Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Прво, некои феминки мораат сериозно да олабават одредени теми, ако не предлагам да ги прекрстиме истите со нивните никови! :swear: Ми се одмилија некои теми мајке ми.
    Друго, болна сум во главата урагани имам и тупка ко некој молњи да мава внатре. ;(
    Ме радува инаку што почнав да се штедам, не се раздавам толку лесно и ни да ми чуе кој што рекол или помислил. Добро е, добро. :)
    Се надевам дека ќе ја добијам работата за преку летото и едвај чекам да почнам поинаков начин на живот, едвај!
     
  2. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Деновиве се трудам да бидам позитивна. Дедо ми беше таков. Се бореше со последните сили за живот, и дури на смртна постела ни кажуваше шеги. Сега ми се чини дека кога и ќе го слушнам зборот кукла, ми навираат солзи. Не сакам да плачам. Тој ми остави такво спиритуално богатство, и за тоа солзи не се леат. Затоа вчера бев на англиски после погребот. И го разубавив денот на професорката, како дедо ми што правеше. Жената е сама, без деца, сопруг, и има некаде околу 50 години. Мене ме сака како ќерка. Се трогна кога и` го однесов осмо мартовскиот подарок. И покрај возраста, дедо ми ја викаше девојче. И да. Се смеев на шегите, се играв со децата. Не плачев дома.
    А денес, ќе одам на училиште. Па после денес, ќе земам да ја напишам книгата, која веќе со недели стои нечепната во папките.
    Имајте најубав ден! :* :)
     
    На Noemi, anabel-a, CoverGirl10 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Eј Хипи морам да те поправам. Мене веднаш ми дојде на ум песнава, а сигурно има уште некоја :) Ама сепак се согласувам дека нашиве се малце дискриминирани :D

    Поздрав... треп, треп ;)
    http://www.youtube.com/watch?v=Xb1Aa0dcjMM
     
    На Marcey, Hipica и zhap4e им се допаѓа ова.
  4. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Ме растажи кога читав... Сега дури сваќам колку само за мали ситници се нервираме секојдневно. А некои луѓе ја сватиле вистинската смила на животот и уживаат во секој момент од него, наоѓаат добро, дури и во најлошото. Ќе се обидам и јас секој ден вака да размислувам :?: Иако не го знам дедо ти, мислам дека сакал да се радуваш на животот и да уживаш во него, како што опиша ти, дека и тој правел.
    Имајте сите убаво расположение на овој тмурен и врнежлив ден... :*
     
    На Princess.S му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Wondering... дали следните 7 денови ќе бидат добри и побрзи во своето одминување бидејќи страшно многу сакам да се нацртам Охрид во прегратките на мојот најмил? Мразам skype, мразам телефони, т.е. замразив! It's not that easy... Не сакам веќе виртуелни бакнежи (ах, колку глупава замена се), сакам вистински, реални, црвени, опојни...

    http://www.youtube.com/watch?v=rKAn1HvmRXM

    Aјде барем осеќам дека викедов ќе е ептен друштвен :party: побрзо ќе мине времето.

    А денов ќе го потрошам на креативност - ќе си ги средувам обетките и ланчињата. Баш ми дадовте убави идеи во Направи сам :up:

    Ноооо, најпрво од се‘ - време е за кафе :coffee:
     
    На Gordana10, L-enna, Noemi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... Е ова заборавив да го кажам. Инспирација од секојдневие ...

    [​IMG]

    Имајте лесен ден иако времето е тешко, а луѓето уште потешки ...
     
    На Gordana10 и Hipica им се допаѓа ова.
  7. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Сакам цвеќе, иако не е 8ми март.
    Сакам Милка бонбониера во форма на срце, иако не е Валентајн.
    Сакам поклони, иако не ми е роденден.
    Сакам пакетче со чоколади, иако не е Нова Година.
    Сакам свеќи, вино и вечера, иако не ни е годишнина.

    ...затоа што е 9ти март.
     
    На Cynthia, Serafima, baguf4e и 5 други им се допаѓа ова.
  8. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Се што сакам да кажам, се што ми лежи на срце...нема потреба од зборови, песнава ја свири сета тага, носталгија, болка, загуба....собрана во мене. Посветена на моите баби и дедовци, на моето братче, на моето братче или сестриче, на мајка ми. На они кои никогаш не биле, а страшно ми флат тие ликови во животот и оние кои биле но повеќе не се со мене. Зошто..........??? Ќе добијам ли некогаш одговори на моите прашања? ;( ;( ;(

    http://www.youtube.com/watch?v=QuNhTLVg ... re=related
     
    На Serafima и zhap4e им се допаѓа ова.
  9. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    Ама срамежливо ова сонцево.
    Ѕирне рано сабајле и толку му е за цел ден. А можеби е само мрзеливо, како мене.
    А јас? Јас неколку дена по ред (жими вчера) не можам да се наспијам од гости. Дури досадна станав спомнувајќи ги секој ден.
    Чоколадната фабрика на Чарли да беше кај нас, па немаше толку да е интересно.
    Идат и одат, ко на попатна станица. А сакам да сме невидливата платформа 9 и 3/4 и само посебни личности да имаат пристап. Вака се чувствувам ко на пазар да сум.
    Не дека ми смета таа ведрина и разните приказни кои се запишуваат секое утро на четирите ѕида на дневната, но не сакам да е толку рано и несакам јас да се појавувам таму и да морам да седам.
    А нели, не е културно. Уште понепријатно е кога пријателка на мајка ти има јака шишка под мишка а упорно те гушка под неа. Но немоќта да се спротиставам на милоста на гостите е еднаква на ова:
    [​IMG]

    Почнав да се ежам од оние клише, you don't say муабети.
    Да. Не сте ме виделе 10 години. Логично е да сум пораснала.
    Да. Логично е да се образувам и да имам дечко.
    Не. Повеќе од тоа нема да споделам.
    Истовремено и ме плашат тие муабети. Се чувствувам постаро кога ќе кажат „Колкава кукла си пораснала, иста си ко мајка ти.“
    Од една страна огромен комплимент, познавајќи ја убавината на мајка ми, од друга страна ми се чини ќе почнам да го проверувам челото за првите брчки.
    Од трета страна (и тоа има), не им верувам. Посебно кога ќе се погодат некои постари што се сеќаваат на баба ти во млади денови. Не знам, имам чудна перцепција за таквите. Уште како мала кога бев со ајмо срат фриз и некое килце плус, а ми велеа дека сум супер, сфатив дека имаат друг поглед на работите. Или пак на мајка ми кога и велат дека афрото на глава подобро ќе и стои ако ја крене косата. |( Лажеле тогаш? Можеби лажат сега? Не. Секогаш.
    Вистинската перцепција ќе ја препознаеш само при ненадејни, ненамерни и подзаскриени зборови.

    Туку имам 3 започнати книги и уште 4 кои чекаат непипнати. Содржините - која од која поубави, но мрзата надвладува.
    А си нарачав и од ланчињата со був, буквално бесплатно, едвај чекам да ми стигне. :sun:

    Мечињава ми внесоа ведрина во тмурниов ден. Ве поздравуваат и вас.
    [​IMG]
     
    На Hipica и sanjalica им се допаѓа ова.
  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Се направив цвет.
    А и како да не, кога толку многу ги имаше околку мене?! Не идеше работата...
    Се така цвеќенца се собравме и се вртевме околу сепарето на музика што не ја ни слушавме.
    Еден браник настрада, една коса исто така, лева штикла(среќа не мојата), и мојата шминка, ако се земе во предвид дека ниту едно цветосување не поминува без драма и крокодилски солзи, ко што би рекла баба ми. Големи очи= големи созли, крокодилски.
    Да не го сакав толку многу, тој make-up секс, немаше да се сфатам. А, вака имам барем некое објаснување, какво -такво.
    Сега ми се случува урнебес во главата и желудникот. За арно нека е. Конечно да го испоштуваме и ние денот како што е редот.
    Книгиве сами ќе се научат, гледам јас. :wasntme:

    Утре е многу битен ден.
    Ако преживеам, ќе ме видите, ако не... јеби га!
    Останете ми фини и убави. И среќен 9-ти Март, пошто 8-ми не стигнав да ви го честитам. :f:
     
    На JuLleE, Noemi, TeddyGrey и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    787
    Вчера. 8ми март.
    Ден кој никогаш нема да го заборавам.
    Делев љубов низ улиците на мојот град.
    А, сега плачам. Заради ова видео. Зашто сум горда на самата себе.
    Љ, Д, К, С, И, К и М... Горда сум на нас.

    http://www.youtube.com/watch?v=8aVD1IPv ... r_embedded
     
    На blond, Hiii, WildCherry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Денеска уживам максимално релаксирана.Не ме интересира не тестот математика на кој имам 1,ни тој што е на другиот крај на светот.
    Вечер одам да се забавувам,а кога има водка,тогаш нема чувства. :rock:
    Имајте и вие убав викенд,го чекаме уште од понеделник :P
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Мораше ли на сред писмена да ми се запне и да ми се скине на едно место најубавото, најпрекрасното, најраскошното и најбогатото ланче што сум го имала во животов што го добив вчера на Дуки Дасо, тоа се всушност 3 реда ланчиња во едно - плетен крем дел со онакви како цветови, дел само со бисерчиња и мешан дел кој ми се растури со крупни бели бисери, монистри и тие елипсоидни како и да се викаат, абе најубаво, што го покрива целиот граден кош, бело такво мешано со некоја светла крем боја, прљаво бела боја...прешс. Баксуз. Сум го собирала на сред час бисерите, монистрите и онаквине елипсоидни прљаво бела боја ситници.
    Ама го направив! Кај дечко ми дома потоа, си седнав фино лепо си ги наредив како што си беа си го врзав пак ланчето и од дрангулиите не се ни познава дека е заврзано на местото каде што се распара, пресреќна сум и пак си го ставив на градниот кош, абе класа е. Го сакам! :inlove: Љуууубовче мое!

    п.с. Тоа врне она наочари на глава ставила. :up: :headbang:
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. analia13

    analia13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    31
    сдк1 иако е тежок денов јас се чуствував супер но секогаш постои некои кој може да се каже дека не сака да бидеш среќен :(
    сдк2 дека многу лошо се чуствувам поради тоа што дознав де ка најдобрата другарка ми била најлоша ;(
     
  15. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Ми недостасува петочната еуфорија. Кога бев цел ден среќна што сме петок, едвај чекав да дојдам дома да се спремам и да излегувам вечер. Изчезна некако...денес понеделник ми е, цел ден сум поспана и нема ни П од петок. Тмурно е надвор, глупаво, досадно :( Нека се згрее веќе еднаш, па нема смисла веке!!! :doh:
     
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Ах бе форумче, ми делуваш како алкохол... Кога сум нервозна знаеш да ме смириш, да ме опиеш, да ме пренесиш во еден друг свет, а понекогаш (тоа поретко) не ми годиш и уште толку можеш да ме изнервираш. Среќа што второво е поретко.
    И така, и два збора да напишам без врска си ја празнам душава, се олеснувам, а сепак не е толку монотоно како на парче хартија, и не толку директно како со соговорник. ТЕ САКАМ :* :lol:

    И СДК дека не бил градов до толку тапа колку што мислев.
     
    На Hiii, A-j-a, AnaKarenina и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    ‎А колку би било поинаку, кога болката би ја чувствувал и тој што ја предизвикува!...
     
    На Hiii, Bright, TeddyGrey и 3 други им се допаѓа ова.
  18. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Среќна сум !! има некој проблем ? 8)
     
    На kate21, anabel-a, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сдк некои луѓе навистина не знаат да го ценат вистинското пријателство. На моменти се прашувам и дали воопшто постои пријателство, и ако постои дали е вакво како моево- само да давам а ништо за возврат! Или јас не знам да проценам кои ми се пријатели. Едно од тие 2 ќе да е. Како и да е, се разочарав од одредени личности, ќе треба да си седнам со мајка ми и муабет да си напраам на оваа тема. Кој подобро од неа би ме посоветувал нели?
    Ми се јадат палачинки, со нутела крем и банани. Оргазми :) . Ме дрма добиеново, се осеќам ко трудна жена, се нешто ми се подкаснува. Прасе :)
    Велат ќе залади пак а? Пак ли снегови, пак ли ке имам растечено носе, и паломи во рака |( .
    Сакам пролет, расцветани дрва и мирис на јоргован. Сакам да шетам во парк, да седнам на клупа, да дремам и да јадам шеќерна волна. Умсвтено да се одморам, кога веќе физички не можам. Сакам и да си купам нови ролери... ете тоа сакам :)
    И сакам само уште нешто, некој да ми направи кафе :) зошто мене стваааарно многу ме мрзи да станам од топлиов кревет и да одам до кујна. :)
     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Стварно немат Хипица, на никого не му текнало да направит една таква песма :D ами и нашиве очи се убаи :emo: нели сум у право? :wasntme: Не сум у криво :D Никој не ги опеват, никој :( ама немат везе, битно убаи очки имаме :D :emo:
     
    На Cynthia, Hipica и A-j-a им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.