1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.692
    Прегратка и бакнеж од него,тој е до мене,потполно здрав,друго не ми треба денес,иако знам дека после работа ќе ме изненади :wasntme:
    Не ми се излегува низ центар,зошто ќе биде хаос,сите купуваат на овој ден. :^)
    Подарете и не мајката,девојката,жена секој ден,не само денес!
    Слушам на утринската програма,како една жена се изненадила што нејзиниот маж и купил поклон |( Незнам зошто изненадени,зошто баш денес сите очекуваат поклони :D
    Изненадување,е кога без повод ќе добиеш нешто.Кога ќе се израдуваш до солзи радосници ;)
    А денес,сите сме во очекување ]:)
     
    На MandyLane, Phyramide, Dgirlll и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Сакам да кажам МНОГУ сакам каранфили. Да можам цела соба ќе ја наполнам со нив, ми мирисаат на колачиња :lol: :lol:
    Да можев, ќе ги купував секој ден, се разбира доколку би ги имало секој ден, а не само денешниов, и тоа со милионски суми.. Ах.. ништо, ќе си нацртам на слика и ќе си го гледам, а за мирисот.. изгледа ќе треба да правам колачиња :lol: :lol:
    Ако некој од вас чува каранфили во двор, би сакала да ми подари. ;) ;)

    [​IMG]
     
    На MandyLane, IvanaMkd и gingerchild им се допаѓа ова.
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.995
    Пол:
    Женски
    Сдк четврток не е мој ден. не сум ни наспана, ни одморена, главата ми фрчи и имам пракса денес. |(

    Сто посто ќе ме опуштат шемите кога ќе ги видам, нели? :wasntme:

    сета среќа имам срцка цимер со трпение, па ќе фати некое лемче... :wasntme:
    ај,ај нека помине школово па да му се урнам в кревет.

    П.С. Мамо среќен 8ми март, поклон ќе добиеш коа ќе си дојдам дома. Сепак секој ден е твој ден. :*
    П.П.С. Мамоооо стави ми кредит. :rofl:


    овој пост на сањаличкава ме разведрува, особено цветчето. :sun:
     
    На CharmedGirl и sanjalica им се допаѓа ова.
  4. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.753
    Пол:
    Женски
    Го славам денешниот ден единствено затоа што некогаш и некаде поголема група на жени успеале да се соберат,да си ги кажат маките и бестрашно да се борат за нивно исполнување.Го славам нивното сплотување и нивниот успех.
     
    На julie77, Marilyn-Monroe и zhap4e им се допаѓа ова.
  5. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    [​IMG]

    :)
     
    На glow, Serafima и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  6. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    2.601
    Пол:
    Женски
    Ме разбуди дечко ми само да ми каже што ќе правел после. Па добро бе човек ќе ми се јавиш после ќе ме известиш, а не вака и сон ми нарушуваш и се :^)
    Денеска ден на жените или подобро речено ден на учителките барем мене повеќе по тоа ме асоцира бидејќи секоја година со класот собиравме пари за поклони за класната, па и на сите други професорки што ќе ги сретневме тој ден па бла бла. Ех денови ли се денови аргатки маки големи. :D
    Инаку денеска ми се допаѓа денов и заради цвеќињата што ги има на сите страни тие ми го разубавуваат денов и се надевам дека некој барем ќе ми подари едно такво цвеќе колку само да си го имам. :$
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.823
    Во Бушава Азбука требаше да стои - Ж, жена! А не жаба! Мада некад, исто ти се фаќа :lol:

    Симбол за глупавост, раскреканост, едноставност, здодевност - јао човече мислиш магаренцето од Шрек, на глава знаеме да се качиме, ходајучи хормон понекогаш растресен ко Ѕверчето од Мапети, површност, завист и љубомора, опсесија, ПМС, отелотворување на малтене цело животинско царство - како кога нали, тигрица, лавица, мачкица, па и краветина, коза, овца, кучка, лисица, коковче, патка, гуска, мисирка и слично.
    Абре жена ти е се на што можеш да се сетиш.
    Ама највеќе од се мајка. Највеќе од се борец. Највеќе од се херој. Највеќе од се симбол за пожртвуваност.

    Е јбг, можеби пуштаме солзи почесто ама издржуваме и поттиснуваме болка во име на некој друг кој ни значи, дупло повеќе.
    Особено поттиснуваме болка, во име на модата. Ау! Трпиш у тоа штиклите, оно одамна крв ти напраиле, не бе батка, ќути и трај си. Ко идиотче. А тоа што идеш ко силуван Дарко Панчев е сосема небитно.
    Абре пајдушко играм у штикла пред да ја купам еј! Дур не одам достоинствено и не изгледам ко да НЕ се враќам после генг бенг, ма ако сака Фигаро нека ми ја пее кондурата, не ја зимам па што сака нека биде.

    У суштина сфатив една работа. Празников денешен не е за недораснати женулиња. Ни трае додека да стекнеме мудрост, достоинство, памет, искуство, одмереност и додека да станеме вистински жени. Вистински дами. Затоа јас ќе им го честитам само на таквите, бидејќи токму таквите покренале револуции и издејствувале промени, почнувајќи од оној оригинален примерок кој го имам дома. И како што ја знам, и познавам, ќе ми преврти со очите и ќе ми рече - ај молим те немој да патетишеш :D

    А јас ќе и речам, уживај бре, барем денес можеш да добиваш мимози чисто, онака :)

    На сите други им посветувам по едно лале. Кој сака нека си земе, бујрум! Многу ги сакам. Лалињата. А и жените, само глејте помалку да си го брукаме сојот бре, срамота е! ;) И онака премногу животот ни товари на глава....правила и предизвици. И у име на рамноправноста, по еден пенис за сите! По дома де, по дома! На располагање кога и да е :D
     
    На bittersweet, Artemission, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  8. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    517
    8-ми МАРТ

    Ланската година бев во Франција на 8 ми март. Таму абер немаат да прослават, ама мува не ги лази.
    Оваа година сум со колешките и колегите...па убаво било бре луѓе..сите на миничи :rofl: што вика колегава до мене, 8 ми март е и празник на мажите, ако не се изнагледаат на нозе денеска, нема кога :D :D.
    :f: :f: :f: :f: :f:
    Среќен 8- март феминки! :*
     
    На DEBELUSKA му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.823
    8-ми МАРТ

    ^^Како бре не? :D
    Ама у право си, а ме чуди, покомунистичко-социјалистичка држава од Франција не постои.
    Како и да е, они си имаат посебен празник кој се вика - денот на мајката и тој повеќе го одбележуваат.

    Него 8ми Март а? Ајт по еден каранфил и црвена танга да си добиете. Пакувана у пластично кутивче во форма на срце. Зашто ако добиете нешто друго, ко да не се важи бре!

    Јас си порачав еден куп работи, па денес тапшам со прстињата на маса и чекам :^) А планирам осмомартовски да пеглам. Што да правам кога од утре е викенд, а треба да е све спремно и исчистено по дома.

    Ми текнува кога бев дете, не тераа секој 8ми март нешто да правиме за нашите мајки. Еднаш не научија техника на правење вештачки каранфил од палома. Леле колку беше убав. Хау јес ноу бе! :tmi:
    А кутрата ми мајка, мрази каранфили. Поточно мрази сечено цвеќе освен мимози - тие најдолго издржуваат. Ама посебно мрази каранфили. А јас таква, весела, насмеана и ја носам честиткава со бел каранфил. Којзнае колку си гризела у јазик за да ми изглуми едно - бравоооо! :D
    Затоа наредната година, мојата учителка веќе и го научи вкусот на мајка ми, сите правеа пак некои цветчиња само јас правев брош од темно кафеава, антилоп кожа! Е тоа браво не беше фалширано :D

    И да го завршам составчето ко да сум пак во основно, и ете така јас си го поминував осми март. А битно на Зелено пазарче го најавуваат уште во јули/август, кога сакаат да продадат нешто. Ајмо ѕиври овде, се ближи осми март!

    Абе, јак празник. Празник кој мириса на цвеќе и создава калабалак од луѓе. А во времето на Југославија беше одбележан со групно одење на шопинг во Солун! Е молим ти се, тоа да видиш.

    Како и да е ви посакувам да гo славите, ако сакате и да добиете по некоја правосмукалка! :wasntme:
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...

    Длабоко верувај во она што го сакаш и запомни, изгубено е само она од што си се откажал.
     
    На Serafima и anabel-a им се допаѓа ова.
  11. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    44.026
    8ми март е празник за учителките! :lol:

    Тоа е оној ден во кој смрзнатите носиња пред училиште, чекаат со букет рози, гладиоли, чат пат некое парфемче, и со трепкање и го подаруваат на учителката. Мајка ми е учителка, денес очекувам како и на секој 8ми, празник, да редам букети во вазни!
    Денов, барем мене не ми значи.
    Нема да паѓам у несвест, ако случајно добијам цвет. Во ред е! И тоа е некаква традиција. Морам да си кажам дека ме иритира хејтање на овој празник, кој колку и да е постсоцијалистички, дегутантен, демагошки, и не знам ти каков, сепак е почитуван со години, и ете, можеби е само капка внимание во морето заборав кон поимот Жена.
    Жената е постоење, мајка, сопруга, тетка, баба, учителка, хигиеничарка, директорка, Жената е се’, секој ден по малку, секоја вечност по многу. Таа е гушкање што ги прегрнува Домот и животот. Создава, отпочнува, плаче и кога никој не ја гледа, но и кога сите аплаудираат.
    Да се биде Жена е вредност, место во светот кој како за инает сака да ја маскулинизира, да и додаде грамови тестостерон... Но, нејзината нежност е сила.
    Не треба да ги бараме своите права, кога веќе ги имаме.
    Го имаме најголемиот дар на светот - способноста да создаваме нов Живот.
    Кога би бирала друга состојба - пак би одбрала да бидам Жена, макар и како зумбул женче :rofl:

    Тоа сакав да си кажам!
    А, да. Пропадна денешното шетање и барање душек, фен и нов тостер, надвор баба Марта отвори зимски порти и ми го смрзна носот. Кивам од прееска, се греам со волнени чорапи и едвај чекам да си го прегрнам човекот мој, да ми шепне два три збора на увце и да паднам без штит во неговата перница.
    Да, Жена е и онаа што не се плаши да Љуби маж!
    (постов не е генерализирачки, ами само мој видик на нештата)

    Убав празник, ден, живот имајте!
     
    На JuLleE, teddybear, Doozy и 13 други им се допаѓа ова.
  12. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Ќе најдам начин и ќе стасам денес дома мамо. За да те гушнам силно и да ти го честитам празникот :*
     
    На maca99 и Serafima им се допаѓа ова.
  13. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    517
    8-ми МАРТ

    Сериозно, јас и една бугарка бевме заедно на обуката која беше во Стразбур, и ние две онака возбудени...од кај 8 ми март, од таму ние во Франција. Влегуваме во салата...и ништо. :o
    Никој со прст не мрда |(
    На пладнето излеговме во градот, ама и таму..никој не купува цвеќе...не знам воопшто никој не се замара.
    Битно јас и бугаркава вечерта си излеговме во кинески ресторан и си прославивме :lol:
     
    На Divinebutterfly и Phyramide им се допаѓа ова.
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.344
    Жената секој ден води некоја битка. Ја има смелоста да мечтае и храброст да ги оствари сите нејзини желби, употребувајќи ја силата на женственоста. Негувај ја женственоста секогаш, за да бидеш сакана и насмеана.
    Оваа мисла сакам да ја прати и води секоја жена. Жена која е борец и која жртвува дел од самата себе си за да ја извојува својата битка.
    Еден бакнеж или насмевка не чинат ништо да и се подарува секој ден
     
    На Gordana10, Serafima и NoellePage им се допаѓа ова.
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077

    СДК1 ... јас веќе добив ваков цвет утрово :) ... Тотално неочекувано затоа што не придавам важност на овој ден на начин за дарување и само толку. Но, искрено пријатно ме изненади гестот на мајка ми која ретко да ми подарува нешто, жената е таква ... затоа што сама си подарувам што ми треба нели :wasntme: . Доволно е што се живи и здрави и што жртвувале и жртвуваат доста, нивната грижа и присуство ми е доволно. Јас и возвратив со грижа, топло кафенце и торта ... Гестот е најважен. Не сме страдни ни алчни за материјално, тоа го нема во нашиот генетски код.
    СДК2 ... девојки и жени на форумов, нема да честитам празник кој има некоја друга благородна, праведна но и силна смисла ... Ќе ви кажам, секој ден нека ви е празник ... Секој ден да сте исполнети и безгрижни, полни со љубов . Секој ден да добивате подароци завиткани со позитивна енергија, насмевка и внимание. И секој ден борете се за своето место на овој свет.
    СДК3 ... сакам да читам се почесто искрени и спонтани постови. Инспирирани од моменталната состојба на чувствата и расположение, живеење. Да се не извртени и не накитени.
    Есеи, како и некакви приказни или раскази кои се полни фантазии и вештачки, со наводна константна преголема розева слика накитени со куп не искреност не ми се во план да читам. Затоа што се создаваат за внимание и само внимание, полнење его и некакво лечење комплески.

    Бидете ми убави како што и сте :)

    [​IMG]
     
    На Strumfeta93, marama, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  16. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.480
    Навистина, „слепи“ се оние мажи што од 365 дена во годината го чекаат токму овој за да и го подарат омилениот цвет на својата сакана.

    Некои дури и ќе го згрешат, бидејќи не се сеќаваат на тој мал, а сепак толку голем детал.
    Истите тие најверојатно ќе ве сакаат само за 14 февруари,
    ќе ви бараат Прочка само на големиот христијански празник,
    ќе ви направат оброк само на Втори мај,
    а ќе ве бакнат на полноќ како да сте Пепелашка само за Нова Година.

    Откачете ги тие мажи од својот живот, бидејќи вистински маж ве сака цела година, 30 дена во месецот, седум дена во неделата, 24 часа дневно, секоја минута, секој миг..

    [​IMG]

     
    На Divinebutterfly и cigarce им се допаѓа ова.
  17. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Aко кажам дека се чувствувам убаво ќе излажам,бидејќи прекрасно ми почна денот па нека потрае
    Бидете она што сте !
    Патем,Среќен 8ми Март женчинња :)
     
    На Divinebutterfly и Serafima им се допаѓа ова.
  18. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.243
    Допаѓања:
    48.884
    Пол:
    Женски
    Сдк дека денеска нема да си добијам поклон , знам ;( ниту еден цвет :nod: ;( Оној мојон ми вели не си жена ти сеуште нема поклон :o Ех да ми беше бабичка жива таа секогаш ми купуваше по нешто :wasntme:
    Сепак нека ви е Среќен овој осмо мартовски ден феминки, и доколку го славите поминете си најубаво ;) :*
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Каков глупав ден!
    Не, не го мразам 8-ми март, напротив, го почитувам, туку денов навистина беше глупав. Во права смисла на зборот.
    Колку и да бидеш добар, никој НИКОГАШ нема тоа да го цени. :shake:
    Ми се гади кога ќе помислам во каков суров свет живееме. :worried:


    Огледалото е мојот најдобар пријател, затоа што кога плачам тоа никогаш не ми се смее-Чарли Чаплин.
     
    На Serafima и blond им се допаѓа ова.
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Среќен 8ми Март, за тие што го слават.
    Јас не сум една од нив.
    Поточно кажано, се чувствувам како дете... Како да треба, кај и да е, пубертет да ме фати.
    Ех, камо да бев...

    Да ви кажам искрено, одлично сум... Се приближува конечното решение за да се дознае дали ќе се оствари мојот сон... Би требало Април да знам веќе. Ајде нека побрза.
    За 2 дена ми е роденден. Кога ги кажувам годините, сфаќам дека не сум веќе дете... Дури страв ме фаќа... На моменти сум дете, на моменти се чувствувам престарено... Никако не се чувствувам како 22 годишна девојка. Ни ваму ни таму..... А нели требаше да ми заврши овој збунет период одамна? Кога ја изгубив наставката - teen, требаше да ја снема збунетоста, расеаноста, измешаните мисли...
    Епа јас заглавив. Сигурно не сум единствена. И сигурно се` не се менува преку ноќ, иако би сакала...

    Сонував плажа, малце поразлична од онаа на која идев изминативе 5 - 6 години... Нешто беше реновирано. Се сончав. Имав прекрасен бронзен тен, иако во јавето тоа никогаш не се случило.
    Ооо колку ќе ми фали таа плажа годинава. Колку ќе ми фалат тие луѓе кои станаа дел, не само од моето лето, туку дел од мојот живот.
    Но, ме чека нешто ново. Нов предизвик, нови луѓе. Нови искуства. Иако на моменти е страшно, на други моменти е прекрасно. А тие две измешани чувства, од досегашното искуство, се многу добра комбинација во мојот живот.
    Стравот не е толку страшна работа. Се разбира, до одредена граница. Барем мене, ме води напред. Ми дава сила да дојдам до тоа прекрасното од како ќе го победам. А тоа чувство, е волшебно.
     
    На Loritaa, blond, Maxymous и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.