Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Да беше животот тетратка, во која јас ќе си ги пишувам настаните..
    Да беше.. да можев да ги цртам ликовите на луѓето кои се во мојот живот.. Да можев да напишам каков ќе ми е животот.. Да можев.
    Да беше животот тетратка и да те нацртав тебе како мој сакан, после оваа, ќе земав гума и без размислување ќе те избришев!
    Да беше така лесно, да можев така лесно да те тргнам од мојот живот.. Да можев..

    Него да не ви ширам негативно влијание на ваков убав ден. На денот на жената.
    Жената е воено поле на кое најчесто се водат најтешките битки. Битките со себе, со блиските, со околината, со општеството...А сите битки болат!
    Треба да научиш да вложуваш во себе да балансираш, да премолчуваш, да сакаш, да одбиваш, да се предаваш, да прикриваш, да насочуваш...да знаеш да ја одбегнеш тага, да избегнеш кавги, да не ставаш така лесно крај, да ги прекриваш чувства кога си тажна, да донесуваш правилни одлуки...Во улогата да се биде жртва, во сценариото да се биде чувствителна, во само една сцена да се биде и пријател и домаќинкаи и сопруга и љубовница и мајка и психијатар и кловн....Кловн...Да да тоа е кога се смееш кога те боли што нема да слушнеш ниту фала ниту извини.

    Всушност, боли да се биде жена!

    Но жената е ЕДИНСТВЕНА. Жената може да те насмевне, да ти го разубави денот, да ти го уништи денот.. Жената може да направи се за тебе и да не бара ништо за возврат. Само жената знае да сака искрено со целото срце.. Само ЖЕНАТА!

    Среќен 8-ми Март женки. :*
     
    На Adi888, Simonna7 и Serafima им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.403
    Моментот кога ти е незгодно да прифатиш,а уште понезгодно да одбиеш љубичици за осми март.
    Одам да си барам бели влакна! Ми рекоа од карши,дур ги немаш у веѓи,топ си! Е арно!
    Вчера спиеш на мекост,денес не знаеш ни кај да заспиеш,уствари не ни можеш.
    Јас и животов у лав - хејт врска.
    Денов е смислен за ... убости за во поинакво време. Да си го ѕирнам преку рамо додека ме стиска,да си мирисам на него часови потоа. Го стигматизирав оддамна, во планови ми е море еј,уште на нотар да си заверам,туку ај тоа,па и почнав физички да го мачам за да му ја уживам болката. Не пушта ни глас,само болен израз на лицето,неодолив,ѓаволесто се молиш да те зграби и скокотка,гмечи,бубнува...мирно да те прими во прегратка во која сигурно изгледам смешно и минијатурно. Толку блиску,а сепак далеку...
    Кога твоето присуство чувствуваш дека е постојан прајм тајм во нечиј живот...на прашањето,што, ти вика убаво ми е...
    И ќе му исчезнеш со молчалива молба,биди ми тука...
    Точка.Конечна одредница. Деца со смеѓи косички и сини очи. Се за што е многу,многу,многу рано... и си викаш да ставам стоп,па плеј.
    И не ми се веруваше дека оваа Лана ќе ми праи ќејф!
    http://www.youtube.com/watch?v=Yu9V3Phfsf8&ob=av3n
     
    На CIA, LilBaby, JoxyTheFreak и 4 други им се допаѓа ова.
  3. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    Malite nesta na ljubeznost i sovesnost na zenata i go pravat svetot poubavo mesto za ziveenje. Sreken 8 mi mart na site zeni.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Онаа добро позната WIN насмевка под мустаќ кога ќе доживееш пријатно изненадување, епа најдобро си ја знаат жениве-возачи денес кои имале среќа да налетаат на сообраќаец кој им подари каранфил :D Јакооооооо
     
    На CIA, maca99, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Нека е на арно денов тмурен. Дај кажете некоја магија хокус покус абрака дабра чибу чиба да престане дождов |(

    Патем, ви праќа поздрав господинов, Ви го честита празникот ^_^ :lol:
    [​IMG]
    Секое добро жени-мажени и немажени.
     
    На CIA, crazylady и LilBaby им се допаѓа ова.
  6. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Денешната времеска прогноза е :
    Време посветено на жената- малку снег, малку дожд, малку ладно, малку топло.

    [​IMG]

    Happy Women's Day :f: :f: !
     
    На Marcey, JuLleE, teddybear и 8 други им се допаѓа ова.
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    Чувства. Чувства измешани.
    Тмурно-пролетни, исто како времево.
    За среќа, денеска не се најде никој да ме разбуди рано. А и красна дремка ме фати на времево, топло јорганче и звук на капки кои удираат по прозорот. Боженствена монотонија.
    Mајчето ми се спремаше да појде до гробишта. Не пропушта празник или роденден без да однесе свежо цвеќе на баба ми. Свежа е и раната, иако од тогаш поминаа речиси 2 ипол години. Сепак мајката е безвременска. Појдов да и` правам друштво, но дождливото време не ни овозможи да поседиме повеќе од 2-3 минути. Решив да ја развеселам. Ненадејно го сопрев таксито, истрчав набрзина и купив прекрасни 2 метри кралско син материјал кој таа пред некое време го меркаше за да си сошие нешто.
    Се изненади пријатно. Во фаза е кога изгуби доста на тежина и уште малку комотно ќе бидеме како другарки. Сакам да ја гледам дотерана.
    За возврат, си добив книга и чоколадни јајциња.
    Решивме и да се натпреваруваме која ќе има поуспешна диета, а јас си јадам пржена пченка со вкус на чили дури пишувам. Лути корне. Ако на вести има трагично-празничен настан за некоја што умрела на шоља, не се смејте ште ве моља.

    Ај, барем музичево ми е смирувачко, да иде контра на лутата храна.
    Прекрасна песна која вреди да се слушне.
    Не е потребен никаков текст за да ја искаже љубовта кон мајката. Секоја нота е емоција.
    Ја посветувам на личноста која ме направила ова што сум денеска.
    http://www.youtube.com/watch?v=dwB7uB-rVf0

    А за останатите, уште нешто подеднакво прекрасно од мојот омилен артист.
    Жени, знаат да бидат пекол. Но сладок пекол.
    http://www.youtube.com/watch?v=agoOkwo6anw
     
    На Magnolija, LivingGlam и blond им се допаѓа ова.
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Моментот кога гледаш куп жени премрзнати и наводенети, за џабе дотерани, коси извиткани и разбушавени со мокри шишки, сукњи и хулахопки испрскани, чевли калосани, хулахопки водени, ракавици наместо да се видар вчерашните налакирани нокти, наместо шминка црвено носе и заруменети образи, рози уништени одвај имаат едно ливче, ветрот вее, снег во очи, вода во уши, а автомобилите дополнително прскаат без осет, наместо куп продавачи на цвеќиња растур прават продавачите на чадори.
    Епа изгледа толку сме заслужиле годинава жени. :D
    А и не се исплати друг пат да искачам од дома на вакво време за една роза, се пронаоѓам у опишанине жени погоре мокра коса, уништени чевли и испрскани панталони и капут од еден копиљ без осет, да не те проколнувам да неможеш бензин да си ставиш во колата бидејки и без тоа ретко кој во денешно време има пари за нафта.
    Уште ако не престане овој чуден микс на снег и дожд и ми ги уништи плановите за вечер, епа стварно ќе си викнам стриптизер дома на прајвт парти.
    Изгледа само администрацијава слави и тоа во ек на работно време, не дај боже хитно нешто на човек да му треба, нема кој да ти помогне, играат чочеци у 12 преку ден.
    И дами бидете добри повеќе годинава, за догодина бар малку сонце да видиме. :D
    [​IMG]
     
    На imelda, JuLleE, CIA и 8 други им се допаѓа ова.
  9. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК дека мразам кога ќе се разбудам како денес. Сите прекривачи го фатиле својот пат, еден лево, еден десно, трет долу, а пижамите пак да не останат покусо. Горната пижама крената до под гради, стомакот цело време да ти бил гол, а долните пижами кренати до над колена. Што ли се случило? :^) :lol:
    Ама колку е само за никаде, се будиш, ти дува од некаде, не знаеш од каде, тргаш на прекривачот, другиот паѓа, и е*ате спиењето.
    Сега си се стоплив убаво, си сварив кафе, си обезбедив благо, а покасно ќе си сварам и чајче. И не мрдам никаде денес. Ќе го гледам грдово време низ прозор, ќе си ја гушнам печката (да не речам собата, да не ве збунам :D ) и ќе му се смеам, зашто и тоа мене ми се смее кога сум излезена и кога врне и кога дува. :!:
    Кај се видело бе во март да врне снег? :fubar: Ват ис хепенинг вит дис планет!?

    Среќен 8ми март на сиот женски род :f: Мажите да ви подарат најубави поклони :D
     
    На teddybear, CIA, Chocoholic и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Шетањето по урнебесов надвор за денес заврши! Сексот и градот и Очајни домаќинки цел ден на Фокс Лајф...мераци. Надвор ако сака камења нека почнат да паѓаат, гајле ми е.
    Чајче и мафини...време е да го пуштам мозокот на пасење барем за кратко :)

    Среќен празник на сите припаднички на понежниот пол, имајте прекрасен ден! :f:
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    „Работи како да не ти се потребни парите, љуби како никогаш да не си бил повреден и танцувај како никој да не те гледа“
     
    На Serafima, booba и Gordana10 им се допаѓа ова.
  12. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Фала Кими,ама да ти кажам право не се жали пошто и во април пред некоја година врнеше снег(ако не беше лани) а не па во МАрт :D Нели ја знаеш баба Марта :D Особено бабите на колку ума се да не збораме :D
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Кога имав 5 години, одев во градинка и тогаш и ја направив првата честитка за 8ми Март на мама.
    Се сеќавам дека имав блокче број 2, розеви ножички, лепак, фломастери и колаж во најразлични бои. Превиткав еден лист, исеков колаж во форма на цветчиња и ги залепив.
    Тогаш сеуште не знаев да пишувам. Единствено нешто кое знаев да го напишам беше моето име - Ана.
    Се вркав, се туфкав, и цело време се прашував: Како да и напишам на мама „Среќен 8ми Март“?
    Бидејќи бев најмалечка во групата, одев од едно до друго дете и прашував дали некое од нив знае да пишува. Се сеќавам дека седнавме на масичка со уште неколку девојчиња и заедно пробавме да им напишеме честитки на нашите мајки. Во честитката пишував, па бришев, пишував, па шкртав, за на крајот некако да успеам да ја напишам. Ми беше срам да ја прашам учителката, а и сакав самата да се потрудам. На крајот - успеав.

    Оттогаш и направив многу честитки на мама. И напишав песни, и испринтав заеднички фотографии, и подарив најразлични подароци, најубави букети... Ама ми се чини дека ниту еден подарок не ја допрел толку длабоко како првата честитка која и ја подарив. Сеуште ја чува на почесно место.
    Денес и честитав празник од се срце, и силно ја гушнав. Знам дека што и да и купам, нема да ги видам толку весели нејзините очи како тогаш.
    За мене овој убав празник веќе четврта година ми носи и по малку тага. Затоа што наместо три црвени ружи, сега купувам две.
     
    На Divinebutterfly, la-chicka, marama и 9 други им се допаѓа ова.
  14. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Никогаш не заборавам никого, па ни денес не ве заборавив вас!
    Долго време бев активен член од форумов и со вас минував секакви денови и моменти!
    Затоа, денес сакам да ви го честитам празников!
    Дами, феминки, убавици, среќен ви 8ми март!
    Секојдневно добивајте го вниманието и љубовта од вашите сакани, не само денес! И бидете среќни!
    [​IMG]
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.536
    Допаѓања:
    35.686
    Пол:
    Женски
    Драги дами,
    овој ден е Hаш!
    Затоа што сите Ние сме посебно убави...

    „...ѕвезда в дланки доблиЖЕНА,
    младост в жили раздвиЖЕНА,
    мајка кутра загриЖЕНА,
    сказна долга најслоЖЕНА,
    жар во искри разлоЖЕНА,
    желба в живот продолЖЕНА...“
    Честит 8ми Март!
     
    На booba и anastasijaki им се допаѓа ова.
  16. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.254
    Допаѓања:
    6.735
    Mногу сакам вакви празнични денови кога сите се со насмевките од уво до уво . Нашиов народ како да е едно исто на вакви денови . Се радував кога пред мене трчкаа две детулиња со ранчиња поголеми од нивниот грб , а и тешки се чинеа богами .

    Ја однесов внука ми на англиски денеска и ми кажа дека домашна не напишала . Па ајде заедно ја пишувавме , многу е паметна машала само нека ми е жива и здрава ! Викнавме потоа такси и ја однесов. Треба да си ја земам во 6 часот , а вечер мајка и е на чајанка па ќе остане кај мене и кај моите :wasntme:
    Имам чувство дека ќе ја гушам во бакнежи вечер , ќе и угодувам , ќе гледаме цртани додека не заспие.... :inlove:

    Среќен празник женулиња и зграпчете го денов !! :*
     

    Прикачени фајлови:

    На Adi888, Strumfeta93 и CIA им се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК секогаш мора да има некој кој ќе го уништи тоа што е убаво |( :doh:
    Не мислам заради празников.

    Патем, среќен ви 8 март џенцки :) :hai:
     
    На Divinebutterfly и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    А, бе жени, доста со цвеќињава. Наредна година ќе ве носи Дузи на машки стриптиз па да видите убавини. :rofl: И осми и деветти март ќе ги славите. :!:

    Останете ми со здравје, убави, со расипанки фризури и така.

    п.с. Пак од ова проклетијава надвор, утоп станав. :x
     
    На Rock-a-Fella, Elennaa, imelda и 4 други им се допаѓа ова.
  19. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Невозможно е човек да го врати она што се случило некогаш. Исто како што е невозможно да врати снесено јајце назад во кокошката.
    Но барем можеме да се потрудиме да ги направиме работите малце подобри. Зар не!? :mm:
     
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Лошо е кога не си нарачал будење, а ќе го добиеш и тоа присилно, и тоа по повеќе пати. Не од Викса, туку од купишта луѓе кои се сетиле баш на тебе во 07, 08:00 часот сабајле. Се зажалија толку рано за мене, а јас сирота останав без сон ...

    Мајка ми да ме извести дека најубавиот и најновиот кармин на кој му се радував толку многу, го изгубила. Ме потресе со веста уште рано посабајле. Таа ташната што ја носеше вчера такозвана Бермудски Триаголник ги голта секогаш најновите работи и ме остава со разочарана фаца. :tmi:
    Како бре и успева така скришум и молчешки само не ми е јасно! Се носиме со мајка ми накај дома, и викам: "Ништо чудно да ги најдеш внатре во материјалот и ролетот и карминот што ги загубивме". :D
    Пусти 8 март. Море пусти март, времево до овие 8 дена се смени од променливо облачно до услови за снег, и крајна фаза - 16 степени. :tmi:
    Моја идна свеки е родена во март, и љубовта се шегува, вика дека и се погодил месецот на нејзното расположење кое се мењава исто како времето во март. Funny! :D

    Не сум јас за вакво време, арно ама кога ваков ден ќе ти се зачини со шопинг и со нова јакна која чека утре да биде платена и комотно да дојде во мои раце, ко да ми се насмеа сонцето и ми намигна, ете така се осеќам.
    Овој ден беше совршен пред 10тина година (јао колку старо звучам), со познатите рими за кои некогаш овде во темава пишував. Моите долгометражни стихови секогаш беа прогласени за најдобрите во одделението, а мајка ми сеуште ги чува честитките од 8ми март секогаш посебни и уникатни, но секоја година го содржеа следново:
    `Мојата мајка е посебна и мила,
    нејзината коса е понежна и од најубавата свила.` :rofl:

    Епа нека е среќен! :*
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.