Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    СДК дека се повеќе добивам желба да почнам да си дизајнирам своја облека и чевли.
    Или јас имам премногу бујна фантазија и креативна имагинација, или продавнициве нудат многу лош избор на роба. А можеби и двете работи се во прашање... :^)
     
    На glow, la-chicka, Bright и 7 други им се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Како ми помина цел ден... негативно, депресивно... па немав ни никој да ме насмее и да ми каже дека се ќе биде во ред. Ајде нека дојде петок побргу барем да се позабавувам ако не друго |(
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.403
    И така се накотија хипстерите и неразбраните уметници у земјава у која ни има ѕирка,ни проѕирка кон светла иднина,ама млатачи на празна слама за прогрес,протест и реакција,еден тон! Ама не знаат како пустите...зошто сите се дизајнери и фенси шменси срања.
    [​IMG]
     
    На MacaLove, Wild.Child, Gea и 2 други им се допаѓа ова.
  4. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    СДК .. отсега, L-enna ќе е зелена! :sun:

    Хуху, има и рима ова. И во реалноста и тука.
    Воедно и вистина, ама не во големи размери. Барем така мислам. :angel:

    Се радувам.
    Како што ми е денот никаков, ова ново цветче ме израдува и тоа многу.
    Најважно, цветчето е со најпрекрасната боја, мојата омилена!

    Со длабоко извинување кон оние девојки кои се на диета, има нешто вкусно за вас во споилер, со оглед на тоа што мама немаше време да направиме една тортичка. :doh:
    [​IMG]

    Имајте прекрасна вечер и вие .. и дозволете понекогаш вакви ситници да ви донесат голема радост. :f:
     
    На Doozy, zhap4e, Divinebutterfly и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Денес полнам петнаесет кома пет.
    И за месец и 6 дена, ќе правам 15 години, одкако сум крстена, лилаа.
    Најбеозбилно. :wasntme:
    И незнам што ми стана, ама ќе си поцркам.
     
    На Ann.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.536
    Допаѓања:
    35.686
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да се кажува...
     

    Прикачени фајлови:

    На La.Reina.Del.Sur и Gordana10 им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.706
    Допаѓања:
    23.127
    Пол:
    Женски
    Значи преку таквото од мажи што викаат дека жените се глупави, вакви-такви, значи на еден сајт се изначитав такви гнасни коментари и размислувања шо ни во турско ги немало, то страшна работа... Ако не ви чинат жените, мажи истомисленици колку сакате имате (барем сега сме демократија), фатете си го дечкото за г* и ич не му ја мислете какви сме ние жените. :D
     
    На Divinebutterfly и baguf4e им се допаѓа ова.
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ^ Баш не се согласувам. Не е се` во парите, не е воопшто, меѓутоа на денешницава мислам дека се` може да се купи со пари, освен чувства.


    СДК дека сум назад повторно. :hai:
    „Не знаеш колку нештото ти вреди, се` дур не го загубиш.“ - рече мојот рутер и светна црвено. ;(
    Колку што ми беше досадно, толку и ми беше забавно неделиве. Многу работи ми се случија, премногу. :) Паралелно со тоа, конечно се докажав и на училиште. Ги поправив повеќето оцени и се истакнав кај некои професори позитивно, тоа многу ме радува. Не знам, едноставно живеам како што сакам и убаво ми е. :)
     
    На MandyLane, mims-89 и baguf4e им се допаѓа ова.
  9. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    СДК...Боли тоа што не сум почуствувала што е тоа вистинскиот татко, да ти е татко во вистинска смисла на зборот! :/
     
  10. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    Како може толку љубоморни лица да постојат на световвввввв????? :@
    На интернет се прават некои а во живо ни здраво ни буква туку само накриво поглед |(
    УПМ Нека идат љубоморните напнавте!! :fubar:
    Живејте си го својот живот.. :!:
    Но за жал има некои што живеатт од тоа.. :@ :@
    Ги жалам!! :)
     
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Силна сум. И морам да издржам.
    Само ова си го повторувам во мене во последно време.
    Но ете вчера се прелеа чашата. Силен удар, тешко е и боли. Сакам да се задржам на нозе, сакам да ја пронајдам смислата во се, но таа избледнува. Барем за мене.
    За џабе ќе зборувам како било и како требало да биде. Тоа е што е, а тоа што треба не биднало. За жал. И секое навраќање во минатото уште повеќе ќе ми ги отвара раните. Најтешкото е тоа што остануваат убавите спомени, остануваат да болат најмногу. А оние лошите не ги ни паметам. не ми се важни.
    Не смеам да си дозволам да тагувам. Сакам да го зграпчам животот со сите негови убавини, но како некој да ми ги врзал рацете.
    Најмногу боли затоа што сум виновна, и не бев во право за сите оние лоши зборови. Колку работи би сменила кога би можела... Би се вратила на почеток и би била поразумна, посмирена, поодмерена. Колку работи само не би кажала, и не би ни помислила да ги направам.
    Можеби многу доцна разбирам што изгубив, и колку е се друго околу мене лажно.
    Имав едно нешто, и тоа го изгубив. Заслужувам само најлоши зборови, затоа што бев најслаба кога требаше да бидам најсилна и да одолеам.
    Не сакам да се мразам себеси, сакам да продолжам напред со бистар ум и без солзи во очите. Со насмевка да се сеќавам на убавите нешта.
    Се каам многу. Тој нема да ми прости, а најлошото е тоа што самата јас нема да си простам никогаш.
    Крај... е зборот што отсекогаш ме плашел најмногу.
    Молчи телефонот.
    И јас молчам. Сама.
    И се сеќавам...
     
    На IvanaMkd, TeddyGrey и CIA им се допаѓа ова.
  12. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    ... дека многу е лошо кога ќе се избориш за нешто или кога ќе се потрудиш нешто да направиш со сиот ќејф, и кога нема да ги добиеш очекуваните реакции ;( Една нервоза може да направи да те нервира се околу тебе и сите луѓе околу тебе, и да му се истуриш на некому за ситница. Да му се истуриш до таму што веќе немаш контрола што зборуваш, сакаш само да го исфрлиш тоа што се насобрало во тебе. Потоа се нервираш зашто така си постапила и си создала кавга која не била потребна, и која ти донесла дупло повеќе нервози... Затоа е потребна голема самоконтрола, која ако ја имаш, го прекинуваш ланецот нервози, не му се истураш никому, и тие нервози кога не можат да излезат низ устата преку зборови, одат во главата и предизвикуваат главоболка... Главоболка од која не можеш да размислуваш и не сфаќаш дека нештото можеби и не е вредно за толку нервози. Ама тоа ќе го сфатиш утре... ако го сфатиш...
     
    На Chocoholic, IvanaMkd, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Со оваа моја фобија од земјотреси незнам до каде ќе стигнам.
    Највероватно до наредното зелено апче од 5 мг, онака да не ја прекинам дневната доза на самоуништувањето.
    Уште поинтересен е феноменот да си создаваш физичка болка, само за да заборавиш на психичката.
    Затоа што кога ќе те боли душата не можеш да поднесеш, но кога ќе си ги исплакнеш очите со доместос, ќе посегнеш по секирата и ќе пресечеш еден прст од раката кој ќе го испржиш во прегорено масло, ќе му ставиш игли и така ќе го голтнеш со сласт, е тоа е болка.
    Исто така главата ми чади и од неплатената ми работа. Ветено ми беше само помала грижа, помалку солзи и повеќе одмор, парите ќе ги берам од на дрво.
    Се мислам како да го завршам ова мое СакамДаКажам,ама не ми доаѓа ништо корисно.
    Уште благајната за Март да ја привршам и готово, ќе си легнам сонувајќи ги моите Харибо берис гумени бомбони и цезар салатата.
    3 пати да не купам цигари, ете ги моите берис и салати, но не.. кој ќе ми смирува нервоза после?
     
    На Cynthia му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    One step forward, two steps back. И ми се смачи веќе!

    Најмногу ми е криво што мислам дека самата сум виновна...што не сум доволно храбра, што не сум доволно силна да се спротивставам. Реков...или ќе си умрам од грижи и мака, или ќе се претворам во некое чудовиште без чувства кое ќе нема веќе обзири кон никого и ништо!
     
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Ким, во право си, човек треба да има потполна самоконтрола, па и некој колку и да го налути или изнервира да знае како да ја пренасочи нервозата или во момент на лутина да внимава што зборува и како зборува, па колку и да не ја сака личноста, без разлика.Или пак најдобро е тој што ќе те налути само да не му обрнуваш внимание, оти колку повеќе обрнуваш внимание, толку таа личност зема сила, не за друго ќе си имаш мир откако ќе ја заборавиш и лутината и нервозата, тогаш ништо не ти може :) ;)

    Бре се изнаслушав убави емисии на радивцево :D ептен ми беа поучни :D отеков со ова :D :wasntme: ама шо да праам впечатоци преголеми :D
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Свесна дека сама сум си крива за се што ми се случува продолжувам со истите глупави постапки. Па до кога вака? До каде ќе стигнам? До никаде. Ама не го сфаќам тоа. Јазикот не сака нешто да остане неискажано, па трча се брзо да каже. За на крајот пак да ја заебе работата.

    Се е џабе. Џабе зборам за овие работи, џабе се навраќам на грешките од минатото, џабе на моменти сум свесна кои глупости ги правам, џабе. Пак сум истата. Пак не размислувам пред да кажам нешто. Пак истата приказна. Пак сама себе си се заебувам. До кога вака не знам, се надевам ќе се опаметам наскоро. Инаку тешко мене ако засекогаш останам ваква каква што сум.
     
  17. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    То Цецо!
    Си освоив 27.000 евра на онлајн казино!!!

    Уште вистински да беа и ќе беше „На Хавајските острови мадам. Чао!“
    И красно ќе ми се погодеше за денов. Ем ќе изнакупував свашта за тие што ги сакам, ем за себе, ем за мојот сунцокрет (како што милувам да го викам), оти денеска ни е датумот. :sun:
    Е да беше вистинска пара, сунцокрет под мишка и правац околу светот за 80 дена.
    А таму - мераци. Јас ќе му бев Клеопатра, а тој ќе ми беше Цезар. Јас Олимпија, а тој Филип. Јас Анастасија, а тој Димитри. Јас Мулан, а тој Шенг.
    Јас Јулија, а тој Ромео, само без ножот и отровот. Јас Француска палачинка, тој - мојата Нутела.
    Ама немит, аш!
    Oh-kay. Better days are yet to come. :wasntme:

    А 8ми Март, а?
    Арно. Убаво.
    Се сеќавам кога бевме помали. Па тоа радости беа кога ќе купувавме подарок за учителката. Гледавме да е што поубаво замотан и украсен и тешки караници паѓаа кој прв да се потпише.
    Деца. А лесно можевме само „Од 1во Г“ да пишеме.
    Ама тоа беше престижот.
    А јас, скамбег од претседател на одделение, секогаш ги убедував дека јас треба прва, оти страв ми беше дека според презимето ќе бидам меѓу последните и немој да не ме прочита учителката. :D
    Потоа ни стана досадно, а некоја година подоцна ни по 50 денари не ни се даваа, па најчест предлог беше да купиме гаќи 3 за 100, но никогаш не ја имавме храброста. Штета.
    Мајка ми сеуште ја чува честитката која сум ја направила за неа како забаваче.
    Превиткан лист од мало блокче, со метла човече кое би требало да ја претставува неа, зрнца од ориз залепени на хартијата и избоени во разни бои демек цвеќиња и неизбежното сонце во аголот на честитката. А внатре со мутави букви стои напишано она што учителката ни го кажа: „Среќен празник мила мамо. Те сака твоето забаваче.“, и подолу шкртаница што треба да личи на срце.
    Срам ми беше да барам повеќе пари, па штедев од оние што ги добивав за јадење, за да ја изненадам со нешто. Купив кутивче за накит и една смешна шнола, ама ми дадоа гратис роза бидејќи сум била мала а толку внимателна. Жената ќе се расплачеше кога ме виде такво ситно кај што трчам накај неа со полни раце. Посакувам и сега да ја изненадам со такви неочекувани нешта.
    Но сега е веќе видено, шаблонско, старо и очекувано. Дури сметам дека и како деца бевме пооригинални. Ќе купевме нешто за нас логично, но тоа нешто беше купено со огромна жар.

    Како и да е. Не сум фанатик на овие работи, но, среќен празник и нека секој ден биде ваш ден, не само овој. Па за арно, за убаво, да се мерат ташаци која добила поубав подарок. :D
    Подарувајте од срце. И најмалото нешто може да биде најзначајно ако е обвиткано во љубов, а не само во скапа панделка.

    А да, среќен празник и на сите мажиња од понежниот пол.
    Боки 13 не се важи оти не е нежен.
     
    На LilBaby, mims-89, Magnolija и 3 други им се допаѓа ова.
  18. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Поминуваа денови,месеци...Сите го наоѓаа својот пат а јас останував вклештена во канџите на мојата горка судбина.Казна ли беше, или пак определба? Неможам да окривам друг иако така би било полесно но оваа казна си ја имав пресудено самата.Самоповредувањето, изолирањето од другите и плачот во соба беа она што ме одржуваше во живот. Но, сега после 11 месеци кога подобро ќе размислам доаѓам до заклучок дека е сосема спротивно. Не, тоа не ме држело во живот тоа ме туркало во пропаст. На некој начин сите ние сами си ги кроиме судбините.Реално гледано секој сака да живее убаво, но зошто не бев дел и јас од таа целина и да ја кројам мојата судбина на тој начин? Самоуништувајќи дали си мислев дека ќе ми биде подобро? Не, не е тоа! Понекогаш е најдобро е да си искрен барем кон самиот себе ако не можеш пред другите и да си признаеш, да ги прифатиш работите онакви како што се. А јас доколку би била искрена што би кажала дека го правев тоа сакајќи да заборавам се? Не јас несакав да заборавам, јас едноставно сакав да ме снема од овој свет.Сакав да застане светот и јас да се симнам од него.Прво броев денови, па потоа и месеци и кога ќе помислев дека дошол крајот се почнуваше од почеток – на мојата агонија и самоуништувачка мисија и немаше крај.Исклучени телефони, викенди поминати дома – затворена во соба, плачење,... беа само дел од моето секојдневие.Помош? Не, не ја барав а не ја ни сакав.А и кој ќе ми помогне? Од што да ме одбрани?- од самата ли себе? Оковите почнаа да се олабавуваат мислев ќе излезам од нив но пак ќе се најдеше нешто да ме врати назад.Секој потег буди сеќавање.Не, за ништо не жалев само се осеќав лута на себе зошто се навраќам само на убавите моменти а оние кои ме срамниле со дно ги одбегнувам. Знаев дека ќе дојде крај на се и ќе го продолжам мојот живот но само се чекаше кога ќе биде тоа.Од страна гледано важев за силна личност која со став и цврст карактер знае да поднесе се но длабоко во себе јас сум најслабата личност и најранливата.Ако бев цврста ке ставев крај и ке дигнев глава и ќе уживав во својата младост. А што направив јас?- ја дигнав главата и се смеев додека моето срце плачеше и умираше во себе.Сите околу мене среќни, насмеани.Хипотетички гледано и јас бев дел од нив иако реалноста беше сосема поинаква.Болката од мајками гледајќи ме таква и заедничките солзи пролеани со бабами, затоа што најчесто кај неа ја барав утехата прибидејќи несакав да ме гледа мајками како се гушам во солзи, можеби беа и главните иницијатори јас да ставам крај на се и да продолжам напред.Да јас продолжив, но како каква личност продолжив? Онаа мила, добра, наивна што на секого му пружи безусловна љубов и доверба ја нема повеќе.Околу себе изградив ѕид што никој нема да може да го пробие.Да, ѕид за да се заштитам самата себе затоа што повеќе нема да можам да го поднесам тоа искуство повторно.Можеби звучи сурово и себично но животот ме научил дека никој не знае да ме цени и сака како што можам само јас самата.Навидум изгледа дека сум се променила но некои лузни од време на време знаат да ме здоболат и тоа како. Многу пати се обидувам да верувам целосно но секој пат мало пецкање знае да ме потсети дека тој ѕид сеуште е рано да се сруши или можеби е најдобро да остане изграден за секогаш.Секој пад не прави поистрајни и посилни па така и мене.После се, сега што и да се случи ќе знаам да застанам веднаш на свои нозе, тие агонични и депресивни денови се зад мене.Страната на кои што беа испишани не заслужува да биде препишана.Да после толку време повторно некој ме сака,му требам – барем така се изјаснува.Звучат како излижани цитати затоа што веќе и порано биле слушнати, но што ми преостанува друго освен да се надевам дека минатото нема да се повтори и во иднината.
     
  19. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    СДК, можда грубо ке звучи, ама одвај чекам муабетов да порестане кој моментално го водам, за да би можела слободно да се урнам во длабочините на тишината и темнината за да можам да се исплачам само најсилно во мене, длабоко во мене...

    Глас немам да пуштам, душа немам да загушам некои работи ...

    Ке видам светлина некад. Знам. Ама патов тежок ми е за одење губам енергија , губам надеж.

    ке успеам. Морам да успеам, макар последно ми било, ке се соочам и со ова ...
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Ги разгледувам сега темите за Групи и изведувачи и не ми е јасно како теми за Селин Дион,Нирвана,Стинг итн стојат празни а за некои роботи,кловнови и диџејови има по 12121 страни.Не бе не можам ич да го прифатам тој факт.Што не се слуша квалитетна музика,што се повеќе замав зема неквалитетното и комерцијалата.Како се за пари да се прави денес.

    Си мислам јас дека сум родена во погрешно време.Не ми се допаѓа во кој правец оди светот,можеби напредуваме со технологија и се ама во многу работи се уназадуваме.Ова го мислам од секој аспект,понекогаш тагувам за некое поодамнешно време.Кој ќе ме сфати.Можеби за некој сум чудак затоа што не се палам на техно-музика и басови,што не гледам турски серии,што не се правам дека пратам нешто што не пратам.Таква сум.И ќе останам таква.
     
    На Chocoholic му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.