Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ццц, моите нови наочари за сонце плачеа денес над глава уште посабајлечки, им го немаше сонцето, па морав да ги скријам да одморат. Наместо тоа добија слаби врнежи од снег и дожд помешано, па дожд...па оп некако сега посветло ми изгледа од прееска надвор, АЈДЕ СОНЦЕНЦЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ! Излези бе ајде знам дека не ти даваат од дома, не те пуштаат родителите облаци :D

    Зад мојата лепота се гледала некаква темнина, мрак, многу тешко приметлив и незабележив од лепотата. Е ај брао иако мислам дека и без оваа констатација ќе преживеев. |(

    Систематски преглед просечен накај незадоволителен, ама очекувано. Еееее па сега, знаев што ќе ми зборат. И дај нека ми се опраи крвнава слика веќе, ќе мрднам ли над 123 некогаш во животот, всушност тоа е мојот максимум, сегашнава состојба, цел живот сум 118-120 Хб. Анемија. Ама тоа е, плава крв и реткост :P :D

    Ај да се спремам јас, идам накај грааааааад, да си шетам, да разгледувам, да го игнорирам лошово време што се подобрува, кај сум скапана уште толку да се доотепам, и најважно од се да напраам една генерална контрола на брендираните продавници. Некако неодреденава коска-боја надвор ми изгледа се поведра, накај златеста ми иде некако ил ме очи варају? Ма дал ме очи варају, ма не, имам око соколово јас.

    Хев а најс деј грлс!
     
  2. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    И запомнете кога се ке помине остануваат спомените. Да ми речеше некој пред 8 години дека вака ке биде најверојатно едвај ке чекав да дојде овој период. Но да ви кажам дека колку повеке растам толку повеке чувствувам страв од тоа што ми носи животот.

    Се секавам на првиот школски ден. Облечена во тегет-бело фустанче со мајка ми отидовме на првиот школски час. Седнав помегу првите клупи и едвај чекав да видам со кого ке учам следните 8 години, која ми е учителка, каква е училницата, какви се учебниците. И се видов. Ни рече учителката да застанеме на табла сите и да го бараме нашето име во предметите кои беа исцртани на таблата. Неможев да најдам бидејки сите потрчаа кон таблата и јас останав во позадина. Кога сите си ја завршија задачата се вратија на своето место, се вратив и јас и почнав да и плачам на мајка ми велејки дека сум глупава и неможам да пронајдам еден прост предмет. Учителката ме примети и ме утеши и повеке бев засрамена одколку утешена. Се чувствував толку без врска, толку напуштена сама и со тешкотии да се вклопам, и така беше на почетокот. Ја имав привилегијата ако воопшто може да се нарече привилегија, да учам со деца кои беа дудлачи уште од мали нозе и исфорсирани од родителите. Поминаа првите денови, помина и првото полугодие, помина и второто полугодие. Оценките беа описни и веке сите знаевме да читаме. Не однесоа на тестирање за тоа кој колку го совладал материјалот, кој колку знае да чита латиница и кирилица. Прва бев, најбрзо читав, најмалку грешки направив. Ми ја подигна самодовербата и те како. Поминаа тие 8 години, дојде полуматурата, а јас не знаев дали да чувствувам срека или тага бидејки ке се разделам од соучениците. Сепак какви такви 8 години секојдневно ги гледав и бев тажна што мора да се разделиме, бидејки навикнав на нив.

    Првиот школски ден во средно. Душа вадев дома да фатат врски да бидам во класот каде што ми се другарките. Така и биде. Крајно збунета, исплашена, повеке бидејки видов со кои се сум во клас. Лигавење, детињасти работи нема до каде. Разгалени богати кокошки на мама и тато. А ние, ние си бевме едно друштво од 5-6 девојчиња кои го мразеа она што мнозинството го правеа и се чувствуваа нешто посебни бидејки денес се договориле сите да се облечени во розево и сите исти фризури. Абе тоа да ти се :puke: од нив. Баналност до немајкаде. Едвај чекав, ооооооо колку само едвај чекав да завршам средно. Секој ден на школо мене ми беше психичко мачење да бидеш толку време изложен на глупавештина. Преживеав. Завршивме. На матура едвај до 3 часот истрајав да славам и си отидов дома да спијам. Не чувствував потреба да славам дека сум завршила средно (големите eggs). Мада јас славев дека нема повеке никогаш да морам да ги гледам. :wasntme: Бев срекна, толку ме измачија психички 4 години што мислам дека уште во глава ми одзвонуваат нивните гракања.

    И така дојде ред и на факултетот. Се запишав прво на една насока, и ја направив најголемата грешка во животот. На почетокот никој со никој не се дружеше, не правеше муабет, беа многу недружелубиви а јас сакав следните 3 години да ми биде забавно и пред се сакав да се дружам. Кога видов колку е тежок материјалот како едвај да чекав да се случи такво нешто за да се префрлам на друга насока. И еве ја најголемата грешка. Најпрво за мерак. Сите се смеат, се дружат, кафиња после факултет, абе друштво снова. Со сите стоев добро. И тогаш почнаа сите да си ги покажуваат вистинските лица. Од муабети од една сељачина дека сум била со него, до кодошење на деканот и сите професори за тоа кој препишува... Лицемерие до бескрај. Ова ми е последна година. Уште нецели 2 месеца ке ги гледам “колегите“. Ке бидам срекна или тажна бидејки ке завршам? Кој знае.

    Ке дојде ред и на првото работно место. Ке биде подобро или полошо? Кој знае. Треба ли цел живот да патам бидејки не сум како останатите и не се замарам за дворот на комшијата, не вадам муабети за без врска, не дудлам на професори за повисока оценка и поени плус. Или можеби треба да почнам да ги правам овие работи, за промена да видам како ке биде, да бидам и јас како нив и конечно да се вклопам. Бидејки очигледно веке лугето не бират пријатели според карактерот туку според критериумот да ги правиш горенаведените работи. Ама не. Јас си имам малку другарки и имам потешкотии да се вклопам бидејки ТИЕ не ги исполнуваат моите критериуми. Да бидат лојални, добри, фини и како што би била јас секогаш тука за нив, така да бидат и тие. Ретки се ретки, ако...


    Остануваат спомените, лоши, добри, сеедно, те учат да живееш.
     
    На BlackSwan5, NoellePage, IvanaMkd и 6 други им се допаѓа ова.
  3. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    „За небитни не се замарам...не вредат. Посветенооо :*

    Коса ми се крева кога ќе прочитам вакво нешто кај нафурани пубертетлии, а уште полошо пак кај повозрасни.
    Од кога тоа се делиме на битни и небитни?
    Нели секој има некого на кого му значи колку сиот универзум?
    А што всушност за овие претставува зборот „небитен“? „Бидејќи мозочниот капацитет не ми дозволува да кажам нешто попаметно, само ќе речам дека другите се небитни и тоа ќе ме направи подобар/ра“?

    Превртливост. Стилот вришти: „Мачеее, најбоље си, али ја сум боље, да се разбереме.“
    Не бре. Самоистакнувањето било битно. Ако секојдневно се фалиш дека си најдобар, 7 од 10 души ќе почнат да ти веруваат и да се восхитуваат. Останатите 3 ќе бидат хејтери и небитни.
    Едно браво за мене, открив топла вода, сега уште да научам славината да ја пуштам. :D

    Денеска сум во некое улаво-позитивно расположение, а сепак по малку монотоно. Чудно, а сепак убаво. И јас не знам да објаснам.
    Од раните утрински часови, се загрижила раја што фејсбукот го немало дури цел саат ипол, а имале нова слика да стават, а јас само се грижам дали овие две тенки парченца кашкавал ќе ми го заситат гладот. Жими диетава. И Атлантис чоколатце каснав, ама едно ко ниедно, не?
    Ама не ме бива ако не спомнам нешто кое ќе се оствари во најскор можен период.
    Таман вчера мрчев за ненајавени гости и...уште не сум се рассонила, онаа камбана што мајка ми ја вика ѕвоно, а беше ставена за покојното бабе да може да ја слушне, упорно ѕвони ли ѕвони. Ме мрзеше да отворам, мразам такви што ко вол во зеље се упорни да влезат. Е нема. Пољуби ми кафена врата, надесно круг и марш.
    Таман се стиши...ооп, некоја си Византиска музика иде од кај комшијава. Абе ко погреб да ми правеа.
    И...бељааа, се сретнала типкава со Буби (мајка ми, оти ко мала ми викаше „Ела мама да те буби“) и те ти ја иде и се дере ко да го ослободила Косово. Си одам после 10 минути во ВЦ да се измијам ко човек...ми се отвора вратата „Лелееееееее Каљопчеее, колку си пораснала, лепотица таа види ја мња мња. Јас сум на мајка ти бивша колешка, ти не ме памтиш...“
    Ме заболе која си, кој ти дава право да ми влегуваш така во клозет? Што ако бев на шоља?

    И тако то, во кратки црти моето утринско патешествие. Морав некаде да се искажам, оти серка ќе ме фати.
    Вие имајте си убав облачен ден, направете го сончев со насмевки и не дозволувајте да ви упаѓаат така во ВЦ. Може ќе ве начекаат во незгодна положба, па од милост ќе ви го пољубат и изметот.

    И една утешна мисла која ја прочитав за сите во потрага по вистинскиот мажјак:
    „Сите девојки кои го бараат принцот од соништата, веднаш нека одат на спиење.“
    Или само направете се лом со некого на форум или во живо, може токму тој ќе е за вас. Worked for me. :D

    Аривидерчи. Одам да го пролистам остатокот од форумов.
     
    На LilBaby, Shelea, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Мирис на кафе после добар работен ден.Релаксација-незаменлива ^_^

    Како и обично 8ми март не може да дојде и да пројде без неколку пати да се смени времето околу него.Не за џабе е женски месец :f: :D
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Wow,ама почеток на денот :D храна во кревет,надвор си врне дожд и тропаат капките на прозорецот,телевизорот вклучен на Фокс Крајм и мирис на цреша во домот.
    Добрите вести не престанаа да доагаат.Ке си имам вујна :D Вујко ми конечно реши да заплива во брачните води.Пријатно е девојчето за разговор,се надевам дека ке имаме многу теми на разговор :D не за друго брат ми не е во Мкд па ке мора новата вујна да го менува :D Г. ми вика:Ајде бе што биде со нас,сите не преварија.Чекај маче,не се брзај нема да ти побегнам сега :D

    Незнам шо друго да речам,освен ке одам да си го барам паметот. :D
     
  6. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Никогаш не ги сфаќав девојките кои менуваа партнер на секои 2 недели, и беа заљубени до уши во секој од нив, спремни да го дадат животот во име на љубовта нели.
    Нејзиното височество - мојата ладнокрвност додека да се разруши и требаат месеци, дури и циркузи и акробации со цел да се воодушеви, а тие на секои 2 дена со нова симпатија. Мислам, не глумам јас некоја си ледена кралица, ама ете, потешко се заљубувам... или потешко паѓам на глупави финти.
    Денеска, јас сакам да сум една од нив. Не дека ми е дојдено до постојано менување, ама ми фалат пеперутки во стомакот и треперење на срцето кога ќе видам некого. Можеби и затоа тие толку си правеле фати-пушти, заљубени секој ден, што арно им било. Убаво е да го гледаш светот со розови очила секој ден.
    Не се жалам, си имам прекрасен примерок од спротивниот пол покрај мене, ама помина времето на нагло покачување на фреквенцијата на срцето кога ќе си помислам на него. Нема да глумам лудило и да се преправам дека сум заљубена секој ден, толку ми е совршено што не можам да заспијам, и секој ден се будам на седмо небо, зошто реално не е така, а посебно не пак после неколку години, си има кризи, периоди на монотонија и ова е еден од нив. Колку побрзо признаам, толку побргу ќе помине. А и некој ќе се утеши дека не е само неговата врска за никаде.
    Не го сфаќам тоа постојано фалење кај девојчињата и криење на проблемите, ме депримира и секогаш јас испаѓам будала што си кажувам искрено. Ама, и тоа е можеби некој одбранбен механизам, сепак не секој ти мисли добро.
    Ај, барем уште се смеам ко зелена кога ќе го видам од далеку...иако нели не ми доаѓа со ружи секој ден и рецитира поеми како другите :smoke:
     
    На bittersweet, Doozy, L-enna и 5 други им се допаѓа ова.
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Си изнакупив благо грицкам, шмукам кока-кола. Ко мало дете се изнашприцав за ич пари со парфеми, сега бар убо ќе мирисам во авион. Флертувам бе, со црн швеѓанин, погледи се смешкаат, чисто онака интересно ми е, детенце вришти на земја и се треска, мајка му не знае што да му прави. Имам батерија за 45 мин за компјутерот, ми падна новчаникот при претресување се разлетаа картички, железарии, пари, слики, се наведнав и свесна бев дека газот ми се гледаше ама не ми чуеше јас си собрав што требаше, сликата на пасош ми е ко да сум воскреснала, страшно срам ми е секогаш кога го давам пасошот. Сонце ме грее низ прозор..Срби галамат околу мене еден тон. Си кажуваат приказни за човечност и почит, ама се правам не ги разбирам. Осеќам дека блиску ќе бидам до своето.. Мејл со објаснување за литературниот проект дека е супер, сфатена е поентета само мали грешки. Резултат од испитот во понеделник, друг испит април и мај.. Аплицирав за летен курс на еден остров овде, ќе барам уште некои места да аплицирам.. ширам убава енергија. Ќе заспијам покрај љубово што и да ми е веќе не знам ама седум месеци трае.. растам секојдневно со секој предизвик и болка, успех и неуспех.

    И да. Дома си е дома. Таму е моето срце и моето се!
     
    На bittersweet, Breezy, LilBaby и 2 други им се допаѓа ова.
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам искрено... Пукнав... Џабе глумам дека сум силна... Кога само се преправам па дури и пред сама себе.
    Не сакам да го гледам. Не сакам да го сретнувам. Не сакам да ми се сечат колената кога ќе го видам... Уствари не го ни видов асално, ама знаев дека тој ме гледа. И си поминавме, како најголемите странци. Како некој обичен човек што секојдневно поминува, а никогаш не сме го забележале.
    Така и ја со него, со човекот што го сакам.
    Епа можда сум патетична, можеби помина доволно време за да преболам.
    Ама не. Мене ме боли.
    Ме боли до тој степен што се враќам на самиот почеток од патувањето без него.
    Дури можеби и повеќе боли.

    И останав сама. И седнав да пишувам. Немав што да напишам. Почнаа солзите да течат и чувствата сами да излегуваат на површина, а рацеве механички да ми се движат. И како што пишувам, така сфаќам што ми лежи на срцето.

    Боли, пече, и не поминува. Ни малку. На моменти е уште истата свежа болка. Можеби ја има се поретко во свесноста, но длабоко е скриена. Ретко искача на површина, но воопшто не избледела.
    Се прашувам и дали ќе избледи.

    Се прашувам и дали тој мисли на мене, како што јас мислам на него.
    Знам дека имавме лош крај, но целата приказна беше прекрасна. Се надевам не го памти само крајот.

    Ми недостига. Страшно многу ми недостига.
    Не знаев дека вака ќе изреагирам кога ќе го сретнам.
    Не сакав вака да изреагирам кога ќе го сретнам.

    Најтрагичното е што јас му простив се`, он не го знае тоа, не му е ниту битно. Не би биле повторно заедно... Но убаво би било да знае дека сум простила. И да му значи тоа.

    Знам дека ова е само излив на емоции... Знам дека изгледа очајно... Знам дека брзо ќе помине, бидејќи немам друг избор... Знам дека тој никогаш нема да сфати.... Знам дека никогаш нема да бидам со него... Знам дека животот мора да спрема нешто многу големо за мене, за да се искупи за сево ова што го поминувам овие 3 месеци...

    Можам да напишам уште 1000 реда. И пак нема да го испразнам сево ова од мене.
    Можам да премолчам за сево ова што ми изби денес на површина, но не знам дали е паметно.
    Можам да плачам пред другарките колку што сакам, и ништо нема да сменам.
    Можам само да се помирам со сето што беше и да продолжам...
    А пустото, многу е тешко константно да бидеш помирен со работите... зашто Марфи е ужасно голем ГАД!
     
    На Rock-a-Fella, teddybear, Dgirlll и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.403
    Реченица што често ја слушам деновиве од едно...па,човечиште. So close,but yet so far... ете тоа сакам да кажам. И кога не треба по инерција си рецитирам,орелски крилја как да си метнех и в МОИ стрни да си прелетнех и пуф! Претплатникот не е достапен во моментов,на едно сто дена,ако сте упорни ќе го најдете,ако не тој сам ќе ве побара еден сончев ден.
    Стиштено Скопје,пред осми март. Ако се потпрам на ракава се плашам дека ќе заминам во друг свет.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека секој ден се повеќе се изненадувам од многу луѓе,и колку се тие против мене...
    И сакам да им кажам на сите тие...дека не се откажувам,ке се борам до крај за мојата среќа,не може влијанија од страна да ми се испречат на патот...не ако јас сум силна. :P
     
    На AnaKarenina и maca99 им се допаѓа ова.
  11. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Луѓенцава често забораваат се што си направил за нив.Не заблагодарни..Ова ти ти се вика рани куче да те лае :x

    Тешки моменти,тешки денови,испуштив толку солзи за што?За ништоо.Толку многу се борев,за што?За на крај да останам без ништо..Неможам веке вака да продолжам.

    СЕ ПРЕДАВАМ.Кревам бело знаменце.

    Сега вие мелце помачете се.
    Толку од мене.
     

    Прикачени фајлови:

    На BeYourself, IndieGirl, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  12. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    иако надвор врне, и е облачно, денеска времето неможе да ме уништи :), кафенце, лаит музиче, цигарче,фемина, сама дома ооооо вака би терала до 101 и пак назат, и додека чекам да се стопле бољерот, мислам утре што да им купам на бабите и тетките и вујните за 8ми март, си го рачунам сопствениот буџет, а најмногу ме мачи на дечко ми мајка му, ама мислам дека ке ја средам неа со некој убав букет цвеќе, класика бе брат.. исто така мислам како да ја наговорам сестра ми да стисне некое денарче, оти ова вака не бива сум почнала да осиромашувам....
    и наеднаш ми дојди мисла ако си ја испеглам косата надвор врне, ке ми стане никаква, ако ја навиткам пак ке бидам никаква, и за тоа решив да си а оставам природна никаква и да не излевам од дома денес, и така ми е убаво кога сум дома. :D б :D бај д веј хеб а најс деј олл ов ју
     
  13. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.313
    Допаѓања:
    8.780
    Се давам во една кофа кафе и го поздравувам снегот.
    Нели, Марфи едноставно не може да ме гледа во пролетна јакна....

    Туку, сакам да сум забавиште. Сакам еден куп монистри, фломастери, боички, пластелин, лепак, колажи околу мене и да се шлакам без ограничување.
    Да свиткам еден голем лист, да нацртам анорексично цвеќе на него и учителката да ги исече краевите со интересните ножички.
    Да напишам среќен празник мамо во музички стил- секоја буква во различен ред.
    Сакам да и купам кич каранфил, да ја гушнам...
    Пораснав, а некогаш толку проклето ми фали монотонијата од дома.
    Доаѓа првиот 8ми Март надвор од дома.
     
    На mims-89, anabel-a и Bright им се допаѓа ова.
  14. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Toпла супа,после напорен ден со мм.Ти благодарам Господи што резултатот е негативен,што не е најлошото ....Среќна сум,пресреќна,еднаш и нам да ни послужи среќата.
    Само сеуште се чудам како можеше мајка му да ја трпи срце и цел ден да не праша каков е резултатот на син и? Знаеше што може да биде.Сепак ,знам дека кога тогаш
    Всушност,секогаш е така,само треба време,кое стрпливо ќе го дочекам,зошто знам дека ќе дојде ;)

    Сега,можам да здивнам,ми се симна огромен товар од душата :whew:
     
    На Gea, mims-89, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Сакам да се возам со гратски автобус бидејќи не сакам да акам 40 минути до факултет (брзо одење). 15 минутна турнеја во еден исти правец. Не е лошо.
    Не сакам да се возам со гратски автобус бидејќи толку знам некогаш да се занесам во животите на другите лица тука околу мене, па и да бидам премногу сочуствителна што сакам веднаш да излезам од бусот. Но, и во едниот и другиот случај, јас не можам да ги решам нивните проблеми. Едно „извини“ во ова денешно време некој може погрешно да го сфати, сосема спротивно. И така ќе си ќутам и мирувам/замислувам/читам/патувам додека стигнам. Луѓе, луѓе, луѓе - насекаде. И сите трчаат за некаде. Некои ќе излезат на прошетка, и пак трчаат - од навика.

    Пред да купам апарат (значи не од оние профи), си замислував секој ден дека ќе фотографирам случки, настани, луѓе... Најтешко е да фотографираш луѓе. Сум пробала, ама се кријам. Го тргам тоа апаратче што фаќа моменти. Луѓето постојано брзаат, не можам да ги „фатам“ како што треба. Ама знаете што? И подобро. Се осеќам виновно ако ги сликам - која сум јас да си правам од нив фотографии, т.е. модели? На нивна мака или среќа да се занимавам? Не можам.

    Во спојлер имам една таква слика, која никаде не ја имам објавено бидејќи осеќам срам. Ја ставам тука за да знаете за што ми е целиов пост. И.. можеби ќе помислите дека претерувам или забегувам во патетики.. ама јас така сега мислам и чувствувам.


    А сега е време да се посветам на учење. Уф колку само ме израдува 10ката по книжевност (роман) ^_^ Бидејќи сега ми е дадено да учам книги и животни ситуации... ќе го правам тоа. Животни лекции се во прашање.. секој ден - ист не е.

    Време е за ручек. Се учам да готвам :wasntme: Успевам, полека полека!

    Поздрави и честитки, жени мои убави и посебни, нема врска што денес е 7ми март - забавете го малце чекорот и дајте си чувство дека сте тука и постоите - и за себе и за другите. ;) :f:
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, LivingGlam, Noemi и 16 други им се допаѓа ова.
  16. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Да ми кажеше некој дека животот е толку суров кога ќе пораснеш, немаше да брзам да пораснам.Ќе си останев дете, ќе мислев дека мама плачи зошто ја боли глава, дека не спие зошто не и се спие.Дека тато работи зошто мора да носи пари дома и дека ја сака својата работа.
    А не вака, да бериш денар по денар за да каснеш нешто благо.Да се молиш да е утре се во ред.Да сакаш да плачеш а не можеш.
    И додека слушам некои познанички како се лутат зошто палтото им било старо 1 год си велам прашајте ме мене, имам старо палто и уште постари чевли.
    Ама знаете што јас ќе се борам да утре ми биде подобро.Ке го облечам старото палто и ќе одам на училиште и додека сите други ќе имаат подочњаци од журкање јас ќе имам од учење.Јас немам родители на високи функции за да ми најдат работно место, па да се опуштам.Јас ја немам таа привилегија.
    Па што,јас сама ќе се изборам зошто знаам дека на крајот од овој тунел и мене ме чека светлина.
     
    На Annath, bittersweet, x.Daisy.x и 15 други им се допаѓа ова.
  17. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Многу ми е тешко да се фокусирам за нешто определено зошто мислата цело време ми забегува накај некои поубави димензии, накај ноќта, накај утрото, накај еден мирис и едни очи и една глупа песна со убав текс.

    Се случи што се случи, свртев нова страница во мојот живот.

    Патем на мајка ми и купив за 8-ми еден гел за туширање, преубаво мириса, од Космо за 250 ден :lol:.
    Сега се правам на тошо. Утре ќе ја израдувам. Сакам кога ја гледам среќна и исполнета. :)

    А вие бидете ми поздравени.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... Без коментар. :| Тотално јас ...

    [​IMG]
     
    На Look, Hiii, IndieGirl и 8 други им се допаѓа ова.
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Една врата се затвори. Но ќе се отвори друга.
    Ќе си почекам јас, трпелива сум.

    :)
     
    На Noemi, teddybear, Primavera и 2 други им се допаѓа ова.
  20. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    СДК си сменив Аватар :D Земав една слика од истата тема, малку ја досредив и ВОАЛА ете ме новата јас :)
     

    Прикачени фајлови:

    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.