Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    181
    најлесно е да се каже" да ти си крив" а без претходно да увидиш дали тоа е така :(
    али па и од ова може да прозилезе нешто добро,ме натера да размислам да сватам кај грешам не за тоа баш,него за некој други работи у врска со све.
    ајјјјјј сеа да си ми тука при рака мислам дека немаше да ти остане влакно на косата аааааааааа нервозна сум уште рано по сабајлечкиии :@ :@
     
  2. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Моментално сум во училиштето и си седам на Фемина... :D
    Чекаме да дојде професорот по Географија...
     
  3. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    јас се решив на факултет да отидам после толку време, надвор снег почна да врне :rofl:
    Марта со 300 ума е времево, исто како мене, па не за џабе е мој месец
    отидов јас да се спремам после цацко ќе ми е крив кога ќе доцнам :)
     
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Снег бе снег... Алооооо... :@

    Денов е за спиење и гледање серија цел ден...
    Ама обврските тропкаат на врата...
    Глуп сон сонував... Убаво глуп. Ама не треба тоа да се случи. Нека остане сон.
    Заспивам само да бидам со тебе.....

    http://www.youtube.com/watch?v=7lHbz3WkhTw
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  5. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Лош тајминг.....Од секогаш ме следел. Ама во последниве месец-два ме прогонува 24/7. И полека ама сигурно, почнува да ме убива. Literally.

    Да чекаш со месеци да одиш на зимовање кое толку многу го посакуваш, во земјата од твоите соништа, на прекрасно место, со најубави ски патеки, пејсажи кои буквално го одземаат здивот, воздух кој е толку чист што не си навикнат на такво нешто и мислиш дека се гушиш (ти недостасува состојката од скопскиот смог, нели ;) ), имаш само 5 дена да уживаш во ова-а ти 2 дена си приморан да седиш во соба, еднаш заради скапаниот вирус кој незнаејќи си го понел со себе од Скопје, а друг зашто некој решил да те изненади и наврати до кај тебе 5-6 дена порано од вообичаеното-.......епа само јас можам да бидам ваков баксуз. :devil:
     
  6. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Воопшто не сум спиена :( Станував на секои два часа да го чистам окото и да ставам маст.Еве неколку пати до сега ставив маст а промени не гледам никакви, отокот сеуште си стои.Неможам и неможам да се гледам ваква :( Цела самодоверба ми се намали на нула али затоа депресијата ми е баш на висока скала.А ти хани доста ме лажеш како не се забележувало и гледало ништо затоа што секој уште од километар кога ќе ме види ме прашува ејјјј од што вака?лел ама ужасно и језиво изгледа и јас сум тогаш ваква :@ аман доста престанете, не ви ги сакам коментарите.Еве трет ден како станувам со лик на гроги и расположение на нула.Малку ми беше се ова па како врв на се тука е и ПМС.Значи комбинација снова.Ама знам дека мора да издржам.Коментарите и жалбите од овој тип нема да помогнат ништо, па затоа мора да кренам глава и да се соочам и да чекам се да се среди.Па и денов не ми иди во прилог.Ова облачно,променливо време и тоа прави да сум уште повеќе даун.Но како и да е, имајт еубав ден исполнет со смеа :)
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да си кажам, а не дека ќе кажам нешо ново, добар јутар!

    Не бе тоа! :) Сакав да кажам уствари дека пијам италијанско кафе, носам бугарски алки, шведски фустан, француски чизми, јадам пециво по чешки рецепт со унгарска љуткаста салама.
    Турско кафе, англиски доручек, амерички фаст фуд, шпански тапас, португалско вино, македонски ајвар во словенечко производство, босанска глава, хрватски крух, српски три прсти, полски кровки, германска прецизност, австриско јодлување, француско забушавање, словачко пиво, чешко фалење, швајцарски раклет, италијанско бакнување три прсти, индонезиски ден на независност, тајландска учтивост, грчка сиеста, бразилско дупе, ама каблите се исклучиво од Барбадос! Турска милозвучност, марокански чај, египетско лепче, либанонски фалафел, израелска локна, и арапски амами.

    И се прашувам, у свет, каде што сите култури си носат по нешто свое, и све е испреплетено ко јапонска рендана ротквица затоа што глобализацијата е сосема секојдневна работа, како е можно сите без исклучок или со помали исклучоци да аднуваме или аксепт да праиме на френдови на фејсбук, да хејтаме и да оставаме да не хејтаат, да кажуваме колку мега кул филинг ни создал овој сонг, пошто ептен го лајкнуеме, али неаме поим кој пее, па ондак го гугламе евентуално го куцаме на јутуб, па го пушташ на рипит и стануеш ептен хај од музиката, јак вајб има, нема шо, ќе си ја даунлоудирам и стаам у посебен фолдер, се плашам да не и напраам по грешка дилит, зашто хелоуууууу мацо, ќе се упуцам ако ми се деси тоа, ај мин втф?! Билдање, скипнуење, скејтање, хејтање, лајкнуење, дислајкнуење, денсање, апрувнуење, кликање, скролање, кисчиња и хагови, дедлајнс и суоп, брејнсторминг, копи, пејст, кешфлоу...

    Да можеше да го пратам муабетов на покојна ми баба, па да и следам мимика на лицето :D

    Абе сленгов никад не ни бил поамериканизиран. Јас како јазичар по звање, почитувам и дијалекти, и различни нивоа на јазикот, и разбирам дека англискиот е одамна есперанто, малтене јазик на денешницата и на иднината. Ама кога не знаеш да ги замениш сите овие навидум штосни и ептен современи зборчиња со сопствени еквиваленти од мајчиниот ти на кој прв пат си гукнал мама, сиот тој начин на зборување станува униформиран и здодевен.

    И да, имам само еден стереотип во кој силно верувам. Не можеш да не мрднеш од едно место малтене цел живот, и да немаш разновидни пријатели а да имаш разбирање, широк праг на толеранција и надстандардни познавања од работите. Ма ни ЈуТјуб ни Гугл ни целава дигитализација не ти помага. Па после ќе отидеш у голем град и не дај Боже у метро да влезе црнец или Азиец и да седне до тебе! Ќе припаднеш у несвест евентуално ќе си седнеш од карши. Ама ако се убуташ у шопинг центар само - добро е. За ваквите - друга (не)култура и не би да им биде приуштена. И ако ги прашаш како си поминале, ќе знаат да ти ги набројат само марките кои „кај нас ги нема, али таму брате има све“. Абе, за мерак! 8)

    Отидов јас да се трудам да ги елиминирам постепено зборчињата кои не припаѓаат на нитуеден од моите јазици. Не сакам бре, не сакам! Макар била последниот Мохиканец и најстаринското издание на овој свет.
     
    На Go-Girl, calliope, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Е стварно ова времето е будало :( Се разбудвам и гледам снег врни... Кога ќе заврши оваа зимата ? |( :devil:
     
  9. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Животот се тркала, еднаш си горе - другпат доле..
    Ова го слушам од сите страни. Верував дека е така, иако немав почувствувано..
    Почна нашето тркало да се тркала надолу. И ич не е убаво, да ви кажам. :| Подобро да се движиме во една линија - која е сигурна отколку да правиме скокови со големи амплитуди.. Не сум човек кој трпи големи промени и лесно се привикнува, не!
    Се' би дала да не се случува ова.. Кого лажам бе, кое се' кога немам ништо..
     
    На Breezy, IvanaMkd, Dgirlll и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Сдк, нека биде ова денот на оној Муабет. Морам да го завршам делот од задачата.. Се надевам само се ке помине во најдобар ред...
    Охх ми треба цела енергија и разум кај моиве, нека помине се најдобро. Мора да го решам ова или да или не. Се надевам на ДА ...

    Денов и така е облачен ама силно се надевам дека сонцето ме грее онака тајно ко што оно знае најубаво :)

    О црешо една ...
     
  11. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам денеска полнам 20 години..
    Денес ми е роденден
    ајде ајде да наздравиме
    за една година сум поумна :wasntme:
    ајде ајде да запееме.. :party: :party:
    И да ве почестам..
     

    Прикачени фајлови:

    • birthday_cake.jpg
      birthday_cake.jpg
      Големина на фајлот:
      35,1 KB
      Прегледи:
      303
    • ng.jpg
      ng.jpg
      Големина на фајлот:
      10,1 KB
      Прегледи:
      303
    На tessi, Loritaa, Adi888 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Месецов е трети, и јас сум трета во дневник. Во животов се нешто ми е поврзано.
    Не можам да се опуштам. Се чувствувам под штрек. Добро де. Можда и јас сум крива, али дете сум! Треба да ми се прогледа низ прсти.
    Како некоја празнина да имам во мене. Држете ми среќа денес, се надевам ке помине.. :) :*
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Е не можам да ги разберам ‘маживе’ од моја генерација.Јас разбирам љубов,сакање,романтики,не можам без тебе..ама па олкав вол да полага сметка дека отишол на мочање на девојче во екот на пубертетот,не ми е јасно.Папучарење левел..over 1000.
    Си викам,шо ми е гајле за нив кога барем тие работи ми се подредени ко шо сакам..ама ете,да се истурам врз некој.
    Еден ако можам да го наречам пријател,ми рече еднаш дека џабе сонцето,ако душата ти е облачна.Можда беше во право,ама мене душава не ми е облачна..туку едноставно,денов се погоди грозен.Да знаев, не ги кревав ролетниве.И бива ли сега да ја малтретирам мајка, ‘мамо,мамооо..не сакам нашкола,мамаааааааааааа,мамаааааааааааа’.А таа ќе ме упати кај татко,тој ќе ме врати кај неа..Можда ќе запали,ама џабе.Не оди така.А пусто мотивација немам..и не можам да се помирам дека правам нешто шо не сакам.Ова е тек баналност..за она што ме чека утре.Кхммм утре..
    Утре..
    Утрее..
    Утрееее...
    Да се побарам.И така најголемите одлуки се носат под туш.
     
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Небото плава текстура, огрeана од сонце. Нека биде такво, денес ќе се дружам со него горе високо, ќе го гледaм и ќе се восхитувам на сите оние бели облачиња кои те тераат да фрлиш и да тонеш во таа мекост.

    Си велам на себе треба да ги преминам границите на реалното, и да пробам. Ионака нема што да изгубам, се' сум изгубила можам само да добијам. И знам дека некогаш тивок гнев, е подобар од секое сожалување и рамнодушност. Сакам да натерам некои личности да си го исповраќаат егото кое го имаат зошто тоа ги расипува и ги прави НЕлуѓе. Таквите нема да ги сфатам и несакам да ги сфатам, да се давиш во сопственото его е најмизерното. (Најголемата победа е да се победи сопственото его).

    Туку како и да е.. ко што велат - Животот тече како река, ако незнаеш да пливаш ќе те однесе. Епа јас сега ќе почнам да пливам и во спротивен правец ако треба..
     
    На anabel-a, calliope, Phyramide и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Утрово ме разбуди тапа забоболка и тоа на тазе направен заб.Неуспешни два обиди да голтнам една таблетка против болки, но третиот се исплатеше. Собата ми ја исполни мирисот на првото утринско кафе.Она што вчера ми изгледаше страшно, денеска ми е сосема едноставно.Уморниот мозок памти повеќе информации или пак јас сум сосема сконцентрирана да го сожвакам законот кој треба да го рецитирам во петок.Во душава ми се случува мешавина на чувства кои истовремено предизвикуваат бура од емоции. Самодовербата ми личи на ЕКГ слика, на интервали се поткренува и повторно опаѓа, а незнам зошто толку почнав да се сомневам во сопствената моќ на убедување.Знам дека мора да настапам цврсто и сигурно, да ја ставам тремата под нозе, цврсто да ја згазнам, да подарам широка насмевка, да го набилдам шармот, да ги пуштам зборовите сами да излегуваат од мене, да ја ослободам креативноста, да верувам...
    Зад аголот на последниот работен ден од оваа недела ме чекаат еден куп радости.
    Таблетката почна да делува, чувство на кратко спокојство. Се обидував да се сетам на сонот од ноќеска, но тој фолдер ми остана празен. Си ја честам душава со гратис време, пред да се фрлам дивјачки пред листовите хартија расфрлани на малата масичка.Ракописи, свракописи, шкракописи истурени во момент на паника, желба за успех, инает да се постигне многу повеќе.
    Толку нешта сакам да кажам, ама не смеам повеќе да си ги трошам зборовите, ќе ми требаат :lol:
     
    На teddybear, Lilit, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Се чудам како некој луѓе немаат осет за ништо само земаат, земаат, грабаат, тие се секогаш на прво место не и е ама ич гајле за останатите. Како може секогаш да се свесни само за нивните проблеми, а другите никогаш не ги гледаат стварно некој работи не ми се јасни. Како може да не се сетат на некој цела година и кога ќе и затреба да се прават како ништо да не се случило.
    Не знам дали е до мене ама свеста за светот околу мене е моја мана. Сакам да го изгубам чуството за осет и да не се заморувам и јас за ништо, да не водам сметка дали некој ќе повредам, дали на некој му сметам или го навредувам. И да мнооогу поубав живот живеат тие што не ставаат ништо на срце и прават само на нив како и одговара.
     
  17. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Расположението ми е променливо и облачно, како и утрово.
    Па си направив цедевита и кафе малку да живнам и си ги пуштив Френдс.
    Сликава ме инспирираше, па превземав се во свои раце и залепив насмевка на лицево. Ќе биде и подобро.



    [​IMG]
     
    На Bright, IvanaMkd, TeddyGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Да и помогнеме на оние кои ги јаде сечија креативност и желба за живот; кое око не може да се адаптира на колоритот од идеи па само пукаат со нивната трулост како кашави створења; на оние кои им смета сечие издвојување од идеалната црно-бела слика пошо ги боде у очи па ради тоа самите на себеси си се смрт – да ги протераме у некакви си резервати во кој ќе владее едноличноста и пустиот предел (поточно ќе дозволиме да избие од нивните срца). Ем тие среќни, зашо веќе се навикнати на тесниот простор, ем ние ослободени од толку “питоми“ миленичиња.

    Ние бевме деца кога трчкавме по зелените пространства. И се трудевме да ја преточиме нашата љубов и шареноликоста во обичното секојдневие во малиот град. Ладните камења од црквата ги допираме со половината и ја пушиме цигарата заедно. Воздишките секогаш помагаат да се придуши светот доле.
    “Животот меѓу паразитие“ е романот кој нема крај. Со срца и цветчиња од пенкало предлагам да почнеме, со некој контраст и малку гитара. Во името на греаното вино на Џез-от ќе потпишам се што треба и во името на веселите креативци во него и околу него.

    Не дека ме кочат, ама криво ми е за бадијала потрошениот кислород пошо тоа значи вишок јаглероден диоксид во собата, а мене ми е преку глава. Да замотаме сите сини марами околу вратот и со сива баретка на глава да се преточиме во лицемерието. Да тргнеме во марш на запустеноста и да се претвориме во зомби. :yawn:
    Одам, да живеам и да бидам промената која сакам да ја видам во светот. :D Да се почестам со вкусно кафе во топол амбиент, да разговарам и да дејствувам.

    Имајте пријатен и шарен ден, им го посакав веќе од се срце на блиските, и повелете нешто што ќе ви ги скокотне сетилата
    http://www.youtube.com/watch?v=NgdQqRcl ... re=related
     
    На bittersweet, caroline.costa, Gordana10 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Едночудо промени и по улициве. Се разбурила темата дека некои од нив ќе имаат нови имиња, се напнале сите, а јас не разбирам од кога станавме толку инфраструктурно свесни?

    Мојата улица нека се вика Љубов. Нека нема ни број, ни ништо. На неа радост нека ори, нека се гушкаат и старо и младо, нека има животинки и бродови, и пелени и стари чевли. Што сака нека има.
    Само оставете ја на мира секоја промена, аман! За кратко е. Се’ што е ново, нормално е да се голта, пробува внимателно, да се премерува. Но, со полна уста не се зборува, нели?
    Еве, и Џим пееше за таа улица.

    http://www.youtube.com/watch?v=LgkZaNzLDUQ

    Утре одам на ракииче и мезе со љубовта, па ќе качуваме нови ридови и планини. Нам урбаната џунгла ништо не ни значи.
    Патувањата, и дестинацијата до срцето, се најважни.
     
    На Bright, calliope, Phyramide и 3 други им се допаѓа ова.
  20. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    25.569
    Пол:
    Женски
    Животов би ми бил многу полесен кога би ја имала храброста што ја имам кога сонувам.
    Но,од друга страна доколку сите мои соништа ми се остварат, мојов свет би бил едно страшно место за живеење.
    Сакам да кажам .. не ветувајте ништо на никој, затоа што едно од најтешките работи е кога ќе ги разочарате тие од страна, а не сме семоќни за да исполниме се што сме кажале...

    http://www.youtube.com/watch?v=gH476CxJxfg&ob=av2n
     
    На L-enna, IvanaMkd, Phyramide и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.