Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Иако не очекував дека ќе добијам цвеќе за денешниов ден, дечко ми се појави на врата кај мене со 2 прекрасни букети. Едниот беше за мајка ми :$ , а другиот за мене. Запамтил дека омилено цвеќе ми е орхидеа... срцка! Баш ме изненади, и морам да ја споделам тука сликичката од моето цвеќе :) . Фалбаџика сум знам :$.
     

    Прикачени фајлови:

    • SAM_1814.JPG
      SAM_1814.JPG
      Големина на фајлот:
      353,1 KB
      Прегледи:
      357
    На teddybear, Izaabella, LilBaby и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Мило ми е за сите оние кои се среќни на ваков ден, демек празник, ама девојки и жени .. секој ден треба да ви е празник, не само денес. Секогаш бидете расположени, весели, полни со позитивна енергија, љубов, сакајте.

    А јас во последно време, без разлика дали е празник или не, иста сум си. Со намуртена фаца, натажена, со мислите некаде далеку. Заљубена. Мислам само на една личност, единте исти моменти ми се вртат постојано во глава. Се измачувам самата себе, иако знам дека не вреди и дека не треба да се понижувам. Но што можам, срцето ми вели едно, разумот друго.

    Животов постојано ми се испреплетува. Таман еден ден сум се решила од еден проблем, утредента ете нов кој ме мачи долго време. Не знам зошто луѓево ме замараат и се замараат со мене. Нема никогаш да разберам која е поентата, прво да ти пишат нешто да те испозамараат и на крај ко .. ај бе што ме замараш и те бришат онака. На крај ти си тој што замара. Како и да е, имам други работи за кои треба да размислувам а не за некоја типка која ми се прави фина и целата вина ми ја префрлува на мене, кога и двете многу добро знаеме која е причината за да дојде до ваков разговор.

    Сеедно. Се надевам дека за разлика од мојот катастрофален ден исполнет со солзи и болка, вашиот беше прекрасен и полн со насмевки.
     
    На Serafima, Dgirlll и blueeparadise им се допаѓа ова.
  3. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Среќен 8-ми Март на сите!!!!Ајде па уште многу години да си го славиме празникот :) Денес навистина убава атмосфера владееше низ цел град.Иако времето малку зезна работа,убаво беше да се види речиси секоја девојка и жена со цвет во рака.Сепак не е само денес денот кога треба да добиеме по некоја ружа.
    Поубави се неочекуваните работи :)Да ви кажам ова ми е најубавиот 8-ми Март до сега :) Кај тато ме почасти со убава сукњичка,па уште и сосема ненедајно си купив фустан за апсолвентска вечер :) Сега конечно можам малку да одморам од тоа гајле :) :)
     
  4. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Феминки се надевам ке ми простите што вака доцна ви го честитам 8ми Март, си останав дома си сеев и си седев....и така сеа уште малку ќе читкам уедно книгиче па се спремам за утрешниот ден :lol:
     
  5. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    8 ми март , од сабајлево се надзираше убав ден ,така и почна , и траеше се додека не направив муабет со една драга личност . И толку беше од убавината на денов ,разговорот ме скрши. Сватив дека неможам да ја носам маската повеќе,немам сили повеќе ,се гушам ,ми треба воздух ,нов воздух свеж,ми треба промена ,тонам полека ,ме убива депресија . Ах сакам да избегам од животов макар на два дена . Ми треба некој кој ке ме свати ,ама се плашам да не ме сватат погрешно .Премногу се одалечив од луѓето ,станав некако ладна ,безчуствителна ,со извештачена насмевка , едвај се воздржувам да останам присебна . Ама незнам до кога ке можам , ја губам силата, полека тонам. Морам да се држам ,ако не за друго заради синчето највеќе , несакам да ме гледа ваква . А највеке ме боли што не ме сваќа човекот на кој му ја подарив целата моја младост и љубов . Ме заборави , заборави дами подари барем една насмевка на денешниов ден или еден убав збор . За него сум само една обична жена која треба да ги извршува домашните обврски ,додека тој ужива во животот. Очајна сум ;(
    Се надевам утре е нов ден и дека барем малку ке ми се врати вербата во животот.
    Сепак извинете што го пишувам ова на ваков ден :( ,ми требаше да кажам на некого :(
     
  6. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    Јас би,а виe? :?:

    http://www.divianarts.com/?p=29423


    За ова треба живци, али мора да признаам изгледаат преслатко. :)
    Ми се стопи срцево ко парче кашкавал во тост. Ах...
     
    На Serafima, Divinebutterfly, Adi888 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Значи не бива ако некој не ми ги испреврти зборовите.. м? :)
    Не планирам да се правдам пред никој на форумов затоашто се изјаснив дека не го хејтам денот. Во случај уште нешто да не ти е јасно, прочитај го повторно постот. И токму така, секој си пишува што сака, па така и јас.
    Имај пријатна вечер :)
     
  8. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    СДК дека понекогаш се мразам себеси,од проста причина што се фаќам самата себе како сум зависна на туѓата среќа.Како сакам јас да го имам сето тоа,па следат безброј прашања зошто не сум јас таа среќничка.За потоа за миг да се вратам во реалноста и да помислам на сето тоа што јас го имам и она што може да се купи со пари и она што неможе.Благодарна сум за се,зошто сум свесна дека некој нема ни толку.Но сепак оваа првата навика никако не изчезнува и страшно ме иритира...А знам знам дека не сум завидлива и лоша личност и знам да се радувам и се радувам на туѓата среќа.Ама ете сакам дел од таа среќа да ме погоди и мене,да ми го насмее лиценцето...
     
  9. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Јас сакам храната да ми биде убава за мешето ама и за око :D
    Здравје боже кога ќе имам детенце со задоволство би си "играла " вака :)
     
    На Serafima и drugarka им се допаѓа ова.
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.708
    Допаѓања:
    6.642
    Уф, незнам премногу сум збунета. До вчера се жалев за застојот во љубовта и се тоа, а сега некако се ми дојде наеднаш. Пред тоа барем другите полиња од животот како што се школото и боксот не ги запоставував, бев целосно посветена на боксот а бев многу повеќе поконцентрирана на лекциите, а сега малку нешто се здрма на полево на љубовта и се друго отиде јабана. Ама жал ми е што веќе толку време не одам на тренинзи, ми недостасува таа енергија, таа желба да одам таму, да влезам во рингот.. Незнам, незнам што се случува со мене. Дури како и да се оладив кон овој спорт, а тоа е она од што најмногу се плашам. Ама школото е криво, верувајте, не е ни љубовта а ни јас. :wasntme:

    Едноставно, неможам да постигнам се. Тренинг, школо, другарки, дечко.. Сега за сега ми е премногу. А и вторава смена ме докрајчи последниве две недели. А инаку..тој. Не поврзува некоја стара, детска и невина љубов. Шестооделенче, а тој осмо, ми изгледаше недостижен и преголем за мене. После неколку месеци тие чувства ми поминаа, и после цела една година тој повторно се појави. Ме следеше наоколу, ми пишуваше, инсистираше да се видиме а јас упорно и упорно го одјебував. Потоа тој си фати девојка, а јас дури сега во последниве неколку месеци сватив што сум направила. Неговиот лик ми беше постојано во главата, се прашував зашто го направив тоа, тој беше совршен.. Помина време, раскина со девојката и при крајот на овој февруари го видов. Го немав видено скоро две години. Беше толку.. променет. Неговото лице, коса, глас, гестови.. се. Повторно ја почувствував таа носталгија, сите спомени чинам за миг ми поминаа низ глава. Во неговата прегратка се чувствував топло но сепак обвиена во минатото кое мислев дека никогаш нема да се врати. И после неколку дена следеше неговата покана да излеземе и тоа баш на неговиот роденден.. Излеговме, ме одведе на едно место се приближи, се насмеа и ме бакна. Неможев да си поверувам. Го гледав со минути право во очи, со отворена уста а неможев да изустам ни збор. Но знаев дека тој повеќе не е истиот, променет е. Жал ми беше што не се обидов со него тогаш додека сеуште и двајцата бевме мали и незнаевме што значи љубовта. Не велам дека сега знаеме, но сепак.

    Не го сакам, тоа е сигурно но нешто чудно ме поврзува со него. Но, како да го отфрлам животот пред него? Имало многу пред него што ми оставиле некаква лузна во срцево, имам некои неодамнешни рани кои сеуште не се залечени, а тој застана во средината. Незнам што чувствувам повеќе. Се чувствувам измамено и лесно затоа што уште од првиот пат така лесно му дозволив да го направи тоа (да ме бакне и тие работи, не ме сваќајте погрешно :D) после толку време, така лесно да му се предадам.. Не му верувам. Не е дека не сакам, ама неможам. Не верувам веќе никому, барем не потполно. Ме повредиле многу на кои слепо сум им верувала и сега неможам тотално да се опуштам. Ама ни тој не ми е сигурен, после долга врска ..повторно со мене. Што сака воопшто од мене? Дали сака само да ме искористи?

    Сепак, самиот ми кажа дека во таа врска се случиле многу работи, ама јасно му дадов до знаење дека тоа од мене неможе да го очекува, барем не сега.. Но, иако се согласи знам дека откако тоа ќе се случи, те тера повторно да го направиш и направиш.. Тоа што јас ќе му го дадам едноставно нема да му биде доволно, макар колку тој одрекувал знам дека е така. :) Ме викна кај него дома. Да, страв ми е, иако го познавам повеќе време ама реков неможам да му верувам. Одбивав, ама на крајот попуштив. Незнам, многу работи би можеле да се случат. Се плашам.. дека понесена од моментот може да отидам предалеку, да направам работи за кои подоцна ќе се каам. Но, не, знам дека нема да го направам ТОА. Прерано е... Сепак, кој ќе го прочита ова зашто знам дека е предолго нека ми држи среќа за во сабота.

    И да. Морам да кажам дека се чувствувам среќно. Исполнето. Задоволно. После толку долго време. Дури чудно е, не сум навикната на сиве овие чувства. Чувствувам дека за миг ќе заборавам на сите претходни и ќе сакам да останам со него, без некои други, без изневерувања и караници. Мислам дека со тек на време.. ќе го засакам. Ќе се опуштам. Барем се надевам. Но, убаво ми е сега, во моментов. Живеам за овој миг.

    Но од друга страна, ужасно ми недостига боксот. Ќе морам да направам некој баланс, еве од сега ветувам дека од следната недела повторно ќе бидам редовна, дури ќе гледам да одам и почесто да надополнам за сиве овие изгубени тренинзи. :) Ми недостига и екипата од таму, а и вујко ми со кој одевме секојпат заедно на тренинг и ми даваше секакви совети поврзани со боксот. Ах.. Одвај чекам.
    Сега, останува уште да средам со школово, изостаноците, проектните и слично, некои семејни работи и мислам дека уште од сега го гледам почетокот на нешто.. убаво.
    Енд ам лукинг форуард ту ит..
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.694
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    „За секоја љубов човек мора да се бори и да ја заслужи. Само мајчината љубов се добива без борба и без заслуги“.

    Колку вистинита и едноставна мисла, не напразно народот вели дека едноставноста ја дава убавината. Толку пораки, реферати, рими на овој ден, наместо мудрава мисла од некој си писател, која ја најдов вчера, и ми послужи како вовед во честитката за бабами.
    Како многу уникатна и единствена по природа, откако помина денов, јас да Ви го честитам, посебно на нашите феминки- мамички. Тие се оние кои ја чуствуваат најголемата радост на овој ден од сите останати припаднички на понежниот пол. Не само еден, 8ми Март, туку сите 365 дена треба да се како овој, може и затоа не ја пронаѓам смислата и спецификата за овој одреден ден.
    Нема поубаво од тоа да си сакана, милувана, пазена, посакувана, а нема поубаво од тоа да ти се докажува од ден на ден, доволни се зборовите и гестовите. Розите ќе овенат, парфемот ке се потроши, ама зборовите се мелем за душата, извезена во нејзината средина засекогаш.

    Периодов се чустувам одлично. Го дишам чистиот воздух над Скопје, кој после којзнае колку време е свеж. Може тој ми е предвесник на новата димензија настани и моменти, подеми и насмевки, неизмерна радост во животот. Којзнае, ќе покаже времето.
    Март е месецот на прослави во мојата околина. Ги чекам со раширени раце, можеби бидејки е роденденот на жената која ми дарила живот и која од мала ме има крстено нагалено „живот“, а сестрами „среќа“, односно јас како прво дете нејзин живот, а сестрами нејзина среќа.

    Обожувам да избирам подароци за секого, било домашен, било за пријател, со љубов и внимание го правам тоа, мислејќи на секоја детал, а посебно уживам во нивното виткање во шарени хартии и украсување со машни. Да, заклучив дека сакам да подарувам и без причина, да внесам многу љубов во сета постапка од почеток до крај, и тоа ме прави среќна, без разлика колку е реално заслужен подарокот, односно заслужна личноста.

    Животот е убав ако му се насмееш.
    Добра Ви ноќ, а јас одам да го испробам новиот гел за тело со мирис на кокос. :)
     
    На Izaabella и marama им се допаѓа ова.
  12. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    [​IMG]
     
    На glow, sweet-cherry, Justice и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Lilliana

    Lilliana Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    57
    Останав сама.. на крајот на краиштата, човек секогаш го добива она што го посакал.
    Порано или подоцна.
    Затоа треба внимателно да се размисли што навистина сакаш или посакуваш.
    Едно е сон, а друго е реалноста. Во сонот сме она што сакаме да бидеме, а не она што навистина сме. Велат, кога стануваш повозрасен, поголем, животот ти носи и поголеми проблеми. Мене животот ми виси на конец.
    Не знам дали преувиличувам, ко по навика.
    Ама знам дека си играм, веќе долг период ја играм играта без да ги прочитам правилата, повторно по навика. Како нов мобилен телефон, за кој мислиш дека се ти е познато, па не ни мора да ги прочиташ упатствата...Ама, технологијата е напредна и секогаш можеш гадно да се заебеш.
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Ќе звучам како крајно исфрустрирана што немам „егзотична“ (читај: сина или зелена) боја на очи, ама што бре никој овие нашите кафеавите не ги опева, а?
    Една песна нема за кафеави очи, ниту една заносна убавица од приказните, било принцеза, било парталава слугинка, нема кафеави очи (исклучок е Снежана со очи како абоносово дрво :lol: )... се чувствувам крајно дискриминирано, како и 60% од популацијава во светов :D

    Ви трепкам со моиве кафеави упс! медова боја очи :wasntme:
     
    На blueeparadise, GarpovaV, teddybear и 8 други им се допаѓа ова.
  15. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Ми се оди некаде надвор од градов. И пак ќе кажам, сакам во Охрид.
    Или било каде, само да има езерце ^_^
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Ми се оди на скијање 8)
     
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Е што ти се вика почитување на зборот на девојката
    вчера имав прилика да го видам тоа - подарок во мешана врска мегу македонка и албанец-таа фино си кажа ова сакам да ми го купиш(за злато) да си знае типов нели(што сака девојката) мислам дека матурантка беше а овој виде се насмеа и прокоментира нешто со другар му и мислам дека тоа ке го купи нема имам пари или не, дали можам да си го дозволам тоа или не, и пак таа ке биде поценета од другите девојки-да го направам тоа јас со сегашниов, ке почне да се жали дека нема пари, а може да ми рече и купи си го сама-па ке си бара друга после :rofl: а кога и кажав на мајка ми ми вели и ти така треба-ама не сакам да форсирам, и не сакам злато-повеке би одбрала Сваровски, од никогаш не сум сакала злато незнам зошто а особено не жолто :puke:
     
  18. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Уф кога би можела да кажам јасно и гласно се што ми лежи на душа...Ама последиците би биле катастрофални. Хмм, којзнае кој ке остане покрај мене во таков случај...Можда цвеќево во саксијава.
    Уживам во тмурното и сиво утро во сивото Скопје. Си одам во родниот град. И не сакам да се враќам назад. Се сеќам добро кога прв пат стапнав тука си мислев дека да, ова е местото за мене, тука сакам да живеам, па тука има и тетар, тука има изложби, тука има концерти... Но зошто бе Скопје ми задаваш толкава болка? Ме болат нозеве кога газам по твоите улици, ме боли лицето кога ме удира твојот ветар. Дишењето во тебе ми се претвора во длабоки и тешки воздишки. Сакам да се вратам таму каде што сум си родена, сакам да се вратам во својата лулка.
    Веќе не можам да ја поднесам оваа постојана носталгија. Се ми недостига, ми недостига многу, до болка. само кога ке помислам на убавите денови, на своите неуспеси, на љубовта која што можеше да биде голема,но не беше, нешто ме сече под лажичката, ми доаѓа тешка воздишка, се откорнувам како лист на ветричаво место. Ме мачат мене некои маки денеска, ама ајде белким ќе живнам малку дома. Хоуп соу.
     
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Љубам ќе има изложба во Келн.. денов убо ми почна, ма најубо.. спијам во соба полна бубамари им се радувам ко мало дете. Планинава ми дава мир а и тој.. Имајте убав ден. Љубам утре си е дома..
     
    На green.eyes, FortuneTeller.xD, Strumfeta93 и 17 други им се допаѓа ова.
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Убав живот, горко кафе. Добро утро.

    Од сабајле се греам ко ракета, уште да полетам во вселената. Станав рано демек да обавам некои обврски, а сфатив дека ме боли цело тело од вчерашните вратоломности. Срамотилаци! :devil:
    Имав најубава вечера со моите три другарки и нашите мајки. Винце, салатка, вечера, дружба, смешки и на крај триумфираше мајка ми со мрсни вицови. Паѓавме на земја од смеа. Сфатив дека јас сум иста како неа. Хуморот и позитивноста, се наследни, ако не и изградени на таа нераскинлива врска. Облекле бунди, фризури, чиниш на опера сме ги довеле. Многу беа среќни. Да ни бидат живи и здрави велам јас, уште 100 години, да си дочекаат внучиња и да ни ги чуваат со мерак и смеа.
    Ни подарија од ресторанот едни црвени врвчиња за среќа, демек во Кина носеле благодет, па се истркалавме накај дома.

    Пред тоа си бев на овошна салата со мачорот. Се изљубивме и гушкавме, му го впивав мирисот и си дремевме слушајќи Air, тотално смирено. Ми даде преслатко срценце, држач за белешки, за на биро.
    Не може да биде попрекрасен.
    Сега си правиме договори вечер да отидеме на една несаглам журка, да си купиме многу пивце и да бидеме Јованка и Тито вечерно.

    Денес ќе се опробам за претпладневен шопинг. Па ако биде, нека биде. Со даде. Двете ко чавчиња ќе си брбљаме и ќе ја частам ќебапи во Дестан.
    Зошто, луѓето што си ги сакаме околу нас, се најважни. Незаменливи. Добри, малку тешки, забавни, некогаш напорни, но незаменливи.
    Чувајте си ги.
    :*
     
    На kate21, blueeparadise, la-chicka и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.