Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Несквик , лаптоп, тивка музика, книги околу мене, идилична слика |( , обврски еден куп. Некој да се смени со мене само до 20ти?

    пс. crazylady била многу убава женска :) така да знаете :)
     
    На teddybear и sanjalica им се допаѓа ова.
  2. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    СДК, а да се смени некој со мене до 21-ви? Посебно некој што има научено :lol: :lol:
     
    На Peperutka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    18 Часот, време за попладневно кафе.

    Немам што да кажам освен дека сум зафатена сериозно со учење, ух, полагам наредната недела.
    Мора да се положи се, мора...
    Волку мерак на книгата не сум имала никогаш. 8)

    Среќа бар не мислам на љубов, зошто по се ми изгледа со слика ќе се мажам во Австралија. Хухуху...
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083

    да да и јас мислев на некој што го има научено ЦЕЛ материјал по СИТЕ ПРЕДМЕТИ , за се друго можам и сама, како така ќе се снајдам па макар ич сила да неам :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.350
    Да и се плукнам јас на целата технологија! И тоа е нежна пцовка. За сите компјутери, мобилни, ајфони и таблети, и додека пцувам, и клучеви за далечинско отклучување на колата(еј види од 50 метра ќе отклучам ама пак треба да доодам пеш до неа-глупости живи)

    Пред десет години си пишувавме писма, си праќавме честитки за роденден, ги биравме по пола саат,па вежбавме краснопис на посебен лист, па кое пенкало убаво пишува... А сега? Си знае тетка дека утре од сите 4 внучиња ќе добие електронска честитка за Среќен 8ми Март, изберена и потпишана(истипкана) од страна на мама. Не сакам да звучам неблагодарна за мислата, и овојпат нема да им кажам, ама стварно не сакам таква! Сакам картонска честитка, обична, не мора да е честитка и еден лист хартија нека е, да им ја даде мама и да каже нацртај нешто на тетка, на која дрцкале со боици, па ја ставила мама во плико, која буквално од нивните прстиња летнала и допатувала до мене, а не со еден клик на сенд. Сакам да си ја ставам на полица,да ја покажам, да си ја гледам и да и се радувам.

    Хипокрит сум знам. Оти сепак технологијава дозволува да си ги гледам редовно, макар преку екран, кога не ни дозволува далечината почесто инаку, и сакам да го сопрам алармот на колата од дневната кога засвири во ниедно време, ама ете и утре ќе ми фалат тие парчиња хартија што ниедна технологија не може да ги замени.
     
    На AIT, sanjalica, thinkerbell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Хмм интересно. Јас си го најдов мојот, така да..се согласувам :D
    [​IMG]
     
  7. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    На sanjalica и Cynthia им се допаѓа ова.
  8. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Кхм, кхм.

    Какво време, таква јас.
    Јурев денес по градските улици, искористив јавен превоз, посетив библиотека, купив книга од книжара, ги помирисав цвеќињата на пазар, ми се идеше едно да си ставам позади уше. Ете колку да му идам контра на времето.

    Собрав мрчаторство, споделив насмевки, видов чувства во луѓето, добро е што сеуште ги поседуваат. Почнало чума да не коси.. па какво време тоа дојде.

    Дојдов дома и мислев да испринтам еден лист, нешто вака би изгледа.
    Апел со сите корисници на јавниот превоз!!!(со фонт 52 и болдирано)
    Драги пензионери, стари, млади, деца безразлика на вашиот пол, вероисповед, локација на живеење и тн и тн и тн.
    Во автобусот има манири кои треба да ги почитувате со цел да се постегне чиста околина и да не предизвика гадење кај луѓето у вашата околина или не-дај-Боже на некој што седи до вас.
    Затоа Ве молиме, како почесен граѓанин на малава ни државичка и некој од втор ред у хиерархијата да не јадете во автобусот затоа што не е културно, може да дојде до блуење на некој позади,пред и до вас, а успат ако јадете некој мрсен бурек ондак целиот автобус го зашеметува мирисот.

    Второ колку и да сте болни, ве фатило грип, имате болка или некоја кашлица немојте тоа да го интерпретирате цел народ да го знае. Уште во мали не учеле дека треба да се става рака на уста кога се кашла. Не мора да го истуширате и така (не)искапениот народ околу вас.

    Трето НЕ се зборува гласно со чоекот до тебе, ниту да збориш гласно на телефон. Богати.. не живеете во Тунгузија па да не фаќа жицата. Не треба и не не интересираат воопшто семејните, комшиските, роднинските, пријателските, љубовните, градинарските и проблемите на работа. Get over it!

    И како четврто накај петто. Не е задолжително, но е пожелно.
    Не знаеме колкава е важата ситуираност, но ако би можеле да си допуштите да купите стик за под пазуви или дезедоранс, па на крај краева или да поминете два пати со влажна марамица, нема да им штети на сетилата за мирис на народот.

    ПС. Без осудување, возвишување, клеветење, фалење на Власта или опозицијата. Но ме интереса каква би била ситуацијата ако вие сте премиер. |(
    Со цел за подобро за Македонија. Да исполниме уште еден услов за влез во Нато и ЕУ.
    Благодарам однапред.
     
    На TeddyGrey и sanjalica им се допаѓа ова.
  9. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Господе,кога прашав дали мојот ден може да биде полош,тоа беше реторичко прашање а не предизвик ;) .
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Светов бил многу убаво место, кога гледаш убаво. После долгогодишно мачење, ставив леќи и прогледав како никогаш до сега :D озбилно, во моето сеќавање, нема волку чиста глетка :$ само единствен проблем ми е што ми е шубе да не ми се изместат и на секоја минута проверувам дали се тука :lol: шта чеш, си подрипнувам од среќа
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    А, бе, од толку паметни веќе, преку глава. |(

    Само памет тече по улициве, саде паметни и големи умови имаме во државава. Кај се најдоа толку, ич не знам од кај испаднаа сите вакви. Или јас се потценувам или некој се преценува. Најдобри, најубави, најпаметни, најучени, се нај - ама нај на мајка. Ние другиве што да правиме, што ни на мајка не сме и најубави? Проблеми, шта чеш. Живот је такав, чупав и длакав. :D

    Дај бе малку, ама стварно, малку лево-десно, по некоја самошлаканица за освестување, може и доброволен бокс - од мајка.

    п.с. Лечам блага пролетна депресија со машки стриптиз и бело вино. ХА! :emo:

    п.п.с. Ама озбилна сум. :geek:

    Едит - Е уште ова го немав видено. Си ги сликале индексите и си ги ставиле на фејсбук. РИЛИИ? Дај и мојов да го кадросам, да види народов кој е кој. :rofl:
     
    На Primavera, Oxymoron, Rock-a-Fella и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Веќе неможам и не сакам да верувам во работи кои се too good to be true. :!:
     
    На IndieGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Значи какви луѓе постојат тоа е едно чудо. Машко да удри девојка па згора на сето тоа да и се заканува. Мислам тоа не е ништо ново, али лошо е кога тоа ќе се случи на некој што го знаеш, мислам мене ми е тешко, а камо ли на таа особа.
    Денеска се чуствував како дел од мебел. Мислам како никој да не ме забележуваше цел ден или пак сум влезена во некој страшен ПМС па мене ми се чини така :D
    Се на се се надевам дека утре ќе биде подобро и дека нешто убаво ќе се случи...
    Утре 8 март јас ништо немам купено за никого и се мислам само на една особа да и купам нешто. Другите нека ми простат ама немам пари јас :(
     
  14. Radiance

    Radiance Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    170
    Сдк дека многу нешта ќе се променат во наредниве неколку месеци...
     
  15. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Секој ден исто...Се будам, со нова надеж за денот кој претстои. А знам, пак ќе биде истото. Истите мачења длабоко во мене, истото чувство на вина се буди веднаш откако ќе ги отворам очите. И уште рано наутро, се појавува тој сјај на тагата во моите очи. Повторно и повторно, секое утро. Се чувствувам лошо. Никој од најблиските не ги почувствува моите солзи. Само една обична молчалива хигиеничарка во училиштето. Жена која што не ја познавам, а ми пријде како да ме познава цел живот. Што ли да и одговорев на прашањето „Тешко ли ти е?“. Само одмавнав со главата, а со мерак ми кимнала и би почнала да раскажувам се. Се. Се. Всушност, нема граници на мојата разочараност. Да почувствуваш дека се променуваш во друга личност, а да ти бидат врзани рацете и да неможеш да сториш ништо за да го спречиш тоа...И последната искра среќа ли згасна во мене? Се чувствувам празно и темно. Немоќно. Секој отчук на моето срце плаче во мене. Како да со сила ја пумпа крвта што полека замрзнува во мене. Се чувствувам ладнокрвно кон се. Порано бев девојка полна со живот, а сега...А сега...А сега...Ах...Што е со старата ЈАС? Каде замина таа личност која сите ја сакаа, од која сите бараа совет? Тешко е да се прифатиш како нова личност, со нов живот.
    Рано сабајле, со чантата на грбот излегувам од дома, со замаглени мисли и бледо лице. Ја нема веќе таа насмевка по носот. Под малото носе, од веселото муце остана само една сува испакната розеникава кожа. Не, несакам да сум ваква! Не можам на никој да кажам што се случува со мене.
    Тешко е. Не би сакала на никој да објаснувам. А и доколку би сакала, што би му рекла? А и кога ми бу раскажала се, кој би ме сватил? А и кога би ме сватил, што би ми рекол?
    Покрај толку многу луѓе околу мене јас сум осамена. Како да се наоѓам на друга планета. Не сакам да разговарам со никого. Не сакам да одам на училиште. Сакам само да седнам на креветот и да гледам ни з прозорецот.. Сама и осамена, како што сум и сега додека пишувам на овој форум.
    Од веселото девојче, со живи и насмеани очи, остана само едно бледо суштество, без живот, како подвижна машина. Без чувства. Без надеж. Без волја. Без ништо...
     
    На IndieGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Почетокот на месецов беше добар... Всушност, „добар“ е скромен збор. Сега ќе ви кажам зошто:
    1. Брат ми оди за Словенија, на сметка на училиштето, таму ќе имаат и пракса. :wasntme:
    2. Имам нови панталони, и прекрасни ми се. 300 денари
    3. Избиравме јакна, тренерки и патики за брат ми.. Не е важно дали за тебе или не, шопинг си е шопинг.
    4. Мајка ми се поднови со нови чевли по повод утрешниот ден.
    5. Утре е осми март бре!
    ...
    Убави нешта се’ случуваат, иако ми се чини дека во мојов живот ништо не оди како подмачкано.
    Ама, додека има надеж, има се’ .
    Ми беше интересна една бабичка (не толку стара), не’ замоли на мене и мајка ми да и’ извадиме пари од карчитката, не знаела да управува со банкоматот, а после тоа 5 минути не’ благословуваше.

    Хах, интересен бил животот, како што вели наставничката - Животот е како роза, убав и миризлив, ама треба да внимаваш да не се избоцкаш. И навистина е така.
    Доколку барем на ммоменти успееме ги избегнеме боцките, добро ќе биде.

    ..И сега, 12 дена без бато. Иако негирам, знам дека ќе ми недостига. Брат.
    Ќе нема две недели со кого да се мајтапирам, закачувам, ќе нема кој да провоцирам, ќе нема мене кој да ме провоцира... Се’ што правевме - сега нема, ама фала Богу, за добро е.

    И да, ми игра десното окото, денес и вчера, абе, на секој пола саат. :?: Некој вели дека е добар знак, а некој лош... И сега не знам во што да верувам, а како што не сум некој суеверен тип на личност...
    Хм.

    Туку, останете ми добри, мили, посакувам да ви се случуваат прекрасни работи!
    И.. останете ми убави! ;)
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.018
    Пол:
    Женски
    сдк

    људи људи вратио се Шиме :lol:
     
  18. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Денеска дефинитивно е многу досаден ден.Се вратив од школо,јадев,спиев,станав па пак јадев и еве сега пак јадев.Само јадам а најважното е дека планирам да слабеам.Сакам да ослабнам 2-3 кила ама ми се јаде,сакам да трчам на стадион,ама ме мрзи.Треба да седнам да научам, и тоа ме мрзи.Дури пак почнува да ми се спие од што ми е досадно,а треба да научам,ама кај ќе учам кога влакноманијакот се гледа, у која соба да отидам жити се за на раат да седнам пола саат да научам.На крај ќе отидам горе,ќе научам,ќе си слушам музика на слушалките и пак ќе го ставам телефонот да се полни,како и секој ден |(

    И така.Досадно.

    Tуку и да надополнам.Ќе се соблечам сега на купаќи,да видам колку сум се здебелила,кај треба да ослабнам,кои делови да ги зацврстам.Ај се надевам дека нема некоја голема разлика,барем тоа можеби ќе ме расположи.

    Поздрав.
     
  19. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
  20. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Ме нема ни тука, а се помалку ме има и во светов. Чувствувам дека се претопувам со секојдневната рутина и за прв пат мислам дека тоа ми се допаѓа. Не, ова не сум јас или барем тоа го посакувам.

    Трет семестар официјално чист со висок просек за кој на никого не му е галје. Хм, можеби ќе придонесе за стипендија за мастер ама за тоа има време. Да чекориме во такт со времето. Тонам во зелените очи на мачките и во некоја Пилешка супа за душа до доцни ноќни часови. Боже, на книги почнав да плачам како педерче (превземен цитат).

    Ништо, тоа е сешто. Љубоморни луѓе за кои не ми е јасно што по ѓаволите им е проблемот. Ајде иди не се замарај кога ти се пред нос. За 8ми март целам кон ефтини текили во Сопотско и насмевка од мајка ми.

    Ете тоа ако некој се интересира е се што имам да кажам.
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.