel: е бесценето.
    Со вкусно сиренце и лепче од баба, и плус црвено вино- ма има ли нешто поубаво :inlove:
    И после среќата не доаѓала преку храната- ма немој богати :lol:

    Maкедонска кујна-уф, ја обожавам.
    http://www.youtube.com/watch?v=ROZT1i_4Z4E
    Уживајте во малите нешта, со оние кои ги сакате и радувајте се што сте здрави и живи, затоа што спомените од вакви работи, сега навидум мали- во иднина може многу да ни фалат ;)

    Одам јас да мијам садови :D
     
    На caroline.costa, bittersweet, Sparks и 7 други им се допаѓа ова.
  15. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    У п.м сакам да кажам.Се раскинав од пишување на темата Врска на далечина и на крај ми ја снема страната,а се се избришало,оф оф оф.... :@
    Е не пишам пак,како не,ама се изнервирав.
     
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.908
    Пол:
    Женски
    Убав ден за мене денеска.
    Сонцето кое наутро ме разбуди веќе го нема, се скри, еве пак гледам облаци, се спрема да врне.....ама, ако не ми пречи, после дождот секогаш иде сонце, цврсто верувам во тоа, дали за ден, дали за два сонцето пак ќе ни се насмее. :)
    Мојата мала принцеза после два месеца конечно тргна во градинка.... веќе и` се здосади дома... ја разбирам потполно, тоа нас големи ни е досадно, а не пак на децата. Возевме точак денеска, малку јас трчкав по неа, малку татко и`.
    Ја сакам пролетта, ја чекам со душа, го чекам сонцето и му се радувам на секој убав сончев ден, не сме затворени во четири ѕида, излегуваме, шетаме...аман веќе да завршиме со зимава и со карантинов по дома, со растечените носиња, со поткашлувањата и сирупите :!:

    Туку и ова сакав да кажам...само што се вративме од 4Д ехо, добро сме и двајцата, растеме, се развивме, напредуваме...и јас сум супер, задоволна од себе, само 4 кг. повеќе, не ми се лоши и не повраќам, пројдоа мачнините (фала Богу за тоа |( )....и да уште сум згодна :emo: :D
    Што е најдобро- мазена, пазена и тинтрана....па ми годи, не се жалам. 8)

    Имајте убав ден феминки :)
     
    На Serafima, bittersweet, mims-89 и 24 други им се допаѓа ова.
  17. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Убав ден :)))
    Значи колку самодоверба носеле чизмиве со висока штикла кои заради снегов толку ретко ги носев.Срам да ми е.
    I feel good ;)
     
    На Serafima, CIA, thinkerbell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Сдк пак си се вратив на старата моја топ лак боја :lol: црна! Се чувствувам како порано :) моќно рокерски хел јеах :rock: ах колку ми недостига искачањето само искачањето не луѓето само тие не :) епа сега..кој како заслужил не ? :) Се надевам дека вечер ќе биде добро и фино и мирно се надевам нема да има нервози зошто доста ми е од се |-)
     
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    :) издржав на потпетици, е затоа сега ме болат стопалата :doh:
    на некој не ми е гајле за тебе-а ти глуми партнер на кој што можеш да се потпреш, ама постојат и такви личности кои успеваат да ти измамат насмевка на лицето :$ со убава порака-изненадена сум признавам :)
    за местото за кое аплицирав се пријавиле вкупно 16 девојки а богами имаше и жени, така да за втор круг ке чекам до утре до 20 часот да ми се јават, ако не аста ла виста :D добив шанса за друго работно место за утре-пак сум на интервју :P тоа е , трчи ваму-трчи таму за да успееш да дојдеш до нешто во животот :wasntme:
     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.195
    Пол:
    Женски
    Ами само распишала тендер за Крф, за малку |( ами можела и за оној дел, се знајт за кој дел зборам :D ]:) :wasntme:

    Значит најмногу што не сакам е да ми се меша некој во животов, стварно не разбирам која е таа страст за да се меша во туѓ живот.Не сакам да ми се мешаат, а нити сакам да се мешам во туѓите животи, сосем доволен ми е мојот живот, не ми е потребен друг, за уште еднаш да би проживеала.Туку арно пееше Тоше „ што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи“ ах само колку во право бил :x


    Едоставно кратко и јасно кажано, чиста сметка, долга љубов :l:
     
    На Bright, LilBaby и maca99 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.