Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Работните денови убаво поминуваат. Излегуваш наутро, се смееш, се окупираш со се и сешто, несвесно скривајќи ја вистината, дури и од себе. И еден ден ќе се прибереш дома и баба ти ќе те праша до кога мислиш со тие тажни очи да шеташ, и се насмевнуваш и се обидуваш на најнеприметлив можен начин да избегнеш одговор и да ја напуштиш кујната, лута затоа што допрела до она со кое ни ти сама не си сакала да се соочиш.
    И што да и кажам? Дека ми е мака од се? Од песокот во бубрезите, од цистите кои обавезно се појавувааат два пати годишно, од хормони, од симни 15 качи 20 килограми, од ликот во огледало што не го препознавам, од детето што секојдневно по малку го убивам, од главоболките со секоја промена на времето, од влегување во продавница каде што имаат алишта само до бројче м? Дека ми е мака од се и дека не сум ги замислила вака работите? Сигурна сум дека таа и без тоа знае се... А најмногу дека ми е мака од себе си, што не се чувствувам доволно силна да се изборам со се, што сум невиден слабак и мекуш. Кога сме мали, проблемите ги решаваат нашите родители, и од нас пробуваат да скријат што повеќе од црнилата а како што родендените повеќе не можеме да си ги броиме на прсти така стануваме се посвесни. Дека животот е само збор, збор, метафора за болка и борба. Секојдневна. И никогаш некој човек не станал победник. Греота е да се жалиме за баналности затоа што навистина имаме се, а како да немаме ништо, ете така јас сега се однесувам и ми иде да си ја шлапнам една.
    Многу мразам кога ме обзема вакво лошо чувство и само очекувам да се случи нешто, и ме спречува да се смеам и да се радувам.
    И седите во автобус и ги гледате луѓето околу вас прашувајќи се што нив ги мачи, колкав е нивниот товар. На светов секој е со своето, јас се разбирам но некогаш е тешко.
    Се поминува и се е нормално, да сакате, да мразите, да повредите, да бидете повредени, да се извините, да подарите, да љубите. И убаво е да љубите, иако и љубовта е тешка. Колку што го сакам толку и можам да го задавам понекогаш. Ете како денес, поточно сега моментално кога би бил до мене. И едноставно мора да се опуштите, да ја смирите топката и да бидете свесни дека со секој обид да го напуштите сфаќате колку секоја секунда без него е ужасно болна и дека како и да е пак ќе бидете заедно и насмеани.
    Станувам личност која не сакав да станам, оцврстувам, наеднаш не му одговарам на прашањето ме сакаш ли иако одговорот е и повеќе од очигледен, престанувам да реагирам на се и сешто. Се што сакав е да бидам среќна, позитивна, насмеана, добра, сталожена, смирена во секоја ситуација и среќна личност. Дали многу барам?
    А ќе дојде ден кога овие огромни ви се молам проблеми ќе бидат толку мали кога ќе треба да прескокнам некое уште повисоко скалило во животот. Како и до сега... толку ми изгледаат мизерни работите за кои лани сум се лупала од земја, па така и наредната година, ќе сфатам колку сега сум била глупава и колкуи за една година сум пораснала.
    И не сакам збогувања, не сакам и не сакам. Поготово не со некој кој ми пуштил корења во срцето. Зошто некој бил паметен и го измислил зборот збогум? Или прегратка за збогум? Тој улав бил или што? Зарем не можел да претпостави колку болат тие проклети работи? На некој му викате чао, и не знаете коа пак ќе се видите и гушнете, ви тупоти срцето, ви плаче душата и ооо да го проколнувате животот. Затоа што е претежок, а и не е толку тежок, само не подготвува, за се што не чека. Затоа што многу луѓе од животот ќе си отидат без воопшто да можеме да им речеме збогум. Останува дупка во душата на која и нема лек.
    И се надеваме и надеваме ... а не треба, надежта ги убива сите соништа и желби, таа е крива што само чекаме и чекаме и се надеваме, место да земеме и да грабаме и грабаме и ... не знам. Кога ќе ме прашаат од што се плашиш најмногу, одговарам од змии, а знам дека најмногу се плашам од тоа дека ќе изгубам некој што го сакам, некој ...
    И кога ги слушам како викаат ајде утре тоа, друг пат тоа ... им викам кога друг пат? што те чека кога ќе ја напуштиш собава знаеш? не ... не, не, ама џабе јас паметкосувам кога истото го правам, од страв, од надеж, не знам од што ... тоа се веќе тешки психологии во кои не можам да навлегувам сега.
    И утре пак ќе и дадам на некоја бабичка 20 денари и ќе ја слушам што убавини ми посакува и ќе сакам да си ја акнам главата од ѕид затоа што денес сум била идиот, ама ете .... така ми е на душата, труло и скапано моментално се. можеби затоа што долго време држев, трпев, и сега наеднаш пукнав. Пукнав како пренадуван балон.
    А пак можам да најдам трошка радост во се ова. Тоа се луѓето што знам дека ме сакаат. Една од нив е мајка ми, о Боже таа жена колку маки со мене претрпела во животот и никогаш не се пожалила, и колку пати и да и речам да излезе од соба таа пак ќе се врати и ќе ме баци тогаш кога мисли дека спијам и ќе седне и ќе ме гали и нема да види дека јас плачам кога ќе излезе. Плачам затоа што таа сака на 20 години да почнеме да имаме близок однос, а сега е касно, сега можеме да го имаме само ова што го имаме, а и тоа е повеќе од доволно, и премногу вредно. Кога била на мои години веќе ме имала мене, и не се жалела, а јас видете ме, хаосидно суштество. Но не безчувствително. И купив ташна. Ташна каква што немала никогаш а каква што обожава, црна, едноставна, со многу прегради да може да ми ги крие железните парички. Секогаш зема мои остатоци, секогаш и е криво ако си дозволи да си купи нешто и затоа јас и купив најубава скапа ташна за која собирав пари. И во ташната и ставив слика, урамена слика од неа и татко ми, нивната прва заедничка слика, и кога ја виде сфатив дека сликата и предизвика солзи во очите а не ташната. Таа е мојот херој иако нејзиниот идиот од ќерка никогаш нема тоа да и го каже. Како што никогаш нема да му каже на татка си дека од внатре ножеви ја бодат кога го гледа со колку апчиња секој ден се труе, кога по цели ноќи повраќа, и кога со секој поминат ден сфаќа колку е поболен и дека боли неописливо многу... како што истиот идиот нема него да му каже дека зад секое избувнување, кавга и лош збор стои едно ми недостигаш кое никогаш нема да биде изговорено ама ќе биде отплакано...
    Тоа е, денес ќе си дозволам да бидам страшно депресивна, да плачам и плачам, да извадам од мене буквално се, да ја послушам баба и да си ги замијам очите малку... а утре, па утре е нов ден, има една добра работа- полош од овој не може да биде, вторник и онака по природа си е по малку грдичок ден, а што носи средата ни останува да видиме... знам само дека ќе станам на десна нога, и со насмевка, искрена и од срце, тогаш е најубава насмевката на лицето, кога душата ти ја грее сонце а ти зрачиш.
    :hai:
     
    На green.eyes, Lepaaa, AnaKarenina и 22 други им се допаѓа ова.
  2. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Искуството е преубава работа. Ви овозможува да ја препознаете грешката кога ќе ја повторите.

    [​IMG]
     
    На x.Daisy.x, anastasijaki, SparkyAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  3. marija994

    marija994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Тешко е да се најде вистинската личност, но уште потешко е да се заборави погрешната!! :(

    [​IMG]
     
    На x.Daisy.x, anastasijaki, SparkyAngel и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Глава ме заболе од учење, абе се учи ли на скоро 30 години, а? Е сега можам со сигурност да ја потврдам народната „Човекот учи додека е жив“. А се кажува ли за испит три дена пред негово одржување и тоа кога кренав раце од се? Абе Марфи бе, никако да ме заминеш, дај бе забрави дека постојам барем 5 минути, од толку милијарди жители на планетава, не си жив ако мене не ме клоцнеш!
    Си ги загубив најубавите очила за сонце! На малечката и се мочкаше додека шетавме низ град и ја однесов до една кола на „скришно место“, а очилата ги ставив врз кровот на автомобилот.И ги заборавив.Подобро полицаец да помина и да ме казнеше 50 евра, а вака 150 отидоа јабана, ај можеби на некого пред време сум му го честитала празникот!
    Можеби среќниот добитник ќе ми нарача песна со поздрав на радио:„Специјален поздрав до Геа“!!! :geek:
    И уште згора на се, мајка ми цели 27 минути ми држеше предавања на телефон за мојата (не)одговорност.
    Само неделава да помине!
    Ме нервира и празников „Дај ми го, на ти го“ и глупавата традиција на купување и разменување еден куп глупости и очајните фацки кои се лигават со доброизвежбаната реченица, пропратена со призвук на невиност и наивност во C-dur : „Фалааааааааа, па не си требалааааааааааа“ :wasntme:
    Таман ги отворив градите да го вдахнам мирисот на пролетта и се пресеков на пола.
    Мразам туѓи проблеми, мразам кога луѓето ми се јавуваат да ми раскажат колку им е тешко, мразам кога мрчат и кукаат за некоја банална ситница кои тие ја нарекуваат проблем, мразам што испишав километарски пост кој вие која од љубопитност, која од досада, која од сожалување, која за утеха ќе го прочита и мразам што после толку години стаж, некој допрва ќе го испитува мојот квалитет.
    Но само да помине петок и мојата омраза ќе се претвори во љубов, ќе продолжам таму каде што застанав и пак ќе застанам на врвот на моето постоење да си го домирисам мирисот на моето годишно време.
     
    На SparkyAngel, Hipica, sesilija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Волку неиспиративен период многу одамна не сум имала.
    Ништо не се случува. Додуша, многу работи се случуваат ама не можам да ги преточам во зборови.
    Се` ми е небитно.
    Ништо не е толку битно, за да биде запишано деновиве.
    Но задоволна сум.
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК многу си го сакам мојот хороскопски знак Шкорпија :$ :emo: и
    Нешто ми се филозофира :geek: и тоа многу, премногу сум расположена :D :wasntme:
     
    На glow, ViktorijaMari, Noemi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.403
    Кога ништо не ти недостига,ко да нема што да кажеш. И си слабееш рандом. Ми се истанчило вратчево.
    Oна девојчено,стварно имало право бе. Шо се дешава со мојава лепота бре?! Пролет оди,јас цутам. Ми се истанчил вратов,очиве сјајни,на толкаи,само голтам живот,шо со очи,шо со душа! :D
    Рандом љубовки! Во живот,себе,родители,пријатели,поблиски пријатели,другарки. Љубов кон кафе, прошетки, шашави прегратки на непропорционални висини.
    Си живеам! Убоо!
     
    На caroline.costa, Strumfeta93, MandyLane и 11 други им се допаѓа ова.
  8. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    ... дека мора малку да застанам со јадењево. Не знам колку јадам деновиве, како да морам се да изедам одеднаш |( А вие па немате милост какви слики ставате по темите :o Ми се чини дека цела сум надуена, утре морам да останам само на здрава храна.
    И дека ми текна нешто да побарам на Гугл, и баш си реков: Ејјј како не ми текна мор досега, сигурно ќе најдам... и си реков дека и овде ќе споделам зашто е многу корисно. Ама... заборавив што требаше да барам :drunk:
     
    На Divinebutterfly и baguf4e им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.045
    Допаѓања:
    81.428
    Пол:
    Женски
    Ми текна што сакаВ да кажам денеска.
    Ништо ново, само ќе ве потсетам на нешто што веќе го знаете, а сигурно сте го подзаборавиле. Или пак, од долговременското практикување, не го ни заприметувате. :)
    Златно чувство е љубовта, иако многупати си се разочаруваме, ама не сакам да зборувам сега за тоа, туку муабетот го фокусирам на интервалот на нејзиното траење, поточно заљубеност би му дошло ова, да - дефинитивно.
    И не вртете очи, додека ви зборат како љубовта треба да ви даде кураж за сè, желба за работа, успех - во право се. Желбата за самодокажување и успех тлее и мало жарче фали за да избие на виделина, а љубовта е токму тоа - кецот на десетката.
    Само насмејте се, колку и да не верувате во ова - насмевката ја "затнува" и најзборлестата уста.

    Си се редат коцките, а јас сум среќна, повторно од i:=1 to n.
    Ви праќам гушки. :hug:
     
    На mims-89, Bright, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Надвор мирис на летни вибрации.
    Во собава мирис на кора од јаболко, фрезија и пролетен ветер.
    Во позадина блуз и... Атмосферата ја уништува белата светлина на оние штедливите.
    Погледот ми го матат тетратките испишани со формули.
    Срцево ми прескокнува удар кога гледам во часовникот.
    Во главно, тоа.
     
    На MandyLane, sesilija, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    На anabel-a и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Ај што ме фати апетит за Биг мег, ама па чочек развалив у канцеларија денес?
    Брука. Жива. Се смееја сите, ама ај за арно, за убаво.
    Ми чука мене свадба на порти, а да е уште посмешно се’, запнал мачорон мој да купи(МЕ) огледало за во спална. Да си уреди човекот сакал раат. Да бидам искрена, куп перверзии ми текнаа :devil: :devil:

    Се кикотев прееска на куп смешки од одморите по Охриди и Струги, Градиште и филмањето на плажа, кога со варена пченка, книги и еден пешкир дремевме по цел ден и печевме газови со другаркиве. Тоа време, не да помина... Отиде скроз, ама ете, затоа спомениве ме греат, макар биле иштипани од образот на сеќавањето.
    Друго - излегов тотално непланирано прееска низ шетња низ центар, чисто за да ме какне некоја чавка. И би. Си купив две книги, од Калвино и од Урдин, начекав маица со Лиса Симпсон во Теранова и на еден чика што стално свири Пинк Флојд на влез во ГТЦ му џитнав десетденарка. Не дека нешто ми значеа овие елементи денес, ама ми се склопи душава бар три грама повисоко од вчера.
    Ме караат дека сум пуштила спојлер.
    Ја им викам дека место глава имаат бојлер.
    Крај краева, со Хедонизам си ја оправдувам ем наградувам секоја своја облина. Женственост ем крива линија.
    Стап нема никогаш да бидам а не ни можам, зошто иам кукови ко екватор. Може мојон да се вози на нив и топло да му е до небеса.
    Зурли и тапани, лелеее...
    Кај ме носи оваа мисла не знам, ама шо.
    Не реков ништо јас, он прв почна со множината и шеснаесте бебиња! :!: :$ :rofl:

    Ај добра ноќ, идам да читам нешто, да описменам глава. :*
     
    На LilBaby, Bright, mims-89 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    хихихи ме густа! :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • 1094396_700b.jpg
      1094396_700b.jpg
      Големина на фајлот:
      69,2 KB
      Прегледи:
      214
    На Hipica и sanjalica им се допаѓа ова.
  14. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    7.308
    Пол:
    Женски
    Повторно правам работи за кој имам јасна забрана, а со неописливо големо задоволство. И насмевка, онаква широка, гласна, од срце!

    Бегам од се што е негативно, барем сега имам сила.
    Не ја порекнувам моменталнава среќа, но не ни ја делам со секого. Себично ја чувам, за неа се трудев!
    А краток рок има на траење. Уште два дена, потоа стара песна, стар диригент, исти инструменти и текст! Многу е лошо кога некој има моќ врз тебе и те смачкува како лебарка секој пат кога се надеваш на нешто.
    Ти убива секакви убави емоции, ги буди омразата и желбата за одмазда!

    Ма има време.
    За тие 48 часа ќе направам уште тон глупости. Слатки, мали, во кои ќе уживам. Срцето ми работи сто на саат, блесава сум!
    И можеби малку изгубена.. Заљубена!

    Наздравје за убавиве денови! Ќе ги паметам :)
     
    На MandyLane, IvanaMkd, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
  15. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    СДК... Дали сум повеќе или помалку будала??
    Треба да станам сабајле во 6, а јас сеуште си седам, си гледам филмчиња, сериички... :worried:
    А и сама знам дека ми треба добар сон за да можам да функционирам!! :yawn: :yawn:
    Ама не можам, не можам!! Ме мрзи да се префрлам во другата соба и да си заспијам. :devil:
    А знам, утре ќе се мразам заради ова...
    Одам!! Ги собирам последниве атоми сила и се фрлам на креветот..
    Добра ноќ!
    Не станувајте рано, поспијте за мене :)
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Што ме фати една ужасна носталгија за времето кога даваа шпански серии.Како друго време да беше,како се да беше поубаво.Дали можеби оти сум била дете и некако тоа ме асоцира на детството.

    http://www.youtube.com/watch?v=IvvjkLN6GlY
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Josipa

    Josipa Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    0
    Здраво.......! Нова сум на форумот и не знам што како иде... но имам еден проблем т.е едно прашање ако може некој (што побрзо) да ми објасни што всушност значи болеста сушење на мозокот и како настанува тоа.... :/
    инаце го направив профилот само за ова прашање па понатака може и ке се дрижиме.... ве молам одговорете ми ;(
     
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Се прашувам, каде ли е тој непознат дечко кој го сонив еднаш... :?: Плав :!: беше.
    http://www.youtube.com/watch?v=12MxuTQa ... re=related
    Го поздравувам со Чајковски.

    Да ми дојде на чај и да сонуваме заедно.
     
    На IvanaMkd и Kasha им се допаѓа ова.
  19. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    [​IMG]
     
    На x.Daisy.x, sweet-cherry, MandyLane и 7 други им се допаѓа ова.
  20. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Твојот успех и среќа лежат во тебе. Надворешните околности се случајности во животот... Одлучи да бидеш среќен и твојата радост и ти ќе создадете непобедливо единство против потешкотиите.

    [​IMG]
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.